НБА Сезона 2017-2018

Ако ги исклучиме 6те фаворити (GSW, LAL, SAS, BOS, 76ers, HOU) кои останати 10 ќе стигнат до плејоф?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.279
Поени од реакции
1.728
Screenshot_3.png

Од минатата тема.Патем го ебаја повредите Хардавај иначе изигра многу солидна сезона.
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Eптен си го поштуем Хардавеј уште коа го драфтуваа Никси али не го гледам како ол стар играч, според мене би бил профи 6ти играч у плејоф екипа.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Јута има реална шанса против ОКЦ, поглупа кошарка од ОКЦ не сум видел одамна. Изолации на Кармело, блокови за шут на Пол Џорџ или фул ретард моуд на Вестбрук и тук там некој пик ен рол со Адамс. Ако не и тргне шут буквално се очобол, башка тоа и немаат некој играч од клупа. Снајдер е класи над Донован у секој поглед.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Цела сезона сум некако отсутен од форумов, ама се враќам во прав момент - (пред враќањето, на голема врата!, на моите Сиксерси во плејофот!!!).

Одиме меч по меч, конференција по конференција.

Исток:

Toronto – Washington
Скор од регуларна сезона: 2-2
Карактеристики и проширена плејоф ротација:
upload_2018-4-13_21-6-2.png

Што да очекуваме: Може ли конечно Торонто да оди чекор напред? Или пак ќе се распаднат во плејофот. Најдобрата нивна сезона во историјата е “наградена” со комплетно непредвидливиот Вашингтон – јака екипа која може далеку по состав, но екипа која одигра доста слабо цела сезона. Успехот на Торонто сезонава беше пред се заради убедливо најдобрата клупа во лигата. Но во плејофот, стартерите имаат многу поголема минутажа и улогата на клупата е намалена. Вашингтон од друга страна веќе долго време има одлична стартна постава. Заради ова можен е изедначен дуел.
Прогноза: 4-2 за Торонто

Cleveland – Indiana
Скор од регуларна сезона: 3-1 за Индијана
Карактеристики и проширена плејоф ротација:
upload_2018-4-13_21-6-44.png

Што да очекуваме: Дуелите меѓу Леброн и Индијана веќе станаа традиција во плејофот. Леброн секогаш излегувал како победник. Но ова се два доста видоизменети состави во однос на минатото и се е можно. Голем тест за реалните квалитети на Индијана и нивните можности на долг рок, наспроти борбата на Кливленд за ново финале и очајни обиди да се задржи Леброн.
Прогноза: 4-1 за Кливленд

Boston – Milwaukee
Скор од регуларна сезона: 2-2
Карактеристики и проширена плејоф ротација:
upload_2018-4-13_21-7-2.png

Што да очекуваме: Осакатениот со повреди Бостон против идентитетски загубениот Милвоки. Чуден дуел кој е тежок за прогноза. Одбраната на Бостон на чело со Horford е извонредна, но без Irving и Hayward прашање е колкави се можностите во напад предовдени од млади играчи како Rozier, Brown и Tatum. На спротивната страна, многу талент но нереализиран во победи. Шанса за Giannis да се потврди како суперѕвезда.
Прогноза: 4-2 за Милвоки

Philadelphia - Miami
Скор од регуларна сезона: 2-2
Карактеристики и проширена плејоф ротација:
upload_2018-4-13_21-7-17.png

Што да очекуваме: Најдобриот млад тим во лигата против тврдиот орев Мајами. Ќе може ли “процесот” на Филаделфија на крилјата од фантастичниот финиш на сезоната и со она минимално искуство кое го имаат нивните клучни играчи, да совлада состав кој е уникатно склопен баш за екипа како Филаделфија (реално ниту еден друг тим во лигата нема посоодветни играчи за да ја брани стартната постава на 76ers). Embiid е повреден. До пред неколку недели никој немаше ни да им даде шанса на Филаделфија без него. Прашање е кога ќе се врати, но и да се врати ќе оди во дуел со Whiteside. Simmons против триото крупни дефанзивци на Мајами – Richardson, Winslow и J.Johnson. Или и покрај сите потенцијални проблеми, ќе ја гледаме првата плејоф серија на “идниот” голем тим во НБА? Статистички Филаделфија е најдобриот тим во лигата во последните 50 натпревари. Патот до конференциското финале е отворен, па зошто да не и до финалето.
Прогноза: 4-2 за Филаделфија

Запад:

Houston – Minnesota
Скор од регуларна сезона: 4-0 за Хјустон
Карактеристики и проширена плејоф ротација:
upload_2018-4-13_21-7-38.png

Што да очекуваме: Најдобриот тим во регуларната сезона против екипа која првпат по 13 сезони се пласира во плејоф. Теоретски лесен залак за првопласираниот тим. Во пракса не е така едноствно. Минесота е еден од ретките напади кој може да се носи со Хјустон. Главната предност на Хјустон е ов одбрана, каде тие се јаки а Минесота слаба, но реално Rockets-и не се соодветно склопена екипа за да бранат играч како Towns. Дополнително, ако Butler е целосно вратен ова е целосно поинаков дуел. Пред неговата повреда Минесота беше трета на западот.
Прогноза: 4-2 за Хјустон

OKC – Utah
Скор од регуларна сезона: 3-1 за OKC
Карактеристики и проширена плејоф ротација:
upload_2018-4-13_21-8-27.png

Што да очекуваме: Можеби најквалитетниот дуел во првата рунда. Иако со разочарувачка регуларна сезона, Оклахома Сити е сеуште веројатно најголема закана за Хјустон и Голден Стејт во битката за финале. Играта на ништо не им личи сеуште, но и Westbrook и George имаат историја на одлични перформанси во плејофот. Од друга страна Јута по враќањето на Gobert од повреда, ја има убедливо најдобрата одбрана и воопшто е една од најјаките 3-4 екипи во лигата во 2018та (заедно со Филаделфија, Хјустон и до некаде Торонто). Системот на Јута против индивидуалните квалитети на ОКЦ. Штета што ќе се судрат во првата рунда со оглед дека и двете екипи се чини се најопасни на западот по Хјустон и Голден Стејт.

Прогноза: 4-3 за Оклахома Сити заради домашниот терен (но ќе биде многу блиску)

Golden State – San Antonio
Скор од регуларна сезона: 3-1 за GSW
Карактеристики и проширена плејоф ротација:
upload_2018-4-13_21-8-50.png

Што да очекуваме: По имиња класика дуел за историја, во пракса веројатно најдосадниот двомеч во плејофот. Голден Стејт има огромни проблеми без Curry кој прашање е дали и кога би се вратил од повреда. Сан Антонио е чудо како воопшто стигна до плејофот без Leonard (реално тоа е само заради одличниот домашен терен и изворедна дисциплина против слабите екипи). Голден Стејт ќе мора да докажат дека не се распаѓаат, подобар противник не можеа да добијат. Сан Антонио во гости има само 3 победи против плејоф екипи цела сезона.
Прогноза: 4-1 за Голден Стејт без Curry (ако случајно се врати нема да ме изненади и метла)

Portland – New Orleans
Скор од регуларна сезона: 2-2
Карактеристики и проширена плејоф ротација:
upload_2018-4-13_21-9-8.png

Што да очекуваме: Меѓу поинтересните дуели кои веројатно нема да добијат толку внимание. Две екипи кои играа се подобро како што одминуваше сезоната. На Портланд му проработи нападот предводен од Лилард по слабиот старт. Њу Орлеанс пронајде нов свој идентитет како брза шутерска екипа по повредата на Cousins. Се е можно тука, можеби најтежок дуел за прогноза.
Прогноза: 4-2 за Њу Орлеанс

Let the playoffs begin!!!
 
G

garthok

Гостин
Јута има реална шанса против ОКЦ, поглупа кошарка од ОКЦ не сум видел одамна. Изолации на Кармело, блокови за шут на Пол Џорџ или фул ретард моуд на Вестбрук и тук там некој пик ен рол со Адамс. Ако не и тргне шут буквално се очобол, башка тоа и немаат некој играч од клупа. Снајдер е класи над Донован у секој поглед.
Nah, лидер им е руки, окц би требало 4:2 (1).
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
THE THREE-POINT SHOT VIRGIN :neetaka:
(и амбициите на еден иден дефанзивец)


Мезенце ....(y)



Излезе ли и се прошета случајно(макар и за кратко) на периметар Симонс(близу линија за три), како да се напупил душо=веднаш експресно ќе го скинат, како што и се гледа во многу ситуации и дуели 1-1 од клипот погоре (САЛАТА), независно од вештините на противникот. Бекови е бесмислено со неговата големина да брка, преамбициозно и налудничаво,очекувано на прв чекор ќе го шинат, абе како фризби бе бато ќе го исфрлат од игра (Вујко ти, Оладипо, Шрудер ,како пример од клипот....) Овие курајбери се општо предизвик во одбраната за целата лига...Во одбрана пак на едноставен 2-2 PNR - толку доминатна (и на моменти досадна)офанзивна алатка во денешнава НБА, изгубен е за сите пари, редовно остава многу простор(често е во "неодредена" дефанзивна положба, ни ваму-ни таму, пред се од незнаење, а и со намера да биде поблиску до кошот/рекетот -негова сигурна конфорт зона, каде е помалку изложен) со што драстично им ја олеснува работата на тандемот кој го брани, да го наполнат. Овие пропусти се подеднакво изразени за која било комбинација со негов соиграч во одбрана на PNR, дали Бејлес, Шарич, Ковингтон, или со Ембид па особено а напуштат рекет....Ако пак се одлучи да превземе играч и да оди на мегдан,да се челичи, ништо ново-лесни поени (кепекот Иш, Кори Џозеф....)
И во овој масакр кон Симонс, не е резервиран само за најситните и екплозивни бекчиња/куршумчиња! Ариза, Ленс петлето,Принцот од Атланта (кој изигра добра сезона) го јадат на прв чекор.... и да не финишираат директно преку Симонс, со леснотија прават вишок играч и отворен шут, било кој момент, а ако Симонс некогаш и успее да прочита и затвори рано и парира 1-1 во движење, можат да го измајмунат со евтино-продадени и фрустрирачки контакти (чичко ти Девин Харис, на пример)


Симонс во одбрана,најголем дел од времето е пасивен до даска, хибернира, исклучен е и ги полни батериите, обично е на неактивната/пасивна страна од теренот (0.27, 0.43, 0.54, 1.04 мин.) или патролира долж граница на рекет, што поблиску до кошот, и така се објаснува леснотија со која калапи скокови дефанзивни, неодработени, без многу залагање (ако ја нема таа среќа, да се одбие топката во раце право и да заштеди некоја калорија) Пример, ако Сабонис (1.15) или пак Ларкин (на 1.25) ги промашат овие отворени шутеви (како Бејнс дибекот на 0.46), сосема очекувано е да ги собере тие топки Симонс, зарем кој друг?! Инаку , колку е добар скокач, се гледа на 1.34 каде штурецот Розиер (1 глава понизок) му зема скок и не може/не знае да го загради противникот навремено(во многу ситуации).

И на колеџ беа доста евидентни , но сепак нe толку коментирани (и критикувани како шутот)неговите пропусти во одбрана, на колеџ е многу полесно да се замaскираат истите од неколку причини:

1) Нема дефанзивни три секунди, со што и нема временско ограничување за престој во рекет, и обично најслабите дефанзивци се држат што поблиску до кошот, затскриени во "ровови".
2) Се игра повеќе тимска и пред се зонска одбрана (вистинска зона, споредено со импровизацијата на квази-зонска обрана во денешната НБА, и така ретка, ради дефанзивните три сек.) која е и згодна опција да многу дупки во индивидуалната дефанзива на играчот се покријат преку тимски удел (еден од големите бенефити на зоната генерално, без оглед во која формација!)
3) Играта не е ни приближно "отворена" како во НБА, со толку простор за индивидуална игра (помало растојание на линија за три и доста покомпактен рекет) ,се игра поспоро и на моменти целосно умртвена (времето за напад е далеку поголемо), иако и во овој дел, во NCAA се прават напори да малку се "убрза" играта, вештачки, преку кратење на нападот на 30 секунди (со измените во 2015 -та година)

https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/6/6c/Basketball_courts.svg
https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6e/Basketball_keys.svg/1200px-Basketball_keys.svg.png

Поради сите овие констелации (слики погоре) - разлики во правила/димензии/конфигурација на терен, затоа и на колеџ е далеку поуспешно маскирањето и крпењето на индивидуалните дефанзивни пропусти, споредено со НБА! Чарето е многу просто и со декади непроменето= секој многу слаб дефанзивец-дибидус, независно од причините за слабата одбрана(читање на истата, слаба комуникација со играчите, конституција/агилност итн..) се остава да чмае под кош, неактивен(читај -на краток ланец "врзан") во голем дел од времето во одбрана,со задача да собере по некој скок, како бонус може и некоја блокада (за викенд),ако наиде на дуел кога одбраната во погорните слоеви потфрлила со пропуштање на противнички играч, да се прошета до крај. Идејата е, да се намали (колку-толку) и ограничи експонирањето на овие "дафанзивци", иако на слаб дефанзивец кога тогаш му идат неговите пет минути, за плескање од противникот. Нема иљач тука, независно од позицијата на која игра, може само делумно да се намалат симптомите! Така беше и со Симонс на колеџ.
Во Сиксерс, со вакви мерки тренерот пробува да го затскрие Симонс, но во најголем дел е невозможно заради горе споменатите разлики. Плус, поголема површина од теренот мора да покрива Симонс дефанзивно во НБА-поради линијата за три! И дури 80% од вкупните скокови на Симонс се дафанзивни! Има разлика меѓу скок и "скок".Со тоа што е близу кошот во одбрана, логично е дека ќе собира доста дефанзивни скокови, за играч со 2.08 висина тоа е најмал проблем, повеќето од тие скокови не вредат пет пари, освен пумпање статистика-шуплива. Неговата "улога" во одбраната, едноставно креира илузија дека се работи за натпросечен скокач!

Сите 514 дефанзивни скокови на Симонс од регуларниот дел, со видео материјал за секој од нив, на следниот линк подолу од NBA.com https://tinyurl.com/y9zcpo74

и РАКИЈА !? :eek:

Цела сезона има голема фасцинација меѓу фановите во НБА, еуфорија и воспевање со епитети за генијалец, за леснотијата со која оди Симонс убедливо на влез, за неговата "доминација" во тој дел, како бил незадржлив на влез ....Не е така тешко да се неутрализира типот. АМА, за почеток, треба бар некои од екипите да почнат да играат одбрана во лигата, барем малку :anco:!


Симонс е најчесто "опасен" на влезови од контра/полу-контра (само ова може и да понуди офанзивно) и се шета во рекетот со лесни положувања/забивања, посебно против катастрофални и конфузни дефанзивни екипи, ако ги начека па заспани (а зимскиот сон трае 82 натпревари обично :sleep:), кои оставаат премногу простор, или на брз продор да намириса инфериорни (во конституција) индивидуалци, па во маса да има предност ( нажалост, во НБА одбраната последниве 10-на години речиси и да не постои, во регуларниот дел е луксуз :toe:, па и во плејоф за повеќето екипи е дискутабилна). Левата страна генерално му е многу слаба, ретко и оди на влезови од лева страна, или со лева рака да финишира на влез, јок, и ретко е ефикасен така, било да е обид за положување или друго решение (шут не иде во предвид од дриблинг), а да не е забивање!


Првата ситуација од клипот погоре, се шета Симонс во прв напад од мечот, покрај четири Ракети(ракетите треба да се синоним за одбрана!?), Капелава (мртовечка) ни да мрдне, 0.7 секунда- кратер во рекетот на Пистонс(каков плејоф бе Пистонс !?) На 0.18 Ариза буквално го остави, или пак Далас колку се губат на 0.26 (Дирк на 0.34 дури на прсти се дигна, патиките му се нови, неразгазени, и го убиваат :toe:!!) Пак Рокетси како се губат, комплет (1.08 -1.18) = Е Ариза, Ариза... Или на 3.55, како Џезериве спијат итн итн....Кој играч не би блескал под овие услови!? Се до оној моментот, кога малку посериозно го сватат Симонс противниците.

Џабе е "толкав", кога на минимален контакт со тело, во дуел со противнички играч на влез, Симонс губи лесно баланс и тоа со стил, најчесто знае да заврши со големи промашувања (1.26, на Стенли Џонсон финти на Хаким му продава или на 1.53, на 2.50 Ариза му го удри меракот, или 3.00 против Јанг... ) А бил демек амбидекстерен (дефинитивно , за бунари промашени, го бива и со двете раце ;)!)


Реално, нема голема филозофија да се лимитира офанзивно и онака лимитиран играч како Симонс (до коска) :anco:како што се гледа во многу наврати на клипот погоре (РАКИЈА).Не бара огромно залагање сигурно, со навремено/рано затворање на рекет (0.17 , 0.57 , 2.04, 2.35) мора да вади надвор и нема идеја.Или, само ако му влезе(се постави навреме) играч во движење, и Симонс не само што е изгубен и одеднаш прави грешки банални при водење, а го стегнат малку (Соколов синдром), па продава топки и го читаат како селски буквар (и поени во транзиција 1.10) , а како десерт, посолидни дефанзивци можат да го направат паљачо,со минимален труд, со изнудени фаули во напад и да се закова лесно (0.09 , 0.48, 2.14) Не може така корпулентен играч да ја контролира сопствената маса, на нагли движења, затоа што и самиот се преценува во своите можности во водење на топка (на моменти) И одеднаш, тој спектакуларниот Симонс - незадржливиот, во многу ситуации личи на сосема друг играч -како да му е моториката сериозно нарушена, небаре да испил 2 литри Лозова пред почетокот на мечот (0.02 или 0.28)! Знае солидно да се сплетка при неочекувани удвојувања или брзи блицови 1.34(па и без чекори судени да си помине!)

Мрсното домаќинке! :masa:

Особено импресивна кај Симонс е неговата безрезервна летаргија во одбраната :zver:, кога покрај него мине играч и не го смета за жив, не реагира! Прва ситуација од клипот погоре, го гледа Колисон, 0.10 -Тејтум се пробива, 0.22 Џон Луер, ни рака да крене(важно скок собра!), 1.27 Принцот на влез и на 3.07 го гледа Принцот, просто не може да му се изнагледа ! А и при одбрана во транзиција не арчи многу калории, 1.39- Харден крај со крај....Отворени шутеви поради Симонс= со лопата да ринеш.... му бегаат играчи редовно, џабе дреме во рекет и никој не чува,и се губи пристојно(0.30, 0.45, 2.20, 2.44, 3.15, 3.52) А па, ако испадне на периметар, на Букефал ќе му го свитка- редовно го прават пуздер(1.04 - 1.20 = се редат Дирк, Барнс, Хорфорд, 2.10 и Шрудер да не е покусо!)

2.30 Бареа ќе го чувал...ВАЖИ !! Одлична ситуација која ја прикажува лакомоста на Симонс,стара навика (од колеџ) да често се коцка на долги пасови, за да украде по некоја топка и поени од контра- оди ова како алва на Youtube :kafence:- позициониран е така да, наводно игра одбрана на врв на рекет и во делириум трча по сите играчи, а всушност никој не чува! 2.54 добар пример за дремење на неактивна страна, на граница на рекет, како лесно вишок играч се прави- Толивер е негов играч и го заборави. 3.25 го заборава и Сефолоша (овој му бега со брз продор), и додека Симонс го бара Табо-барабо(со Перо зулуми шо праи по кафани у САД) и се свести, Табо веќе ја завршил работата, и наредна ситуација пак му бега Табо.....Ах, ако те види само Харден, како ќе те подбере !


"Заложбите" на Симонс да брани елементарен PNR се залудни (клип odbrana2), им се шетаат во рекет како бубашваби у биртија (прва ситуација, 0.20, 0.41, 0.49, 3.20, 3.40) Гледа противнички играч кој оди на влез, може лесно да помогне и удвои, ништо не прави најчесто :busi:(0.32, 0.58, 1.10, 1.20, 2.58) ........1.39 Ембид и Симонс дуото, брани PNR на периметар= класика...како ги вртат Пацериве,мераци-фантастична несебична игра и да не се чудат оние кои слабо ги
гледале, зошто Пацерите се таму кај што се !

Турлитава

Воопшто не се изненадување овие гигантски пропусти во одбраната, кога сакаш плејмејкер да правиш од играч со таа висина ! Самата идеја или "концепт" во 2018-та, во оваа ера е благо кажано шизофрена и апсурдна= кога веќе со години се форсира (промашена во многу аспекти) филозофија и има тренд на намалување на просечната висина на поставата (од надвор кон внатре), и се игра со пониски постави, шут за три за извоз (и "центрите" на зорле се прават шутери, преку ноќ), дојде иноваторот Брет Браун да измисли топла вода во еден друг екстрем. Во кошарката, секој би сакал да ја зголеми драстично висината на поставата, без притоа да компромитира други апекти од играта, и да има џинови бекови со шут како Дирк, кои би имале во исто време контрола на топка како Ирвинг, спринтери и шило ала Расел , а при тоа да играат и пристојна одбрана - таков играч нема ни на најновите компјутерски игри, без оглед на платформа!
Компромиси носи секој стил- зголемуваш висина, жртвуваш агилност, одбрана на периметар, шут и посебно одбрана во транзиција, наспроти обратната ситуација- каде со пониска постава жртвуваш снага под кош/скок, но добиваш на шут (можеби), мобилност и особено контрола на топка. И овие компромиси се познати од времето на дедо Ное, во кошарката. А нетипичната и крајно неприродна позиција која ја има Симонс во НБА му помага да биде во класи полош дефанзивно од она што и за почеток е -доволно лош. Не може Браун да го крие вечно, па дури и потпишале Сиксерс меморандум за соработка со сите клубови во НБА,со наслов= "СО ИСАВ", како рамка со која се дефинирани условите на разумно злоупотребување на Симонс од противничките екипи.


Симонс, многу тешко се снаоѓа и ретко може да изигра 1-1 под кош/пост, нема финеси (колку и да има простор, првата половина од клипот погоре), дури и против инфериорни играчи, во висина и конституција(мис-меч има и ќе има многу прилики), кои се очекува и треба лесно да ги свитка (на снага барем) а и не знае како самиот да изгради позиција,да створи простор (0.20-со еден Ларкин 1.80м се мачи, се успа и доби офанзивни три...)

На 1.16, неговата небитна форма од слободни, од разни агли,во првиот обид топкава по многу колебање влезе, Ракетиве му се смеат(Ариза и Гордон). Гордон му дофрли нешто(го масира можеби за слободниве :unsure:) и реакцијата на Симонс доволно говори за фрустрациите од линија за слободни (и карактерот!).

Многу играчи низ историјата,независно квалитет и позиција, на ништо не личеа кога изведуваа слободни, па имаа далеку попристојна ефикасност -Дон Нелсон, јајце ќе снесеше и се препотуваше, Мајкл Адамс слично, Вилкс, Картрајт бикот или па особено Чак Хејс -здрвениот, со таков зорт, Ноа Неандерталецот, Мерион.....па преку 75 % шутираа !

А Рик Бери никој не е-еше и растураше, па и сега син му, зошто да не !


Како видео материјал, опфатени се моменти од првите 8 натпревари од почетокот на сезоната на Филаделфија, во сите клипови погоре, од домашно производство! Во меѓувреме , ништо не е сменето и преовладуваат сите опишани и разработени феномени до крајот на сезоната кај Симонс.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Се мислев да не одговарам на провокацијава, ама не бива :)

Ајде со ред, сумирано во неколкуте поенти што сакаше да ги покажиш:

1. Simmons бил незаинтересиран
Се согласувам дека во колеџ имаше многу прашалници во неговото залагање. Ама погоди што? Тоа е затоа што Simmons е таков карактер што воопшто не се замараше со колеџот. Отиде само затоа што мораше - правилата не дозволуваа да оди директно од средно во НБА. Има во принцип доста тежок карактер - умислен е дека е најдобар и едноставно не се замара со ништо освен битка со најјаките играчи во лигата и титули. По ова можеби најмногу личи на Леброн, а не по физиката и по стилот на игра.
Но во НБА, далеку е од вистина дека не се замара. Тоа што толку му е лесно да изведе некои движења кои други играчи не можат да ги замислат, и што ја игра кошарката со интелигенција (знае да застане, размисли, процени што игра противникот и сл.) не е затоа што е пасивен, туку затоа што има многу поразлично сфаќање за играта од повеќето кошаркари.
2. Не се играло одбрана последниве 10 години
Ова апсолутно не е точно. Тоа што се даваат повеќе кошеви е главно заради многу побрзото темпо што се игра во однос на пример на 90тите и почетокот на 2000тите. А одбраната со модерниот развој на кошарката е многу променета (и потешка за играње). Сега се битни способноста за "switch" на секакви играчи, краткото удвојување во празен простор и последователното затворање (истрчување кон шутери), бранењето на обрачот, враќањето во транзиција, способноста да ја процениш акцијата која ја игра противникот унапред. Работи кои во голема мера порано не ни постоеа и често се толкуваа како лоша, па дури и илегална одбрана. Во голем дел од овие аспекти, Simmons е меѓу солиден и одличен.
3. Simmons само користи слаба одбрана во полуконтра за влезови и забивања
Прво, ретко кој играч стварно знае да искористи слаба одбрана. Второ, точно е дека играта на simmons главно се состои во влезови особено во транзиција, но далеку е од точно дека тоа е неважно или пак дека само тогаш е добар. Најјаки страни му се:
- фактот што зема дефанзивни скокови и е способен веднаш да оди во транзиција побрзо од било кој тим што може да се врати назад
- способноста да биде "matchup проблем" за секаков тип на дефанзивци - за едни е пребрз за други преголем
- и најважно способноста да креира секакви отворени шутеви за соиграчите од тие влезови - во ова е можеби подобар од било кој играч во лигата (и од LeBron и од Paul и од Wall...). Интересно како не му ја спомна визија и додавачката способност која му е убедливо најјака страна во играта.
- забивањата реално воопшто не му се важен дел од играта и нормално шутот како од игра, така и од слободни му е катастрофа.
4. Simmons игра лоша одбрана
Ова е можеби најгрешната теза од сите погоре наведени. Simmons има шанси сезонава дури да се најде и на all-defense тим.
Неколку факти за неговата одбрана:
- брани по околу 20-25% од времето од 1 до 4ка, по потреба главно вториот најдобар офанзивен играч меѓу 1 и 4 (обично најдобриот го добива Covington кој е подобар дефанзивец и многу веројатен 1st team defense all-NBA годинава)
- 54ти вкупно, 4 меѓу плејмејкери во defensive real plus-minus
- 2 во defensive win shares
- 15ти во Defensive Rating
upload_2018-4-14_10-17-34.png
- 73ти од 150 со повеќе од бранети 2 pick & roll ball handlers по натпревар (тука е просечен)
- 11ти од 171 со повеќе од една бранета изолација по натпревар
upload_2018-4-14_10-19-8.png
- 11ти од 181 во бранети spot up шутери
upload_2018-4-14_10-20-7.png
(за статистиките од nba.com се користеше филтер 25+ одиграни натпревари сезоанва за да се исфрлат небитните)
- значително го намалува процентот на реализација на играчите кои ги чува независно од типот и локација на шут
upload_2018-4-14_10-21-10.png

За крај, Simmons е далеку од совршен играч. Ова можам да ти го потврдам по изгледани сите натпревари на Филаделфија во регуларната сезона, предсезоната и летната лига лани. Си има и тој свои мани кои ќе видиме како ќе се покажат во плејофот (дуелот со Мајами е најлошото што можеше него лично да му се случи - против секоја друга екипа би бил појак). Ама е светлосни години подобар од она што си го изнапишал погоре и очигледно е дека тотално ги занемаруваш неговите предности каде никој во лигата не му е рамен и каде што ја прави разликата.

Еве еден солиден текст од вчера од еден од најдобрите NBA аналитичари во моментов.
https://www.theringer.com/nba-playoffs/2018/4/13/17233474/ben-simmons-76ers-shooting-playoffs
 

Attachments

Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139
Гледaм никoј не им дaвa нимaлку шaнсa нa Спурси декa ке им дaдaт мaкa нa Вoриoрс.Немa сoмнеж декa Вaриoрс се фaвoрити нo мoментaлнo Вoриoрс се нaјрaнливи без Кaри.Спурси се нaвикнaa дa игрaaт целa сезoнa без Кaвaи,Мaну нaјверoвaтнo јa игрa пoследнaтa сезoнa и дaвa 200% oд себе,Алдриџ сaм ги нoси и е фенoменaлен целa сезoнa,Руди Геј и Дежoнте Муреј фaтијa некoј ритaм нa крaјoт oд регулaрнaтa сезoнa и секaкo тукa е фaктoрoт Пoп.Акo ги зaдржaт нa пoмaлку oд 95 пoени,не велaм декa Спурси 100% ке пoминaт пoнaтaкa нo секaкo Вoриoрс немa сo леснo дa пoминaт.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.601
Поени од реакции
10.251



Enough said.. Џабе филозофирате незнаел ова незнаел она.. со леснотија стигнува до 16/8/8 со (најверојатно) all-defensive 2nd team а ништо чудно и all-nba 3rd team

Not bad за руки шо 'незнае кошарка'



Еве утре против Мајами без Ембид ќе играт против веројатно најдобрата периметарска одбрана на истокот (Џејмс Џонсон, Винслоу, Ричардсон)
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441



Enough said.. Џабе филозофирате незнаел ова незнаел она.. со леснотија стигнува до 16/8/8 со (најверојатно) all-defensive 2nd team а ништо чудно и all-nba 3rd team

Not bad за руки шо 'незнае кошарка'



Еве утре против Мајами без Ембид ќе играт против веројатно најдобрата периметарска одбрана на истокот (Џејмс Џонсон, Винслоу, Ричардсон)
Глупости е сликава, Фулц има поголем потенцијал од 90% од руките и тоа не значи дека имаше подобра сезона од нив.
Screenshot_2.jpg
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2009
Мислења
8.601
Поени од реакции
10.251
Ова шо се дешава со Каваи досеа не сум видел во ниеден спорт.. Здрав и прав е но не сака да игра :icon_lol:
Од најинтересна најдосадна ќе излези Вориорс-Спарс серијата.. Да му ебам се на Каваи пичката никогаш да не заигра
 
Член од
21 март 2018
Мислења
13
Поени од реакции
3
Ова шо се дешава со Каваи досеа не сум видел во ниеден спорт.. Здрав и прав е но не сака да игра :icon_lol:
Од најинтересна најдосадна ќе излези Вориорс-Спарс серијата.. Да му ебам се на Каваи пичката никогаш да не заигра
Без него немаат капацитет да добијат ниедна текма спурси

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom