Неколку прашања на кои што 3 години чекам одговор

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
1. Кога ќе почне власта да ја троши енергијата на подобрување на животот на луѓето во Македонија, наместо да се бори против опозицијата?
2. Кога ќе почнат новинарите кои што ја подржуваат власта да отвараат теми кои што се однесуваат на проблемите кои што ДЕНЕС постојат во државата, наместо да се занимаваат со минатото на опозицијата?
3. Кога ќе почнат симпатизерите на Груевски да отвараат по форуми теми за актуелните проблеми на луѓето, наместо да отвараат теми против опозицијата?

Целата политичка активност во Македонија во изминативе три години се сведе на тоа да се приграби што е можно поголем дел од власта... Со изговор дека опозицијата ги кочи реформите, се распишаа предвремени парламентарни избори кои што несомнено и' наштетија на Македонија... ВМРО-ДПМНЕ доби огромно мнозинство во парламентот, но тука не се застана... Се инфилтрираа 'проверени' луѓе во судството, во јавното обвинителство, во МАНУ, во разни 'анти-корупциски' комисии... Нема дилеми дека претседател ќе стане 'непартискиот' Ѓорѓи Иванов... Нема дилеми дека во 90% од т.н. македонски општини ќе победат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ... Што само по себе, и не е грев...
Меѓутоа, кога ли ќе одлучат сите тие луѓе да го баталат СДСМ и да почнат да ги решаваат проблемите на луѓето... На невработените, на стечајците, на бранителите, на млекарите итн. итн.

Три години сме сведоци на битки за уништување на Заев, Б.Ц., Фрчко и другите душмани, но денес (после тие три години) Македонецот не живее подобро!

И конечно, кога ли ќе сфатат сите оние подржувачи на актуелната власт дека љубовта кон Македонија не се докажува со омраза кон политичките противници, туку низ битки и активности кои што ќе му го направат животот на Македонецот подобар од тоа што е денес?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Многу лицемерно од твоја страна што отвараш ваква тема другарче....

1. Кога ќе почне опозицијата да ја троши енергијата на акции и иницијативи за подобрување на животот на луѓето во Македонија, наместо да троши ресурси за бескорисно пресметување со власта?

2. Кога ќе почнат новинарите кои што ја подржуваат опозицијата да отвараат теми кои што се однесуваат на проблемите кои што ДЕНЕС постојат во државата, наместо да се занимаваат со занишување на македонската позиција во било кој аспект, и јавно исмејување со националните вредности, притоа отворено агитирајќи за откажување од националниот идентитет?

3. Кога ќе почнат симпатизерите на СДС да отвараат по форуми теми за актуелните проблеми на луѓето, наместо да отвараат теми против власта?
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
1. Дали тоа се обидуваш да ми кажеш дека додека опозицијата не стане подобра, власта нема намера да почне да мисли на граѓаните?
2. Дали тоа значи дека Латас, Миленко и Томиќ ќе почнат да работат онака како што треба да работат новинари, дури тогаш кога другите новинари ќе престанат да ја критикуваат власта?
3. Дали ова да го сфатам дека ќе почнат да ве интересираат актуелни теми со кои што се засегнати граѓаните дури тогаш кога симпатизерите на СДС ќе престанат да ја напаѓаат власта?

Со твојот пост само докажуваш дека сум бил во право кога сум ја отворил оваа тема!
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
1. Дали тоа се обидуваш да ми кажеш дека додека опозицијата не стане подобра, власта нема намера да почне да мисли на граѓаните?
Македонија нема опозиција.

А власта дека се грижи за граѓаните се докажува со:
- Афирмирање со кредитирање на трговци поединци, мали и средни претпријатија
- Ваучери во вредност од 15.500 денари за сите апсолвенти, кои во 2010 ќе пораснат на 18.000 денари
- Бесплатен интернет за сите граѓани
- Стимулации на земјоделците и сточарите
- Отворање и реновирање на спортските објекти
- Финансирање на нашите репрезентации, стипендирање на спортистите

Листата е конечна, но не завршува тука. Опозицијата додека беше на власт апсолутно ништо не направи за подобрување на стандардот на Македонските граѓани на внатрешен план.
2. Дали тоа значи дека Латас, Миленко и Томиќ ќе почнат да работат онака како што треба да работат новинари, дури тогаш кога другите новинари ќе престанат да ја критикуваат власта?
За среќа, никој не може да го оспори демократското право на новинарскиот збор. Секој новинар може да работи онака како што ќе му наредат. Ете ти ги Ризаов, Героски, Антески, Иванова и ред плејада на новинари кои пишуваат како ќе им текне на опозиционерите.
3. Дали ова да го сфатам дека ќе почнат да ве интересираат актуелни теми со кои што се засегнати граѓаните дури тогаш кога симпатизерите на СДС ќе престанат да ја напаѓаат власта?
Граѓаните најпрвин се засегнати од ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО зад кое стои сегашната опозиција. А и покрај ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО, опозицијата и понатаму продолжува да АГИТИРА ОТКАЖУВАЊЕ ОД НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ, како приоритетна точка, како второстепена точка за агитација е неосновано напаѓање на власта.

Опозицијата е трула. Да се надеваме сите дека ќе остане таква, и дека ќе скапе на дното, се додега е предводена од ВЕЛЕПРЕДАВНИЦИТЕ од СДС.


Со твојот пост само докажуваш дека сум бил во право кога сум ја отворил оваа тема!
Со мојот пост го докажувам твоето и лицемерието на останатите.
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Некои прашања не заслужуваат одговор.
Нели тоа ви беше мотото кога ги продававте Струга, Кичево...
 

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Стрелчо..и твоите камаради..тие знаат кој си се..можеби наскоро и ќе ти/ми се јават..да не кажам и крекнат...
Конечно разбери дека нема повеќе место за комуњари..овде ..
Се свестија луѓето во Македонија..и на двапати им удрија клоца на гнасите и изродите..се очекува сега ...и по третпат тоа да го сторат..но да си почекаме за да видиме дали тоа и така ќе се случи..
Потоа..не чекај ништо арно за такви суштества..ќе бидат откорнати од македонската света земја..и како коров ќе бидат изгорени..за семето да им се затре...занавек..
Нема напредна земја во светот..а каде што „цветал„ и сеуште вирее комунизмот..како што е Македонија..
Парафразирајќи го Римјанинот Като(н) Постариот..кој своевремено (к)рикнал:
DELENDA KARTAHO (уништете ја Картагина)..јас се придружувам со :
Уништете го (конечно нели) Комунизмот во Македонија..
И сето она што ни го „оставил„ во наследство
:pipi:
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Трн, наместо два пати да ми упатуваш лична навреда, можеше да се потрудиш да ми одговориш на последните три прашања... Пошто ти ми пишуваш нешто сосема друго (досега милион пати повторени фрази), наместо да ми одговараш на прашањата!

Нели тоа ви беше мотото кога ги продававте Струга, Кичево...
Ако мислиш на мотото на СДСМ, појма немам кое им било... Но се сеќавам на мотото на ВМРО-ДПМНЕ кога се бореа да дојдат на власт и кое што гласеше “Резултати сега“...
Ама резултати сеуште нема (затоа и ја отворив оваа тема)!
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
И конечно, кога ли ќе сфатат сите оние подржувачи на актуелната власт дека љубовта кон Македонија не се докажува со омраза кон политичките противници, туку низ битки и активности кои што ќе му го направат животот на Македонецот подобар од тоа што е денес?
Ovaa podolu e praveno sigurno od ljubov, no kon kogo Strelec????

МАКЕДОНСКА КРВАВА СТАТИСТИКА



До промената на системот во 1990 г., во Република Македонија се знаеше само за жртвите на фашистичкиот режим. Жртви на комунистичкиот режим официјално немаше. Македонскиот, во многу нешта просрпски, комунизам на ова гледаше како на победа и завршена историска работа. Но, по создавањето на самостојна Република Македонија, јавноста во целост беше запознаена дека кај нас, во периодот 1945-1951 г. биле затворени 7.330 средношколци. Во овој период во затворите минале 4.700 лица, а само во затворот Идризово биле затворени 2.500 политички затвореници.

Во периодот од 1945 до 1980 г. се одржале околу 700 политички процеси, а според официјалната документација на Министерството за внатрешни работи на РМ од 1993 г., во периодот 1945-1985 г. во Р. Македонија биле откриени 105 “илегални терористичко-сепаратистички групи и организации”, со повеќе од 1.200 припадници, чие дејствување било насочено кон “отцепување на Р. Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање на самостојна и обединета Македонија”. Од нив биле затворени 1.045 припадници, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години.

Во овој период тајната полиција (УДБА) водела 14.000 полициски и 22.000 затворски досиеја, односно станува збор за вкупно 36.000 политички досиеја во Република Македонија. Тоа се досиеја што ги воделе тогашните полициски служби на УДБА и ОЗНА за македонски граѓани. Тие биле осудувани и стрелани од македонската комунистичка власт само затоа што се бореле за идеалите на ВМРО и што ги поддржувале и продолжувале револуционерните и патриотски традиции.
Оваа крвава статистика ќе ја завршиме со следната рекапитулација. Во периодот 1945-1985 г. во слободна Народна и Социјалистичка Република Македонија, по разни основи, биле уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеја околу 50.000 лица.
Оваа бројка е многу голем показател и мотив зошто денес во Република Македонија мора да дојде до вистинска, а не до “камелеонска” лустрација."
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
1. Кога ќе почне власта да ја троши енергијата на подобрување на животот на луѓето во Македонија, наместо да се бори против опозицијата?
2. Кога ќе почнат новинарите кои што ја подржуваат власта да отвараат теми кои што се однесуваат на проблемите кои што ДЕНЕС постојат во државата, наместо да се занимаваат со минатото на опозицијата?
3. Кога ќе почнат симпатизерите на Груевски да отвараат по форуми теми за актуелните проблеми на луѓето, наместо да отвараат теми против опозицијата?

Целата политичка активност во Македонија во изминативе три години се сведе на тоа да се приграби што е можно поголем дел од власта... Со изговор дека опозицијата ги кочи реформите, се распишаа предвремени парламентарни избори кои што несомнено и' наштетија на Македонија... ВМРО-ДПМНЕ доби огромно мнозинство во парламентот, но тука не се застана... Се инфилтрираа 'проверени' луѓе во судството, во јавното обвинителство, во МАНУ, во разни 'анти-корупциски' комисии... Нема дилеми дека претседател ќе стане 'непартискиот' Ѓорѓи Иванов... Нема дилеми дека во 90% од т.н. македонски општини ќе победат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ... Што само по себе, и не е грев...
Меѓутоа, кога ли ќе одлучат сите тие луѓе да го баталат СДСМ и да почнат да ги решаваат проблемите на луѓето... На невработените, на стечајците, на бранителите, на млекарите итн. итн.

Три години сме сведоци на битки за уништување на Заев, Б.Ц., Фрчко и другите душмани, но денес (после тие три години) Македонецот не живее подобро!

И конечно, кога ли ќе сфатат сите оние подржувачи на актуелната власт дека љубовта кон Македонија не се докажува со омраза кон политичките противници, туку низ битки и активности кои што ќе му го направат животот на Македонецот подобар од тоа што е денес?
Еве ти еден едноставен одговор на твоите 3 прашања:

Кога опозицијата ќе почне да се понаша како Македонска, а не Грчка опозиција , кога ќе почне да работи за МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, а не ПРОТИВ НИВ
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Еве ти еден едноставен одговор на твоите 3 прашања:

Кога опозицијата ќе почне да се понаша како Македонска, а не Грчка опозиција , кога ќе почне да работи за МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, а не ПРОТИВ НИВ
Тешко на Македонија ако власта чека СДСМ да се смени за да почне да мисли на граѓаните!!!

Па не сте ли свесни дека го пишувате токму истото што и јас го пишувам?;)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Тешко на Македонија ако власта чека СДСМ да се смени за да почне да мисли на граѓаните!!!

Па не сте ли свесни дека го пишувате токму истото што и јас го пишувам?;)
но ти заземаш страна ... дека власта зошто ова не направи зошто она не направи ....

а Трн у Око ти кажа ... затоа што опозицијата е антимакедонска и го кочи напредокот у државата

власта се обидува во моментов да игра на секое поле и мора да обрне големо внимание и против опозицијата која сака Македонија да не постои ..

Трн во Око:

„1. Кога ќе почне опозицијата да ја троши енергијата на акции и иницијативи за подобрување на животот на луѓето во Македонија, наместо да троши ресурси за бескорисно пресметување со власта?

2. Кога ќе почнат новинарите кои што ја подржуваат опозицијата да отвараат теми кои што се однесуваат на проблемите кои што ДЕНЕС постојат во државата, наместо да се занимаваат со занишување на македонската позиција во било кој аспект, и јавно исмејување со националните вредности, притоа отворено агитирајќи за откажување од националниот идентитет?

3. Кога ќе почнат симпатизерите на СДС да отвараат по форуми теми за актуелните проблеми на луѓето, наместо да отвараат теми против власта?“


е кога ова ќе се оствари ... ќе биде многу подобро...
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Тешко на Македонија ако власта чека СДСМ да се смени за да почне да мисли на граѓаните!!!

Па не сте ли свесни дека го пишувате токму истото што и јас го пишувам?;)
Ne be Strelec, ti se obiduvash da gi zashtitish najgolemite vinovnici:

Три години сме сведоци на битки за уништување на Заев, Б.Ц., Фрчко и другите душмани, но денес (после тие три години) Македонецот не живее подобро!
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Стрелчо очигледно е дека ви боде очи синоќешната емисија
ама сакал ти да признаеш или не ништо не се измисли се кажа вистината на македонскиот народ, на некои веќе позната на некои не
 
S

smart ass

Гостин
1. Кога ќе почне власта да ја троши енергијата на подобрување на животот на луѓето во Македонија, наместо да се бори против опозицијата?
2. Кога ќе почнат новинарите кои што ја подржуваат власта да отвараат теми кои што се однесуваат на проблемите кои што ДЕНЕС постојат во државата, наместо да се занимаваат со минатото на опозицијата?
3. Кога ќе почнат симпатизерите на Груевски да отвараат по форуми теми за актуелните проблеми на луѓето, наместо да отвараат теми против опозицијата?

Целата политичка активност во Македонија во изминативе три години се сведе на тоа да се приграби што е можно поголем дел од власта... Со изговор дека опозицијата ги кочи реформите, се распишаа предвремени парламентарни избори кои што несомнено и' наштетија на Македонија... ВМРО-ДПМНЕ доби огромно мнозинство во парламентот, но тука не се застана... Се инфилтрираа 'проверени' луѓе во судството, во јавното обвинителство, во МАНУ, во разни 'анти-корупциски' комисии... Нема дилеми дека претседател ќе стане 'непартискиот' Ѓорѓи Иванов... Нема дилеми дека во 90% од т.н. македонски општини ќе победат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ... Што само по себе, и не е грев...
Меѓутоа, кога ли ќе одлучат сите тие луѓе да го баталат СДСМ и да почнат да ги решаваат проблемите на луѓето... На невработените, на стечајците, на бранителите, на млекарите итн. итн.

Три години сме сведоци на битки за уништување на Заев, Б.Ц., Фрчко и другите душмани, но денес (после тие три години) Македонецот не живее подобро!

И конечно, кога ли ќе сфатат сите оние подржувачи на актуелната власт дека љубовта кон Македонија не се докажува со омраза кон политичките противници, туку низ битки и активности кои што ќе му го направат животот на Македонецот подобар од тоа што е денес?
1. Кога ќе почне власта да ја троши енергијата на подобрување на животот на луѓето во Македонија, наместо да се бори против опозицијата?
2. Кога ќе почнат новинарите кои што ја подржуваат власта да отвараат теми кои што се однесуваат на проблемите кои што ДЕНЕС постојат во државата, наместо да се занимаваат со минатото на опозицијата?
3. Кога ќе почнат симпатизерите на Груевски да отвараат по форуми теми за актуелните проблеми на луѓето, наместо да отвараат теми против опозицијата? KOGA KE DOJDAT DRUGITE NA VLAST t.e NIKOGAS
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Еве и јас да одговорам на некое прашање.

Поради тоа што на отварачот на темата неможе да му текне ниту една конкретна позитивна работа која остана од малото владеење на Лицето, затоа сегашната власт незнае од каде да почне, што од урнисаните работи прво да реконструира.

Еден пластичен пример за да се сфати суштината...Замисли си Стрелчо, дека имаш куќа, каква-такава арна е, мала, не е нешто многу средена ама твоја е. Вработен си и имаш плата од некои 250 евриќа и си живееш со жената у неа. Случајно кога не си тука ти влегува лопурда и изнесува све живо и диво од неа, вади плочки, врати, инсталација, све што си градел и штедел во изминатите години...и остануваш на нула. Платата пак ти е 250 евра, арно ама се друго ти здиплија. Колку ли време ќе ти треба со таа иста плата да се вратиш на моментот пред да те украдат, а не пак да напреднеш нешто? За тоа време комшијата кој бил на исто рамниште пред пљачката веќе отишол напред.

Одговори само на ова прашање и се е јасно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom