Ајде малку подолго ќе ти одговорам. Барем моето скромно мислење, има многу позапознати од мене, јас сепак не сум никаков ракометен работник ниту имам било какви инсајдерски информации, а за овие категории реално е тешко многу да се знае набљудувајќи од страна.
Вака, генерално, имаме голем напредок во младинските категории во однос на, на пример, пред 10-15 години каде сме биле, ама тоа не значи дека сме некаква светска класа туку едноставно младите категории го стигнаа горе долу нивото кое ни го имаат и сениорите овие 10 години (10-15 место во Европа). Тоа во суштина е и причина за оптимизмот зошто на долг рок има реални шанси да задржиме континуитет (иако има ризик за мал пад идниве 2-3 години). За жал во многу лош момент се направи резот на премин од стар во нов систем кај овие категории, па пред се заради времињата во кои минатото раководство на РФМ не ни пријавуваше младински екипи а и кога ги пријавуваше губеа по 20 разлика останавме да стартуваме во Б дивизија и еве засега не успеваме (а и немаме баш среќа) да скокнеме во А дивизија.
Како и да е, засега напредокот е многу повеќе во квантитет отколку во квалитет. Тоа значи има многу повеќе солидни играчи во однос на порано, но бројот на потенцијални "ѕвезди" не е многу различен. Дали е до генетиката, дали е до тоа што сме 1.5 милион луѓе или пак можеби само треба време за повеќе ѕвезди да излезат ќе видиме. Како и да е тоа што имаме многу поголем квантитет на солидни играчи мислам дека прво ќе се одрази на домашното првенство кое би требало да оди во нагорна линија. Порано одвај една каква таква постава по генерација вадевме (со 2-3 подобри играчи) па до 16 се пополнуваше со разно разни туристи, внуци и деца кои не ги ни интересирало ракомет. Сега е тешко и во 16те да се влези има доста конкуренција. ама пак ќе кажам тоа се главно играчи кои се со потенцијал да бидат добри играчи за супер лига или максимум 12-16 играч за сениорска репрезентација. Оние со посериозен потенцијал не се во просек многу побројни во однос на минатото (иако малку побројни се сигурно).
За поединци, еве ти отприлика по позиции нешто мене што ми има око фатено.
голман: Освен
Томовски (97) кој веќе е добро познат и
Кизиќ (2001) од Вардар кој исто мислам дека е веќе солидно познат, друг некој посериозен талент не гледам. Ми се чини дека во Кизиќ ќе се крстиме нешто да биде од него, макар што за голман е многу тешко да се прогнозира, многу од голманите како многу постари прават голем напредок.
лево крило: Освен
Димитриоски (98) и погореспомнатиот
Цветан Кузманоски (99) друг не ми фаќа око искрено, ама мислам дека со оглед дека Манасков е релативно млад, а и овие двајца се релативно сигурни опции дека ќе бидат солидни играчи на лево крило нема зима.
десно крило:
Ненад Костески од Струга (не знам дали е нивен играч или позајмен од Металург) е веројатно мојот омилен играч од сите "таленти". Има се што треба да има едно врвно модерно крило (разноврски шутево од крило, брзи контри, комбинаторики со бекови и влезови...), му треба само искуство и да поработи малку на снага. Многу е млад (2001) реално, ама ако се решиме да правиме уште поголемо подмладување јас би го исфорсирал Костески и би го пратил Георгиевски во пензија. Интересно е дека е релативно висок за крило (треба да е преку 190, личи дека е повисок од Серафимов).
Шилегов (98) од Металург е исто тука опција, ама некако ми личи дека суперлигашки играч ќе биде од него (дај боже да ме демантира).
пивот: Има тука доста на квантитет -
Лазаревски (97),
Арсеновски (98) и
Митиќ (2000) од Металург,
Симоноски (2000) од КЛ7, можеби
Атанасовски (99) од Вардар, и едно доста високо дете од Аеродром (2002) заради "физика". Ама не знам колку реално има овде квалитет кој може да направи разлика на сениорско ниво во некоја идна репрезентација. Лазаревски и Симоноски се двајцата што мене ми личат на најдобри (особено интересен стил на игра има Симоноски кој е многу поподвижен од наш типичен пикер), ама ќе покажи времето до каде ќе стигнат. Добро е што сите почнаа да играат во два правци, но во секој случај ни еден не е иден светска класа пикер од типот на Фабрегас, Тофт Хансените или Банхиди на пример.
десен бек: Е тука е најголемиот проблем. Освен
Серафимов, кој стварно има талент и реално разбира ракомет ама е лимитиран физички и ќе видиме каде му е лимитот, друг искрено не гледам.
Велковски е од немај каде исфорсиран, затоа што ептен нема друг, не е реално некој особен играч - максимум иден Ф.Лазаров или Митков (дај боже да грешам) ниво на играч (а и за тоа ќе треба да напредува допрва.
Јагуриноски исто како класичен десен бек не е нешто посебно, повеќе има шанси како комбинација на бек и крило, ама прашање е дали може до ниво за репрезентација - чисто сумњам. Има едно дете
Прентоски од Металург (2002 мислам), ама рано е за него, којзнае, ќе видиме... Како и да е, еден повисок десен бек немаме, тука е потенцијален голем голем проблем.
лев бек: Тука реално освен Талески и Кузмановски (кои и не се веќе до толку млади) и нема којзнае што на повидок за брзо време. Две за мене доста интересни деца има во генерација 2002 -
Тодески (Металург екс Прилеп) и
Ѓорѓески (КЛ7). Овие двајца делуваат доста ветувачки, високи, шутери, Тодески малку поснажен, Ѓорѓески поподвижен. Теоретски од овие можеби може нешто посериозно да биде, ама е доста рано, овие се уште пионери, се е можно - за среќа конечно РФМ создаде пионерска репрезентација, така што ќе добијат повеќе можности за стекнување искуство од помала возраст.
среден бек: Тука е можеби најболна точка. Слично како кај пикерите, квантитет има, ама сеуште не се издвоил посериозен квалитет.
Танкоски е најблизу, макар што тој е Н.Мојсоски тип на играч, не е класичен среден бек нешто меѓу среден и лев е. Мислам дека Танкоски ќе го видиме во сениорите со реална улога наскоро, иако му треба уште барем година две калење. Од останатите тука би го споменал
Џигероски од КЛ7 (2001) доста нетипичен бек, по малку личи на Миркуловски, ама ќе видиме, не знам дали е доволно експлозивен.
Карапалески од Вардар (2000) е од "модерните" експлозивни ниски средни бекови, ама мене ми се чини дека е префорсиран, да не речам повеќе е Чурлевски отколку што е Скубе.
Петровски (98) од Струга односно Еурофарм е релативно интересен, ама и тој е повеќе лев бек со висина за среден отколку што е реален креатор на игра. Има и многу други што добиваат каква таква шанса во повеќе екипи во суперлига и втора лига низ Вардар, Охрид, Пролет, Металург и други, ама сега засега ниту еден не ми фаќа нешто многу многу око (пример погореспоменатиот
Ивановски мислам дека не е нешто посебно од тоа малку што сум видел - класичен низок физички слаб среден бек.
Како и да е, се се ова млади играчи. Некои многу ќе напредуваат, некои ќе стагнираат, некои можеби и ќе се откажат од ракомет. Од нив зависи колку ќе се трудат, колку ќе бидат упорни, колку ќе вложат во себе. Пример, на 16-17 години на Лука Циндриќ прашање е дали некој му прогнозирал ни хрватска прва лига, ама со многу работа и мозок, ете стана топ 10 играч во светот. Најбитното што можам да го кажам е дека не е веќе главниот проблем во школите, главниот проблем како и во другите сфери од нашето општество е дома - воспитание, амбиција, професионализам (доста од талентите ни пропаѓаат заради недостиг на овие карактеристики, не се само "лоши услови" и "школи" за обвинување).
П.С. Главниот наш проблем е што, така да се изразам, крајот на 2010тите и почетокот на 2020тите е период во кој моторот на сериозна сениорска репрезентација треба да се играчи родени отприлика 87-95та, а ние во тие генерации бевме катастрофа (пред се на бековските позиции), затоа што ракометните школи ни беа на мизерно ниво кога тие генерации беа на 10-18 години (да не речам 2000тите). Реалноста е дека она што се работи во школите и младинските категории денес во 2019та на израз ќе го видиме најрано за 5 години, ако не и повеќе, па невозможно е да цениме колку сме биле успешни или не. А поквалитетната работа не е баш почната од пред 10 години откако учествуваме на првенства, туку од пред 6-7 по моја лична перцепција (можеби грешам).
П.П.С. Мислењата горе долу ги градам на истото што го спомена и
@Chronysync погоре.