Bijitâ Q (2001)
aka
"Visitor Q"
ОК, почнувам да мислам дека
Takashi Miike е бајги преценет режисер.
У овој негов чуден, контроверзен филм, ни претставува едно семејство кое изгубило контакт со реалноста и се впушта у инцест, насилство, садомазохизам, дрога, итн. Луѓе кои си дозволиле преголема слобода, ја прешле моралната граница и не знаат кога да престанат и кои отрпнале на све што за еден нормален човек е ненормално; така да филмов у целина, според мене, е една голема критика на Miike кон денешното јапанско општество и култура. Што би рекол брат ми, тоа Јапанците се понашаат ко да искочиле од некој цртан.
Филмов на почетокот ги најавува настаните со по една реченица, како : ''Дали си го правела тоа со татко ти?'' или ''Дали си ја (ис)тепал(а) некад мајка ти?'', итн. Oд средина негде па до крајот се редат само насилни сцени која од која погрозна, тој некој црн хумор не функционира и си забегува ептен филмов и станува одвратен, глуп и губи секаква смисла, ако уопште и ја имаше?...Ај добро, Miike е познат по насилни и шокантни сцени, ама каква порака и да има/пренесува некој филм, не може да го (из)вади ако е ептен лош.
Не знам што ми требаше да го гледам (и) овој догма филм од
Lars von Trier (убаво си пишува на постерот - а film by idiots, about idiots,
for idiots ) :
Idioterne (1998)
The Idiots
Една група луѓе демек експериментираат, се прават со сила ретардирани за видат како тие лица се прифатени од општеството, и си живеат у своја заедница.
Башка тоа што филмов не поштува некои догма правила, за што призна и Von Trier, како на пример, у сцената со оргии
се користени дублери, итн.
Толку глупо се осеќав откако/што го глеав филмов (и тој од Miike) како да сум глеал саaт и пол Големиот Брат (ака Бардовци Шоу). Нема(ат) никаква смисла.
Овие два се едни од најглупите/најлошите што сум ги глеал икад.