Еве едно мислење зошто треба да се гради црквата, напишано од еден блогер.
АРХИТЕКТИТЕ И СКОПЈЕ
Овој пост нема да биде конкретно кој се тепал на плоштад, туку што тоа се случува околу плановите и идиотите поврзани со истите. Можеби речникот нема да ми биде на културно ниво, ама веќе нема да постои ниво, бидејки тоа не го заслужува веќе никој.
Нешто многу сите почнаа да говорат за архитектите последниве денови и демек Скопје се силувало. Па тоа се силуваше 20 години па никому ништо, и сега се најде некој да грака до бескрај. И демек архитектите биле стручни. ХАХАХАХАХАХАХХАХААХ
Сега ќе ви кажам една поговорка и имајте ја на УМ секогаш.
АРХИТЕКТОТ Е ДОБАР КОЛКУ ШТО ЌЕ ДОЗВОЛИ ИНВЕСТИТОРОТ!!!!
Сега може да рипате до бескрај, ама од тоа нема бегање, освен ако архитектот не си прави своја куќа лично, но и таа нема никогаш да биде светско чудо. ХАХАХААХА
Немој некој да се дрзнел да збори - ШТО ПА ТИ ЗНАЕШ ЗА АРХИТЕКТУРА.
Него да почнеме.
Ќе ги оставиме сите заебанции околу мафијашки градби низ Скопјево и ќе се концентрираме на плоштадот.
Поштено нека излезат тие кои се бунат против изградба на објекти (не само црква) на плоштадот и нека објаснат како треба да изгледа плоштад. Тој мора да е затворен од сите страни со градби и да биде целина. Ова сега што го имаме е само поплочена пољана и тоа во стилот на Кнез Михајлова од Белград, за разлика од нас, барем Кнез Михајлова е целина која ги поврзува Калемегдан и Трг Републике, па од таму кон улица Македонска.
Дека плоштадот треба да е затворен е планот на Грчев кој е опозициски шизик. И сега незнам каде е проблемот. Планот на Грчев е доле.
На долната половина се забележува плоштадот и новите црвени полиња кои претставуваат локации за градба.
По истиот терк као што претходната гарнитура си внела маркици каде и одговара, истото го прави и оваа гарнитура. Објектот пред ЕСМ на ништо не личи, не спорам околу дизајнот, едноставно нема благе везе со контурите на улиците. Објектите во овој појас мора да ги пратат контурите на улиците.
На горната слика е блиц прост 3Д приказ на изглед на плоштадот. Тоа е концепт за плоштад, тоа нека го објаснат архитектите, а не да тресат зелени. Нека направат свои објекти, нека понудат решенија и нека се борат јавно да ги видиме сите. Зошто чекаа сите влади досега, зошто не го затворија плоштадот уште поодамна, за да немаме вакви сценарија како сегашниве.
Доколку си ја завршеа сите работата, ќе немавме вакви проблеми. За оние кои неможат да го сватат ни 3Д приказот, еве накратко, плавиот објект е Ристичева палата, зелениот напред е бившиот Официрски, а црвениот е предвидената црква.
Од тука се поставува прашањето зошто немаше вака силни демонстрации за изградбата на левиот објект пред ТИПО, или веќе како се вика незнам. Ама тој си е по договор со Трипчо. ХАХАХАХ
А таа локација беше најприкладна за црква, ќе наликуваше на НотерДам од Париз, поред река и камениот, ќе имаше можност да биде и во камен, да се надополнува со камениот. Ова е доказ дека државата нема абер од власт, туку дека други личности ги раководат плановите.
Некои спомнаа Зошто не се гради пред МЕПСО. Толку се архитекти тие што го кажуваат тоа. Влезот на Црквите гледа кон ЗАПАД, удрете глава сега малку, нема ваљда со гзот да ја тртиме на плоштад. А тоа што другата вера не прати никакви правила запад исток, да не коментирам подобро.
Јас неможам да ги разберам архитекти а се бунат на градење. Секој архитект треба да е задоволен бидејки се гради, а да се труди колку може да се наметне во естетиката. Кога сме веќе во ваква каша. Јас не видов конкретни предлози за подобра црква.
Ако е ова црквата која ќе се гради, тогаш денешниве архтекти имаат голем проблем. пак ќе повторам, забелешки треба да се дадат на проектот, а не да се кака во празно. Уште посилно треба да се наметнат со подобро решение, доколку ги знаеа сите игри во плановите ќе ја сватеа и играта.
Можеби на крајот, ова ќе биде само дневнополитичка епизода, ама тоа е, се е МАТРИКС.
не барајте ништо од нашиве архитекти, тоа е багра која е ограничена, кога ќе се спомне конзола од 5 метри, пагаат во несвест. Зошто до сега минатите гарнитури не го дозволија Шеретон, да се затвореше приказната. Зошто се дозволи поставување на дрва на плоштадот, па тоа не е парк за играње, тоа е место каде треба да ги наполните гаќите од стравопочит кон просторот, да се осетите мал од грандиозноста околу вас. А која грандиозност? епа бујрум, направете објекти да се покакаме од нив, не да се кака во празно само. Никој во светот нема да ве знае по ординарноста, туку по одбележјата. Ако сакате ординарност, тогаш да ги затвориме пола факултети, може да поминеме само со курсеви од 6 месеци. За архитектурата ќе воведеме норми да се гради до распони од 4 метри и максимални 4 спрата, со тоа столбовите ќе бидат 30х30 цм и крај на школото, а да и арматура ќе брцнете 12-16 прачки во столбовите и тоа ќе ви кажат дали ребраста или мазна, узенгии ќе ставите на 15 цм и шибај гради од тука до бескрај. За економија исто така курс, бидејки за вирмани да пополниш ти требат 20 минути школо а стратегија немора, пошто мегународна ќе ни каже. БОГ ДА ЧУВА, иако сум ЕРЕТИК.
Ви занчи ли нешто традиција бе луге, го уништивте копаничарството во МК, или и тоа е црквоно. NO COMMENT.
Направете нешто, без да критикувате се и сешто. Јас лесно можам сега да плукам по Дрнков што трошел државни пари за да ја фотографира Македонија а за возврат во нашите домови тие фотографии ги немаме бесплатно. За разлика од тоа јас не земам никакви фондови а сепак добивате нешто што ни е од заедничко добро.
ЛЕСНО Е ДА СЕ КАКА, ОДИ НАПРАВИ НЕШТО.
За демократските глупости да не навлегуваме, тоа се излишни работи кои светот ги измислил да зеза глупи народи. Додека сите други се крвници, ние глумиме лудилио. Тој братот Фуере ништо не спомнува за тепачките во Струга, ништо не спомнува за запалени безброј цркви на Косово, за правата на македонците во грција и после демократија, ХАХАХАХАХАХ.
СМЕЈУРИЈА.
од тука