Владата ќе дозволи увоз на автомобили со ЕВРО 1 или стари и до 16 години
Владата ќе дозволи увоз на возила стари и до 16 години, односно половни со стандарди ЕВРО 1 и ЕВРО 2. Кога одлуката ќе се донесе, во првите шест месеци ќе може да се увозуват возила со ЕВРО 1, а потоа во наредните шест години и со ЕВРО 2. Ова денеска и официјално го потврди Министерот за економија Бесими. Мерката е социјална а не економска, целта била да се овозможи граѓаните да дојдат до евтини автомобили.
Министерот за економија, Фатмир Бесими вели дека ова било таргетирано за лица што возат коли со ЕВРО 0, па ова било можност ти да ги заменат со половни достапни за нив.
Царината, акцизата, хомологацијата, ДДВ-то засега остануваат исти. Иако извори од финансии неофицијално велат, се прават анализи дали има простор за намалување на акцизите.
Сега за возила со моторот до 1000 кубни сантиметри не се наплаќа акциза. До 1500 таа изнесува 245 евра, до 2000 кубни сантиметри е 1475 евра во зависнот дали автомобилот е патнички или караван. За увоз над 3000 кубни сантиметри акцизата е 9000 евра. Увозниците сметаат дека ова е голема давачка. Побара таа да се пресметува според вредноста на возилото а не според работната зафатнина на моторот.
Со оваа мерка се гледа и можност возилата што се со странски регистарски таблички да се легализираат во земјава. Се шпекулира дека во земјава има околу 50 илјади такви возила. Со нивна легализација во буџетот може да соберат и до 50 милиони евра под претпоставка за секое возила да се наплатат 1000 евра давачки кон државата.
Колку ќе ве чини да увезете кола од странство
Колку ќе ве чини да увезете половно возило од странство? За да купите кола надвор од земјата, да ја донесете во Македонија и да ја регистрирате на македонски таблички, потребно е да исполните неколку процедури и документи. Анализиравме различни типови на автомобили. Ја земавме Бугарија од каде голем дел од македонските граѓани купуваат евтини автомобили. За автомобил со работна зафатнина на моторот од 1000 до 1500 кубни сантиметри, најпрво треба да платите царина. Таа се движи околу 1000 евра во зависност од староста и опремата на возилото. Ако имате дополнителна опрема во возилото како на пример, воздушни преничиња или клима тогаш ќе платите поголема царина. Потоа ќе платите акциза од 245 евра, според ценовникот за акцизи. Ако не ги исполнува страндардите тогаш треба да извршите и хомологација, а таа ќе ве чини околу 60 евра плус неколку илјада денари за превод на документите на македонски јазик. Вкупно ќе ве чини околу 1300 евра или отприлика слично колку и цената на возилото.
За луксузни возила над 3000 кубни сантиметри, давачките кон државата се движат од десет илјади евра па нагоре, плус цената на возилото.
По најавите на Владата дека најверојатно ќе се дозволи увоз на возила со стандардите ЕВРО 1 И 2, големите импоретри продолжуваат со својот притисок. Се обидуваат да ја убедат власта дека ова ќе биде погубно по нивниот бизнис. Денеска зад затворени врати имаа состанок со Министерот за економија Бесими. Иако првично беше најавено дека по средбата ќе има изјави за медиумите и по половина час чекање пред зградата изјавите се одложија без објаснување. Што се разговараше на средбата никој не успеа да дознае, својот став импортерите ќе го соопштат наредните денови.
Канал 5