R
RAYTHEON23
Гостин
не се замарам со партиски ставови,а инаку не отвараат теми против опозиција-туку реагираат на нејзините провокации-тоа е нормално кај сите партии не само кај овие:smir:1. Кога ќе почне власта да ја троши енергијата на подобрување на животот на луѓето во Македонија, наместо да се бори против опозицијата?
2. Кога ќе почнат новинарите кои што ја подржуваат власта да отвараат теми кои што се однесуваат на проблемите кои што ДЕНЕС постојат во државата, наместо да се занимаваат со минатото на опозицијата?
3. Кога ќе почнат симпатизерите на Груевски да отвараат по форуми теми за актуелните проблеми на луѓето, наместо да отвараат теми против опозицијата?
Целата политичка активност во Македонија во изминативе три години се сведе на тоа да се приграби што е можно поголем дел од власта... Со изговор дека опозицијата ги кочи реформите, се распишаа предвремени парламентарни избори кои што несомнено и' наштетија на Македонија... ВМРО-ДПМНЕ доби огромно мнозинство во парламентот, но тука не се застана... Се инфилтрираа 'проверени' луѓе во судството, во јавното обвинителство, во МАНУ, во разни 'анти-корупциски' комисии... Нема дилеми дека претседател ќе стане 'непартискиот' Ѓорѓи Иванов... Нема дилеми дека во 90% од т.н. македонски општини ќе победат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ... Што само по себе, и не е грев...
Меѓутоа, кога ли ќе одлучат сите тие луѓе да го баталат СДСМ и да почнат да ги решаваат проблемите на луѓето... На невработените, на стечајците, на бранителите, на млекарите итн. итн.
Три години сме сведоци на битки за уништување на Заев, Б.Ц., Фрчко и другите душмани, но денес (после тие три години) Македонецот не живее подобро!
И конечно, кога ли ќе сфатат сите оние подржувачи на актуелната власт дека љубовта кон Македонија не се докажува со омраза кон политичките противници, туку низ битки и активности кои што ќе му го направат животот на Македонецот подобар од тоа што е денес?