Eве вака,...
Гледам на mobile.de, mobile.bg, avto.net, решен сум да земам Опел Корса 1.0 12V од 1997 година.
Цената е 750 евра.
SchwackeListe е недостапна. Наводно цените ги креираат од mobile.de и autoscout. Така им пишува на веб страната.
Цените се горе долу исти. Што значи се пресметува данок 2% од тоа, па според тоа следи
Цена на возилото: 750 еура
Данок 2%: 15 евра
-----------------------------
Цена+данок: 765 евра
ДДВ 18%: 138 евра
-----------------------------
Цена+данок+ДДВ = 903 евра
Трошоци: ТИВ Минхен (од каде се добива и што има во него?) = 100 евра
Хомологација (или тоа другото име за сообразност) = 100 евра
Осигурање и цол таблици (нели се добиваат во земјата од каде што тргнуваш, кога ја одјавуваш колата) = 50 евра
Регистрација (возило до 1000 кубика и 50КС) : 170 евра+25 таблици= 195 ...200 евра.
Трошоци кои се произволни и никој ги нема точно прецизирано!
Превод од словенски или бугарски (колку страни е тоа?) = 50 евра
Трошкови на шпедиција во Скопје (шо трошкови се овие?) = 50 евра
Сумата доаѓа следна
Колата: 903 евра со царина и данок
Регистрација: 200 евра
Патни трошоци (релативно од 100 до 300 евра за Бугарија и Словенија) - 150 евра
Превод,цол таблици и други документи: 300 евра
------------------------------------
Вкупно на раат да ја возите Корсата на македонски таблици околу 1500 евра!
Точна ли е математиката?! :helou:
Jaс го носам синчето на забар кај приател стоматолог и гледам - ич не е комплицирано, со машинка ќе изваи то црното ќе зашлака пломба внатре и ете 600 денари.
Се мислам да преуредам дел од гаражата во ординација....
Кабадајски муабет до тука бива. Ко небаре јас така произволно ја проценив ситуацијата. Мора некој во Битола да биди попаметен оти е поскептичен.
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)