Музичко име на тапет : Coldplay

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Растев во тоа време, боље бити пијан него стар, ........... и морам да признам дека не ми паднаа на уво ама ич. Је да беше фора да се носи она капчето со беџови, и јас го поносев 2-3 недели, ама видов дека не сум тоа јас и едноставо ги избришав од радарот.
Инаку, ДА, навистина се сечеа вени по нив, дал машко ил женско, важно сите им идеа на концертите. а ги имаше ................ 10-ина во годината. Ете од каде цифрата од илијадници концерти. Штанцаа:pos: Еден од 19ч во ХХХ место, а од 22ч на YYY место.
Сепак, во глобала тоа беа убави години за живеење. (y)
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.914
Поени од реакции
11.283
Овој YU бенд не е од тие што го имам многу слушано али како што спомнавте погоре има 7-8 песни за паметење, боље бити пијан една од пијандурските химни e, али мене омилена што сум ја слушнал од нив е оваа. Ако збориме за вени сечење веќе :)


Не требаше да ја пуштам :D
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Овој YU бенд не е од тие што го имам многу слушано али како што спомнавте погоре има 7-8 песни за паметење, боље бити пијан една од пијандурските химни e, али мене омилена што сум ја слушнал од нив е оваа. Ако збориме за вени сечење веќе :)


Не требаше да ја пуштам :D
Од сегашна временска дистанца и ќе се согласам дека може да ми легнат на некоја пијанка. Знаеш, седиш, пиеш и во позадина понеоја нивна песна. Е сега, ако ти/рандом дигне раце, ........ вероватно и јас во афект ќе дигнам ;) .... исто ко со Тома Здравковиќ, Мишо Ковач и сл во едно легендарно место кое веќе не постои:place:..... ах младост:pipi:
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Ијјјј, одма некако ми падна во очи темава. :D Им ги знам речиси сите песни. Во глобала ги знам повеќето ЕксЈу бендови, со оглед на тоа дека татко ми ги поштува нив, па и преку цедињата што ги имам дома, преку слушања и јас ги засакав. Кога ќе го слушнам името Плави Оркестар, одма ми се увртува во глава песната Боље бити пијан него слаб. :ROFLMAO: Ооодлазим, оодлазим, са планете путујем... И ај да не ги набројувам песните, ќе чекам да се пише нивното име во соодветната тема. А и да не редам повеќе линкови, да не кочи после. :D
Само криво ми е што тие што се мое годиште (горе-долу) многу се ретки што ги слушаат овие бендови. Поточно секогаш одат контра оваа музика, ама јас и вака и така секакви глупости слушам, така што ништо не ми смета. :D Не дека ги потценувам Плави Оркестар, скраја да е. :гик: Ејј, го отупев, доста е. :D
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.914
Поени од реакции
11.283
Од сегашна временска дистанца и ќе се согласам дека може да ми легнат на некоја пијанка. Знаеш, седиш, пиеш и во позадина понеоја нивна песна. Е сега, ако ти/рандом дигне раце, ........ вероватно и јас во афект ќе дигнам ;) .... исто ко со Тома Здравковиќ, Мишо Ковач и сл во едно легендарно место кое веќе не постои:place:..... ах младост:pipi:
Тоа време си го фатил во свесни, па и зрели години, така да, биди среќен :) Мене ми е само во замаглено сеќавање братучед ми кога учеше да ги свири песниве на гитара и тоа на самиот крај од тие времиња, додека ти си го фатил тоа време и си го возел асално!

И оваа беше јака

 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Тоа време си го фатил во свесни, па и зрели години, така да, биди среќен :) Мене ми е само во замаглено сеќавање братучед ми кога учеше да ги свири песниве на гитара и тоа на самиот крај од тие времиња, додека ти си го фатил тоа време и си го возел асално!

И оваа беше јака

Како само ......... онака неприметно, нежно ми го ............ знаеш, “свесни, па и зрели години.....“ во превод СТАР СИ :pos:
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.914
Поени од реакции
11.283
Како само ......... онака неприметно, нежно ми го ............ знаеш, “свесни, па и зрели години.....“ во превод СТАР СИ :pos:
Не не во никој случај, некој и на 16 години е свесен и зрел де :pos:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.088
Не ги слушам нешто сега, али на едно 4-5 години ги знаев напамет Каја и Суада, зошто татко ми ги пушташе нонстоп во кола кога возеше. И други се вртеа, али тие две некако ми легнале. :D
Инаку, постојано го прашував што е тоа Суада, зашто ми беше ептен чудно името и не му верував дека е име уствари.
Пред некое време го гледав спотот баш, интересно е како биле далеку послободни луѓето тогаш, им било ќејф да живеат, додека сега само се мрчи нели и дијазепам се голта. Би било добро да сум се родела едно 20+ години порано од тоа што сум се родила.
Да не ја тупам, Одлазим ми е најдобра од нив.
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
ИГОР ЏАМБАЗОВ
Игор Џамбазов е македонски актер, шоумен, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови итекстописец. Роден е на 15 јули 1963 во Скопје.
На само 12 години, во
1975
ја формирал својата прва група ПОП и со неа активно ординирал по скопските гаражи и атомски скривници. Уметничката атмосфера која владела во семејството Џамбазови мошне рано го внела во светот на музиката. Петнаесет години подоцна д-р Васил Тупурковски ја промовирал летната култна скопска атракција Хавана Бенд во кој настапувале: Игор, Горан Атанасов - Зеко и Сашо Пижевски - Пиже и за неколку месеци од своето постоење реализирале три снимки: „Дај ми, жити све...“, „Нема спас“ и „Шток ми, бејби“, кои никогаш, во интегрална, студиска верзија не биле официјално објавени на некаков носач на звук. Освен на касетата Поп-рок хит '91 (на МКПМРТВ), каде во друштво со најголемите македонски хитови се најде и Шток ми, бејби, една од подобрите песни во таа 1991 година. Песните, чиј комплетен автор бил Џамбазов биле снимени во студиото на Тоше Поп Симонов.

Годината 1992 Игор ја одбележал со хит-претставите Чија си и Грев или шприцер (продукција на Драмски театар - Скопје), со водителството во скопското КМР Скај радио (каде и го направи рекордот од 24 часа непрекинато водење програма) и со летната мини-турнеја со Бора Чорба, што се одвиваше по дискотеките во Македонија.

Домашните музички фестивали во почетокот на деведесетите биле предизвик за Џамбазов. „Љубов запеј ни“, била композицијата со која настапил на фестивалот Макфест, а која ја снимил заедно со сестрите Тања и Лидија Кочовски, како и со Џон Илија Апелгрин.

После дебитанскиот настап на фестивалот, во 1992 година ја исполнил носталгичната Време за плачење, која добила втора награда од публиката, а во еуфоричното расположение, статуетката (во облик на прстен) му ја предал на македонскиот претседател Киро Глигоров, кој бил еден од најредовните посетители на фестивалот во Штип.

Во конкуренција со 20 битолски изведувачи во финалето Игор Џамбазов со настап на битолскиот Интерфест 1994 година го освоил шесттото место, за да истата година го издал својот прв соло албум, претенциозно наречен Грејтист хитс.

Случувањата продолжија во студио РОСС, во продукција на Роберт Саздов, а програмите и коаранжманските работи ги направил Дарко Мијалковски. Комплетен автор на осумте теми бил Игор (освен за темата Играј, народе која всушност е обработка на хитот Dancing in the street од репертоарот на Мик Џегер и Дејвид Боуви). Од песните се издвојуваат: Абе, Марија, Колку си секси, Тие, Тогаш и повторно Дај ми, жити све, за оваа пригода повторно снимена, но без старите пријатели Зеко и Пиже. Некаде во тоа време датира и познатството со Раде Шербеџија, од кој произлегол дуетот со Игор и прекрасната анти-воена песна Зошто ние да не се дружиме, вметната на четвртиот албум на Шербеџија - Заборави, кој официјално бил објавен во САД, а чиј приход е наменет за раселените деца од просторот на СФРЈ.

Во дискографската кариера на Игор Џамбазов останал забележан и заедничкиот проект со Владо Јаневски. Имено, тие, за битолската дискографска фирма Сенатор објавиле сингл-касета Домашна работа, со четири теми: две на Владо, две на Игор. Од песните на Игор се светлината на денот ја здогледале: Данке, мајне либе и Кољо шо го викаат Поп, а песните на Владо... во приказната за Владо.

Периодот во 1995 и 1996 година за Игор била запаметена по апстиненција од музиката, иако од тој период ќе остане запаметена соработката со Венко Серафимов, од која произлегла песната Скопје, Сарај, Матка... и обратно. Тогаш тој успешно ја водел емисијата Дневна соба на телевизија Сител, како и ТВ-квизот Џандар збира.

 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ја отворив темава само заради Игор.. Игор како музичар го рачунаме а ?

Мислам го поштувам човекот, а и има интересни песни (повеќето кавери/пародии(?) ) ама што знам кога мислам на Игор најпрво мислам на водител, па актер па дури потоа на музичар.

едит: уствари овој музичар си е онака, од хоби, не верувам дека ни он се смета за музичар. Исто како и Раде Шербеџија, им се може си прават. Блазе си им.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ја па секогаш на прва ќе го перцепирам како шоумен па музичар.
Му нема рамен за првото. Се друго е бледа копија на него. Само он може да собере цела сала со луѓе да му дојдат гости и со една гитара да направи вечер за памтење притоа мешајќи разни музички правци.
Како актер го имам гледано само на филм (Welcome to Sarajevo) не го имам гледано во театар никогаш и мислам дека тој талент кој го има недоволно го има искористено. Инаку би бил холивудско актериште.
На тема музика за мене е еден од топ 10 личности кои знаат да напишат страшно моќна песна која станува евергрин. (Скопје, сарај, матка, Време за плачење, Хотел Македонија и легендарната Во бестрага, која ја пее Брејк) Да не забориме и дека заедно со Харе го издигна блузот во Македонија. Ја има таа Коен страна на поетика во музиката и настапите.
 
Член од
25 април 2011
Мислења
24
Поени од реакции
45
Ќе морам да ве исправам, кога станува збор за било каков човек, личност што не знае што е хармонија на музика, полифонија, теорија на музика,не знае да чита ноти,не знае форми на музиката ,правци , епохи и ред други работи тогаш таа личност се вика МУЗИКАНТ , МУЗИЧАР е многу голем збор. За Игор Џамбазов колку што знам не е образован музички значи е музикант, тој има Факултет за драмски уметности. Иначе многу го поштувам за неговите трудови, претстави во кои што глумел и музиката што ја има правено и цела таа кариера што ја имал до сега.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Ќе морам да ве исправам, кога станува збор за било каков човек, личност што не знае што е хармонија на музика, полифонија, теорија на музика,не знае да чита ноти,не знае форми на музиката ,правци , епохи и ред други работи тогаш таа личност се вика МУЗИКАНТ , МУЗИЧАР е многу голем збор. За Игор Џамбазов колку што знам не е образован музички значи е музикант, тој има Факултет за драмски уметности. Иначе многу го поштувам за неговите трудови, претстави во кои што глумел и музиката што ја има правено и цела таа кариера што ја имал до сега.
Значи сакаш да кажеш сите што немаат завршено факултет за музичка уметност не можат да се наречат музичари?
 
Член од
25 април 2011
Мислења
24
Поени од реакции
45
Значи сакаш да кажеш сите што немаат завршено факултет за музичка уметност не можат да се наречат музичари?
Да, точно. Тоа е исто така кога ќе кажеш дека баба Рада е фармацевт. (Секоја чест за баба Рада)
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Да, точно. Тоа е исто така кога ќе кажеш дека баба Рада е фармацевт. (Секоја чест за баба Рада)
Тешки глупости збориш, па повеќето што оставиле тежок белег во музиката и општо во уметноста немаат факултет. Музиката е осет и доаѓа од внатре, факултетот нема да ти ја подобри креативноста. Ако го немаш тоа во тебе на каков сакаш факултет заврши ќе бидеш само просечен и ништо посебно како музичар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom