Млади надежи на македонскиот ракомет?

Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
@Chronysync @Xsago Вие ги пратите младиве, помина баеги време од последно кога сме преле муабет за истиве, дали излегоја некој нови дечки? Слушам во Струга имало некое дете партали прело (мислам крилна позиција), Мартин Ивановски како се развиват, дали добил повик од репрезентација во меѓувреме? ПС Нелоски се врати од повредата?
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Тој Цветан Кузмановски од Струга е добар,лево крило игра беше меѓу подобрите стрелци во лигата.
Само му треба посериозен тим,ништо чудно Металург да го потпишат.
Висок е околу 188 отприлика(вака од око на терен толку ми личи)
За Нелоски мислам дека е завршена приказна нема никаков ангажман се збореше дека за Струга ќе игра ама изгледа ништо нема да напраави.
Баш штета супер талент беше ама го утепаа повреди.:(
Иначе во нашава лига освен Струга и Пролет што даваат шанса на помлади другото ништо.
Во Струга солидни се и Петровски и Костески(брат на Никола)само колку имаат потенцијал за репрезентација ќе видиме.
Костески добро играше на турнири за кадетите,и во лига гледам солиден е.
Во Вардар јууниор не гледам ни едно дете да се покаже,какви услови имаат стварно чудно да не искочи никаков играч.
Има и во Охрид неколку деца ете тој Ивановски што го бараа во Веспрем ќе видиме како ќе игра,почна да добива и шанса за прв тим.
На Гоксо син му исто е тука под водство на татко му сигурно ќе биде форсиран ако е добар одма ќе отскокне од другите,има солидни предиспозиции сега имаше и некоја повреда на нога мислам дека набзо ќе се врати на терен.
Вака горе доле што ги пратам дефинитивно најдобар се покажува Серафимов, ете нека собира искуство па можно е да направи нешто,има и слобода во Металург му се дава шанса па негово е сега колку ќе тренира и се разбира колку има во главата.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Имам се повеќе и повеќе обрвски искрено, па не сум во можност да следам колку што сакам, но ќе се обидам да дадам свој придонес. Моето мислење во главном го градам врз она што го видов на: ЕХФ шампионатот до 20 години кој се одржа во Скопје во јули, ЕХФ шампионатот за играчи до 18 години во Тбилиси, мечеви од суперлига, како и кадетоскиот турнир кој се одржа сега во средината на декември во Скопје.

Да почнам со оние кои веќе се спомнати:
- Дарио Петровски, среден бек кој е на позајмица во Струга, инаку играч на Работник. Прв пат имав прилика да го гледам тука во Скопје на ЕХФ шампионатот и ми делуваше доста интересно. Мошне корисен играч, игра и во напад и во одбрана и поседува солидна техника. Му фали маса, слабичок е, но тоа е нормално. Еден од подобрите играчи во Струга сезонава.
- Ненад Костески, десно крило, исто така играч на Струга. Го имам гледано доста последниве 6-7 месеци и го сметам за убедливо најголем талент на десно крилната позиција кој го имаме. Брз, лесен, малку простор му е потребен за да отиде на шут и поседува доста широк репертоар на удари. Го сметам за најсериозен потенцијал во иднина да стане сениорски репрезентативец.
- Дејан Џигероски, среден бек, играч на КЛ7. Многу нетипичен играч во стилот на игра, интелегентен е, добро чита игра, знае да дава голови од место. Висината и атлетските способности му се слабост како и тоа дека понекогаш има тенденција да троши многу топки.
- Кристијан Симоноски, пикер од КЛ7. Зборуван многу на форумов, најголем потенцијал на пикерската позиција и заедно со Лазаревски веројатно ќе биде многу сериозен кандидат за А-репрезентацијата. Висок, мускулест, борбен, подеднакво добар и корисен во одбрана и во напад. Модерен пикер.

Од оние кои не се спомнати, а ми се интересни:
- Стефан Атанасовски, пикер, член на Вардар Јуниор. За оние кои следат можеби е изненадување што го ставам на списоков, но јас мислам дека со доволно внимание од стручно лице и доволно работа од негова страна. Има само 19 години, а веќе е околу 206-207 сантими висок. Подобар во одбрана него во напад, пред се поради слабата моторика. Мора да работи на движење, прифаќање топка и сите други елементи кои се битни за пивоти. Многу ме потсеќа на Марсениќ на почетокот. Беше најдобар стрелец на Вардар против Мешков (не рачунајќи го Војводиќ) кога отидоа таму со трета постава, имаа големи проблеми Белорусите да го задржат и успеа да им збрца 4 гола од 4 обиди. Еден од најдобрите играчи на Вардар Јуниор во моментов.
- Стефан Крстевски, среден бек од Вардар Јуниор. Прв пат го гледав сезонава, подвижен, прецизен и технички добро поктован. Мислам дека е најдобар стрелец у јуниор заедно со Кукуловски.
- Интересен од секогаш ми бил и Мартин Димов, десно крило од Вардар Јуниор. Многу нетипичен е, има специфични, на моменти бековски движења и знае да погоди во тешки ситуации, но чим Брестовац ни на поширок список не го става, значи не е материјал за во иднина.

Вака у моментов овие се што ми паѓаат на памет. Ивановски сеуште не сум имал прилика да го гледам, мислам дека и Кире во неколку наврати го има спомнато па веројатно поседува некаков потенцијал. Што се случи со Димитар Ристовски од Металург, знае некој? Играше како десен бек детето, низок, но доста пробивен, прецизен и цврст, ми се допаѓаше. Не сум чул ништо за него во последниве година дена. @Xsago можеби знае?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
@Chronysync @Xsago Вие ги пратите младиве, помина баеги време од последно кога сме преле муабет за истиве, дали излегоја некој нови дечки? Слушам во Струга имало некое дете партали прело (мислам крилна позиција), Мартин Ивановски како се развиват, дали добил повик од репрезентација во меѓувреме? ПС Нелоски се врати од повредата?
Ајде малку подолго ќе ти одговорам. Барем моето скромно мислење, има многу позапознати од мене, јас сепак не сум никаков ракометен работник ниту имам било какви инсајдерски информации, а за овие категории реално е тешко многу да се знае набљудувајќи од страна.

Вака, генерално, имаме голем напредок во младинските категории во однос на, на пример, пред 10-15 години каде сме биле, ама тоа не значи дека сме некаква светска класа туку едноставно младите категории го стигнаа горе долу нивото кое ни го имаат и сениорите овие 10 години (10-15 место во Европа). Тоа во суштина е и причина за оптимизмот зошто на долг рок има реални шанси да задржиме континуитет (иако има ризик за мал пад идниве 2-3 години). За жал во многу лош момент се направи резот на премин од стар во нов систем кај овие категории, па пред се заради времињата во кои минатото раководство на РФМ не ни пријавуваше младински екипи а и кога ги пријавуваше губеа по 20 разлика останавме да стартуваме во Б дивизија и еве засега не успеваме (а и немаме баш среќа) да скокнеме во А дивизија.

Како и да е, засега напредокот е многу повеќе во квантитет отколку во квалитет. Тоа значи има многу повеќе солидни играчи во однос на порано, но бројот на потенцијални "ѕвезди" не е многу различен. Дали е до генетиката, дали е до тоа што сме 1.5 милион луѓе или пак можеби само треба време за повеќе ѕвезди да излезат ќе видиме. Како и да е тоа што имаме многу поголем квантитет на солидни играчи мислам дека прво ќе се одрази на домашното првенство кое би требало да оди во нагорна линија. Порано одвај една каква таква постава по генерација вадевме (со 2-3 подобри играчи) па до 16 се пополнуваше со разно разни туристи, внуци и деца кои не ги ни интересирало ракомет. Сега е тешко и во 16те да се влези има доста конкуренција. ама пак ќе кажам тоа се главно играчи кои се со потенцијал да бидат добри играчи за супер лига или максимум 12-16 играч за сениорска репрезентација. Оние со посериозен потенцијал не се во просек многу побројни во однос на минатото (иако малку побројни се сигурно).

За поединци, еве ти отприлика по позиции нешто мене што ми има око фатено.

голман: Освен Томовски (97) кој веќе е добро познат и Кизиќ (2001) од Вардар кој исто мислам дека е веќе солидно познат, друг некој посериозен талент не гледам. Ми се чини дека во Кизиќ ќе се крстиме нешто да биде од него, макар што за голман е многу тешко да се прогнозира, многу од голманите како многу постари прават голем напредок.
лево крило: Освен Димитриоски (98) и погореспомнатиот Цветан Кузманоски (99) друг не ми фаќа око искрено, ама мислам дека со оглед дека Манасков е релативно млад, а и овие двајца се релативно сигурни опции дека ќе бидат солидни играчи на лево крило нема зима.
десно крило: Ненад Костески од Струга (не знам дали е нивен играч или позајмен од Металург) е веројатно мојот омилен играч од сите "таленти". Има се што треба да има едно врвно модерно крило (разноврски шутево од крило, брзи контри, комбинаторики со бекови и влезови...), му треба само искуство и да поработи малку на снага. Многу е млад (2001) реално, ама ако се решиме да правиме уште поголемо подмладување јас би го исфорсирал Костески и би го пратил Георгиевски во пензија. Интересно е дека е релативно висок за крило (треба да е преку 190, личи дека е повисок од Серафимов). Шилегов (98) од Металург е исто тука опција, ама некако ми личи дека суперлигашки играч ќе биде од него (дај боже да ме демантира).
пивот: Има тука доста на квантитет - Лазаревски (97), Арсеновски (98) и Митиќ (2000) од Металург, Симоноски (2000) од КЛ7, можеби Атанасовски (99) од Вардар, и едно доста високо дете од Аеродром (2002) заради "физика". Ама не знам колку реално има овде квалитет кој може да направи разлика на сениорско ниво во некоја идна репрезентација. Лазаревски и Симоноски се двајцата што мене ми личат на најдобри (особено интересен стил на игра има Симоноски кој е многу поподвижен од наш типичен пикер), ама ќе покажи времето до каде ќе стигнат. Добро е што сите почнаа да играат во два правци, но во секој случај ни еден не е иден светска класа пикер од типот на Фабрегас, Тофт Хансените или Банхиди на пример.
десен бек: Е тука е најголемиот проблем. Освен Серафимов, кој стварно има талент и реално разбира ракомет ама е лимитиран физички и ќе видиме каде му е лимитот, друг искрено не гледам. Велковски е од немај каде исфорсиран, затоа што ептен нема друг, не е реално некој особен играч - максимум иден Ф.Лазаров или Митков (дај боже да грешам) ниво на играч (а и за тоа ќе треба да напредува допрва. Јагуриноски исто како класичен десен бек не е нешто посебно, повеќе има шанси како комбинација на бек и крило, ама прашање е дали може до ниво за репрезентација - чисто сумњам. Има едно дете Прентоски од Металург (2002 мислам), ама рано е за него, којзнае, ќе видиме... Како и да е, еден повисок десен бек немаме, тука е потенцијален голем голем проблем.
лев бек: Тука реално освен Талески и Кузмановски (кои и не се веќе до толку млади) и нема којзнае што на повидок за брзо време. Две за мене доста интересни деца има во генерација 2002 - Тодески (Металург екс Прилеп) и Ѓорѓески (КЛ7). Овие двајца делуваат доста ветувачки, високи, шутери, Тодески малку поснажен, Ѓорѓески поподвижен. Теоретски од овие можеби може нешто посериозно да биде, ама е доста рано, овие се уште пионери, се е можно - за среќа конечно РФМ создаде пионерска репрезентација, така што ќе добијат повеќе можности за стекнување искуство од помала возраст.
среден бек: Тука е можеби најболна точка. Слично како кај пикерите, квантитет има, ама сеуште не се издвоил посериозен квалитет. Танкоски е најблизу, макар што тој е Н.Мојсоски тип на играч, не е класичен среден бек нешто меѓу среден и лев е. Мислам дека Танкоски ќе го видиме во сениорите со реална улога наскоро, иако му треба уште барем година две калење. Од останатите тука би го споменал Џигероски од КЛ7 (2001) доста нетипичен бек, по малку личи на Миркуловски, ама ќе видиме, не знам дали е доволно експлозивен. Карапалески од Вардар (2000) е од "модерните" експлозивни ниски средни бекови, ама мене ми се чини дека е префорсиран, да не речам повеќе е Чурлевски отколку што е Скубе. Петровски (98) од Струга односно Еурофарм е релативно интересен, ама и тој е повеќе лев бек со висина за среден отколку што е реален креатор на игра. Има и многу други што добиваат каква таква шанса во повеќе екипи во суперлига и втора лига низ Вардар, Охрид, Пролет, Металург и други, ама сега засега ниту еден не ми фаќа нешто многу многу око (пример погореспоменатиот Ивановски мислам дека не е нешто посебно од тоа малку што сум видел - класичен низок физички слаб среден бек.

Како и да е, се се ова млади играчи. Некои многу ќе напредуваат, некои ќе стагнираат, некои можеби и ќе се откажат од ракомет. Од нив зависи колку ќе се трудат, колку ќе бидат упорни, колку ќе вложат во себе. Пример, на 16-17 години на Лука Циндриќ прашање е дали некој му прогнозирал ни хрватска прва лига, ама со многу работа и мозок, ете стана топ 10 играч во светот. Најбитното што можам да го кажам е дека не е веќе главниот проблем во школите, главниот проблем како и во другите сфери од нашето општество е дома - воспитание, амбиција, професионализам (доста од талентите ни пропаѓаат заради недостиг на овие карактеристики, не се само "лоши услови" и "школи" за обвинување).

П.С. Главниот наш проблем е што, така да се изразам, крајот на 2010тите и почетокот на 2020тите е период во кој моторот на сериозна сениорска репрезентација треба да се играчи родени отприлика 87-95та, а ние во тие генерации бевме катастрофа (пред се на бековските позиции), затоа што ракометните школи ни беа на мизерно ниво кога тие генерации беа на 10-18 години (да не речам 2000тите). Реалноста е дека она што се работи во школите и младинските категории денес во 2019та на израз ќе го видиме најрано за 5 години, ако не и повеќе, па невозможно е да цениме колку сме биле успешни или не. А поквалитетната работа не е баш почната од пред 10 години откако учествуваме на првенства, туку од пред 6-7 по моја лична перцепција (можеби грешам).

П.П.С. Мислењата горе долу ги градам на истото што го спомена и @Chronysync погоре.
 
Последно уредено:

Супер анализа свака част, фала на одговорот ![DOUBLEPOST=1547783547][/DOUBLEPOST]
можеби Атанасовски (99)
Батево ЏИН во буквална смисла на зборот, 2.07 цм висок 19 години, со мешков гости играше 4 гола даде, според хајлатс снажен ас фак, играт и солидна одбрана барем за негој години ама му фалит уште работа.
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Конечно најдов време да ги изгледам мечевите од младинскиот фајн-фор кој се одигра викендов во Охрид. Односно, ги гледав полуфиналните мечеви Металург - Струга и Охрид - КЛ7, како и финалето помеѓу Охрид и Металург. Од мечот за трето место помеѓу КЛ7 и Струга за жал нема снимка. Металург е старо-нов шампион во младинска конкуренција, второто место го освои Охрид, а третото КЛ7.

Морам да кажам дека навистина сум позитивно изненаден од Охрид, очигледно е дека и покрај тоа што клубот е под општинска капа е доста добро организиран за наши македонски услови и квалитетно се работи. Покрај веќе споменуваните Мартин Серафимов, Ненад Костески и Дејан Џигероски сакам да спомнам уште неколку играчи кои ми оставија впечаток на овие три меча. Ќе ги споменам само домашните играчи и покрај тоа што во Металург имаше тројца, а во Охрид двајца странци. Темата е сепак за домашни играчи.

Металург:
- Димитар Михајлов десно крило, го чув и видов за прв пат на турниров и се изненадив. Лесен е, брз е, добар репертоар на удари има и треба да се следи како ќе се развива во иднина.
- Андреј Митиќ пивот, споменуван чат-пат на форумов, кадетски репрезентативец. Роден 2000-та, 195цм висок, 102кг тежок. Игра во два правци, добро реализира, навистина мака имаа да го задржат, на моменти знае да биде груб во одбрана кога не треба.
- Виктор Василевски голман, исто така кадетски репрезентативец, по малку во сенка на Кизиќ. Роден 2000-та, 194цм висок, 92кг тежок. Добар распон на раце и на нозе, добри рефлекси и поставување. Голманската позиција е многу осетлива и специфична, но треба да се следи.

Струга:
- Кристијан Крстаноски лев бек. Висок и снажен, игра напред-назад, солидна техника, силен шут, му фали брзина и експлозивност, но има предиспозиции да биде солиден бек.
- Цветан Кузманоски лево крило. Веројатно и најдоброто лево крило на турниот и покрај тоа што наградата ја зема Дарко Кондев од Металург.
- Сенад Бајрамоски пивот, копија на Петров од Пелистер во поглед на конституцијата, малку подебел :). Добро се движи на линија, прифаќа топка, реализира, но реално е дебел. Ако сака да има колку-толку посериозна кариера мора да ослабе.

КЛ7:
- Кристијан Симоноски често споменуван на форумов како пивот со голем потенцијал, но го ставам на листава бидејќи цел турнир го одигра како лев бек. Веќе неколку пати сум спомнувал и јас и Xsago дека движењата му се бековски дури и кога игра како пивот, но сега прв пат го видов во таква улога. Како и зошто не знам. Добро се снаоѓаше во улогата, дури и зема награда за најдобар лев бек и го дели местото за најдобар стрелец на турнирот со 17 погодоци на два меча со Наум Костов. Игра и во одбрана, кондициски е спремен, мана му е што на моменти нема трпение па знае да троши топки. Навистина интересен играч, едвај чекам да видам како ќе се развива мора да се проба во посериозна и повозрасна категорија од следна сезона ако сака да напредува.
- Митко Петрески голман. Некако слаб и не баш висок, но ме изненади со начинот на кој што се поставуваше и рефлексите кои ги поседува.

Охрид:
- Наум Костов десно крило. Искина детево, прв пат го гледав, трча, шутира од мали агли, добро изведува пенали, 17 гола на два меча.
- Николче Ристески лево крило. Доста ситно ми делува на стрим, ама гаѓаше од мртви агли, изнудуваше пенали, трчаше контри.
- Кристијан Димитриески пикер. Ми остави навистина убав впечаток, делува доста цврсто и мускулесто, висина сигурно над 190, одлично реализира, игра и одбрана. Одбран за најдобар пивот на турнирот, според мене сосема заслужено.
- Мартин Ивановски е зборува на форумов, меѓутоа јас го гледав сега прв пат. Добар е дечкото, добар техничар, подели доста топки до соиграчите, особено до пивотот Димитриески, знае да потегне кога другите немаат идеја. Се гледа дека има ракомет во детево иакл мана му се физичките предиспозиции, но млад е па можда ќе потпорасне уште.

Идеален тим:
Голман: Мартин Божиновски - Металург (навистина не знам зошто)
Лево крило: Дарко Кондев - Металург
Лев бек: Кристијан Симоноски - КЛ7
Среден бек: Мартин Ивановски - Охрид
Десен бек: Мартин Серафимов - Металург
Десно крило: Ненад Костески - Струга
Пивот: Кристијан Димитриески - Охрид
МВП: Стефан Додиќ - Металург

Генерално се играше убав ракомет, имаше и доста публика у сала, добра организација од страна на домаќинот Охрид. Екипата на Охрид ми е најголемо изненадување, се надевам дека ќе продолжат да работат како што треба, малку фалеше да го симнат Металург од тронот. За крај, вреди да се спомене дека екипата на КЛ7 беше единствена без странски играчи и според она што можев да го видам можно е да беше и најмладата екипа.

Добро е ако од сите овие набројани еден стане надпросечен играч, сепак се многу млади и играњето во младинска конкуренција не е исто што и сениорска. У крај краева квалитетни се оние играчи кои во континуитет пружаат добри партии, а не само на два меча. Една ластовица сепак не наговестува пролет.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Само шо ја гледав Словенија со нашиве, губевме 10 разлика за на крај да имаме 3 шанси за нерешено али буквално немавме срекја, Карапалевски искина ова утакмица, мило ми е за детево, се надевам дека ќе продолжит вака, последните напади ги изве од патики Словенците, еднаш статива погоде, вториот пат му скина зицер голманот (2та случаи чиста несреќа).
Исто и голманчето наше морат да го пофалам, Петковски супер замена би требало за Кизиќ да е.
Шо се однесуват до првенствово за мене позитивно во поразите со Германија и Словенија е шо изгубивме тесно, морат да се напоменит дека и физички отскоквеа од нас (посебно германците), доколку истиов турнир се одржеше во Македонија, сигурно би завршиле во топ 2 и би биле благ фаворит против сите репрезентации на турниров.

@Chronysync @Xsago @shweps Очекувам ваша анализа за првенствово доколку го пратевте, поздрав.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Немав време да ги пратам во живо,после ги гледав натпреварите.

Тоа што го видов може да радува,со Словенија се вративме од минус 10,со Германците се јадевме цел натпревар.
Треба да знаеме дека овие репрезентации во последните години ги вадат најголемите таленти,Словенците на јуниорското и прваци беа.

Незнам само дали играа во полн состав против нас,затоа неможам баш да ја оценам играта на нашите.
Ако им играле сите играчи тогаш ова е голем успех за нас.

Од играчи што ми се допаднаа кај нас е Карапалевски,покажува потенцијал,сега прв пат го гледам после повредата што ја имаше,доста храбро одигра,не се плаши да влезе,да се бори со противниците иако беа доста физички појаќи од него.

Костески стандард добар си е,според мене најталентиран во оваа генерација,според стилот на игра ептен ми личи на Гоце Џомба.
Доста минутажа има и во Стгуга што е супер за негови години,сега нема некои јаки натпревари во нашава лига ама сепак подобро да игра кај нас откулку да седи на клупа во некој поголем клуб.
Во суперлига беше прогласен за најдобро десно крило,има потенцијал за многу повеќе очекувам за неколку години да стигне и до сениорска репрезентација.
Ќе видиме ќе покаже времето.

Серафимов веќе е доста пати коментиран на темава,има потенцијал да стигне до сениорска репрезентација,па и да биде лидер.
Гледам Брестовац доста го форсира и во Металург сезонава еве и за репрезентација беше на клупа.
Дефинитивно најискусен е во оваа генерација,има и Сеха и ЛШ играно,што ретко кој го има тој луксуз на негови години.
Треба да ојача физички и добар ќе биде.
Желбата,храброста,дрскоста ја има.
Ќе видиме како ќе се развива,само не треба да му се ставаат притисоци уште сега,гледам по медиуми веќе почнаа да го најавуваат како новиот Кире,македонскиот бомбардер итн.
Не треба да им се става притисок на сите општо,а и луѓето да имаат преголеми очекувања.
Оваа грешка мислам дека ја направивме уште со Талески и неговата генерација.

Кизиќ исто има талент само што не го пуштија од Вардар,демек ќе им затребал во лигата,мислам дека многу подобро за него ќе беше да игра на турниров ама сепак...
Ќе видиме со него што ќе биде,во Вардар не е најдобра ситуацијата,ништо чудно следна сезона и во прв тим да брани.

Василевски другиот голман има добри предиспозиции,треба повеќе да се форсира,во Металург брани,а таму доста гужва има на голманска позиција.

Општо за генерацијава мислам дека најголем проблем им е тоа што не се јаки физички.
Ќе видиме како ќе се развиваат само може да им биде проблем тоа кога ќе стигнат во сениорски ракомет.
Има таленти доста во генерацијава треба да работат па ќе видиме што ќе испадне.

Мој фаворит е Костески.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
@Chronysync @Xsago @shweps Очекувам ваша анализа за првенствово доколку го пратевте, поздрав.
Не во живо, ама ги изгледав сите 5 натревари (се разбира освен првите 19-20 минути од натпреварот со Словенија од кои нема снимка. Еве што ми "фати око":

1. Не видов нешто драстично различно во однос на играта иако има генерален напредок во сите аспекти (впрочем оваа генерација од првите собири и турнири, ви текнува на фамозниот список од 46мина :P, до овој турнир во Бугојно демонстрира континуиран напредок што е за пофалба).

Главната новина е дебито на Младеновиќ (за кое веќе долго време се шушкаше и се очекуваше, еве и еден гратис совет за порталите кои неуморно го следат нашиот форум - Младеновиќ не е баш натурализиран играч, роден е во Врање да, но по татко/дедо страна има потекло од Македонија-Куманово). Младеновиќ не е којзнае што, но е точно таков играч каков што му фали на оваа генерација. Генерално 3 дупки во ростерот имаше генерацијата: лев бек шутер, повисок централен дефанзивец и лево крило (пред се во напад). Младеновиќ ги пополнува првите 2 и реално добро се вклопи во екипата, а мислам дека може да биде и подобар откако подобро ќе се уигра со средните бекови.

2. Лидери на екипата како по обичај Серафимов и Костески. Серафимов како по обичај завршил и како најдобар стрелец на турнирот (ако не грешам, на скоро сите турнири на кои играла генерацијата бил или најдобар или меѓу најдобрите стрелци).

https://rkmetalurg.mk/martin-serafimov-proglasen-za-najdobar-strelec-na-turnirot-vo-bugojno/

Не беше многу зад него и Костески, а со оглед дека Серафимов имаше барем 10тина гола од пенал, Костески е практично најдобар стрелец од игра. Серафимов и генерално е главно офанзивно оружје (иако помалку во однос на минатите турнири - за ова во следната поента :cool:), во стил на Кире многу работи се вртат околу него, што за шут што за подавање кон Костески на десно крило или пак соработка со пикерот. Костески е прва опција во контра напади, многу често оди на шут и од позициона игра (дури понекогаш и од многу тешко агли, ама во екипата понекогаш го третираат како да е бек и често е инволвиран во играта и презема одговорност кога не оди, што не е баш типично за крило). Исто така постојано влече брз центар и на некој начин ги отежнува измените напад-одбрана на противникот, а некогаш успева да "украде" и по некој лесен гол од ситуацијата. Овој притисок врз одбраната, не може да се види во простата статистика, ама е и тоа како корисен тактички елемент од играта.

3. Најпријатно изненадување на турнирот - Карапалески. Често критикуван од мене за форумот, ама овој пат покажа квалитет. Реално кај него најмногу напредок можеше да се запримети иако напредокот всушност е пред се во "главата", а не во вештините, бидејќи тој е практично истиот играч како и досега, доста еднодимензионален, постојано оди на промена на движење (и во двете насоки), но сега многу попаметно и поискусно го изведуваше тоа и не беше толку склон на губење топки како што беше случај на минатите турнири. Ова звучи едноставно, но беше клучно за драстична промена на неговата ефективност. Шутот, особено од дистанца, останува проблем на кој ќе мора напорно да работи, а ќе мора малку порационален да биде и со додавањата кои не мора секогаш да се "fancy". Колку повеќе купува од Stas Skube на тренинзи, толку подобро за него, со оглед дека таа е насоката кон која би можел да се движи како играч.

4. Наголемо разочарување - Џигероски. Главниот плејмејкер некако остана во втор план и не беше баш ефективен, особено не против појаките екипи. Факт е дека неговата игра не е лесно забележлива, особено не за поповршно пратење, но мислам дека кај него имаше чекор назад (очајно му се потребни сениорски натпревари, жално е децата од КЛ7 школата да играат само младинско-кадетски лиги). Екипата подобро функционираше со Карапалески.

5. Најслаба карика - стандардно, лево крило во напад практично и немаме, реализацијата од таа страна е очајна (во одбрана Кондев е солиден), но овојпат посериозен проблем беа и голманите - мислам дека освен со Швајцарија, на сите други натпревари противничките голмани беа поуспешни, некогаш и драстично (најдобар пример беше мечот со победникот на турнирот Словенија - нивните голмани имаа 16 одбрани, а нашите 7 - во натпревар кој го загубивме со 1 разлика). Барем тоа беше мојот впечаток, не ги проверив статистиките, освен мечот со Словенија. Среќната околност во ова е што точно тука бевме играчки ослабени со неиграњето на Кизиќ, кој не само што е прва опција на голот, туку е и објективно еден од најдобрите 3 играчи во генерацијата.

6. 2победи и 3 порази е крајниот биланс но тоа не ја дава реалната слика. Високи победи од 9 и 11 разлика против Србија и Швајцарија, 2 несреќни порази од по 1 разлика од Словенија и Германија во полуфиналето и мечот за трето место и пораз од 7 разлика во првото коло од Германија, кој не беше баш реален откако тотално ги надигравме во прво полувреме, а неискусно прокоцкаа нашите +4 во финишот на првото полувреме, за во второ откако направија пресрвт германците и поведоа со 1-2 разлика, практично да го предаде натпреварот Бресотвац во интерес на зачувување на свежината и ја стави 2рата или 3тата постава (практично 10-15 играч во екипата - Мелоски, Ѓорѓиев, Митиќ, Ќосевски итн.). Овие може се ок за "втора половина во репрезентацијата", ама не можеа да се носат со германците и против нив на 7 брзо скокна разликата.

7. Да не го заборавам Симоноски. Еден од лидерите на екипата. Немам поим што ќе биде од него како сениор - доста специфичен играч пикер за репрезентација, со движење на бек - а и лев бек игра за КЛ7. Ама и тоа како ме интересира како ќе се развива.

Интервју на Брестовац:
http://www.g-sport.mk/vest-statija/74473/brestovac-da-se-sporeduvame-so-top-10-ekipite

Се на се има причини за оптимизам, особено за карактерот што го покажаа против Словенија.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Немам што да додадам, темелно и детално како и секогаш :). Која година е роден Цветан Кузмановски од Струга? Не можам никаде да најдам информации.
 
Браво! Мајстор си за вакви анализи.
Немам што да додадам, темелно и детален како и секогаш :). Која година е роден Цветан Кузмановски од Струга? Не можам никаде да најдам информации.
2000 година.
 
Член од
13 јуни 2014
Мислења
114
Поени од реакции
55
Га прочитах горе-доле цела тема зашо се спомнуват само Охрид,Струга,Скопје...Следе ли некој Астрион Струмица? имат квалитетни деца
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Немам што да додадам, темелно и детално како и секогаш :). Која година е роден Цветан Кузмановски од Струга? Не можам никаде да најдам информации.
99 мислам. Не е во оваа генерација...
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
Серафимов-Костески на таа ударна десна позиција ќе бидат многу опасни и мислам дека тие ќе ја водат кадетската репрезентацијата кон големи успеси. Имаат шанси да направат голем подвиг, па не е нереално и медал да се освои. Групата е идеална, како ќе вкрстуваат подоцна зависи. Тоа што го прикажаа против Србија, Словенија и Германија е дефинитивно ветувачки!

Не знам само што се случува со Филип Ивановски. Дечкото беше топ голман!!! Бранеше за јуниорската репрезентација пред неколку години и ги однесе на ЕП (прими 15 гола со Исланд за цел натпревар, и по 22 со Грција и Италија). А на европското беше супер против една Франција. Едно време бранеше за Вардар Јуниор ама не го искористија доволно, па отиде во Работник и грееше клупа... а голем капацитет во секој случај. Може да биде екстра голман!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom