Најдов малку време, па еве неколку коментари за некои нови дечки кои се на "радарот".
Поголемиот дел од играчите од 96,98 и 2000 генерација се веќе добро познати и мислам во моментот нема потреба да ги коментаираме. Тоа би биле отприлика
Талески, Кузмановски, Танкоски, Томовски, Серафимов, Костески, Кизиќ, Мишевски, Велковски. Од втор план од овие генерации уште треба да се обрне внимание на пикерите (
Симоновски, Лазаревски, Арсеновски, Аларов) и некои крила и бекови кои се во втор план како
Карапалески, Кукуловски, Шилегов, Стоилевски, Дарио Петровски, Џигероски итн. Сигурно сум заборавил некој, ама тоа е, веќе од повеќе поссодветно развивани генерации почнуваме да бираме.
3 играчи од овие генерации кои би ги споменал а на кои мислам дека не се доволно познати и се малку подзаборавени се:
- левото крило
Кузмановски (1999) од Струга кој по слободна проценка е најдобар стрелец на Струга изминатите 2 години. Играч со солидна висина и подвижност за позицијата мислам дека треба малку повеќе да го имаат во предвид
- контроверзниот среден бек
Мартин Ивановски (2001) од Охрид. Има интелигенција во играта дечкото, разбира ракомет, не сум убеден дека "физиката" ќе му овозможи да дотера до сениорска репрезентација. Мене повеќе ми личи на некој иден Ласко Андоновски. Но не треба ни да се дискриминира, треба да го имаат на ум во секој случај и да се следи неговиот развој
-
Андре Буторац (2000) од Пелистер. Десен бек, воопшто не ми беше познат до оваа сезона, добива добра шанса во сега вториот тим на Пелистер - Еурофарм Пелистер 2. Има реален материјал за работа, ќе видиме како ќе се развива, особено што игра на екстремно дефицитарна позиција. Личи на играч што покасно влегол во ракометот но ги има основните карактеристики и вештини потребни за да може да се развие во посериозн играч. Ќе видиме, треба работа со него...
Реално има и други но ова се некои кои мене ми оставиле впечаток.
Е сега за нешто друго, односно за тоа што ми е главната поента на постот.
Веќе на вратите тропа и 2002 генерација. Генерација која по малку почнува да ме потсеќа на 1996та. Генерација во која има селектирано играчи со посериозни физички предиспозиции, но и генерација во која веќе сериозно се гледа она што веќе некое време го потенцирам - напредокот во квантитет на млади играчи со пристоен квалитет. Интересен пример за ова е фактот што Македонија Б беше подобро пласирана од Македонија А на турнирот одржан во Декември во Скопје на кој учествуваа и Србија, БиХ и Бугарија (Македонија А, да не се лажеме, разочара на турнирот). Проблемот е што во моментот е повеќе квантитет без јасно дефиниран квалитет. Од една страна се играчите со добри физички предиспозиции со кои треба да се работи и некој од нив може на подолг рок да е стварно добар играч. Од друга страна има еден куп играчи кои во моментот тешко може да се замисли дека би стигнале до сениорскиот состав, но во моментот се можеби и поразвиени како ракометари. Летово ќе биде навистина интересно да се следи изборот на селекторите + федерацијата за таа нова кадетска репрезентација која ќе треба на домашен терен конечно да избори пласман во "А дивизија", откако со години веќе се мачиме да напредуваме и заради што младите играчи по менувањето на системот пред неколку години не можат да ни играат на европски и светски првенства. 100% сум сигурен дека ќе има нови контроверзи зошто некој бил повикан а друг не бил. Навистина е ѓаволски тешко да се определи кој да биде во составот во моментот, а уште помалку да се процени што треба да е приоритет на составот - максимален моментален резултат или најдобра можна работа за на долг рок.
Како и да е, ова се играчите кои би ги издвоил од оваа генерација засега (допрва ќе знаеме повеќе и за останатите, има и други потенцијално интересни деца) со напомена дека сепак фокусот е на можни идни сениорски репрезентативци:
-
Теодор Тодески (2002) - За овој мислам имам и порано пишувано, лев бек од Металург (екс Прилеп), околу 200cm со одлична градба за ракометар (иако се разбира треба да се "додефинира"). Пред се шутер, кој може да издржи и дуел. Очекувам наскоро да почне да добива сериозна минутажа и на поголеми натпревари некако отсутен беше изминатата година
-
Емилијан Ѓорѓоски (2002) - Исто така лев бек, од КЛ7, околу 197-198 по слободна проценка, доста поподвижен, покреативен и поразноврсен во играта од Тодески, но и послаб, него му треба многу повеќе работа на "снага". Мала маана мислам е што по малку и претерува со одредени потези, заради што прави и доста грешки (додуша ова е проблем колективно на оваа генерација - пред се на поталентираните играчи), но тоа е нешто што би требало на долг рок со искуство и школо да се "среди". Овој моментално ми е најинтересен од оваа генерација, ама ќе видиме менливо е тоа
-
Давид Савревски (2002) - десен бек од Вардар, малку поразличен тип на десен бек од оние на кои сме навикнале. Солидна градба и движење, близу 2 метри, добар дефанзивец, интелигентен офанзивен играч. Не сум сигурен колку е експлозивен, особено вертикално, тука може да му е слабоста во играта. Веројатно ракометно најизделкан од овие посериозните таленти во оваа генерација. Како што очајно ни треба десен бек сигурно ќе биде форсиран во иднина, се надевам ќе знае тоа да го искористи. Се надевам и Вардар ќе го увиди талентот и ќе почне да му дава шанси какви што конечно почна Кизиќ да добива (макар и изнудени). Само со играње на јаки натпревари се станува играч, макар и си грешел на нив. Заедно со Кизиќ, Савревски е можеби најдобар талент кој го извадил Вардар во цела оваа декада на вложување.
-
Стефан Стојчевиќ (2002) - пикер од РК Аеродром. Околу 205 по слободна проценка. Солидна подвижност за висината. Објективно Стојчевиќ е далеку понеразвиен играч од претходните 3 (кои се најдобри во генерацијата) и сигурно треба со него повеќе работа, но талентот за пикер кој може да игра сериозно во два правци е неспорен и е некој во кој мислам вреди да се вложи. Го гледав малку на турнирот во Декември, мислам дека играше доста солидно во одбрана на прв поглед.
Интересно е што сите овие беа, кај "лузерите" - Македонија А на турнирот во Декември, но еден турнир не кажува се за овие играчи, Ѓорѓоски и Савревски на пример се редовно прогласувани за најдобри играчи во своите генерации. Можеби најпозитивно во се ова што како што може да се види сите 4ца се од различни клубови. Добро е да се работи во повеќе екипи, тешко можеме да стигнеме далеку ако само во 1-2 клуба се работи како треба со млади категории. Од друга страна, пак е очигледен веќе долгорочниот проблем со нашите млади играчи. Нема среден бек, организатор од посериозен калибар. Пристојни средни бекови има еден куп во генерацијата (па и во преходната), ама ниту еден не ми оставил впечаток дека "дели". А такви ни требаат. Сепак треба да се има на ум и дека ова се доста млади играчи и имаат многу развој пред себе. Ако Талески, Кузмановски и компланија дури сега почнуваат да навлегуваат во реални сениорски води во кои ќе треба да биат предводници, замислете уште колку имаат овие кои се 6 години помлади.
П.С. За поцелосно следење на помладите играчи, објективно треба да се прати и втората лига, каде шанса добиваат доста млади играчи. Но реално тоа е невозможно за оние кои не се занимаваат со ракомет. За толку целосна анализа, сепак само тренери, ракометни работници, лица од клубовите би можеле да коментираат.