Aj malku temava da zivni.. pisejte koj spored vas za 2-3 godini ke bide materijal za repka..
Малку покасно се вклучувам во дискусијава ама не е доцна
Ги пратам доста младите репрезентации, нормално колку што се може, за младински категории помалку достапни се натпреварите. Сум ги гледал квалификациите и првенствата на 94та, 96та и 98ма генерациите, како и турнирот во Романија на овие најмалите од 2000тите кои сега практично стануваат кадети.
За дечките 94та-97ма е горе долу скоро се кажано па не мора да ги спомнувам. Некои од нив веќе се и носители на играта кај сениорите.
За 98ма-99та има неколку деца кои двојат и има надеж да стигнат до сениори:
- Танкоски - Овој е реално најдобар и најталентиран. Полагам големи надежи дека ќе можеме да добиеме уште еден покомплетен бек во него на лев/среден бек. Силен шут, има и движење, 192cm отприлика. Добар е и во одбрана на позиции 2 и 5. Веќе 2 години е најдобар играч на Металург Јуниор и веројатно еден од подобрите играчи на негова позиција во првиот дел од домашното првенство (пред да се вклучат Металург и Вардар). Штета е што добива многу малку шанса во СЕХА и ЛШ. На негова возраст Талески и Кузмановски добиваа поголема минутажа.
- Арсеновски и Лазаревски - Има одреден талент да дотуркаат до сениори, но мора многу да работат на нивната игра во одбрана. Вака некако неизбрусено делуваат. Засега се далеку од сениори, но имаме ние искуство на малку подоцен развој на пикерите (слично беше и со Столе и со Пешевски) така што ќе видиме.
- Јагуриновски - интересен играч, игра и десно крило, понекогаш и десен бек. Многу незгоден карактер, ќе видиме има талент ама и многу работа на стабилност во играта.
- Шилегов - Интересно десно крило. Мислам дека треба да добива многу поголема минутажа во Металург, вака е само еден од главните играчи на Металург Јуниор. Офанзивно е доста солиден, но во одбрана треба многу да работи, моментално е катастрофа. Му треба искуство и стабилност.
- Кукуловски - лев бек од Вардар. Треба да се изделка во сите аспекти од играта но има подобри физички предипозиции од погорниве, така што ако се работи со него можеби може и да ги надмине.
- Има и неколку доста високи дечки во Вардар Јуниор кои мислам дека малку покасно почнаа со тренирање на ракомет. Технички се заостанати и има многу работа кај нив, но заради физичките предиспозиции можно е во подоцнежни години некој да се развие во одличен играч и да стигне до сениори. Наскоро сигурно не.
Од тие од 2000та можам да кажам само врз она што го гледав на турнирот во Романија што е реално многу малку. Во однос на противниците очигледно беше дека нашите се техничко тактички подобро потковани, но од друга страна уште поочигледна беше физичката инфериорност - пред се во однос на висина. Кога Серафимов со некои 187cm е еден од највисоките се е кажано. Некако репрезентацијата делува како да е составена само од релативно ниски средни бекови. Имаат техника децата ама без висина, тешко е којзнае колку добри да станат. Генерално Серафимов и Кизиќ се најсериозни таленти и веројатно најдобри по Талески и Кузмановски. Ама треба уште многу време, работа и искуство за нив. Реално од нив нешто може да се очекува дури по 2020та откако ќе се пензионираат сите овие постари.
Освен овие два, око ми фатија и двата пикери Симоновски и Митиќ. Различен стил на игра и физички предиспозиции, но и од двата мислам може да се изделкаат доста корисни играчи. Од бековите има талент кај Џигероски, Карапалевски, Меловски и можеби Каковски. Крилата беа генерално катастрофа. Гајиќ до некаде ме разочара - од него повеќе очекував, додуша ме разочара како крило, како бек има некоја игра и кај него. Главниот проблем е што сите овие се околу 180cm. Карапалевски мислам нема ни толку. Каковски едино е околу 190. Во млади категории со ваква висина можеби и ќе поминеш, но во сениори, ретко кој на таа возраст може да успее до некој многу високо ниво. Играчи како Зарабец, Циндриќ, Чема Родригез и сл. се исклучоци а не правило. Инаку има меѓу овие играчи и од Металург и од Вардар и од Еурофарм и од Струга, не е баш дека само една е форсирана - барем јас немам таква перцепција иако беше чудно што фалат некои играчи, пред се тие млади деца од Охрид.
Се на се подобрената работа во последните неколку години постепено вродува со плод во однос на техничко тактичката спремност. Но за жал, физичките предиспозиции се голем проблем и тука заостануваме зад поголемиот дел од сериозните селекции на нивна возраст. Заради ова ќе видиме колку реално ќе напредуваме на сениорски план. Може да се случи и само лигата да ни стане подобра заради поголем број на добри играчи, а репрезентацијата да не ќари многу.
П.С. Не знам зошто Македонија нема пионерска репрезентација. Дел од другите држави многу порано почнуваат да оформуваат тимови и селекции и се многу поспремни од тимски аспект кога ќе станат кадети и е време за квалификации. Франција, Хрватска, скандинавците дури играат и многу сериозни пријателски турнири меѓу себе во пионерски категории, а кај нас не ни постои таква репрезентација. Реално доста се менуваат играчите во таа возраст така што прашање е колкава е реалната добивка, но сепак, мислам дека не штети да се формира некој поширок список и барем по малку да се запознаваат играчите. Сигурно е поарно отколку како сега со една-две недели тренинзи на квалификации да одат.