Најгрозната случка што ви се има случено до сега !?

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Хммм па имам ја пуно грозни случки, ама онака најкрвава би ми била кога ми падна десната ногата у шахта. И онака капакот тежок ми ја сечеше ногата до коска, крв блика, а ја па се стегам да држам исправено стапало да не ми падне папучата. И после не сум била стисната ќе ми рече некој, ама или ја спасувам ногата со папуча или не ја спасувам! :pos: Како и да е после 5 минутно дерење на другар ми му текна да реагира (пошто иначе баравме маче едно у грмушки) и го тргна капакот, шиштеше крв ко лудо, папучата беше тука! До ден денес имам лузниште опасно.

А занимљиво е што такоѓе крвава случка беше кога ја исеков ногата со секира, т.е стапалото лево. Ја си сечам, дедо ми ме викна, секирата летна... не ни осетив! И кога глеам крв ми капе од секирата на маичка, глеам доле фонтана крвава и тоа зива среќа што ги носев папучите од предходната дешавка, па не беше опасна осекотина туку само малку тетивата ја поткачив. Пошто нејќев на шиење, покрај лузна не ги осеќам баш баш малото и тоа до него прсте и кога се мења времето ко игла ме боде таму!

Све о свему, јадна мајка ми!:toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прво нешто на кое ми текна:

Седнав на мртов крвав гуштер.:nesum:
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Еј да се надоврзам на мртви животни, ја згазив мртва мачка. Ама таква беше бре речиси ко налепница и глеам нешто меко газам, кога ја видов абе косата ми се крена!

А тетка ми па коа била млада цел ден протерала со гуштер у фармерки во пределот на гзот и кога ги соблекла ко налепница бил! :pos:
 
А

Адриано

Гостин
најгадното нешто лани на 17 роденден во дискотека DOWN TOWN се качувам на масата скокам на земја и директно на чаша нагазив!И од силниот удар чевлата одоздоле ми ја скина и ногата ми ја расече во 4 сабајлето во пијана состојба примив 4 конци во стапало!
Ама си има и позитивна страна се исеков на крајот на школската година така да крајните тестови не ги фатив:smir:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Уфф, полна сум со лузни, имав немирно детство. :icon_lol: Па и младост...

Левава дланка ми е ко из ратни злочинац. Од внатрешната страна иам 3 сантиметарско лузниче со едно 5-6 конци. Ми влегла скршена плочка (ко од веце) кога сум имала некои 2-3 години. Била скоро колку рачето голема. :(

Од надворешната страна па, исто иам едно лузниште бесно, кое сосем безболно се создаде. Имено, на еден далечен 8ми март ја се враќав од цвеќара со едно мизерно кактусче во саксија за мајка ми и идев по тротоар, ама по работ... И саксијава у левата рака, паднав некако од тротоарот, и демек да не го уништам кактусот, ја свртев раката обратно и ја сјебав. :icon_lol: Тогаш ни крв не ми течеше, не знам од кај толкава лузна.

Првата недела откако научив да возам точак, летав со истиот у мини-провалија со трње :pos: Последица: лузна на лактот; фобија од мини-провалии.

Една Рамбо другарка од маало, ко копиљаци, ме бркаше еднаш, нешто ја реметев, и ме наби у бодликава жица :nesvest: Имам две лузни паралелни на десната нога над коленото. Мајку и... :pos:

Се имам два пати рендано по скалите дома на кичма директно. Од прва до последна скала. :pipi:Последица: ненормални проблеми со кичмата ever since. Само се мотам со Космодиски, појаси некои, шишиња со топла вода... Ко старка некоја сум, ама тоа е.

Се имам рендано и по ќерамиди на кров, зошто се запнав да берам цреши од горе, таму биле најзрели :pos: Се задржав пред да паднам и да се сплескам ко палачинка.

Имам многу грозни случки... и уште толку грозни лузни да ме потсеќаат на истите. :icon_lol:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Па си имам грозни случки и јас.

Се сеќавам пред неколку години на одмор сестра ми ден/два претходно згазна морски еж и гледам на плажата на едно превртено кајче морски ежови. И си викам чекај да ги простудирам малку. Си се качив на кајчето али тоа пукнато да било па кога ми пропадна ногата, ја вадам лом и крв на сите страни. Па после неколку дена од морската сол лом ми се направи се инфицира. Доаѓање во Скопје и одма на клиника на чистење ова. И сега белег огромен си имам во форма на буквата У :)

Имам белеци на 6 прсти мислам. Едно мало девојче се возеше на мал точак и јас бев покрај неа. Ама наугорница беше малку и и се преврте наназад точакот и да не ја удри главата на асфалтот јас се жртвував и изгребав 6 прсти на двете раце. Кога гледам од што рапав беше асфалтот лом рацете ама не сакав на лекар да одам. Па во завои бев неколку дена и сега убави белези си имам под ноктите на прстите. :)

И нормално како и секое дете се имам неколку пати треснато од точак, ама едно паѓање ќе го памтам. Врнеше претходно а и се свртев позади да видам сестра ми дали ме следи. И не видов дека камен има кога летнав во воздух и се испокршив. Беше пролет таман се затоплува а јас со блузони во училиште. Рани имав може месец/два на двете подлактици и на двете колена.

Аааа и ова ќе заборавев. Се бркав на мермер. А врнеше. Кога летнав рамото го изместив. Па до ден денес си имам проблеми. Идев и на терапии дека ми крцкаше многу. Ама сега само кога се менува времето ми крцка не постојано како порано :)
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.872
Поени од реакции
22.933
Лани летото паднав од мотор и си ја скршив ногата кај бутниот мускул па цели 3 месеци бев во гипс :toe:
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.580
Поени од реакции
1.885
најгадно ми стои сега, но не на времето

кога пораѓав една кучка и ги гледав кученцата како иззлегуваат

бљак
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
еве вака
како мал, коа сум имал 4 години здивот ненормално почнал да ми смрди, не миење заби, сакази бонбони глупости, ништо не помага. мама ме однела на лекар таму ме испиувале апчиња лево десно, и на крај ме пратија на снимки за синусите, рендген или слично. коа виделе докториве во носот, ама малце погоре од кај шо можеш да брцнеш со мал прст, имало некое топче
и сеа мама мене ке ме носи да ми го вадат на хирушко, за да не ме прават операција со едно машинче ми брцаат во носот, така културно и го тегнат, јас одкоа осетив болка почнав да вриштам и да бегам, со сестрите по болницата си игравме брканиџок и на крај ме фатија, јас ги тепам ги касам ги пцујам се влечам, само и само да не ме седнат на столот. ме седнаа, јас го тепам докторот, ме врзаа со рацете на столот, јас претам со главата, ми ја врзаа главата со каиш и конечно ми го извадија нештото од носот
никоаш нема да погодите шо беше
еве вака
баш коа се деси тоа мојата сестра тргна 1во одд нашколо и ја така како 4 годишник сум си брцнал во носот молив што има гума за бришење на врвот, е сеа гумата шо останала у натре останала, ама и си нашла лежиште, подоцна докторите кажале дека малку фалело да добијам тумор или слично
ама нема везе бе здивот више не ми мириса, која од вас е за лапање А?:smir:
:kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
pred 18 godini bev edna vecer pijan mortus i zatoa sto zborev so eden moj jaran od JNA na hrvatski jazik posto tipot zivee u Pula, edeen togasen vmrovec koj inaku me znaese me napadna, jas se branev, no mavav vo prazno posto bev pijan epten, me iscuka i nisto, ne go tuzev, ama toj posle me tuzel i jas em tepan em si plativ paricna kazna pazete zatoa sto sum se branel, a spored sudijkata sum ttrebal da izbegam i da ne se branam oti sum nemal pravo na samoodbrana.e posle ova rekov ebati pravdata em tepan em uste ja kriv.zamislete sum nemal pravo na samoodbrana?????
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Ако се сеќавате на оние децана у Маврово што беа на екскурзија и си направија „санка“, па се спуштија и се сплескаа доле кај жичарата (на вести ги имаше). Е, и јас тогаш бев таму и пред мои очи се деси тоа. :( видов мозок како тече од расцепено чело:nesvest: Наредните месец дена цело време ми се враќаше сликата. :nesum:
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
780
Поени од реакции
69
Еве три најгрозни случки што ми се десиле,
1. На 1 и пол година - се изгорев со кафе и од тоа уште имам лузна на левото рамо, а ќе имав и лузни по лицето баба ми да не ме измиеше со вода веднаш и кога заплакав пола зграда дојде до доле да ѕирне што се деси.
2. Кога имав 2 години паднав од балкон. Среќа што живеам на приземје.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
пред 2 месеца кога ми го скинаа лигаментот на коленото и пред 5 дена што ми правеја операција. Болката е неопислива :(:(:(:(
 

bad_girl

The girl you can't have
Член од
21 февруари 2007
Мислења
216
Поени од реакции
4
пред неколку години летно време се шетавме со еден другар и нели топло време кратки панталони носев и се затрцува едно кученце многу беше слатко и почна да ми рипа по нозете и после 5 мин приметив нешто црно на мене размачкано низ цели нозе а пошо немаше кал у тоа време можете да замислите што беше ........ааааааах грознооо уште се гадам од таа случка многуууууууууууууууу:jaj:
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Едно неделно попладне ја шетавме внуката која тогаш имаше 2 год ,во парк влезот откај фонтаната . Само што навлеговме во паркот ни пријде еден човек и не праша каде е золошката градина за момент се свртевме да му кажеме и кога погледнавме внуката нигде ја немаше . Беше чистина и просто не можев да сватам што се случува . СЕ СТРЕСОВМЕ ,боже каде е детето како во земја да пропадна и во тој момент погледот ми падна на земјата каде имаше шахта која се нишаше .Притрчав и на вистина внуката беше паднала во шахтата .И денес кога ќе се сетам на таа случка ми се стресува целата снага .Фала богу се се заврши добро но стресот беше огромен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom