Запад
"Само титула и ништо друго":
Голден Стејт - 65-70 победи
краток опис: Една од најдоминантните екипи во историјата растеретено влегува во атак на нова титула.
што ме интригира сезонава: Ќе бидат ли мотивирани за нов рекорд?
Оклахома Сити - 50-55 победи
краток опис: Westbrook+George+Anthony. На прв поглед премногу гладни усти и голем скептицизам како ќе функционираат, но мене ми се чини дека тоа е тројка гладна за успеси која теоретски има многу кошаркарска смисла, особено што ОКЦ има совршени role players кои не трошат топки околу нив: Adams, Roberson, Patterson, Grant...
што ме интригира сезонава: Како ќе функционира динамиката меѓу Westbrook и Oladipo.
Хјустон - 50-55 победи
краток опис: Paul и Harden - навидум неспоиви, прашање е како ќе функционираат. Без разлика, офанзивно тимот сигурно ќе биде одличен, прашање е какви ќе бидат во одбрана без Beverly, но со Tucker и LRMAM.
што ме интригира сезонава: истото што и сите динамиката меѓу Paul и Harden.
"Плејофот ми е надмината фаза, сакам нешто повеќе":
Сан Антонио - 50-55 победи
краток опис: Транзициска сезона за Сан Антонио. Како и секогаш без многу помпа, но гарантирано ќе бидат при врвот и закана за секого.
што ме интригира сезонава: Дали Сан Антонио ќе направи храбат rebuild сред сезона.
"Да влеземе во плејоф се друго е гратис"
Денвер - 45-50 победи
краток опис: Веројатно една од најатрактивните екипи, со фантастичен потенцијал во напад, но и многу проблематична одбрана.
што ме интригира сезонава: Кој од многуте талентирани млади играчи ќе им се придружи на Millsap и Jokic во т.н. "big three".
Минесота - 45-50 победи
краток опис: Страшна стартна постава на хартија. Сомнителна длабочина. Сомнителен "spacing". Boom or Bust сезона за Wiggins.
што ме интригира сезонава: Како Тибодо ќе ги нареди коцките.
ЛА Клиперс - 40-45 победи
краток опис: Ги загубија Paul и Redick, но наместо да крахираат, мене ми се чини ќе бидат уште поинтересни. Прашање е дали ќе бидат и добри колку што ќе бидат интересни.
што ме интригира сезонава: Teodosic во НБА!
Јута - 40-45 победи
краток опис: Hayward и Hill аут. Rubio + нови дефанзивци ин. Според мене, прв фаворит за најдобар дефанзивен тим во лигата. Колку далеку ќе стигнат ќе зависи од Rubio и младите бекови.
што ме интригира сезонава: Rubio во нова средина.
Мемфис - 40-45 победи
краток опис: Подмладена, освежена екипа околу M.Gasol и Conley.
што ме интригира сезонава: Како и секоја година - M.Gasol.
Портланд - 40-45 победи
краток опис: Просечна екипа, со 2 фантастични шутери на бековските позиции. Потребно е да се најде начин за да се подобри дефанзивата на екипата.
што ме интригира сезонава: Nurkic - чекор напред или чекор назад
Њу Орлеанс - 20-45 победи
краток опис: Најчудна екипа во лигата. 2 доминантни центри, 2 плејмејкери, 0 крила и шутери.
што ме интригира сезонава: Како воопшто ќе се склопат овие играчи.
Далас - 30-35 победи
краток опис: Постепено ја создаваат екипата на иднината. Carlisle никогаш не смее да се потцени. Но оваа сезона е и шанса за танкање со оглед на конкуренцијата на Запад и фактот што сезоната многу лесно може да се претвори во забава за фановите пред пензијата на Nowitzki.
што ме интригира сезонава: Dennis Smith Jr spread pick & rolls
"Лотаријоооо доаѓаме"
ЛА Лејкерс - 25-30 победи
краток опис: Лејкерси сезонава ќе се претворат во шоуто на Lonzo Ball. Ќе го биде или не не знам, но знам дека дефинитивно Лејкерски ќе добијат идентитет по заминувањето на Kobe Bryant. Како и да е чисто се сомневам дека можат нешто повеќе во толку силната западна конференција, иако мислам дека Brook Lopez е многу потценето засилување.
што ме интригира сезонава: развојот на Ingram
Феникс - 20-25 победи
краток опис: Плејада на млади играчи, но сеуште се презелени за поголеми успеси во ваква конкуренција.
што ме интригира сезонава: кои млади играчи ќе се покажат.
Сакраменто - 20-25 победи
краток опис: Голем број на млади играчи + неколку ветерани. Очекувам коректна сезона и стабилизација без Cousins, но едноставно конкуренцијата на Западот е преголема.
што ме интригира сезонава: Bogdanovic
бонус прогнози:
MVP - Lebron James
ROY - Ben Simmons (втора година по ред го прогнозирам
)
DPOY - Rudy Gobert
6th man - Cody Zeller
MIP - Dennis Shroeder