- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт Ивица Георгиевски, ги поттикнал насилствата на плоштадот.
Обивинувањето стигна од опозицијата, која презентираше извадоци од интернет страницата Фејсбук.
На својот профил, Георгиевски ги повикувал сите Македонци да излезат во 11 часот на скопскиот плоштад и да ја дадат поддршката за изградба на храмот. Понатаму Георгиевски пишува - ги чекаме останатите во 12 часот, односно времето кога студентите имаа закажан мирен протест.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат остри мерки. Доколку се утврделе обвинувањата, Георгиевски ќе мора да ја напушти партијата. Истото ке важело и за сите за кои ке се утврди дека поттикнувале или учествувалче во насилствата.
„Ако се утврди дека било кој член на ВМРО-ДПМНЕ учествувал во инцидентите или ги предизвикал, партијата ќе постапи така како што претходно споменав“, изјави Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.
Шефот на изборниот штаб на Фрчкоски, Ѓунер Исмаил, пак, ги негираше тврдењата дека неговата ќерка ги организирала студентите на протест. Негираше и дека протестите на студентите биле политички мотивирани.
„Мојата ќерка има име и презиме, има идентитет, значи не е нејзиниот идентитет дека ми е ќерка, но и да била организатор или коорганизатор или соорганизатор на собирањето на плоштад, тоа на насилниците не им дава за право да ги тепаат луѓето“, изјави Исмаил
A1