- Член од
- 11 август 2017
- Мислења
- 567
- Поени од реакции
- 514
Против Бутел имаше 5/6, три гола му беа од контри, брз е многу, ланската сезона против Еурофарм Пелистер во Битола и против Вардар дома одигра без грешка, мислам на двата натпревари имаше по 7-8 гола, а беше и меѓу најдобрите стрелци во младинската лига.Давид Трајкоски лево крило од РК Прилеп, роден 2005-та година, доста добро напредува последниве две сезони, особено оваа.
Интересен играч е, добра конституција има, висок е за крилен играч и тоа му овозможува да игра како халф.
Карактеристики кои се и тоа како барани во последниве неколку години во ракометот.
Брз е и поседува солидна лепеза на шутеви.
Не би ме чудело да заврши во некој од тимовите кои подобро котираат на табелата во следната сезона.
Штета што не доби шанса во репрезентација, беше само на поширок список, доста интересен играч е.