Најголем фалсификат во историјата ТЕОРИЈА на ЕВОЛУЦИЈА

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Е па ајде тогаш кажи како ги напикал Ноје сите животињи во арката па и ние да ја видиме светлината...

Вози Мишкоооооо...
„..И тата би, сине..„-Павле Вуисиќ.

Oooo...шизик а? Многу христијански од тебе :pos2:

Види, јас на еден од тие 4200 поста мислев. Оној во кој ни кажа: „чек сега да видите што доказ ќе ви извадам!“ После ни бувна еден-два реда за родот негов и породот нејзин, и ни кажа дека тоа е доказ за раѓањето Исусово... За стажот од 4200 поста филозофирање, ич не ти се мешам, тоа е факт.

Патем, не те ловам јас тебе во незнаење, ти си тврдиш нешто, или е така или не е така. Ама дај просветли не за арката жити се, баш ме интересира, па ќе си подискутираме. Тоа е едно од прашањата што мене како верник ме мачеле ама не се најде христијанин што ќе ми даде одговор. Еве ти шанса.

И нормално дека ќе следи некое прашање потоа, што си се уплашил од тоа. Дискусија е. Освен ако ми одговориш толку убедително па да немам што да прашам...
1. Изразот „шизик„ не е навредлив, туку е начин на однесување.

2. Велиш, тебе како верник, т.е. додека си бил верник, тоа прашање јаааако те мачело? Хммммм...Во животот од верникот постојат многу побитни работи од начинот на кој Ное го решил тој проблем.

Пред се, битно е да се каже дека Ное ја изградил арката по точна Божја инструкција, со точни димензии и материјали. А она кое Бог го промислил, не може да биде погрешно. Одредени поединци, посветени на детални истражувања, имаат изработено пресметки, врз основа на димензиите од арката, кои покажале дека волуменот од арката навистина имал доволно капацитет за складирање храна за 6 мес. за сите животни и семејството од Ное. А како Ное собрал по пар од сите животи во само еден брод? Претпроставката, која е најверојатна, е дека Ное не земал одраснати животни, туку само нивните младенци. Втора претпоставка е дека Ное земал штотуку зачнати животинки па така успеал да ги спаси од Потопот.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Знам дека `и тата би сине`...да објасни како Ноје ги настегал сите животињи на арката...дали имало диносаури на арката?

И пак не објасни како...мики,мики...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.337
Поени од реакции
57.949

Без гајле не се навредувам лесно :smir:

Постојат, но оваа реченица мене многу ми е јасна, бидејќи сум бил верник. Секогаш кога има „незгодни прашања“, чиј одговор нема никаква смисла, верникот ги избегнува со изговор дека има побитни работи од тоа, или дека Бог знае подобро и кој сум јас да прашувам...

Да не сватиш погрешно, не мислам на тебе, на мене мислам. Но бидејќи сум "man od science, man of faith" (LOST), во природата ми е да ги преиспитувам работите и да барам одговор. Би верувал и понатаму, да најдев барем приближно задоволителен одговор кој ќе дадеше некакво рационално објаснување на работите.

Сега конкретниот случај. Еве што се буквално нема никаква смисла:

1.Еден човек, сам, па дури и со помош на други во тоа време, нема никаква теорија да изгради Арка (Брод е тоа кој не знае :) ), со огромни димензии, која ќе биде технички исправен да преживее еден таков Потоп.

Но да речеме дека може, лудоријата е во ова:

2. Еден човек, или повеќе луѓе, на едно место, нема никаква теорија да собере по два примероци од целиот жив свет, без разлика на димензиите (ете да речеме ги собирало во Арката). Проблемот е што имаме животни кои живеат само во Африка, само во пустината Сахара, само на северниот пол, само на највисоките планински места... Не постои ни математичка ни физичка можност, освен ако сите овие дошле кај Ное и доброволно се укрцале на Арката.

Едноставно, тогашните луѓе имале претстава само за просторот кој ги опкружува и оној жив свет кој го познавале. Нормално дека никогаш не виделе жива поларна мечка или мртов диносаурус, кога ја измислиле оваа убава приказна.

Но ова да се проголта, многу е...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Знам дека `и тата би сине`...да објасни како Ноје ги настегал сите животињи на арката...дали имало диносаури на арката?

И пак не објасни како...мики,мики...
Во мојот пост, пишува „како„. А кон постот, би додал и неколку дополнителни реченици. Ное, кој живеел богоугоден жвиот, пројавува и знаци/способности, кои ги имаат Светите луѓе, а тоа е нивната особина да привлекуваат се живо околу себе, порани очистеноста која Светие ја достигнуваат. На пример, познати се случаите кога некој од Светиите, храни пустински или шумски ѕверови, а кои (ѕверови) им приоѓаат на светиите им им јадат од рака. Истото се случува и со Ное, кон кого доаѓа по еден пар од сите животински родови.

Понатаму.

Познато е и тоа дека, шумските животни, кои ги снаоѓа заедничка непогода, на пример, шумски пожар, бегаат заедно од пожарот и при тоа бегање, едни кон други не се однесуваат непријателски. затоа и не било проблем, во ист брод да се најдат и ѕверовите и пленот нивни. Потопот е таа заедничка непогода, која ги принудила и ѕверовите и пленот па и луѓето, да преживеат на исто место, во ист простор.

Да, многу е веројатно дека имало и диносауруси. Не можам да потврдам со сигурност. Но, оние јајца од диносауруси, пронајдени во Мексико, велат дека диносаурусите ни случајно не изгинале ради некаков си метеор пред некои си 65 мил.г. и климатските промени предизвикани од метеорот, кој (метеор) никој е го видел.
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Najgolemiot falsifikat vo istorijata na naukata, kazuva nesto za naukata :D?

Zs se bunam, koj vo koj se mesa... naukata ili religijata :S...?
 
ADVISOR

barca & inter
Член од
4 јуни 2009
Мислења
799
Поени од реакции
16
jas mislam deka se teleportirale primerocite :pipi:(za da mi stane posfatlivo:pos:)
Gledav dokumentarec za Arkata i nekoi mislat deka se naogja pod nekoja planina vo Turcija no toa ostana samo pusta zelba :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Без гајле не се навредувам лесно :smir:

Постојат, но оваа реченица мене многу ми е јасна, бидејќи сум бил верник. Секогаш кога има „незгодни прашања“, чиј одговор нема никаква смисла, верникот ги избегнува со изговор дека има побитни работи од тоа, или дека Бог знае подобро и кој сум јас да прашувам...

Да не сватиш погрешно, не мислам на тебе, на мене мислам. Но бидејќи сум "man od science, man of faith" (LOST), во природата ми е да ги преиспитувам работите и да барам одговор. Би верувал и понатаму, да најдев барем приближно задоволителен одговор кој ќе дадеше некакво рационално објаснување на работите.

Сега конкретниот случај. Еве што се буквално нема никаква смисла:

1.Еден човек, сам, па дури и со помош на други во тоа време, нема никаква теорија да изгради Арка (Брод е тоа кој не знае :) ), со огромни димензии, која ќе биде технички исправен да преживее еден таков Потоп.

Но да речеме дека може, лудоријата е во ова:

2. Еден човек, или повеќе луѓе, на едно место, нема никаква теорија да собере по два примероци од целиот жив свет, без разлика на димензиите (ете да речеме ги собирало во Арката). Проблемот е што имаме животни кои живеат само во Африка, само во пустината Сахара, само на северниот пол, само на највисоките планински места... Не постои ни математичка ни физичка можност, освен ако сите овие дошле кај Ное и доброволно се укрцале на Арката.

Едноставно, тогашните луѓе имале претстава само за просторот кој ги опкружува и оној жив свет кој го познавале. Нормално дека никогаш не виделе жива поларна мечка или мртов диносаурус, кога ја измислиле оваа убава приказна.

Но ова да се проголта, многу е...

Прочитај го мојот пост, малку погоре. Веќе реков: Ное работи по Божја инструкција а не по својот памет. Воедно, примерот со Ное е пример за тоа што се може да стори човекот, ако е во Божја близина и ако ја исполнува волјата Божја. Токму тоа е битното во приказната за Ное, неговата послушнот кон Бога, а помалку е битно како Ное ги спасил животните.

jas mislam deka se teleportirale primerocite :pipi:(za da mi stane posfatlivo:pos:)
Gledav dokumentarec za Arkata i nekoi mislat deka se naogja pod nekoja planina vo Turcija no toa ostana samo pusta zelba :)

Постои филмуван материјал од планината Арарат, на кој навистина се гледаат остатоците од арката, како и присутни членови од тимот истражувачи, кои вршат детални мерења на објектот.

Своевремено, Сталин се обидел да го инушти бродот со авионско бомбардирање, ама не му успеало.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.337
Поени од реакции
57.949
Прочитај го мојот пост, малку погоре. Веќе реков: Ное работи по Божја инструкција а не по својот памет. Воедно, примерот со Ное е пример за тоа што се може да стори човекот, ако е во Божја близина и ако ја исполнува волјата Божја. Токму тоа е битното во приказната за Ное, неговата послушнот кон Бога, а помалку е битно како Ное ги спасил животните.
Битно е тоа што има некое објаснување, она што нема, не е битно :)

Како поранешен верник секогаш ме импресионирала способноста на верникот да ги турне под тепих сите прашања кои ја рушат приказната.

Мики не ни даде одговор. Не е виновен Мики. Одговор нема. Приказната за Ное е како приказната дека земјата е плоча. По некое време, се утврдува дека едноставно тоа не е вистина. Мене како што ме учеа порано, работите стојат вака: пророците не ги пишувале книгите во Библијата. Тие само го пренесуваат она што Бог им го соопштил. Според тоа, се што пишува во Библијата е кажано од семоќниот Бог, кој како таков, не може да не знае нешто и да не е во право.

И тогаш некој открил дека светот е троа поголем од предходно утврдените знаења и дека има мноооогу повеќе животни, отколку што Ное може да собере во Арката, дури и ако со неа го сврти цел свет.

И после што?

Ништо. Не е битно. Лојалноста на Ное е битна. И снегот лански.

Не сакам да напнувам а чинам дека ова е и за некоја тема овде за Еволуцијата се разговараше...
 
Ти посочив детални одговори, дури и малку повеќе од колку што е потребно. Но твојот пост, и сличните на него, само го потврдуваат мојот заклучок дека на оние кои не веруваат, и да им понудиш доказ, за нив доказот нема да биде прифатлив па ќе бараат уште и уште докази, па ќе прејдат во барање докази за доказите.

Ајде, да ја читам твојата алтернатива.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.337
Поени од реакции
57.949
Ах бе Мики, многу чудна дефиниција имаш за „доказ“. Еве едно сосема едноставно, елементарно прашање, кое избегна да го одговориш еднаш.

Како Ное, на територијата во која живеел, успеал да ја спаси поларната мечка?

Во најелементарен вид е прашањево, се разбира дека има илјадници животни и милиони видови инсекти за кои тогаш нити слушнале, нити виделе, нити пак можат да живеат и преживеат на таа територија.

Одговори ми на тоа упростено прашање, ништо повеќе. Тоа ќе го сметам за доказ.
 
Mojot ne bese slicen :D?

Ako mu ja dokazes teorijata na evolucijata na miki1, te chastam.

Shteta sto za nea postoi dokaz koi, spored miki, mozat da go vidat samo nauchnici :D.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ах бе Мики, многу чудна дефиниција имаш за „доказ“. Еве едно сосема едноставно, елементарно прашање, кое избегна да го одговориш еднаш.

Како Ное, на територијата во која живеел, успеал да ја спаси поларната мечка?

Во најелементарен вид е прашањево, се разбира дека има илјадници животни и милиони видови инсекти за кои тогаш нити слушнале, нити виделе, нити пак можат да живеат и преживеат на таа територија.

Одговори ми на тоа упростено прашање, ништо повеќе. Тоа ќе го сметам за доказ.

Прашањето ти е погрешно! Еве и зашто!

Се работи за состојбата со климата пред и после Потопот. Пред Потопот, Земјата била оградена со еден вид „завеса„ која овозможувала постоење на рамномерна клима по целата Земја. Поларните кругови, снегови и мразеви биле непозната категорија, па така поларната мечка не ни постоела.

После Потопот, доаѓа до целосна промена на Земјава, која условува и појава на прилагодување на животните кон новите услови. Белата боја од крзното од поларната мечка е прилагодуВање на мечката кон таа средина.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.337
Поени од реакции
57.949
Прашањето ти е погрешно! Еве и зашто!

Се работи за состојбата со климата пред и после Потопот. Пред Потопот, Земјата била оградена со еден вид „завеса„ која овозможувала постоење на рамномерна клима по целата Земја. Поларните кругови, снегови и мразеви биле непозната категорија, па така поларната мечка не ни постоела.

После Потопот, доаѓа до целосна промена на Земјава, која условува и појава на прилагодување на животните кон новите услови.
Тука те чекав бе Мики! :pos2: Последново што го напиша знаеш како се вика?

Еволуција! :pos2:

Не дека мене посебно ми е битно тоа не се ни замарам многу со Еволуцијата. Поларната мечка не постоела пред 4000 години? Значи поларната мечка е обична мечка која побелела. Исто како што црнецот од Африка откако се пресели во Америка побеле?

Аналогно на ова, не постоеле ни тропските животни тогаш така? Кенгури имало и надвор од Австралија се шетале покрај Мртво море и се качиле кај Ное да се повозат...

Ај, не те замарам повеќе... Уживај во приказната, сепак е убава...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тука те чекав бе Мики! :pos2: Последново што го напиша знаеш како се вика?

Еволуција! :pos2:

Не дека мене посебно ми е битно тоа не се ни замарам многу со Еволуцијата. Поларната мечка не постоела пред 4000 години? Значи поларната мечка е обична мечка која побелела. Исто како што црнецот од Африка откако се пресели во Америка побеле?

Аналогно на ова, не постоеле ни тропските животни тогаш така? Кенгури имало и надвор од Австралија се шетале покрај Мртво море и се качиле кај Ное да се повозат...

Ај, не те замарам повеќе... Уживај во приказната, сепак е убава...

Хе-хе! Ама и јас сум довоно паметен (а и скромен...:pos2:) па лесно претпоставив за што ќе се фатиш од мојот пост. „Тоа„ ни оддалеку не се вика некаква си таму еволуција, туку модификација.

Патем кажано, за оние кои веруваат, прифатливи се и одредени чудни појави, т.н. чуда, оти за Бога, се е можно.

Тоа што африканските црнци, кога беа пренесени во Америка како робиви, не побелеа, тоа сигурно не е последица од Потопот!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom