Пред неколку дена, излезе статистика во 2020 дека во маркетите граѓаните потрошиле скоро 350 милиони евра:
1.Кам Маркет - 170 милиони евра(2020) промет дневно: 466.000 евра
2. Тинекс - 97 милиони евра(2020) промет дневно: 266.000 евра
3.Веро - 88 милиони евра(2020) промет дневно: 241.000 евра
4.Стокомак - 78 милиони евра(2020) промет дневно: 214.000 евра
5.Кипер - 73 милиони евра(2020) промет дневно: 200.000 евра
6.Кит-Го - 65 милион евра(2020) промет дневно: 178.000 евра
7.Рамстор- 54 милиони евра(2020) промет дневно: 148.000 евра
Ете и статистиката покажува тоа што го велев.
Кажав и претходно, секој што нудел роба на поголемиве маркети, знаат кој продава највеќе.
Моделот на Кам е успешен. Плаќа веднаш, добива најдобра цена, веројатно има и најниски трошоци и нуди најевтино.
Кипер искрено ми е малку политички маркет. Одеднаш се отворија 40-50 маркети од кога оваа влада е актуелна. Со какви пари се отворени, не би шпекулирал, но ако гледаме пазарна економија од Запад, фирмите постепено треба да се развиваат а не одеднаш 40-50 маркети со сомнителен капитал.
Кам со години работи, прави промет и дел од средствата инвестира за проширување на бизнисот со нови маркети.
И Тинекс политички тоа го правеше во времето на Вмро со масовно отварање на маркети, ама овде кај Кипер е многу поочигледно. 40 маркети и повеќе во рок од 4 години е пречудно
Имам влезено два до три пати максимум.
Цените се добри, ама немам искрено доверба во фирма од Желино(или кое село беше во Тетовско)
Како увозник на 80% стока грото се наоѓа само он, а таму по тетовските села, контрола никаква нема.
И трето најбезврска ми е што во сред Аеродром, цените т.е производите им се истакнати на два јазици. Онака албанци на прсти се бројат во таа околина, ама он се решил да си ја тера политиката во сред Аеродром. Искрено не би пазарел пак. Некако немам сигурност дека добивам квалитет
Секој од нас си има свои предрасуди каде би пазарел највеќе, каде помалку, а каде по потреба.
Јас гледам најчесто да пазарам од места каде што се троши т.е каде што има пазарна економија, и газдата вложува постепено врз база на добивката од претходните години.
Тоа Кипер според мене неможе да биде, бидејќи оваа фирма, одеднаш гради голем број на маркети, кои јасно е дека не се од профитот од работењето, туку прсти има замешано политиката или влогот е од матни бизниси .
Да ми е најблиску можеби би пазарел, но со доза на претпазливост на многу од производите за кои се увозници.
Рамстор не ме изненадува да е на дно. Кај мене имаат блиску маркет до Тинекс и жив човек не влегуваше. А сум видел дека во други дуќани имаат луѓе. Но овде кај мене Ако влегуваа 20 луѓе дневно среќни беа луѓево. Дури и морбидно, толку роба наредено, а внатре сам пазариш.
А работеше повеќе од 8 години сигурно. Се чудевме со комшии, како не затворија порано. Чиста загуба беше Рамстор со тој маркет. Девојчињата и момците што работеа таму, цел ден си седеа на телефон од тоа што немаше што да прават.