Музичко име на тапет : Coldplay

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Да бидеме фер, Steven Wilson кажа дека листот е fan-made и нема ништо против Coldplay самиот иако не е фан. :D
Од колегијалност, додуше, најверојатно.
Инаку Coldplay како бенд ми се многу ебиветер.
Parachutes како што растев го имав убиено од слушање, а се после тоа идеше downhill некако, според мене.
Мислам, Viva la Vida и Mylo Xyloto ги преслушав на време, кога излегоа и минус 2-3 песни од вкупно двата, многу бев разочаран. Бркаат публика, бар така ми чини.
На Ghost Stories му дадов шанса, го симнав, го преслушав 2-3 пати и го тргнав од playlist после тоа.
Ништо не ми влезе во уво, жал ми е.
А лирички,највеќе разочаран сум, иако тоа најмалце битен аспект од музиката ми има станато. Како да седнале и на tumblr да барале quotable ствари без никаква есенца и концепт.
Пардон, лично мислење де.
Ствар на вкус е, ама сепак верувам дека не го заслужуваат hype-от кој го уживаат.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.780
Поени од реакции
7.517
Coldplay се супер бенд. Нормално повеќето вакви бендови во последно време променија на стил и се повеќе бендови за на топ 40 листа отколку за одредена маса нивни фанови затоа што барем јас мислам пари се во прашање а и да допрат до повеќе луѓе нивната музика. Исто така мислам дека е нормално ова, не може секогаш исти во стил да се бендовите али секако тие појаки фанови ќе се разочарани увек и ќе бараат од нив враќање на стариот нивни добар стил.

Јас ги имам слушнато уште одамна, но од пред 5-6 години поактивно откако имам интернет дома и дознавам за вака добри бендови. Порано повеќе слушав рап, па едно време електронска а сега доста британски хитови и британски бендови.


Мене ми се свиѓаат и вакви со повеќе поп електро звук и стил. Добри се за да направат атмосфера на концерти. Се надевам Авалон или било кој што организира концерти ќе ги донесе во Македонија некад додека сум жив.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Се` што е до Viva la vida од нив излезено е потаман. Се` понатака осим 2-3 песни не вреди да се спомне. Посебно последниве 2 албуми уопште не личат на оноа што Колдплеј правеа во почетокот и средината на 2000те.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Дајте предлог за нов бенд. Да ја оживиме темава тро макар шо не верувам да биди, оти во најубајте денови замина јабана :D
 
Ф

Флеш

Гостин
Давам предлог за бендот The Temper Trap.Од Австралија се,сега во јуни им излегува новиот албум.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Дајте предлог за нов бенд. Да ја оживиме темава тро макар шо не верувам да биди, оти во најубајте денови замина јабана :D
Ајде Queen.

Ако добро проверив никогаш не биле. А има да се пишува, само ја немам време за вовед деновиве. Ако сакаш пиши ти сеа, или ја од наредна недела или викендов. Или било кој сака.

:D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Queen е еден од најпознатите британски рок бендови, по потекло од Лондон. Од настанувањето во 1970 година, бендот функционираше во составот Фреди Меркјури - вокал и пијано, Брајан Меј - гитара, Џон Дикон - бас гитара и Роџер Тејлор - тапани, сѐ до смртта на Меркјури како последица од сида во ноември 1991 година.

Во својата успешна кариера, Queen стана еден од најпочитуваните бендови на сите времиња со стотици милиони фанови низ светот, а неговата музика сѐ уште влијание на модерната рок музика. Меѓу нивните најпознати хитови се „Bohemian Rhapsody“, „I Want To Break Free“, „We Will Rock You“, „We Are The Champions“ итн. По смртта на Фреди Меркјури во 1991, во организација на Queen се одржа познатиот концерт во чест на Фреди Меркјури во 1992, на кој најголемите музички ѕвезди од светот му оддадоа почит на легендарниот пејач и ги испеаја неговите, но и нивните авторски песни.

Во 1995, останатите три членови на Queen, користејќи ги демо-снимките на Меркјури, го создадоа албумот Made In Heaven посветен на пејачот. Во 1997, бендот ја сними нивната последна песна како Queen, „No-One but You (Only the Good Die Young)“, посветена на принцезата Дaјана, но и на нивниот вокалист, колега и пријател, Фреди Меркјури. По овој хит, басистот Џон Дикон го напушти бендот не сакајќи да продолжи без неговиот идол, по што Брајан Меј и Роџер Тејлор продолжија да снимаат со нивниот пријател Пол Роџерс како Queen + Paul Rodgers.

Епа бујрум народе. Копирано од википедија.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Да ја живниме темава? Сака некој? Предлог бенд?
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.342
Поени од реакции
3.120
Џејмс Маршал "Џими" Хендрикс (27 ноември 1942 година, Сиетл, САД18 септември 1970 година, Лондон,Британија) е американски гитарист, композитор и пејач на рок и блуз музика, кој извршил огромно влијание врз развојот на рок музиката. Денес, кај рок критичарите постои консензус дека тој е најголемиот гитарист во историјата на рок музиката[1][2][3] и еден од највлијателните музичари на неговото време во различни жанрови.[4][5][6] итн...(википедија)...

Што да се каже за него освен генијалец, далеку пред времето во кое творел...за ова болдираното "најголемиот гитарист во историјата на рок музиката"...засекогаш ќе остане големата џентламентност меѓу него и Ерик Клептон т.е. секогаш кога го прашувале кој е најдобар гитарист, тој велел без двоумење - Ерик Клептон...додека пак кога го прашувале Ерик Клептон, тој велел - Џими Хендрикс...(што е и точнo бидејќи и двајцата се најдобри на свој начин)...
Свирел по ноќни клубови, собирал мажени жени и тоа било неговата животна филозофија....и се допаднал на девојката на Кит Ричардс, му купила "добра гитара" го замолила Ерик Клептон да му дозволи да настапи со една, две песни пред негов концерт....останатото е "музичка историја"...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom