Млади надежи на македонскиот ракомет?

Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
има ли некаде убав преглед на утакмиците и Табели ??
ова на Балкан Хандбал не го разбирам..
https://www.balkan-handball.com/evropa/17-mediteransko-prvenstvo-u-atini-dobar-start-srbije-i-crne-gore/
Барав и јас неможам да најдам, незнам зошто имаме 2 поени и сме последно пласирани а имаме победа над Мароко, тие немаат ни една, плус имаме 1 или пола поен од натпреварот против Тунис, за то што сме ја тепале првата третина, инаку главен проблем според мене моментално на оваа генерација е то шо не се кондициски салам спремни, со Шпанците се држевме добро, после паднаа нашиве едвај се движеа по терен, а Шпанците цели 45 мин високо ни играа и не претрчаа, со Хрватите горе доле тука бевме али накрај попуштивме, имавме и многу исклучувања и промашени зицери посебно од крилните позиции.
5ката незнам како се викат, со репчето добар е ги изгазе Хрватите, 8ката средниот имат потенцијал, а Тодески незнам дали воопшто имат влезено во игра.

Утре ако ги тепаме Турците, би требало да се пласираме во осмина финале, со Црна Гора ќе видиме, мислам тешка ќе е, со оглед на то шо Црногорците ги тепаа Хрватите со 6 разлика.
Убаво ќе е да ги тепаме двете, за да не налетаме на првопласираната екипа од другата група.
@Xsago @Chronysync @shweps очекувам ваша анализа за досега одиграното на оваа селекција, секако доколку ги пратите и имате време.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Многу чудна генерација стварно е оваа 2002.

Од една страна јас би рекол дека имаат и повеќе игра од претходните генерации, повеќе смисла како се склопени, па ако сакате и повеќе длабочина и избор во составот, но истовремено повремено прават толку катастрофално аматерски грешки што е многу тешко да победиш на натпреварот. Како да почнуваат со 5 гола хендикеп се натпреварите. Има и ротации не е баш дека играме со една постава иако системот на бодување е таков што те тера да играш со "јаките" цело време.

Би рекол повеќе сум охрабрен од играта отколку разочаран од резултатите до сега. Тука некаде беа со сите, немаа ни среќа (а веројатно и искуство) во некои ситуации заради што тешко ќе стигнат до четвртфинале. Генерацијата почнува да добив некоја смисла. Ако во Декември се тестираа играчи во два А и Б состави кои генерално разочараа (а и воошто слаби резултати има оваа генерација до сега), а и претходно се тестираа разни играчи, сега веќе стигнаа до состав кој се чини ќе биде костурот на екипата во иднина (можни се сеуште мали измени).

За издвојување се Марко Митев и Бојан Чакалиќ кои се чини ќе можат да ја пополнат баш таа болна позиција среден бек која беше потребна за да може овој состав да функционира. Митев особено е доста добар, мислам првпат игра за репрезентацијата и веднаш се осеќа неговото присуство прави разлика дечкото. Интелигентни влезови, доста креативен играч, само ќе мора да поработи на снага (а ако може да додаде и малку експлозивност) затоа што во сениори со вакво тело ќе го искршат многу брзо.

Овие 2 во пакет со претходно споменатите Ѓорѓески, Савревски, Тодески, Стојчевиќ + има уште 2-3 други ок играчи веќе се создава костур на екипата. Проблем за подобри резултати од тоа што можев да видам беа крилата кои играат доста слабо, а и пикерите кои не нудат никаква помош во напад (во одбрана можеби се и ок, ама во напад се 0 моментално). Премногу топки се губат заради нерезонски подавања на пикер или лошо поставување/прием на пикерот. Многу промашени шутеви од крило. Премногу подавања во раце на противникот кога се бара крило...

Како и да е, негативно е што овие се далеку од завршен продукт и не сум сигурен дали конечно на домашен терен летово кога и реално ќе станат кадети ќе можат да го минат тоа ЕП Б шампионат. Ќе видиме не се ни без шанси.

Од друга страна позитивно е што, мислам дека стварно има материјал за работа во репрезентацијата. Повеќе од некои претходни генерации. Само за овие се чини ќе треба повеќе време, а и искуство, една од маните е тоа што не играат силни натпревари најголем дел од играчите. Тие од Аеродром и КЛ7 на пример веднаш делат со тоа што барем знаеш дека играат во 2 лига. Дел од останатите се мотаат по младинско кадетски натпреварувања... А реално ако сакаме сериозен состав барем главните 5-6 ќе мора да играат и тоа со сериозна минутажа во прва лига.
 
Interesno e sho RK Aerodrom od Rk Alusovski gubi po 15 razlika, a od Rk Alusovski e zemen 1 igrac, dodeka od Rk Aerodrom 3..drug interesen fakt zagubivme proriv hrvatska koja e dojdena soso generacija 2003 I 2004 na prvenstvovo, denes Crnogorcite se vidoja kolku delat fizicki za edno nivo podobri od nas a ista generacija se, nemozevme odbrana da probieme.. ps neli ako gi tepame turcite bi trebalo da se plasirame vo osminafinale, so ogled na to sho prvite 4 plasirani odat ponatamu I imame vekje edna pobeda vrz Maroko.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.853
Поени од реакции
3.320
Имаа пенал за победа против Турција и не го дадоа (нема тука рака сатар како Кире Лазаров). Ама добро деца се. Проблем им е што не знаат со подлабока одбрана да се носат. Ете и со Турција последните минути беше така. А и мора повеќе кондиција и повеќе залагање. Во еден момент им ја одзедоа топката од корнер зошто никој не се потруди да дојде блиску до играчот и да ја прифати топката од корнер. :confused:
 
Џабе сме, уваво рече едно другарче, МК ракомет е најдолен, србите се подобри од нас а сто пати појќе вложвиме од нив, гледајтеги децана на Шпанија колку лесно играат, брзи, лесни, подвижни, технички потковани, нашиве мора да имаат дефицит во некој сегмент, ако е висок ќе е неподвижен и закржлавен, ако е технички добар и интелегентен, физички ќе е слаб итн.. А за МК лузер менталитет да не прам ни муабет.. од роџење ни е.. 15 пенали промашија во 1 утакмица, царој сме противничките голмани да ги разбранвиме, влегват во филм мислат Де Варгас се.. има уште мн работа кај дечкиве али освен Митев никој др не делит за нешто појќе од просечен ракометар.. на десен бек ќе се крстиме Серафимов да станит играч..
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Многу нестабилно и неискусно делуваат. Се осеќа дека за разлика од минатото кога скоро цела репрезентација доаѓаше од Металург и играчите се знаат еден со друг, сега има играчи од многу екипи, мислам дека од ниту еден тим нема повеќе од 4ца. Ќе треба доста време да развијат одредена хемија сигурно.

Од друга страна, мислам дека има проблем и со дисциплина во играта. За овие треба некој како Червар. Толку нерезонски подавања како на овој турнир не се сеќавам кога последно сум видел. Прават атракции каде нема ни потреба ни логика...

Исто чудно, Тодески цел турнир игра само во одбрана. Конечно со Турција во финишот поигра во напад и веднаш даде неколку гола и направи разлика. Ѓорѓески на моменти има одлични потези, на други делува тотално надвор од контрола. Савревски прилично ме разочара, многу пасивен, искрено делуваше како повисок Мартин Велковски. Митев има продорност и игра еден на еден, па и интелегенција при влезовите, но шут преку зона или од место не знам ни дали помисли да направи. На моменти и тој премногу солира. Голманите, особено "1"цата се изнабрани пенали, но прими еден куп голови од неизградени шутеви бидејќи воошто не беше спремен за шут. Пикерите не знаат да примат топка и генерално најслаба офанзивна карика.

Играта на моменти одлична, на моменти комично аматерска.

Се на се генерацијата личи на "work in progress". Атлетост и експлозивност како и во сите други спортови ни фали, но ми се чини дека има доволно материјал за некои од овие да станат сериозни играчи. Кој, којзнае... Клучен период од развојот е овој за играчите. Ќе мора да вложат во себе и да напредуваат. Талент има во оваа генерација, повеќе од некои претходни, ама има и многу за брусење. Потребна е и минутажа, но и посериозен и подисциплиниран пристап. Ако во претходните генерации редовно имаше по некој играч кој ќе ја контролира играта и ќе воведе каква таква стабилност (Серафимов во 2000та, Танкоски 1998, Талески 1996та), овде баш најјаките понекогаш се чини дека играат најнеконтролирано.

Доста од работите се поправливи, ќе видиме колку ќе напредуваат идните месеци.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Добра партија на Ивановски играше скоро 40 мин па и појќе, ни една техничка грешка, доста паметно игра, имаше доста асистенци денес, позитивно изненаден од батево.

Физички е напреднат али тек допрва уште ке треба да напредви, иако никој од оваа генерација (2000) не е на ниво на Фитиљлот, кој газеше на 19 години, физички беше појак, побрз него шо е сега https://www.youtube.com/watch?v=Q5x2q-jlUWo , мислам дека играчи како Серафимов, Ивановски, Карапалевски тек за 2-3 години ќе можат да играат на нивото на кое шо играше Фитиљот на 19 години, пред се ради то шо се физичи инфериорни и ќе треба доста да напредват, али ако Криштопанс стана на 28 години играч од светски калибар, тогаш има надеж и за нашиве, пред се ако ги служи здравјето.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620

Во принцип кај нас покасно созреваат ракометарите за разлика од останативе земји.
Мојсо,Жути,Столе не беа ништо повеќе од денешниве деца на нивни години,само за разлика од овие сега старава гарда гинеше на терен,сегашниве немаат ни пола од таа борбеност.
 
Уф Мојсо мислам дека газеше на 20 год, а истото важи и за Столе, 2012 Србија партали преше а имаше 22-23 год ако не се лажам. Додека Жути да нешто покасно се оформи.
Автоматски споено мислење:

Да, тука некаде се Карапалевски и Криштопанс. Кришто да замавне со рака, ќе го прати во различна временска зона.
Не се прај паметен не е директна компарација, сакам да кажам дека Криштопанш тек во втора сезона во Вардар го достигна врвот и се најде како играч, пред тоа тактички и ментално беше катастрофа и зато 6 сезони остана во Татран Прешов, иако физички е на исто ниво на кое шо е сега, и по Скубе да замавнит ќе го пратит во според тебе различна временска зона, па пак Скубе е класа играч.
 
Последно уредено:

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.207
Поени од реакции
4.944
Какви надежи бе, пратам редовно суперлига и од тие играчи шо на една рака се броеја и мислев ќе биди нешто од нив, еве ги 2 години тапкаат во место, стагнираат, дури не функционираат школите на професионално ниво така ќе биди и ќе играат играчи од тимот "татко му се знај со тренерот", роднини, пријатели или плаќаат за да играат, кај нас во спортот надежен си од 16 до 36 години.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Не се прај паметен не е директна компарација, сакам да кажам дека Криштопанш тек во втора сезона во Вардар го достигна врвот и се најде како играч, пред тоа тактички и ментално беше катастрофа и зато 6 сезони остана во Татран Прешов, иако физички е на исто ниво на кое шо е сега, и по Скубе да замавнит ќе го пратит во според тебе различна временска зона, па пак Скубе е класа играч.
Другар, спореди им ги предиспозициите, не туку треси зелени. Криштопанс и во дресот на Татран, редовно ни даваше по 7-8 голови на натпревар. Само прашање на време беше кога некој посилен тим ќе му даде шанса и ќе набие искуство за да стане врвна класа.
Еден куп тренери се сменија во Вардар, никој не им дава шанса на нашите. Па не е работата дека ги мразат, едноставно толку ги бидува. Штом ниту еден тренер не им дава шанса, значи до нив е. Плејада млади играчи биле најавувани како таленти во клубот, па потоа никаде ги нема. Ако Вардар ги кочел, тогаш ќе успееле во некој друг тим. Да делеа со квалитетот, ќе го покажеа тоа во Вардар Јуниор, веднаш ќе ги побараше некој.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.560
Поени од реакции
8.143
Aman be 6 godini cekale?
Добро бе друже, сакаш да кажеш цели 9 години уназад дур ја пратиш СЕХА не го запримети потенцијалот на Кристопанс, кој да бидеме реални од секогаш го имал и од година во година беше се подобар. За коси се фаќавме коа тој Кристопанс ќе гостуваше во Кале со Татран и у комбинација со Рабек и она старото крилце со бркчето -Антал не прцаа. Муабетот е дека кај Кристо потенцијалот од секогаш беше видлив, збориме за потенцијал кој те рефлектира во главен ракометар на еден Татран кој беше сосема солиден клуб. Таков потенцијал очигледно не гледаат моментално во нашите ракометари ( освен во некои) меѓутоа они не знаеа да си ја дозираат кариерата искачувајќи се скалило по скалило, него одма потпишаа за Рајн Некар, Магдебург итн. Зошто Кукуловски или Карапалевски или некој од другиве наши таленти не е забележан од тим еве како Татран и некој од тој калибар за почеток да билдаат форма и кариера тамо? Затоа што не препознаваат квалитет. Да го имаат одма ќе бидат ангажирани. Као што Кристо бил доведен од некој факинг латвиски тим -Латголс.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom