Огромна трагедија која ниедна улична "правда" нема да ја утеши. Нека почива младата душа во мир и нека Господ дари барем трошка спокој некогаш во животот на неговата фамилија.
Што се однесува шипците....не се криви. Они се само краен производ, инструментализирани пиони кои работат под нечија диригентска палка и за нечија агенда. Во која и насока да се одигра ова, ние губиме. Сите сценарија некој таму некаде веќе ги предвидел. Имаат цели тимови за ова. Како пред 100 години со поделбата така и сега. Рибата смрди од главата, а ние сме на опашот.
Кој сака да гледа друг филм и да не биде дел од ова фаталистичко сценарио кое ни се режира ќе си ги спакува торбите и ќе си оди.
Друга алтернатива е 500.000 да излеземе на улица и да каже едно ебано големо НЕ, и на ЕУ, и на УСА, и на сите останати...па ако треба без пари да живееме и да си се мењаме со круши/патлиџани/пиперки и сл. за кои фала имаме и клима и услови. Ама и тоа не го глеаме, 250.000 администрација, мртви сендикати, никаква студентска солидарност или иницијатива, партизирана и солта по маркетите...
Живееме во една тешка ќути-и-пуши земја, за жал. Многу пари се трошат за системот да се одржи на овој статус-кво во кој што е сега. Многу дискусии се сведуваат на барање на месија кој ќе не избави од ова сценарио, кој ќе не обедини, кој ќе има муда да застане и да каже нешто искрено, без задни намери, воден од идеал за правда, подобар живот, напредок и сл. Ама цврц, и да се појави, крстови има доволно спремни за да го распнат, зависно од кое маало е..