Музичко име на тапет : Coldplay

H

HoT IcE

Гостин
САРС која се појавија на музичкава сцена беа вистинско освежување, памтам дека многу малце ги знаеа дур не се појавија на некој српски фестивал, му го заборавив името и оттогаш бум, сите САРС вау, пау. Интересното е што откако се појавија успеаја колку толку во ова време на комерцијала и слични срања да задржат некој свој стандард за квалитет и стил што ми се допаѓа, одамна ги немам слушано ама „Перспектива“ и „Ратујемо ти и Ја“ ќе ми остнат секогаш у меморија кога се работи за САРС, извонредна музика, ритам и лаган текст за кога ќе идеш на први мај уз скара и пиво.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.676
Поени од реакции
14.559
На 16 август се дечкиве у Струмица, вреди да се отиде
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.174
Поени од реакции
13.453
Лутка и Клинка им се врвови прејаки текстови, Перспектива ми е здосадена во последно време, на времето и на таа многу и се радував. Супер бендче, десет жанрови комбинираат и пак добри песнички си вадат :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Ново име на тапет U2

U2 („Jу ту“) — ирска рок група создадена во Даблин во 1976 година. Бендот го сочинуваат Боно (вокал, гитара),Еџ (гитара, клавир, вокал и бас ), Адам Клејтон (бас) и Лари Мален (тапан).

Групата Ју ту до денес има продадено повеќе од 120 милиони студио албуми и повеќе од 50 милиони компилации и снимки од настапи во живо, шест пати некој од нивните албуми бил прво место на американските топ-листи, а девет пати во Велика Британија. Имаат освоено 22 награди Греми, најмногу после Стиви Вондер

Групата е формирана во Даблин, сабота 25 септември 1976. Четиринаесетгодишниот Лари Мален Јуниор објавил на средношколската табла дека бара музичар за својот бенд. Набрзо ја имале својата прва проба во кујната на Лари.

Групата, тогаш позната како „Бендот на Лари Мален“, го сочинувале Мален кој свирел на тапани, Адам Клејтон на бас гитара, Пол Хјусон (Боно) како вокал, Дејв Еванс (Ди Еџ) на гитара, неговиот брат Дик Еванс и другарите на Мален, Ајван Макормик и Питер Мартин на гитари. После неколку недели и Мартин и Макормик биле исфрлени од групата бидејќи биле многу млади за да можат да свират на договорените настапи по баровите. Подоцна името го промениле во Feedback. Иако се познати како Ирски бенд, два члена, Еџ и Адам Клејтон се Британци по потекло.

Хјусон го добил прекарот „Боно Вокс“ по рекламната кампања на компанијата која продавала апарати за слушање (vox bona што на латински значи „добар глас“). Имено, еден негов другар рекол дека тој пее толку гласно што и ако огчуви нема да му требаат апарати за слушање. The Edge (en:- ивица) го добил прекарот од Боно кој мислел дека Дејв е секогаш „на ивица“ поради ситуацијата во светот. Боно исто така мислел дека „оштрица“ е најдобар опис на главата на Еџ.

После 18 месеци проба го промениле името на бендот од Feedback во The Hype. Кога во 1978. настапиле на еден фестивал ги забележал еден од судиите – Џеки Хајден (Jackie Hayden) кој бил продуцент на „CBS Records“. Освоиле прва награда и 500 фунти, а Хајден им дал на располагање студио како би можеле да го снимат својот прв демо албум.

Дик Еванс (брат на Еџ) најавил дека ќе замине од групата во март 1978, а потоа одржале проштална забава. Во мај Пол Макгинис станал нивен менаџер.

Тие не биле задоволни со името "The Hype". Некој ги прашал: "Како ви звучи U2? Тоа е име на подморница и на шпионскиот авион, а и има две значења (U2 – you too – и ти; и јас тебе)". Тоа се поклопува и со нивната филозофија дека и публиката учествува во правењето на нивната музика и дека сте „и вие“ (U2) дел од музиката.

Четворочлената група, која што веќе била позната на местата каде што свирела, го објавила својот прв сингл „U2-3“ во септември 1979 година. Песната стигнала на врвот на ирските топ листи. Во декември, истата година групата отпатувала во Лондон на нивниот прв настап надвор од Ирска, кој неспеал

 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Слабо, идеме ново име на тапет. Ги повикувам сите слушачи на Simon & Garfunkel на форумов, јас не ги знам, но веројатно @Andrew како постар член и модератор ги знае слушателите.



Simon & Garfunkel се американско музичко дуо кое го сочинуваат Пол Симон и Ерт Гарфункел, двајцата се родени во 1941 година. Формирано е во 1957 година, и првичното име на дуото било Том и Џери. Simon & Garfunkеl претежно пејат рок фолк.

Јас лично во нивните песни осетив нешто што не го почуствував ни во песните на Рејдиохед, нешто посебно, особено во The Boxer кога тера она лај лај.... Ме убива, чувството е неверојатно. Лично за мне S&G ги ставам на врвот на мојата музичка листа, кај најдобрите бендови, ги ставам во ист ред со легендарните Битлси.

Дискографија:

Wednesday mornirng 3 A.M (1964)
Sounds of Silence (1966)
Parsley, Sage, Rosemary and Thyme (1966)
Brookend (1968)
Bridge over Troubled water (1970)

Незнам дали досега биле на тапет, ако биле бришите ги, ама знам оти мора да се најдат сите слушатели, овде да направиме една салам дискусија, сите да ги кажеме емоциите.

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.654
Поени од реакции
59.640
Jas nikogas ne nauciv koj e Sajmon a koj e Garfankel, no i ponatamu tisinata, kondorot i bokserot mi se edni od najomilenite pesni.

Isto ne znam sto bara U2 vo naslovot na temava, no ako uste vazi, od niv omilena pesna mi e Ramo Ramo druze moj.
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Дури сеа гледам дека на тапет биле У2.. За нив ќе кажам само дека The Joshua Tree многу го вртев во средно. Освен по некоја песна, на другите албуми не сум им баш фан. Боно во последно време некако многу антипатичен лик ми стана, а и новиов сингл што го извадија...meh....

Од Симон и Гарфункел имам слушнато само една компилација од 20-тина песни, и тоа еднаш ја свртив само... Првиот впечаток ми е дека се добри за релаксација, и освен овие 3 песни кои ги наброи IoSono другите не ми оставија некој посебен впечаток. Ама додуша слушав еден ремастер кој беше прилично лош (n)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Како и интериста и јас абер нема кој е кој од дуово, али сум ги слушал на времето. Им симнав компилација со неколку песни, уствари чек да прошуркам дури го пишувам постов, сигурен сум дека стои некаде во хард дисков.

Летот му свиреше на еден професор кој почина како рингтон на час. И еднаш ѕииииу телефонот заработи и јас несвесно еј песнава. Браво младичу, че имаш плус поени од активност :D

 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Темава р'ѓа ни фана.
Да смениме тапети. Овојпат идеме со поединец, познат и по својот бенд, но тука да продискутираме со фокус на него.
Nick Cave, дами и господа.
Како вовед ќе ја искористам креативноста на Форест и неговите зборови од темата за Ник ЌЕИВ. Ја ќе го искористам, а он ќе продужи да ме вика злоба. :love:


Nicholas Edward Cave ( 22 септември 1957 Warracknabeal, Австралија) е музичар,писател, сценарист и чат пат актер. Колку Википедија почеток, ама јбг морав лична карта е тоа. Сум читал статии, обиди за биографии, анализи на неговиот лик и дело и сите обично ги врзува една ствар: неговата музичка трансформација. Кога ќе ги поминеш осумдесетите како месија на мрачната готска какофонија, деведестите како библиски шансионер на сломените срца, а во новиот милениум, по серијата сеанси на одвикнување и пропаднати врски , престануваш да пушиш, да пиеш, си доаѓаш секој ден дома во 17.00 и најака ствар ти е гуглањето. Изгледа тоа е тој, Ник Кејв.

Но и тоа е променето и се околу него е ѓаволски сериозно и професионално. Австралискиот бркотлија сега инсистира да му се обраќаат со неговото целосно име Nicholas и си кажува дека некогаш му требале два дена да напише песна , чекајќи ги тие ретки моменти меѓу две хероински дози или порции LSD. Денес си има “ од 9 до 5 ” секојдневна работа и во друштво на два клавира, гитари и полици преполни со книги, на овој трезен поет над главата му се наоѓа слика од Христовото страдање, а по останатите ѕидови му се постери од мачки.


Додека на почетокот на осумдесетите со својот бенд за правење галама The Birthday Party (подоцна The Bad Seeds) ги полнеше мрачните клубови по Берлин, подоцна ( не толку одамна) неговите песни го декорираа самиот врв на Холивуд. Бетмен, Глупав и поглупав, Врисок 1,2,3 успеаа да го натераат да се потпише на нивниот soundtrack.

Но освен различниот ангажман во светот на филмот, кој започнал уште во 1985-та со Wim Wenders се појавува во неколку секвенци во Небото над Берлин и го има напишано сценариото за “The Proposition”, Cave почна да се брчка и во литературата шо како писател, шо како поет (морам да ја споменам номинацијата за најлошо опишана секс сцена или така нешто , поима немам дали ја доби таа “награда ”).

И Cave си плива насекаде ( некаде повеќе, некаде помалку успешно) али сепак јас го доживувам како музичар ( пред се) . Таму знае да се бави и со религијата и со смртта и со Америка и со насилството, но пак се појавува онаа негова трансформација. Да речеме Расел Кроу ( неговиот сонародник и пријател) го предложил на холивудските продуценти да го напише продолжението на Гладијатор. Најдоброто од се ,е што Cave го напишал, но сценариото е одбиено.

Nick Cave со право е дел од легендарното поетско изведувачко трио (заедно со Bob Dylan, Leonard Cohen) кои се пробиле во mainstream поп музиката.Неговиот татко бил учител по англиски јазик и уште како клинец му ја читал Набоковата Лолита пред спиење. После едно такво прогресивно детство не е ни чудно што денес Cave без беда (и без диплома) одржува семинари на тема љубовна поезија и добива почесни докторати.


Од неговите влетувања од врска во врска, вредно е само да се спомене она со австралискиот уметник Anitа Lane, бразилскиот модел Viviane Carniero и PJ Harvey.На последните две им е посветен албумот 'The Boatman's Call' од 1997 година ( велат неговото најинтимно дело во кое ја истражува љубовта, довербата и загубата). Додека Anitа Lane е била негова муза во осумдесетите која несомнено имала големо влијание врз него, иако имаат снимено малку песни заедно ( како што е строфата во Дилановата обработка на "Death Is Not The End" од албумот "Murder Ballads". Заедно ја имаат напишано и насловната песна од албумот на неговата група "From Her to Eternity" од 1984, како и текстот за "Stranger than Kindness" од албумот "Your Funeral... My Trial").

Има две синчиња ( близначиња) и очигледно е дека убавината на татковството дефинитивно му отвориле еден нов сет животни прашања ( како она кога неговиот клинец во автомобилот слушајќи некој летен радиски хит го запрашал: “ Тато, а зошто ти не правиш так(в)а "добра" музика? ”).



Со The Bad Seeds, Nick Cave вкупно издал 14 студиски албуми и за нивната работа критичарите Stephen Erlewine и Steve Huey ќе напишат: “ Со The Bad Seeds, Nick Cave,продолжува да ја истражува својата опсесија (религија, смрт, љубов, Америка, насилство и бизарност) у електрична блуз варијанта, госпел, рок и полуметнички пост панк али у пошизички и поздружен стил него со претходниците The Birthday Party”.

Дискографија :
- From Her to Eternity (1984.)
- The Firstborn Is Dead (1985.)
- Kicking Against the Pricks (1986.)
- Your Funeral, My Trial (1986.)
- Tender Prey (1988.)
- The Good Son (1990.)
- Henry's Dream (1992.)
- Let Love In (1994.)
- Murder Ballads (1996.)
- The Boatman's Call (1997.)
- No More Shall We Part (2001.)
- Nocturama (2003.)
- Abattoir Blues/The Lyre of Orpheus (2CD) (2004.)
- Dig, Lazarus, Dig!!! ( 2008).​

П.с Има една девојка у мојот живот која мрази женски вокали на бендови ( ова ради нејзин опис, не за друго) и само Ники си го сака. Вели, дека го доживува како најголем фраер и ги обожува оние негови интимни варијации со пијаното. Често навлагаме у дискусија дали е крал на депресијата, али шо го поштувам го поштувам. Тоа е на кратко, се послужив со нет за да го доловам Nick Cave малку поблиску.​



Секако, можете да го спомнете и за Nick Cave and The bad Seeds, шо како, а у. Додуша, вака е и попопуларен.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Човекот кој прв пат го чув на рекламите од Мартел. Прилепчани ја знаат оваа локална телевизија која беше активна некаде кој крајот на 90-тите. Секогаш рекламите течеа навечер, со музика од Ник во позадина. Со музика од песната шо че ја постирам. Воедно истата ми чини топлина и ме потсеќа на едни детски мигови кога абер си немав од животот и сето срање кроз него. Ник е одличен, постави темели на едни други води во музиката. Со сите негови проекти. Развлекува некоја темнина испреплетена со меланхолија и силни емоции. На успешен начин го работи ваквиот склоп и затоа е посебен и заслужува посебно место во највлијателните музичари на сите времиња.
A да, ова беше песната.

 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
И што да пишам јас кога сФе сте пишале :(
Ај само дека ме е еден од омилените и мене и на ќерка ми. Еј, со само 14год го слуша Кејв(y)
Омилена: Албум Henry's Dream, Jack the ripper
 

Kajgana Shop

На врв Bottom