Најефтин супермаркет

Член од
12 декември 2010
Мислења
9.894
Поени од реакции
10.517
Искрено, јас не одам многу во Кам, не знам. Ама имаше некој што рече дека во Кам, Стокомак и Кипер немало фрижидери за ладење на пијалоци, или само Кам рече, не знам. Не можам да го најдам. Нека објасни ако го види ова.
Стокомак мислам немаат а Кам кај мене ставија еден фрижидер и нешто ладат колку да се каже

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
24 септември 2018
Мислења
48
Поени од реакции
24
Тој што пиша дека на Стокомак газди биле двајца браќа што работеле исто како работници.
Епа еве што се случува. Стокомак пишува дека нештото е на акција, а во маркет го нема. Една цена на акција, ја наплаќаат реалната... На тој начин си заработуваат екстра пари. Истото е и со Киппер. Во Кичево, цела година го продаваа лебот сечен 10 ден. со загуба, за да привлечат муштерии, а сега си лупаат маржи. И јајцата ги даваа со загуба. Тој комплекс кај Кам го немам слушнато. Киппер и Стокомак добија лажна слава во периодот на Ковидот, и тоа многу ги удри. Иначе 2018 година ни Стокомак ни Киппер не беа вака распространети. Можно е зад Киппер да стои Турската Халк Банка, а зад Стокомак не знам.
Офф топик-Не може Витанез да се спореди со Ле Бон мајонез од Кам. А имаат слична цена.
Не може Тиквеш да се спореди со Чардак вината од КАМ. Иста цена, ама не чинат едноставно...
Автоматски споено мислење:

Тоа ви викам брат. Треба дома да ладам пиво, пример... Затоа Тинекс и Жито ми се подобри.
Впрочем и Стокомак има напишано дека нивната пониска цена на производите се должи на намалените трошоци.
Ама народот нема пари па мора да бара начин да преживее. Мислам дека Македонија има толку многу Дисконти, не знам дали во Германија е случај.
10 000 месечно да штедат за струја по маркет, 100 маркети, 200 000евра годишно, за вработени...
Сепак навика е, кој каде пазари...
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2015
Мислења
243
Поени од реакции
323
Да, пошто тој рандом грк бизнисмен сопственик на Веро продавница е крив за државната политика на земјата.
Не се срамете со вакви антички трескања у гради. Сигурно е боље да идеш у Охрид на одмор и да те дерат 450 денари Смедеревка македонска.

Батали тоа, и у Рамстор изгледа не идеш пошто 500 години турците владееле тука, што кур има да го богатиш пак. Или Ваикики.

Секако најбоље е да си купуваш од Здравје Радово на господинот Орце Камчев, еден од најголемите патриоти и друшебрижници за Република Македонија. Истото важи и за останатите фирми со македонски производи на газди што директно ти брцале у џеб.
Ako 1995 godina za tebe e antika, izgleda imame problem. No covek koga ne si gi pocituva svoite baba I dedo, I ne si ja pocituva zemjata kade sto e roden e stvarno zalno.
Na kraj Kamcev I Ohrid ti se krivo sto e zemjata siromasna

Ne bato, krivi se takvite kako tebe sto ne ja znaat nazalost ni ponovata istorija,
Koga nekoj ne se potrudil da procita I ne ja znae istorijata. se sto slusaat e istorijata na politickite partii.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
Нема математика, Прилеп е голем град. Со околните места има 100 000 жители. Центар е, во тој дел. Има поголем обрт. Во Прилеп маркетите имаат заработка, па да не претерам, половина од Кам. Не е Кам најевтин, или Стокомак. Еве. Црвена Ружа од Струмица има 700 000евра профит, има маркети, и работи со увоз. Ама нема врска. А Кам, 4.5 милиони евра е добивка. Е сега, ако Кам опслужува 400 000 луѓе, 200 000 семејства, или 300 000, а Македонија има 1.9милиони жители, има друга логика. Кам, Стокомак, Киппер, имаат 270 некаде маркети заедно. А останатите? Епа и тие имаат обрт. Да не објаснувам многу ме мрзи да пишувам, ама меѓу редови ме разбираш, мислам.
Еве пример во Прилеп. Футура има цени како во КАМ. Ама ако КАМ нема фрижидери за ладење НА пијалокот, нема доволно работници, Футура има, плус продава голема палета на производи, не е специфичен како КАМ.
Прилеп има 100 000 жители и потенцијални муштерии, Кам и Стокомак на пример ги има во цела Македонија што значи според тебе 1.9 милиони.

Математиката ти е од старт погрешна, не можеш да мешаш 100 000 жители со 1.9 милиони.

Математиката е друга, ако маркет Х нарачува 1000 парчиња месечно а Маркет Y нарачува 10 000 парчиња месечно, како може Маркет Х да нуди иста цена со Маркет Y кога маркет Y крати на многу работи и иде со минимален ќар т.е на поголем обрт?

Според официјалната страна на Општина Прилеп, Прилеп има 76000 жители, како може Маркет којшто нарачува производи за
76 000 жители да има пониска или иста цена со маркет од типот на Стокомак и Кам којшто се насекаде низ Македонија а се многу распространети во Скопје, најголемиот град во Македонија?
Тука сметај го и начинот на работа на Стокомак и Кам, без фрижидери за пијалоци, ниски кирии (стокомак скоро никаде не плаќа кирија), по една каса работи - кратење на работници итн...
Мене тоа ми е чудно.
Зарем по иста цена ќе им дадат производ ако нарачаат 1000 парчиња месечно и 10 000 парчиња месечно?
Збориме тука за маркети како КАМ и Стокомак, што кратат на секој можен трошок, од работна сила до фрижидери и ефтини кирии (Стокомак повеќето дуќани ги поседува не ги рента).

Не е муабетот за самиот ќар што некоја фирма би го правела, муабетот е како може фирма Х со помала нарачка да достави иста или пониска цена од фирма Y со многу поголема нарачка. На страна тоа што Кам и Стокомак во Скопје се борат со уште минимум неколку огромни маркети како Тинекс, Рамстор, Веро, Жито, Рептил итн. и нормално ради тоа и гледаат што може пониска цена да дадат. Пошто нивното мото е помал ќар од 1 производ, повеќе продадени производи. :D

Од каде набавуваат тие локални маркети? Некој им дава испод цена или? Тоа ми е мене чудно. :)

Веќе е договорено мислам во Скопје, Штип, Тетово и Охрид..
во Скопје сигурно отвараат негде во Илинден, Визбегово и делот кај Охис
Доста логично, стратешки ќе влезат на пазарот и ќе пробаат што може повеќе народ да покријат со секој 1 маркет.
Ќе видиме само локациски како ќе се постават, сепак специфични се, им треба огромен простор за секој маркет.
 
Член од
24 септември 2018
Мислења
48
Поени од реакции
24
Фан фект: Отворете ги Стокомак, Киппер и Кам на Инстаграм ќе видите дека 70% од лајковите и следбеници се купени. Ваљда и на ФБ е исто или слично.
2000 лајкови 3 коментари, лошите критики ги бришат веднаш...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Тој што пиша дека на Стокомак газди биле двајца браќа што работеле исто како работници.
Епа еве што се случува. Стокомак пишува дека нештото е на акција, а во маркет го нема. Една цена на акција, ја наплаќаат реалната... На тој начин си заработуваат екстра пари. Истото е и со Киппер. Во Кичево, цела година го продаваа лебот сечен 10 ден. со загуба, за да привлечат муштерии, а сега си лупаат маржи. И јајцата ги даваа со загуба. Тој комплекс кај Кам го немам слушнато. Киппер и Стокомак добија лажна слава во периодот на Ковидот, и тоа многу ги удри. Иначе 2018 година ни Стокомак ни Киппер не беа вака распространети. Можно е зад Киппер да стои Турската Халк Банка, а зад Стокомак не знам.
Офф топик-Не може Витанез да се спореди со Ле Бон мајонез од Кам. А имаат слична цена.
Не може Тиквеш да се спореди со Чардак вината од КАМ. Иста цена, ама не чинат едноставно...
Автоматски споено мислење:

Тоа ви викам брат. Треба дома да ладам пиво, пример... Затоа Тинекс и Жито ми се подобри.
Впрочем и Стокомак има напишано дека нивната пониска цена на производите се должи на намалените трошоци.
Ама народот нема пари па мора да бара начин да преживее. Мислам дека Македонија има толку многу Дисконти, не знам дали во Германија е случај.
10 000 месечно да штедат за струја по маркет, 100 маркети, 200 000евра годишно, за вработени...
Сепак навика е, кој каде пазари...
Ами ај да се закренат од Скопје до Прилеп за да пазарат во Футура или Тобако.

Во Скопје, Кам и Стокомак се најефтини, па после доаѓаат Кипер, Жито, Зур, Гиго, па Кит-го, Веро, Рамстор, Тинекс.

Од поскапите ако споредуваме Веро ми е прв по квалитет на робата, па после Тинекс и Рамстор.

Сум земал свежо месо во Веро, во стотици пати никогаш не ме заебале. Во Тинекс мајмуните летово имаа расипано пилешко, цело свежо пиле имаше уште 4 денови рок, кога ја извадов фолијата за да го печиме смрдеше и го фрлив во канта, кај мене беше едвај 1 час во фрижидер.

Во Кам имаат и ок производи, во Стокомак е пофушерај.

Тешки да отворат и Лидл, колку повеќе конкуренција, толку поарно за потрошувачите.
 
Член од
24 септември 2018
Мислења
48
Поени од реакции
24
Прилеп има 100 000 жители и потенцијални муштерии, Кам и Стокомак на пример ги има во цела Македонија што значи според тебе 1.9 милиони.

Математиката ти е од старт погрешна, не можеш да мешаш 100 000 жители со 1.9 милиони.

Математиката е друга, ако маркет Х нарачува 1000 парчиња месечно а Маркет Y нарачува 10 000 парчиња месечно, како може Маркет Х да нуди иста цена со Маркет Y кога маркет Y крати на многу работи и иде со минимален ќар т.е на поголем обрт?

Според официјалната страна на Општина Прилеп, Прилеп има 76000 жители, како може Маркет којшто нарачува производи за
76 000 жители да има пониска или иста цена со маркет од типот на Стокомак и Кам којшто се насекаде низ Македонија а се многу распространети во Скопје, најголемиот град во Македонија?
Тука сметај го и начинот на работа на Стокомак и Кам, без фрижидери за пијалоци, ниски кирии (стокомак скоро никаде не плаќа кирија), по една каса работи - кратење на работници итн...
Мене тоа ми е чудно.
Зарем по иста цена ќе им дадат производ ако нарачаат 1000 парчиња месечно и 10 000 парчиња месечно?
Збориме тука за маркети како КАМ и Стокомак, што кратат на секој можен трошок, од работна сила до фрижидери и ефтини кирии (Стокомак повеќето дуќани ги поседува не ги рента).

Не е муабетот за самиот ќар што некоја фирма би го правела, муабетот е како може фирма Х со помала нарачка да достави иста или пониска цена од фирма Y со многу поголема нарачка. На страна тоа што Кам и Стокомак во Скопје се борат со уште минимум неколку огромни маркети како Тинекс, Рамстор, Веро, Жито, Рептил итн. и нормално ради тоа и гледаат што може пониска цена да дадат. Пошто нивното мото е помал ќар од 1 производ, повеќе продадени производи. :D

Од каде набавуваат тие локални маркети? Некој им дава испод цена или? Тоа ми е мене чудно. :)

Доста логично, стратешки ќе влезат на пазарот и ќе пробаат што може повеќе народ да покријат со секој 1 маркет.
Ќе видиме само локациски како ќе се постават, сепак специфични се, им треба огромен простор за секој маркет.
Добро, и општина Ропотово е блиску, Некои села што се поблиску, а имаат по 5 000 жители.
Кам има транспортни трошоци, како прво, второ, Кам не оди со 1 ден. заработка или 1% маржа како што кружи за тие хард дисконти. Ако Кам оди со 20%, тој маркет оди со 15% и има иста или слична цена. Плус не мора да значи дека, ако Кам е поевтин сите треба да пазарат таму, некои не сакаат едноставно (друга тема). Е сега, различна палета на производи имаат. Кам има 70% "сопствени" производи, а тој Х маркет нема негови производи, т.е. продава универзални. Ако Кам продава само пудинг и стоби флипс(пример) од Витаминка, тој Х маркет продава се' од палетата на Витаминка. Истото е и со Подравка, Свислион... И различен увозник, т.е. производител. Во ПП Милка, Алпине беше 30ден. чинам, или 25ден. 90гр.(мислам). Во Кам ја има 100гр. не знам која цена е. На годишно ниво добиваат и рабати, како едните, така другите... Еве пример, Тинекс е поскап од локалните маркети, со редовните цени, без акција. Тинекс го земам оти има секакви производи.
Комплицирана работа е брат...
Автоматски споено мислење:

Прилеп има 100 000 жители и потенцијални муштерии, Кам и Стокомак на пример ги има во цела Македонија што значи според тебе 1.9 милиони.

Математиката ти е од старт погрешна, не можеш да мешаш 100 000 жители со 1.9 милиони.

Математиката е друга, ако маркет Х нарачува 1000 парчиња месечно а Маркет Y нарачува 10 000 парчиња месечно, како може Маркет Х да нуди иста цена со Маркет Y кога маркет Y крати на многу работи и иде со минимален ќар т.е на поголем обрт?

Според официјалната страна на Општина Прилеп, Прилеп има 76000 жители, како може Маркет којшто нарачува производи за
76 000 жители да има пониска или иста цена со маркет од типот на Стокомак и Кам којшто се насекаде низ Македонија а се многу распространети во Скопје, најголемиот град во Македонија?
Тука сметај го и начинот на работа на Стокомак и Кам, без фрижидери за пијалоци, ниски кирии (стокомак скоро никаде не плаќа кирија), по една каса работи - кратење на работници итн...
Мене тоа ми е чудно.
Зарем по иста цена ќе им дадат производ ако нарачаат 1000 парчиња месечно и 10 000 парчиња месечно?
Збориме тука за маркети како КАМ и Стокомак, што кратат на секој можен трошок, од работна сила до фрижидери и ефтини кирии (Стокомак повеќето дуќани ги поседува не ги рента).

Не е муабетот за самиот ќар што некоја фирма би го правела, муабетот е како може фирма Х со помала нарачка да достави иста или пониска цена од фирма Y со многу поголема нарачка. На страна тоа што Кам и Стокомак во Скопје се борат со уште минимум неколку огромни маркети како Тинекс, Рамстор, Веро, Жито, Рептил итн. и нормално ради тоа и гледаат што може пониска цена да дадат. Пошто нивното мото е помал ќар од 1 производ, повеќе продадени производи. :D

Од каде набавуваат тие локални маркети? Некој им дава испод цена или? Тоа ми е мене чудно. :)

Доста логично, стратешки ќе влезат на пазарот и ќе пробаат што може повеќе народ да покријат со секој 1 маркет.
Ќе видиме само локациски како ќе се постават, сепак специфични се, им треба огромен простор за секој маркет.
Ќе заврши како Керфур. Нема да има таков бум. Проста причина што Кам е далеку појак од Лидл, оти моделот на Кам е превземен од Лидл и Алди. Башка, имаат пари, и Стокомак и Киппер и Кам... да ги симнат цените. Хаос ќе биде. Ама не верувам дека Лидл ќе го освои пазарот во Македонија, поготово не, ако дојде ВМРО на власт, со Камчеви, ќе го истераат одма. А и подобро за домашната економија. И Веро да си замине, и Рамстор. Барем нема да ни ги земаат парите. Доста зема Веропулус и Рамстор, нема потреба и Лидл. Народот ќе се чувствува дека има нешто WOW, а всушност тие ќе го собираат само шлагот. Не можеме фабрики да градиме, такви инвестиции, да, ама Лидл... нема потреба. Башка, Лидл во Србија е 4 години, па не е број 1. (пиша некој) Едноставно народот не сака, ќе сфати, дека цените се слични, и нема да оди толку во Лидл. Лидл треба да вложи 5м евра овде па и 10м. Е тоа е ризик, за 1 година нема да ги врати сигурно, и за 5, тешко. и Владата виси, а очигледно е сека Заев има договор со нив, да му извезуваат Мамас, а тој да им дозволи работа во Македонија. Германија е пред хаос, ЕУ пред хаос... Штети ќе има големи, кризата не е завршена уште, сега доаѓа. Не ми се верува дека ќе отворат Лидл тука. Башка и од анкетите ќе видат дека не се обожавани.

*Што го кошта Кам да ги намали цените за 10% во местата каде што ќе е Лидл и да биде ист како нив. И Киппер и Стокомак, Жито... Македонија е мала, има 3 големи дисконти, локални, премногу се'. Не се желни по Лидл. Кам има 150-200 маркети, (100 во МКД и тоа јаки, и другите во Бугарија и Косово) не може Лидл со 10 да го уништи, колку и да има развиен модел. Нема теоретска шанса. Мислам дека тоа со глушецот беше тест за КАМ, намерно го тестираа.
КАМ, СТОКОМАК, КИППЕР можат само од дома да се разорат, Македонски маркети да им земат дел.
Btw: офф топик:+ Фан фект: Рамстор е готов. Во Охрид летово, сите Турци што беа, пазареа од Рамстор, сите, буквално.
Автоматски споено мислење:

Ами ај да се закренат од Скопје до Прилеп за да пазарат во Футура или Тобако.

Во Скопје, Кам и Стокомак се најефтини, па после доаѓаат Кипер, Жито, Зур, Гиго, па Кит-го, Веро, Рамстор, Тинекс.

Од поскапите ако споредуваме Веро ми е прв по квалитет на робата, па после Тинекс и Рамстор.

Сум земал свежо месо во Веро, во стотици пати никогаш не ме заебале. Во Тинекс мајмуните летово имаа расипано пилешко, цело свежо пиле имаше уште 4 денови рок, кога ја извадов фолијата за да го печиме смрдеше и го фрлив во канта, кај мене беше едвај 1 час во фрижидер.

Во Кам имаат и ок производи, во Стокомак е пофушерај.

Тешки да отворат и Лидл, колку повеќе конкуренција, толку поарно за потрошувачите.
Не велам тоа. Што бараат ПП.
Ама за ПП се Ок конкуренција со останатите, дури и поевтини во нешто.
Со распоредот на маркети се согласувам 100%.
Нема да е подобро со Лидл. Ќе се зголеми фушерајот. За певтини производи, производителите ќе ставаат се' и сешто, само да намалат цена. Нема да е добро.
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2015
Мислења
243
Поени од реакции
323
Немојте бе со вакви муабети од 90-тите... Што да правам кога сум роден во држава полна со непријатели на политички план? Да не јадам донер пример бидејќи албанците не не сакаат? Или убаво ти дадоа пример со Рамстор, бидејќи сме биле под турско 5 века? Ако не, да не користам компјутери и интернет, зашто Америка е пријател со Албанците кои нас не напаѓаа? Глупости.

Тоа се затуцани мислења, и реално иако пазарам во Тинекс, порадо би пазарел во Веро, и би му ги давал парите на Гркот, отколку да пазарам у Кам/Стокомак, сомнителни производи, со никакво средување внатре и работење на една каса. Да одам во Охрид на одмор, само затоа што е наше? Грција/Бугарија за истите пари нудат доста поголем квалитет. Сега во игра се вмешува и Албанија, иако претходно не беше толку популарна.

Замисли Полјаците да не идат во Германија/Австрија, само затоа што Германија ги има нападнато Полска? Па пола од Полјаците радо би се пишале Германци заради бенефиции што би ги имале во Германија, отколку да останат хардкор патриоти (иако доста од нив се).

Ако гркот дава подобар производ од било кој македонец, одма ќе му го купам. И како што рече Џонтра, кај нас најголемите газди се криминалци и лопови, што не би сакал да ги богатам, иако индиректно со моите пари, ги хранам нив и нивните деца.
Не реков да не се пазари во Веро. Погрешно си прочитал. Членот Алек(мислам или како беше никот) си ја навреди баба му, бидејќи таа не пазарела во Веро. И тоа било за него било ненормално.

Значи не е ненормално туку сосема реално и правилно. Јас на тоа се побунив.
Секој си има право каде ќе пазари и јас не реков ништо. Само смешно ми беше, дека баба му била откачена, а Веро бил најдобар. Као баба му глупава била што не одела, а тој демек легенда што пазарел.

Јас само се обидувам да му објаснам да си ги почитува предците, бидејќи очигледно е во заблуда за многу нешта, а тоа ќе го објаснам подоле.

Немојте бе со вакви муабети од 90-тите... Што да правам кога сум роден во држава полна со непријатели на политички план? Да не јадам донер пример бидејќи албанците не не сакаат? Или убаво ти дадоа пример со Рамстор, бидејќи сме биле под турско 5 века? Ако не, да не користам компјутери и интернет, зашто Америка е пријател со Албанците кои нас не напаѓаа? Глупости.

Тоа се затуцани мислења, и реално иако пазарам во Тинекс, порадо би пазарел во Веро, и би му ги давал парите на Гркот, отколку да пазарам у Кам/Стокомак, сомнителни производи, со никакво средување внатре и работење на една каса. Да одам во Охрид на одмор, само затоа што е наше? Грција/Бугарија за истите пари нудат доста поголем квалитет. Сега во игра се вмешува и Албанија, иако претходно не беше толку популарна.

Замисли Полјаците да не идат во Германија/Австрија, само затоа што Германија ги има нападнато Полска? Па пола од Полјаците радо би се пишале Германци заради бенефиции што би ги имале во Германија, отколку да останат хардкор патриоти (иако доста од нив се).

Ако гркот дава подобар производ од било кој македонец, одма ќе му го купам. И како што рече Џонтра, кај нас најголемите газди се криминалци и лопови, што не би сакал да ги богатам, иако индиректно со моите пари, ги хранам нив и нивните деца.
Е сега за КАМ, Тинекс и Веро. Обично не се обидувам да докажувам, ама бидејќи гледам дека си замислувате светци во некои маркети.

Прво и основно Орце Камчев не е сопственик на Кам. Второ за Орце веројатно си слушнал од Х политичари и од вести. Жал ми е, ако ти се од таму.

Незнам од каде тоа дека Кам продава фалц производи се криминалци, а тинекс и веро се како светци

Посакувам да си отвориш фирма и да нудиш роба на трите маркети, и лично да ги дознаеш принципот на работа на Кам, Веро и Тинекс на пример.

Веројатно тогаш повеќе ќе дознаеш зашто се цените на Кам едни, а во Тинекс други.
и зашто Кам на пример има поевтини цени од Тинекс за исти производи и од исти добавувачи.
Тогаш ќе дознаеш кој игра поштено, а кој мангупски на пазарот.

Ти можеш во следниот пост и да тераш инает и да се правдаш дека си купил расипана паштета од Кам, ама реалноста е поинаква.

Мои блиски имаа фирма на времето, и беа добавувачи на познати производи во сите поголеми маркети.
меѓу кои Веро, Кам, Тинекс итн.

Да ти кажам зашто Кам има поевтини и посвежи производи од другиве двајца.
Тоа е зашто Кам одма им плаќа на добавувачите, и така фирмите му даваат роба по доста поволни цени. Второ Кам зема само неколку типа на производи во поголеми количини, односно е Хард-Дисконт. Тоа му овозможува да има поубави цени.

Тинекс е најмангуп на пазарот, и го користи тоа што нема регулативи на пазарот, или пак ако има истите ги заобиколува. Тинекс им плаќа на фирмите дури после 4-6 месеци од кога ќе ја предадат робата.

Најпрост пример

Отвараш фирма, и ти треба 6 месеци да го снабдуваш Тинекс без притоа да добиеш ни денар. Тој во меѓувреме ја продава робата, има ќар, ги врти парите и дури 6тиот месец ти ќе ги видиш парите.
И за тие 6 месеци додека секојдневно го снабдуваш Тинекс свири си безпари.

Епа ела повели ти отвори фирма и давај му на Тинекс роба 6 месеци безпари, и после кажи кој е криминалец, а кој не. И види дали некоја мала домашна фирма која произведува квалитени произовди може да почне бизнис со Тинекс.

Веро е пак трета приказна, тие плаќаа побрзо доста и добиваа и подобри цени од Тинекс, во доста случаи. Сепак крајната цена кај Веро беше најскапа за истите производи.
Нели капиталистички цени. Си мава ќар гркот, му се може. Таков ќар во Грција нема.

И така моите роднини иако работеа со сите маркети, кажуваа дека најголем обрт на капитал имаше во соработката со Кам, бидејќи иако плаќаше најмалку, тој плаќаше веднаш, па Кам со тоа добиваше најдобри цени и со самото тоа продуктите имаа најмала цена за крајниот потрошувач.

Во тинекс се носеше роба, само колку да биде застапена, и истата беше со постар рок (стари по месец дена) , бидејќи ретко кој сака да чека 6 месеци да добие поврат на парите.

И така друже ти сега одиш во Тинекс плаќаш поскапо и викаш тој имал оригинал и потазе роба од Кам. Епа грешиш.
Напротив, Тинекс има Постара роба зашто неплаќа.
Ти и јас купуваме нешто, го плаќаме и тинекс тој производ ќе го плати на добавувачот после којзнае колку време. Нажалост подебелиот стап на крајот го извлекуваме ние со високи цени, и многучесто стари и стоени производи.

Еве уште што сум забележал низ времево а било стварно смешно.:icon_lol:
Сијалица Осрам во Кам 16 денари, Во стокомак 17 денари, во Тинекс 32 денари.
Исти увозник, иста сијалица. Ама искрено не се чуствуваш малку будала кога нешто плаќаш 100% плус.
или Италијански грисини во Кам 45 денари, во Тинекс истите 69 денари.
други Италијански колачи во Гиго трејд 69 денари, во Тинекс истите 85 денари

И сега првиот бил криминалец и затоа не купуваш, ама вториов српски ром на Тинекс е топ.

Јас во Кам не гледам ни К- од криминалец. Бидејќи како краен купец ми дава роба најчесто која има реална вредност.
Во тинекс кога ќе влезам поима немам колку еден производ има вредност, зашто имам манипулатор со цени.

Мене во Кам маркет единствено ми пречи тоа што има помал избор на роба. А за потазе знам дека е сигурно било кој производ што се продава.
Проблемот кај нас е што имаме грото неквалитена роба. Алчноста за големи профити и бизнис моделите како Тинекс и останатите не доведе до тоа да немаме увозници кои носат квалитетна роба.

За крај, јас пазарам во речиси сите маркети. Нажалост тинекс неможам да го одбијам бидејќи ми е до врата, но свесен сум дека кога ќе влезам, ќе наидам на постар производ и дека можеби некогаш ќе го платам и 100% повеќе.

Тоа е реалноста, јас да сум власт, со овие работи што ги знам Тинекс веднаш би го затворил.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
Не реков да не се пазари во Веро. Погрешно си прочитал. Членот Алек(мислам или како беше никот) си ја навреди баба му, бидејќи таа не пазарела во Веро. И тоа било за него било ненормално.
Значи не е ненормално туку сосема реално и правилно. Јас на тоа се побунив.
Секој си има право каде ќе пазари и јас не реков ништо. Само смешно ми беше, дека баба му била откачена, а Веро бил најдобар. Као баба му глупава била што не одела, а тој демек легенда што пазарел

Е сега @KaWa се согласувам дека Војни имало и дека таква е ситуацијата со Полска и Германија денес.
Но тоа е сосема различно од тоа со Грција и нас.

Е сега за КАМ, Тинекс и Веро.
Незнам од каде тоа дека Кам продава фалц производи се криминалци, а тинекс и веро се како светци.

Прво и основно Орце Камчев не е сопственик на Кам.
Посакувам да си отвориш фирма и да нудиш роба на трите маркети, и лично да ги дознаеш принципот на работа на Кам, Веро и Тинекс на пример.

Веројатно тогаш повеќе ќе дознаеш кој има посвежи производи.
и зашто Кам на пример има поевтини цени од Тинекс за исти производи и од исти добавувачи.
Тогаш ќе дознаеш кој игра поштено, а кој мангупски на пазарот.

Ти можеш во следниот пост и да тераш инает и да се правдаш дека си купил расипана паштета од Кам, ама реалноста е поинаква.

Мои блиски имаа фирма на времето, и беа добавувачи на познати производи во сите поголеми маркети.
меѓу кои Веро, Кам, Тинекс итн.

Да ти кажам зашто Кам има поевтини и посвежи производи од другиве двајца.
Тоа е зашто Кам одма им плаќа на добавувачите, и така фирмите му даваат роба по доста поволни цени. Второ Кам зема само неколку типа на производи во поголеми количини, односно е Хард-Дисконт. Тоа му овозможува да има поубави цени.

Тинекс е најмангуп на пазарот, и го користи тоа што нема регулативи на пазарот, или пак ако има истите ги заобиколува. Тинекс им плаќа на фирмите дури после 4-6 месеци од кога ќе ја предадат робата.

Најпрост пример. Имаш фирма која произведува или увезува Х- стока. Ти таа роба му ја носиш на тинекс, он ја продава си ги врти парите, и тебе ќе ти ги исплати дури после 4 или 6-тиот месец.

Значи пази отвараш фирма увозна, и ти треба 6 месеци да го снабдуваш Тинекс без притоа да добиеш ни денар. Тој во меѓувреме ја продава робата, има ќар, ги врти парите( како банка или лихвар) и дури 6тиот месец ќе ги видиш парите.

Епа ела повели ти отвори фирма и давај му на Тинекс роба 6 месеци безпари, и после кажи кој е криминалец, а кој не. И види дали некоја мала фирма може да почне бизнис со Тинекс.

Веро е пак трета приказна, тие плаќаа побрзо доста и добиваа и подобри цени од Тинекс, во доста случаи. Сепак крајната цена кај Веро беше најскапа за истите производи.
Нели капиталистички цени.

И така моите роднини иако работеа со сите маркети, кажуваа дека најголем обрт одеше во Кам, бидејќи иако плаќаше најмалку, тој плаќаше веднаш, па Кам со тоа добиваше најдобри цени и со самото тоа продуктите имаа најмала цена за крајниот потрошувач. Тоа овозможуваше и најголем обрт да имаат моиве роднини.

Во тинекс се носеше роба, само колку да биде застапена, и истата беше со постар рок( стари по месец дена) , бидејќи ретко кој сака да чека 6 месеци да добие поврат на парите.

И така друже ти сега одиш во Тинекс плаќаш поскапо и викаш тој имал оригинал и потазе роба од Кам. Епа грешиш.
Напротив, Постара роба има зашто неплаќа. Ти и јас купуваме нешто, го плаќаме и тинекс тој производ ќе го плати на добавувачот после којзнае колку време. Нажалост подебелиот стап на крајот го извлекуваме ние.

Еве уште што сум забележал низ времево а било стварно смешно.:icon_lol:
Сијалица Осрам во Кам 16 денари, Во стокомак 17 денари, во Тинекс 32 денари.
Исти увозник, иста сијалица. Ама искрено не се чуствуваш малку будала кога нешто плаќаш 100% плус.
или Италијански грисини во Кам 45 денари, во Тинекс истите 69 денари.
други Италијански колачи во Гиго трејд 69 денари, во Тинекс истите 85 денари

И сега првиот бил криминалец и затоа не купуваш, ама вториов српски ром на Тинекс е топ.

Јас во Кам не гледам ни К- од криминалец. Бидејќи како краен купец ми дава роба најчесто која има реална вредност.
Во тинекс кога ќе влезам поима немам колку еден производ има вредност, зашто имам манипулатор со цени.

Мене во Кам маркет единствено ми пречи тоа што има помал избор на роба. А за потазе знам дека е потазе било кој производ што се продава.
Проблемот кај нас е што имаме грото неквалитена роба. Алчноста за големи профити и бизнис моделите како Тинекс и останатите не доведе до тоа да немаме увозници кои носат квалитетна роба.

За крај, јас пазарам во речиси сите маркети. Нажалост тинекс неможам да го одбијам бидејќи ми е до врата, но свесен сум дека кога ќе влезам, ќе наидам на постар производ и дека можеби некогаш ќе го платам и 100% повеќе бидејќи газдата на Тинекс решил тој истиот да го исплати после неколку месеци.
Би сакал само да те поправам, рок за плаќање е 90 дена.

Истиот муабет од 3-4 различни места го имам слушнато. Големите маркети обично чекаат до 90 дена за да ти исплатат т.е 3 месеци, а Кам и Стокомак исплаќаат веднаш пари, затоа и уствари добиваат исто доста подобра набавна цена на одредени производи.

Исто кога веќе правиме муабет за цените и не треба да ги заборавиме трошоците.
Тинекс, Рамстор, Веро, Жито и Рептил како поголеми ланци да ги земеме, они имаат доста вработени на смена, вработени на фрижидери сувомеснато, месара, фурна итн. којшто во Кам и Стокомак ги нема.

Тука во математиката за формирањето на цената влага и самиот простор. Кам и Стокомак не можат воопшто да си го мерат со другите маркети гледајки ги дуќаните. Многу често и Кам (иако се подобрени) и Стокомак имаат мали, тесни, загушливи дуќани, дали во некој згради, дали во некој „подрум“ итн и се скоро секогаш со помала кирија + помали сметки, иако кружат муабети дека повеќето дуќани се нивна сопственост т.е купени (Стокомак).

На ова додади и дека Стокомак или Кам на пример имаат 3 вработени на смена, а Рептил или Тинекс на пример имаат 3 вработени на смена само на фрижидер и ќе видиш колку повеќе месчно ти искача трошокот.
Еден вработен е околу 20 000 денари месечно минимум (плата + трошоци).
Сепак не е исто ти да одржуваш маркет како Стокомак и маркет како Тинекс. Месечниот расход е со огромна разлика, ако на Тинекс или Жито им требаат 5 000 евра од маркетот ќар за да бидат на 0, на Кам или Стокомак во истата населба би им требало највеќе 1000. (повеќе од дупло помалце вработени, многу помали дуќани)
Сепак, во формирањето на самата цена не игра улога само набавната цена.

Како и да е, убаво е да се има што може поголем избор, генерално сите се добри за пазарење зависно од тоа што и како ти треба во моментот. И големиве маркети знаат да дадат одлични попусти и маливе знаат со ниски цени да ти достават вкусни (квалитетни?) производи. Да се надеваме на што поголема конкуренција :D
 
Баш ми е мило што имаме квалитетна дискусија. Да се согласувам за деновите на исплата. Грешка имам направено. Се согласувам дека трошоците им се поголеми на големиве маркети, и дека овие што се во Кам ги тераат да работат се живо. Често кај мене Кам некогаш растовара и по 10 камиони дневно и реално тоа се е на терет на вработените. Ако работат за иста или помала плата од другиве маркети е стварно нефер.
Сепак мислам дека ние како држава немаме квалитетни производи по маркетиве.
Или ако имаме нешто тоа е ретко и прескапо.

Сум живеел надвор и јасно ми е која е разликата и во цена и во квалитет. Некогаш ми е криво за тоа, ама тоа е.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
@Albertos Јас кажав дека баба ми не пазари во Веро, затоа што газдата бил грк. За мене, тоа во 21-та година од 21-от век ми е повеќе од апсурдно. Јас, со моите приходи, мојата плата, мојата заштеда, одлучувам, каде и како ќе ги трошам парите. Кога помислив на македонските газди, не помислив на оние на маркетите, туку на оние чии производи се пласирани таму. Маркет да нема фрижидер за сокови, не треба и да се нарекува маркет, туку просторија. Пазарам и во КАМ одредени продукти, ако забележам дека се значително поевтини, или пак има одреден производ што го има само таму (најчесто германските), па затоа и ги купувам.

Значи, можеби си во право за тоа со робата, исплаќања и слично, бидејќи јас во тоа не се разбирам. Но јас како краен купувач, мене ме интересира јас што добивам за парите кои ги трошам таму. Во КАМ не се купува за дома, бидејќи нема избор. Во КАМ се оди со намера да се купат 4-5-6 производи кои се или значително поевтини, или ги има само таму.

Не ме интересира ни колку се платени вработените, ни колку зима газдата, ни дали пере пари, нит ништо. Ме интересира што јас добивам со тоа што ќе влезам таму. Веро е најскап маркет, ама па има све. Јас не пазарам во Веро, затоа што ми е ценовно надвор од моите можности (не зборам за 1-2 производи кога мора, туку за купување унапред 4-5 дена, кога се даваат и повеќе од 2-3000 за намирници.). А не дали бил грк, педер, албанец, муслиман, ропак, циган и слично.

Тинекс мене ми е најблиску, па затоа и највеќе пазарам таму. У Рамстор немам навика да пазарам, иако со тие поените на картица, може да се фатат добри попусти.

Во КАМ добиваш некоја си реална вредност на производот, ама затоа се расправаш со старци, просторот помеѓу рафтовите е мал да се разминеш, поготово коа беше почетокот со короната, сите беа истрипани дека ќе закачат внатре, а не ти даваат да се мрднеш. Работи една каса, пошто вкупно вработени се три на една смена, некогаш и две. Се е по кутии (принцип земен од Германија ваљда), не е средено, загушливо е и ред други работи.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.894
Поени од реакции
10.517
Рамстор порано имаше многу подобра понуда на акции, правев по 9000ден годишно од поени и плус со тие 9к што ке испазарам ке направев накај 3к плус, годинава ептен слабо само скромни 3000ден
Тинекс моментално си газат со акции а и со понуда се добри

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
Ako 1995 godina za tebe e antika, izgleda imame problem. No covek koga ne si gi pocituva svoite baba I dedo, I ne si ja pocituva zemjata kade sto e roden e stvarno zalno.
Na kraj Kamcev I Ohrid ti se krivo sto e zemjata siromasna

Ne bato, krivi se takvite kako tebe sto ne ja znaat nazalost ni ponovata istorija,
Koga nekoj ne se potrudil da procita I ne ja znae istorijata. se sto slusaat e istorijata na politickite partii.
Ко што реков у првиот пост и нема веќе да се повторувам и убедувам со вакво затуцано античко размислување.
Газдата на Веро не е ништо крив за надворешната политика на Грција кон Македонија.

Македонија има поголеми непријатели македонци отколку грци. Не се бламирај со вакво размислување.
Обично ваквите антички се у процес на вадење бугарски пасош, со србите зборат српски, идат на одмор у Албанија и Грција.
Не замарај.

Друго, онтопик, да не те цитирам погоре за маркетите. Воопшто не е точно тоа со плаќањето на време и не.
Кам и Стокомак плаќале на време а Тинекс и Веро не, секако хахахаха.

Кам и Стокомак имаат поевтини производи од Тинекс и Веро пошто имаат различни производи од истата марка односно со различен квалитет, затоа и на голем дел од производите поготово од наше производство пишува произведени за Стокомак/Кам. Оди купи крем-банани или рум коцки од Европа од Стокомак/Кам и од било која друга продавница па види го квалитетот. И ред други производи да не ти набројувам.
Фолксваген не произведува ист Пасат за Француски пазар и за Турски пазар.

Будала е Стокомак да ти продава нешто 10 денари поевтино само затоа што плаќал одма на доставувачот.

Си плаќаш квалитет, едноставно е.
 
За еден конзервиран производ сум 100% сигурен дека има ист квалитет, под оригиналното име во Тинекс е за 60тина денари поскап од тоа во Стокомак. Финтата е што Стокомак го нуди само него и во месецот ќе продаде 5000 парчиња, а во Тинекс има уште 4-5 други конкурентски производи и не успеваат да продадат ни 1000 парчиња.

Со сигурност знам за една ситуација со грав, нема да именувам маркет за да не го ставам во незгодна ситуација човекот што ми кажуваше. Во мкд во тој момент се продаваше околу 150 денари за кг, го нарачаа од Кина цел контејнер, со сите царини беше околу 60тина денари, малопродажна го продаваа околу 100че кг. И не само за ова, туку за многу работи нарачуваат вака.

За плаќањето имам слушано и дека на некои добавувачи им плаќале само за тоа што се продава. Донеле 100 парчиња на почеток од месец, се продале 40, му даваат пари за тие 40, ако има потреба дополнуваат, ако не тој месец не му ни земаат.
 
Член од
12 мај 2021
Мислења
110
Поени од реакции
223
Пред неколку дена, излезе статистика во 2020 дека во маркетите граѓаните потрошиле скоро 350 милиони евра:

1.Кам Маркет - 170 милиони евра(2020) промет дневно: 466.000 евра

2. Тинекс - 97 милиони евра(2020) промет дневно: 266.000 евра

3.Веро - 88 милиони евра(2020) промет дневно: 241.000 евра

4.Стокомак - 78 милиони евра(2020) промет дневно: 214.000 евра

5.Кипер - 73 милиони евра(2020) промет дневно: 200.000 евра

6.Кит-Го - 65 милион евра(2020) промет дневно: 178.000 евра

7.Рамстор- 54 милиони евра(2020) промет дневно: 148.000 евра
 
Kajgana Shop

На врв Bottom