Млади надежи на македонскиот ракомет?

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Серафимов-Костески на таа ударна десна позиција ќе бидат многу опасни и мислам дека тие ќе ја водат кадетската репрезентацијата кон големи успеси. Имаат шанси да направат голем подвиг, па не е нереално и медал да се освои. Групата е идеална, како ќе вкрстуваат подоцна зависи. Тоа што го прикажаа против Србија, Словенија и Германија е дефинитивно ветувачки!

Не знам само што се случува со Филип Ивановски. Дечкото беше топ голман!!! Бранеше за јуниорската репрезентација пред неколку години и ги однесе на ЕП (прими 15 гола со Исланд за цел натпревар, и по 22 со Грција и Италија). А на европското беше супер против една Франција. Еднсоо време бранеше за Вардар Јуниор ама не го искористија доволно, па отиде во Работник и грееше клупа... а голем капацитет во секој случај. Може да биде екстра голман!!
Ивановски бранеше во Охрид претходнава сезона,таму на позајмница беше,сега ако не се лажам пак ќе се врати во Работник.

Да бранеше во Металург на пример многу повеќе ќе напредуваше,појаки натпревари,тренинзи,Сеха и ЛШ ќе играше.
Во Вардар Јуниор слаби натпревари имаше со Радовиш,Пролет,Прилеп и останати не се станува добар голман,пружаше добри партии ама сепак никогаш нема да добие шанса во репрезентација ако не се покаже на јаки утакмици,во Вардар ни еднаш не доби шанса за прв тим да брани.

Мислам дека му отиде кариерата на него,во иднина би можел само низ наша лига да брани,последна шанса му е сега со Работник ако се покаже на некој натпревар,ама прашање е дали ќе остане и дали ќе добие шанса некогаш.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.292

Убаво би било да го земат од Металург. Томовски си оди, а ќе им треба млад и перспективен голман. Него ќе му требаат повеќе тренинзи и добри утакмици и мислам дека може сеуште од него да биде квалититен голман.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
@Xsago @Chronysync @shweps
Дечки како и секоја година, би ве замолил за еден апдејт за младиве доколку сеуште ги пратите, јас последно шо знам дека Додич и Младенович од Металург добиле државјанством Младенович напредвел добро, прев муабет со другарче онака споредба го прашав со Јаганјац во квалитет да ми напрет, наводно и подобар потенцијал од него имал, да се надеваме.
 
Не а?:(
 
Да бидам искрен не ги пратев многу во последно време,за Додич искрено прв пат слушам дека добил државјанство,ако е вистина одличен ракометар сме земале,од тоа што сум го гледал има одлични предиспозиции 195 негде е висок,доста подвижен,скок шут...Има се за да стане топ играч,млад е 2003 година ќе видиме како ќе се развива во иднина,сепак сега за сега е еден во најдобрите во неговата генерација,општо за Балканов мислам.
Со Вардар даде 5-6 гола кога играа,се гледа дека има талент ќе видиме што ќе искочи од него.

За Младенович и не сум нешто голем оптимист,за разлика од Додич е 3 години постар,веќе требаше да е во сениорска репрезентација.
На младинсково првенство во Скопје што беше не изигра нешто посебно...
Мислам дека нема шанси да го споредуваме со Јагањац,доста поназад е од него,како прво ги нема тие предиспозиции,доста ограничен е.
Несакам да го омаловажувам Младенович ама според мене не е некој потенцијал за да очекуваме којзнае што во иднина од него.

Искрено после Талески,Кузмановски,Нелоски јас не би се летал премногу,овие тројца беа најавувани како големи таленти уште 15 години кога имаа па не го исполија ни пола од потенцијалот што го имаа,не зависи се од талентот треба многу работа за да стигнеш врвни резултати,ќе видиме помладиве како ќе се развиваат,кога ќе дојдат во репрезентација ќе им ја видиме вистинската сила.

Од дечкиве 2000 година па нагоре во иднина би требало да искочи нешто од:Костески(2001),Кизич(2000),Младенович(2000) и Додич(2003).
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Додич е фантастичен потенцијал. Се надевам дека кариерата ќе му се развива многу подобро од минатите наши "таленти".
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Додич е фантастичен потенцијал. Се надевам дека кариерата ќе му се развива многу подобро од минатите наши "таленти".
Да се поправам официјално немал Додич државјанство, ама наводно сме биле во преговори да добие.

Инаку доста талентиран играч, на 17 години онакви партии да пружит свака част.

Убаво би било Мартин Серафимов да почнит да играт одбрана, ако веќе не почнал во Металург.. со овие дечки за 2-3 год мислам дека би имале добра генерација, за 2-3 год мислам ќе видиме репрезентации ко Шпанија Хрватска и Данска кој ќе морат да прават смена на генерација, така да убаво би било да почниме ние порано од нив, макар и жртувајќи едно или две првенства. Тури му кур на 3 утакмици на едно европско или светско и секоја година ебено 15 место.

Во иднина јас вака ја гледам репкава.

Лево крило - Манасков/Ц.Кузмановски Лев Бек- Додич/Талески/Младенович - Среден Бек - Ф.Кузмановски/Танкоски/Скубе?! -Десен бек Серафимов - Десно Крило Костески/Михајлов - Голмани Томовски/Кизич/Василевски, Пикер - Симоновски/Лазаревски/Пешевски - Специјалисти за одбрана - Мишевски/Крстевски.

И да, тренер со скандинавски систем и менталитет. Преку кур со ова античка спора игра која само ние и Русите ја практикуваме, зошто? Зошто Лазаров има 100 годии, Столе немат кондиција ради редовен ноќен живот итн..
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
@Xsago @Chronysync @shweps
Дечки како и секоја година, би ве замолил за еден апдејт за младиве доколку сеуште ги пратите, јас последно шо знам дека Додич и Младенович од Металург добиле државјанством Младенович напредвел добро, прев муабет со другарче онака споредба го прашав со Јаганјац во квалитет да ми напрет, наводно и подобар потенцијал од него имал, да се надеваме.
Малку отсутен бев од форумот последните недела дена, па дури сега видов. Ќе напишам, ги следам колку можам и помладите генерации...

А за овие двајца, од Младеновиќ не очекувам којзне што, можеби може да дотера до некој ротациски играч за репрезентација, но скептик сум дека може да е некаков си носител (со оглед дека е лев бек).

Додиќ (претпоставувам Стефан) првпат слушам дека има државјаноство. Тој за Србија играше досега. Дај боже да има интерес да игра за Македонија. За овој можам да се обложам дека ако го послужи здравјето ќе биде ѕвезда на долг рок. Феноменален талент.
Автоматски споено мислење:

Да се поправам официјално немал Додич државјанство, ама наводно сме биле во преговори да добие.

Инаку доста талентиран играч, на 17 години онакви партии да пружит свака част.

Убаво би било Мартин Серафимов да почнит да играт одбрана, ако веќе не почнал во Металург.. со овие дечки за 2-3 год мислам дека би имале добра генерација, за 2-3 год мислам ќе видиме репрезентации ко Шпанија Хрватска и Данска кој ќе морат да прават смена на генерација, така да убаво би било да почниме ние порано од нив, макар и жртувајќи едно или две првенства. Тури му кур на 3 утакмици на едно европско или светско и секоја година ебено 15 место.

Во иднина јас вака ја гледам репкава.

Лево крило - Манасков/Ц.Кузмановски Лев Бек- Додич/Талески/Младенович - Среден Бек - Ф.Кузмановски/Танкоски/Скубе?! -Десен бек Серафимов - Десно Крило Костески/Михајлов - Голмани Томовски/Кизич/Василевски, Пикер - Симоновски/Лазаревски/Пешевски - Специјалисти за одбрана - Мишевски/Крстевски.

И да, тренер со скандинавски систем и менталитет. Преку кур со ова античка спора игра која само ние и Русите ја практикуваме, зошто? Зошто Лазаров има 100 годии, Столе немат кондиција ради редовен ноќен живот итн..
За 2-3 години тешо е да се очекува дека некои ови дечки можат драматична разлика во квалитетот да направат. Ако напредува репрезентацијата ќе напредува затоа што некои од моменталните помлади играчи направил чекор напред и напредувал. Малку и се залажуваме со приказната дека 20 годишни играчи се носители на сериозни репрезентации. На крилна позиција, да можно е. Ама на бек и голман многу тешко, освен ако си некој генерациски суперталент ала Сагосен - а на тоа да не се лажеме нема ни никаква смисла да се надеваме - тоа е секако чудо за било која држава.

Впрочем еве за пример види го и првенството оваа година. Во првите 4-5 репрезентации, освен Сагосен и Ред, практично и нема бек кој е до некаде сериозен носител на игра а е млад (а и тој се повреди). Билик можеби вреди да се спомени, ама и тој е екстрем на млад играч кој дури сега на 23 години направи посериозен чекор напред (и на клупски и на репрезентативен план). Од друга страна ја имате пример Франција со некои од другите млади суператаленти која не ја мина групата, делумно и заради нив...

Логиката која ја тераме е да пробаме на долг да произведеме 15 играчи од рангот на Мојсовски, Миркуловски, Стоилов, Манасков... Впрочем и за овие млади кои сега ги имаме реалната надеж е некој од нив да биде таков калибар на играч. Така би имале реална ротација, можности да се игра различно, да бидеме потешко читливи и слично. Ако излезе некоја суперѕвезда супер, ама не би се надевал на тоа. Системската работа не ги произведува сама тие играчи, за тоа треба "да се поклопат ѕвездите". Дај боже да имаме нов Кире, ама тоа е нереално и не начин на кој треба да кроиме стратегија.

Што се однесува до играта, јас се надевам дека ќе имаме поголем избор на играчи врз база на кои би можеле да играме различни стилови на игра. Сам по себе скандиновскиот стил не е подобар од другите. Најдобро е да можеш да играш микс од се по малку, но притоа да имаш јасно изразен идентитет на екипата. Во принцип и немам особен проблем од шпанско-балканскиот микс кој го развиваме последните години и постепено преминува во некој препознатлив македонски ракомет, се додека го дооформиме и не ги исклучиме одбранбените и транзициски елементи во играта кои ги имаат на пример едни Шпанија и Хрватска.

П.С. Треба да имаме во предвид и дека се повеќе и повеќе земји сериозно работат во ракометниот свет, и ќе биде се потешко и потешко да се стигнува до високи резултати заради самиот квантитет на конкуренција.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Малку отсутен бев од форумот последните недела дена, па дури сега видов. Ќе напишам, ги следам колку можам и помладите генерации...

А за овие двајца, од Младеновиќ не очекувам којзне што, можеби може да дотера до некој ротациски играч за репрезентација, но скептик сум дека може да е некаков си носител (со оглед дека е лев бек).

Додиќ (претпоставувам Стефан) првпат слушам дека има државјаноство. Тој за Србија играше досега. Дај боже да има интерес да игра за Македонија. За овој можам да се обложам дека ако го послужи здравјето ќе биде ѕвезда на долг рок. Феноменален талент.
Автоматски споено мислење:

За 2-3 години тешо е да се очекува дека некои ови дечки можат драматична разлика во квалитетот да направат. Ако напредува репрезентацијата ќе напредува затоа што некои од моменталните помлади играчи направил чекор напред и напредувал. Малку и се залажуваме со приказната дека 20 годишни играчи се носители на сериозни репрезентации. На крилна позиција, да можно е. Ама на бек и голман многу тешко, освен ако си некој генерациски суперталент ала Сагосен - а на тоа да не се лажеме нема ни никаква смисла да се надеваме - тоа е секако чудо за било која држава.

Впрочем еве за пример види го и првенството оваа година. Во првите 4-5 репрезентации, освен Сагосен и Ред, практично и нема бек кој е до некаде сериозен носител на игра а е млад (а и тој се повреди). Билик можеби вреди да се спомени, ама и тој е екстрем на млад играч кој дури сега на 23 години направи посериозен чекор напред (и на клупски и на репрезентативен план). Од друга страна ја имате пример Франција со некои од другите млади суператаленти која не ја мина групата, делумно и заради нив...

Логиката која ја тераме е да пробаме на долг да произведеме 15 играчи од рангот на Мојсовски, Миркуловски, Стоилов, Манасков... Впрочем и за овие млади кои сега ги имаме реалната надеж е некој од нив да биде таков калибар на играч. Така би имале реална ротација, можности да се игра различно, да бидеме потешко читливи и слично. Ако излезе некоја суперѕвезда супер, ама не би се надевал на тоа. Системската работа не ги произведува сама тие играчи, за тоа треба "да се поклопат ѕвездите". Дај боже да имаме нов Кире, ама тоа е нереално и не начин на кој треба да кроиме стратегија.

Што се однесува до играта, јас се надевам дека ќе имаме поголем избор на играчи врз база на кои би можеле да играме различни стилови на игра. Сам по себе скандиновскиот стил не е подобар од другите. Најдобро е да можеш да играш микс од се по малку, но притоа да имаш јасно изразен идентитет на екипата. Во принцип и немам особен проблем од шпанско-балканскиот микс кој го развиваме последните години и постепено преминува во некој препознатлив македонски ракомет, се додека го дооформиме и не ги исклучиме одбранбените и транзициски елементи во играта кои ги имаат на пример едни Шпанија и Хрватска.

П.С. Треба да имаме во предвид и дека се повеќе и повеќе земји сериозно работат во ракометниот свет, и ќе биде се потешко и потешко да се стигнува до високи резултати заради самиот квантитет на конкуренција.
Ме бендисват дечкиве од Металург, добро е шо имаат добра минутажа во уште на тие години во Супер Лигава, Серафимов добро се развива, физички е нешто поцврст иако уште работа има, Танкоски ако напреднит физички а мислам дека ова не му е максимумот исто можит да го бидит.

Око ми фате и Андреј Митиќ од Металург 2, одбрана доста добар, агресивен, фаул на раб на исклучување (некогаш и претервит), мислам дека батево ќе го БИДИТ.

Мартин Ивановски наводно добивал минутажа во Охрид прв тим, ме интересира како ке се развива.

Един проблем шо заприметив, нашиве мн споро напредват физички, пример србинот Младенович од лани е доста напреднат, Додич на 17 години само каква градба имат.. ракомет од тактички план знаеме да играме, добра работа заврши брестовац со 2000та генерација, физички да беа 20% поспремни (цврсти, крупни, кондициски спремни) мислам дека ќе имавме подобар резултат од факинг 15 место на Светското кое се одигра кај нас.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Најдов малку време, па еве неколку коментари за некои нови дечки кои се на "радарот".

Поголемиот дел од играчите од 96,98 и 2000 генерација се веќе добро познати и мислам во моментот нема потреба да ги коментаираме. Тоа би биле отприлика Талески, Кузмановски, Танкоски, Томовски, Серафимов, Костески, Кизиќ, Мишевски, Велковски. Од втор план од овие генерации уште треба да се обрне внимание на пикерите (Симоновски, Лазаревски, Арсеновски, Аларов) и некои крила и бекови кои се во втор план како Карапалески, Кукуловски, Шилегов, Стоилевски, Дарио Петровски, Џигероски итн. Сигурно сум заборавил некој, ама тоа е, веќе од повеќе поссодветно развивани генерации почнуваме да бираме.

3 играчи од овие генерации кои би ги споменал а на кои мислам дека не се доволно познати и се малку подзаборавени се:
- левото крило Кузмановски (1999) од Струга кој по слободна проценка е најдобар стрелец на Струга изминатите 2 години. Играч со солидна висина и подвижност за позицијата мислам дека треба малку повеќе да го имаат во предвид
- контроверзниот среден бек Мартин Ивановски (2001) од Охрид. Има интелигенција во играта дечкото, разбира ракомет, не сум убеден дека "физиката" ќе му овозможи да дотера до сениорска репрезентација. Мене повеќе ми личи на некој иден Ласко Андоновски. Но не треба ни да се дискриминира, треба да го имаат на ум во секој случај и да се следи неговиот развој
- Андре Буторац (2000) од Пелистер. Десен бек, воопшто не ми беше познат до оваа сезона, добива добра шанса во сега вториот тим на Пелистер - Еурофарм Пелистер 2. Има реален материјал за работа, ќе видиме како ќе се развива, особено што игра на екстремно дефицитарна позиција. Личи на играч што покасно влегол во ракометот но ги има основните карактеристики и вештини потребни за да може да се развие во посериозн играч. Ќе видиме, треба работа со него...

Реално има и други но ова се некои кои мене ми оставиле впечаток.

Е сега за нешто друго, односно за тоа што ми е главната поента на постот.

Веќе на вратите тропа и 2002 генерација. Генерација која по малку почнува да ме потсеќа на 1996та. Генерација во која има селектирано играчи со посериозни физички предиспозиции, но и генерација во која веќе сериозно се гледа она што веќе некое време го потенцирам - напредокот во квантитет на млади играчи со пристоен квалитет. Интересен пример за ова е фактот што Македонија Б беше подобро пласирана од Македонија А на турнирот одржан во Декември во Скопје на кој учествуваа и Србија, БиХ и Бугарија (Македонија А, да не се лажеме, разочара на турнирот). Проблемот е што во моментот е повеќе квантитет без јасно дефиниран квалитет. Од една страна се играчите со добри физички предиспозиции со кои треба да се работи и некој од нив може на подолг рок да е стварно добар играч. Од друга страна има еден куп играчи кои во моментот тешко може да се замисли дека би стигнале до сениорскиот состав, но во моментот се можеби и поразвиени како ракометари. Летово ќе биде навистина интересно да се следи изборот на селекторите + федерацијата за таа нова кадетска репрезентација која ќе треба на домашен терен конечно да избори пласман во "А дивизија", откако со години веќе се мачиме да напредуваме и заради што младите играчи по менувањето на системот пред неколку години не можат да ни играат на европски и светски првенства. 100% сум сигурен дека ќе има нови контроверзи зошто некој бил повикан а друг не бил. Навистина е ѓаволски тешко да се определи кој да биде во составот во моментот, а уште помалку да се процени што треба да е приоритет на составот - максимален моментален резултат или најдобра можна работа за на долг рок.

Како и да е, ова се играчите кои би ги издвоил од оваа генерација засега (допрва ќе знаеме повеќе и за останатите, има и други потенцијално интересни деца) со напомена дека сепак фокусот е на можни идни сениорски репрезентативци:
- Теодор Тодески (2002) - За овој мислам имам и порано пишувано, лев бек од Металург (екс Прилеп), околу 200cm со одлична градба за ракометар (иако се разбира треба да се "додефинира"). Пред се шутер, кој може да издржи и дуел. Очекувам наскоро да почне да добива сериозна минутажа и на поголеми натпревари некако отсутен беше изминатата година
- Емилијан Ѓорѓоски (2002) - Исто така лев бек, од КЛ7, околу 197-198 по слободна проценка, доста поподвижен, покреативен и поразноврсен во играта од Тодески, но и послаб, него му треба многу повеќе работа на "снага". Мала маана мислам е што по малку и претерува со одредени потези, заради што прави и доста грешки (додуша ова е проблем колективно на оваа генерација - пред се на поталентираните играчи), но тоа е нешто што би требало на долг рок со искуство и школо да се "среди". Овој моментално ми е најинтересен од оваа генерација, ама ќе видиме менливо е тоа :)
- Давид Савревски (2002) - десен бек од Вардар, малку поразличен тип на десен бек од оние на кои сме навикнале. Солидна градба и движење, близу 2 метри, добар дефанзивец, интелигентен офанзивен играч. Не сум сигурен колку е експлозивен, особено вертикално, тука може да му е слабоста во играта. Веројатно ракометно најизделкан од овие посериозните таленти во оваа генерација. Како што очајно ни треба десен бек сигурно ќе биде форсиран во иднина, се надевам ќе знае тоа да го искористи. Се надевам и Вардар ќе го увиди талентот и ќе почне да му дава шанси какви што конечно почна Кизиќ да добива (макар и изнудени). Само со играње на јаки натпревари се станува играч, макар и си грешел на нив. Заедно со Кизиќ, Савревски е можеби најдобар талент кој го извадил Вардар во цела оваа декада на вложување.
- Стефан Стојчевиќ (2002) - пикер од РК Аеродром. Околу 205 по слободна проценка. Солидна подвижност за висината. Објективно Стојчевиќ е далеку понеразвиен играч од претходните 3 (кои се најдобри во генерацијата) и сигурно треба со него повеќе работа, но талентот за пикер кој може да игра сериозно во два правци е неспорен и е некој во кој мислам вреди да се вложи. Го гледав малку на турнирот во Декември, мислам дека играше доста солидно во одбрана на прв поглед.

Интересно е што сите овие беа, кај "лузерите" - Македонија А на турнирот во Декември, но еден турнир не кажува се за овие играчи, Ѓорѓоски и Савревски на пример се редовно прогласувани за најдобри играчи во своите генерации. Можеби најпозитивно во се ова што како што може да се види сите 4ца се од различни клубови. Добро е да се работи во повеќе екипи, тешко можеме да стигнеме далеку ако само во 1-2 клуба се работи како треба со млади категории. Од друга страна, пак е очигледен веќе долгорочниот проблем со нашите млади играчи. Нема среден бек, организатор од посериозен калибар. Пристојни средни бекови има еден куп во генерацијата (па и во преходната), ама ниту еден не ми оставил впечаток дека "дели". А такви ни требаат. Сепак треба да се има на ум и дека ова се доста млади играчи и имаат многу развој пред себе. Ако Талески, Кузмановски и компланија дури сега почнуваат да навлегуваат во реални сениорски води во кои ќе треба да биат предводници, замислете уште колку имаат овие кои се 6 години помлади.

П.С. За поцелосно следење на помладите играчи, објективно треба да се прати и втората лига, каде шанса добиваат доста млади играчи. Но реално тоа е невозможно за оние кои не се занимаваат со ракомет. За толку целосна анализа, сепак само тренери, ракометни работници, лица од клубовите би можеле да коментираат.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Кукуловски доста добар, во Вардар Јуниор против Металург газеше, а со Струга на мајтап играше 12 гола за 1 полувреме, беше физички супериорен против Стружаните и затоа имаше и лесни голови, впрочем и тоа е многу битен елемент, шо посупериорен си од противникот физички, то повеќе удари од изградена позиција ке имаш, зато црнцине си газат од 9метри.

Неморат да имаме талетни ала Карабатич, камо од дечкиве да излезат новите Миркуловски, Мојсовски, Темелков, генерација со која бевме 5то место 2012, а реално многу многу малку ни фалеше за медал, несреќниот пораз со Данска во буквално последна секунда.

Сакам да кажам дека таа генерација Миркуловски, Мојсовски, Темелков во нивните најдобри години се носеше со репки како Данска, Полска, Србија, Чешка, Словенија.. а сега губиме по 10 разлика од истите.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
https://www.youtube.com/watch?v=oxs23w9zkL8&fbclid=IwAR1TqP96AuSBSlCYjd4EkAwc9XEII1j1UWtbpMiAT0e4q0P2UAXk_niMQK8 Линк од натпреварите кој ги играме денес ГЕНЕРАЦИЈА 2002, во 13 и 30 игравме против Шпаија, гледам реприза до 17 мин сум се држиме добро, левиот бек со број 7 и средниот со број 8 позитивно ме изненадија, добро играме засега, посебно во напад, во 5и45 играме со Мароко.
 
Mnogu mamini i tatini deca imat vo repkava, kade kade imame podobri deca od ova generacija, primer Bozhidar Ilieski ne e zemen strashno.. Todeski prespor, dzabe ima 205 cm, edino sredniot Mitev me bendisa..
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
Mnogu mamini i tatini deca imat vo repkava, kade kade imame podobri deca od ova generacija, primer Bozhidar Ilieski ne e zemen strashno.. Todeski prespor, dzabe ima 205 cm, edino sredniot Mitev me bendisa..
има ли некаде убав преглед на утакмиците и Табели ??
ова на Балкан Хандбал не го разбирам..
https://www.balkan-handball.com/evropa/17-mediteransko-prvenstvo-u-atini-dobar-start-srbije-i-crne-gore/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom