Конечно вчера ми го активираа екстрим пакетот. Пробав од нетлоад (не сум пробал сеуште од спеедтест.нет серверите) симнав фајл, брзината беше иста ко пред тоа (420 КБ/с).
Не знам дали е до новиот модем, но сега имам проблем со wireless свичот за лаптопот. Не може да најде конекција. Вели limited or no conectivity (дава порака за конфликт на адреси???), па денеска ќе мора со то да се бафтам, ама се се сомневам дека ќе ја најдам причината.
Btw, да не знае некој која му е адресата на калисто модемот за да влезам во неговиот сетап? Дали е 192.168.1.1 (како претходниот модем од оннет), оти пробав, ама ми дава page not found.
Да се надополнам, од техничка за проблемот ми рече девојчето "пробувај повеќепати". Многу слаба поддршка имаат дефинитивно.
Ја прашувам зошто вчера од попладне до после полноќ немаше конекција, не знаеше што да одговори, едноставно ја повеќе зборев, одошто таа.