Млади надежи на македонскиот ракомет?

Дискусија во форумот 'Ракомет' започната од mkdhandball, 31 март 2012.

  1. mkdhandball

    mkdhandball

    Член од:
    29 март 2012
    Мислења:
    1.347
    Допаѓања:
    1.211
    Можете да постирате за одредени постигнувања на млади таленти во ракометот, со потенцијал за идни репрезентативци.

    Еве јас ќе почнам со 15 годишниот Марко Нелоски.

    [​IMG]
    [​IMG]
    Петнаесетгодишниот Марко Нелоски, за кого сите велат дека е вонсериски талент. Тој игра лев бек и центар, што и не му е некој проблем, бидејќи е висок 198 сантиметри.
    Тој е од струшкото село Дрслаица, каде што не тренирал со екипа, туку со тренерот Јаковче Матлиевски, кој прв го забележал неговиот голем талент и се нафатил да му ги покаже основите на ракометот. Имаше повеќе заинтересирани тимови за него, па дури и од странство, но ние реагиравме веднаш и во договор со него и со неговите родители успеавме да го донесеме кај нас. Сега со мајка му и со сестра му Марко живее во Скопје, а татко му остана во Струга, каде што работи. Овој талентиран тинејџер стана стипендист на РК Металург и сега учи во прва година во Средното фискултурно училиште - вели Тони Ристески.Тој додаде оти стравувал дали Марко ќе биде тимски играч, но неговиот талент е огромен и уште на првиот натпревар играл како зад себе да има 50 меча.
    - Јас сум во ракометот над 20 години, сум видел разни таленти, но вакво нешто во Македонија немало досега. Неговиот талент е забележен и на турнирите во странство, каде што досега сме настапиле. Во јануари во Валпово беше прогласен за најдобар играч, а летоска на турнирот на Хвар, со учество на клубови од Хрватска, Словенија, Црна Гора и од Македонија, иако најмлад од сите, тој беше избран за најперспективен млад спортист на Балканот. Никој не може да знае што ќе биде во иднина, но треба сите да се трудиме да биде здрав, да не се повредува. Такви деца се реткост и треба да се негуваат - вели Ристески.
    А Марко, кого во клубот сите го сакаат, особено неговите врсници, ни рече дека ракометот е омилен спорт за неговото семејство.
    - Ракометот во нашето семејство го сакаат сите и љубовта кон него сум ја наследил од татко ми, но и мајка ми своевремено играла за нашето училиште - вели ова надарено момче.
    Ни откри дека на полугодие бил многу добар, оти има многу другари и дека сé уште нема девојка, иако девојчињата постојано го задеваат. Сепак, засега главна и единствена преокупација му е ракометот.
    - Тренирам веќе четири години, и тоа секој ден, а понекогаш и двапати дневно. Желба ми е да заиграм во некој голем клуб, во Шпанија или во Германија, и светот да слушне за мене - ни откри Марко Нелоски.


    Во конкуренција на 20 екипи и преко 300 ракометари, нашиот Марко Нелоски е избран за најдобар стрелец на турнирот со своите 32 постигнати гола.

     
    На Guliver, Crazy Diamond, ~ADVISOR~ и уште 8 други им се допаѓа ова.
  2. TheTrooper

    TheTrooper Психијатриски случај

    Член од:
    27 април 2009
    Мислења:
    5.750
    Допаѓања:
    4.482
    Маџовски од Металург бекчето може да го биде.........тек е 94 годиште игра лев бек.Исто и Георгиевски од Вардар мора од следната сезона да добие шанса во Вардар.Во Куманово игра одлично на позајмица,има 19-20 години лев и среден бек.
    На крилата одма имаме замена за Алушевски.Ојлески од Вардар (добро може не е најмлад 89 годиште) веќе е квалитет за во репрезентацијата.Он и Манасков......добар тандем може да биде тоа.
    На пикер сме добри,Стоилов 24-25 години,Маркоски 20-21.....
    Би требало ако биде се во ред и во наредните години да имаме репрезентација која ќе може да учествува редовно на големите натрпеварувања.
     
    На Acohipmk и mkdhandball им се допаѓа ова.
  3. Tomasino

    Tomasino Дете од старото кино

    Член од:
    19 март 2009
    Мислења:
    8.970
    Допаѓања:
    17.400
    http://www.vest.com.mk/?ItemID=B608A446EF55F549BF842664D653F4AA

    Нов изданок од славната ракометна лоза на фамилијата Чурлевски..
    Можеби најракометното семејство во Македонија.....
    Филип Чурлевски,среден бек....исто како неговиот славен татко Боро Чурлевски....
    По заминувањето на дузина играчи од Пелистер.шанса добија децата д вториот тим.....
    Меѓу нив најзабележлив е Филип.......
    Со мала висина,некаде околу 176 см,но цврсто градено дете,малата висина не му е никаков хендикеп.........
    Набиено,издржлив во дуели со многу повисоки и поснажни играчи од него...
    Во многу потези наликува на Боро....
    Неверојатен преглед на играта,чувство за додавање....
    Да се надеваме дека ситуацијата во Пелистер ќе се среди и детето ќе има вистинска можност да се развие како треба...
    Неверојатен потенцијал е....
     
    На Acohipmk и mkdhandball им се допаѓа ова.
  4. TheTrooper

    TheTrooper Психијатриски случај

    Член од:
    27 април 2009
    Мислења:
    5.750
    Допаѓања:
    4.482
    Штета за висината,ако е така добар како што го викаш дека е.........стварно штета.За во македонска лига,па и во СЕХА би можел да пројде како солиден бек.Арно ама во репрезентацијата или во некоја озбилна европска лига или екипа тешко дека би можело нешто да бидне од него....Додуше би можел и во репрезентацијата да има место,но никогаш како носител на игра. Ретки се тие како Додер и Врањеш,многу ретки.
    Кај нас Мојсо со 187 е прилично лимитиран со висина,не па со 176.Кога ќе се исправи ѕид од двометраши пред него нема да може да мрдне,ни да шутне.
    Би сакал да испадне некој нов Додел или Врањеш од него.........само реков,многу се ретки таквите играчи.
     
  5. olaf

    olaf

    Член од:
    9 април 2009
    Мислења:
    3.183
    Допаѓања:
    3.830
    можи и не е толку млад, ама сепак има квалитет и зато овде би го сместил и куковски!
     
    На mkdhandball му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Löwe

    Löwe

    Член од:
    14 јули 2010
    Мислења:
    6.897
    Допаѓања:
    7.855
    Него некој што ги следи децата на Металург, може да ми каже дали Кирил Ристески од младинската школа на Металург (има15тина години) е добар?
     
  7. Pelister 2008

    Pelister 2008 Ветеран

    Член од:
    28 ноември 2010
    Мислења:
    1.030
    Допаѓања:
    502
    За на лозје ? :D
     
  8. nikyhandball

    nikyhandball

    Член од:
    26 март 2012
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    6

    Mnogu mi se dopagja sto go citam ova. A kazi mi kolku godini ima Filip? Igra li voopsto vo Pelister?
    --- надополнето: 2 април 2012 во 15:46 ---
    Ne znam od kade vi e idejata deka Kukovski moze da se smeta kako mlad i kako potencijal. Povekje godini e vo super liga i ne mozam da se setam deka izigral nekoja partija za pamtenje vo evropa, osven protiv nekoja ekipa od Luxemburg ili Farski ostrovi. Za domasna liga grev e da se trosat zborovi, zatoa i performansite vo nea e izlisno da se zemaat za reper. Tuka treba da stanuva zbor za igraci koi se potencialni IDNI reprezentativci, a ne povremeni segasni
    --- надополнето: 2 април 2012 во 15:48 ---

    Jas pisuvam za Milorad Kukoski, clen na RK Vardar. Ako vie mislite na nekoj drug togas moze covek da podrazmisli
     
  9. mkdhandball

    mkdhandball

    Член од:
    29 март 2012
    Мислења:
    1.347
    Допаѓања:
    1.211
     
    На Miss Paranoia и (deleted user) им се допаѓа ова.
  10. Supervisor

    Supervisor .

    Член од:
    28 јули 2008
    Мислења:
    10.785
    Допаѓања:
    3.520
  11. bakigvg

    bakigvg

    Член од:
    30 јуни 2008
    Мислења:
    1.587
    Допаѓања:
    846
    Надежите ни се трт Милојко :tapp:
     
  12. mkdhandball

    mkdhandball

    Член од:
    29 март 2012
    Мислења:
    1.347
    Допаѓања:
    1.211

    Среќа наша што во репрезентација играат разни генерации инаку тешко дека ќе видиме наша репрезентација на некое големо натпреварување сочинета од една генерација.
     
  13. bakigvg

    bakigvg

    Член од:
    30 јуни 2008
    Мислења:
    1.587
    Допаѓања:
    846
    И ова треба да биде некое оправдување? - За ова треба да се одговара бе друже, да понесе некој одговорност за овој дебакл.
     
  14. mkdhandball

    mkdhandball

    Член од:
    29 март 2012
    Мислења:
    1.347
    Допаѓања:
    1.211

    Треба брат и јас сум за но кај нас одговорноста е како кај сениорите така и кај младиве е пренесена. Се носат некорисни играчи ко да само тие постојат и сите кутат од спортски аналитичари до федерација сите сме задоволни......
    --- надополнето: 7 април 2012 во 14:39 ---
    Инаку во контекст на ова зошто немаме често врвни спортисти. Јас имам другари и школски кои тренираат и играат фудбал "професионално" значи во клубови, некои од нив и во репрезентација стигнаа. Другар ако ти кажам дека секој втор,трет ден се по кафани се пијанчат се чаталат први се у град за искачање. Можеш да замислиш како тие утрото го одработуваат тренингот? Истото е и во ракометот истото е секаде. Така не се станува врвен спортист и немаш врвен спорт.
     
    На Saber Rider и bakigvg им се допаѓа ова.
  15. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    33.373
    Допаѓања:
    25.541
    Темата е промовирана на почетната страна на Кајгана, продолжете да ги редите младите таленти :)
     

Сподели преку: