Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
@Persey Ова не е од вчера па да те чуде што те избркла е од работа без да потпишеш пристапница во Вмро, веќе 24 годни вака функционира оваа држава! Секогаш е имало бркања од работа и Сдсм коа дојде 2002 на власт 1/3 што ги вработи Љубчо ги избрка истото се дешава и од 2006 па наваму!

И ова е доволно оправдување? Демек да си наплатат и они што е нивно, како и сите претходни имбецили и обичниот граѓанин никогаш да нема прилика да покаже квалитет?
Само затоа што Бранко осакати пола држава со приватизацијата и фирмите во стечај, треба помалку да боли оваа диктатура?

Да ви го имам мозокот на два дена барем, па малку да одморам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И ова е доволно оправдување? Демек да си наплатат и они што е нивно, како и сите претходни имбецили и обичниот граѓанин никогаш да нема прилика да покаже квалитет?
Само затоа што Бранко осакати пола држава со приватизацијата и фирмите во стечај, треба помалку да боли оваа диктатура?

Да ви го имам мозокот на два дена барем, па малку да одморам.
Тоа е повеќе до фиромјанското во нас што би рекол комшијата мој. Старата позната детска, како тие, така и овие. Види со што се замараме на дневна база. Почнаа Месечината да ја населуваат и колонизираат, ние сме уште заглавени на тромеѓето кај упадот на Миле, пуштањето на парно во школото во Илинден и што и да беше и краставиците на Заев. Само прост, малициозен народ како нашиов може да вика дека државно ако работиш не смеело да се критикуваат властодршците, дека тие работни места само за ВМРО биле.

Ко така, пеки, само ВМРО членови нека плаќаат данок и придонеси од секаков вид. И така државниве институции за ништо не служат.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.888
Поени од реакции
11.603
Офф топик, ама:
Тебе сакале со попуст да те вработат.Изгледа убав си бил. Овде кај што сум јас, во зависност од позицијата и видот на работата за вработување има и терифник кој се движи од 500 до 7000.Ако планираш да останеш на работа си има и бројче на луѓе кои ќе треба да им ги "донесеш" на гласање.И ова ти е на локално ниво.
:brlav:
Тоа им сметаше пред се што сум лепотан и секс машина во движење. Автоматски праиш раздор во цело министерство а и си расипуваш веза. Капак на се образованието, обуките, јазиците и меѓународните контакти со кои не знаеа како да се справат бидејќи беа неписмени. Денес ми е мило што не си го шитнав гзот и контактите, зошто ќе ме растртеа а и без образ ќе останев. Вака мирна капа братко, капнува хонорар не им плаќам данок, не можат да ме фатат, т.е. можат да се фатат за една работа ама и тој луксуз не им го дозволувам.
Жал ми е за тие што не се снајдоа. Се надевам ќе се среди можеби некогаш за едно 400 години. До тогаш на сите им посакувам среќа во несреќава.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Добро, ако не беше доволно што приватниот живот на членот кој ја отвори темата го исподискутиравме, ќе ти дадам и сегмент од мојот живот кога веќе се осмели да ме оценуваш вака. Имам 20 години, последните 5 години (значи од прва година средно, во најубавиот период од животот) сите задоволства во животов си ги пружам преку заштеда. Додека другарите во средно трошеа пари на јадење и пиење, јас секогаш го купував она што е најефтино, а најхранливо. За пиење, додека тие пиеја сокови, јас пиев вода од чешма. На факултет сега не одам со автобус (освен кога е преладно), туку секогаш одам со точак за да ги заштедам тие 50 денари напред и назад, бидејќи ми се важни. Во втората половина од секој месец кога финансиите стануваат се поограничени, секојдневно ја темпирам исхраната за да трошам колку што може помалку пари (понекогаш и јадам само два пати дневно, битно да не сум гладен), бидејќи се грижам да не бидам голем трошок на моето тесно семејство (и тоа пази, единец сум). Моите не знаат за ништо од ова, ниту била нивна идеја (напротив, тие сакаат самите да ми пружат се што ќе посакам колку што можат и да ми олеснат колку што може, а јас упорно одбивам). Нив дури им е чудно како толку малку пари трошам, секогаш ми нудат повеќе ама јас им викам дека имам доволно. И стварно имам, и покрај тоа што џепарацот ми е значително помал од на моите другари, успевам преку внимателно трошење да го држам потребниот „стандард“ за моите години, а притоа да имам нешто вишок. А парите кои останатите роднини ми ги даваат за некои ретки настани како роденден, матура и слично, не ги трошам веднаш на рандом работи, не се „почастувам“, туку ги чувам и секогаш знам што и колку имам на располагање. Со тие пари минатото лето отидов на одмор на море, првпат во живот, и сфатив дека таа работа не е за мене бидејќи премногу се замарам за финансиите и не можам да уживам во самиот одмор, па затоа ова лето одлучив да не одам, се додека не најдам стабилна работа со редовен приход и веќе нема да се грижам за овие работи (а има време додека се деси тоа). Наместо тоа, со другар ќе работиме на коли и продавање на делови, ќе се печеме на жешкото додека некој на моја возраст од со на мама и тато парите си го лади на море.

Единствено нешто што добивам од моите, е она што е должност секој кој одлучил да биде родител да го пружи. Храна (читај горе), облека и дом, плус пари за студирање, пари кои се надевам дека ќе ги вратам доколку оваа година фатам стипендија. И јас при вакви услови, така одлучив дека знам што сакам во животот, знам што би работел со љубов, и давам се од себе за да го постигнам тоа, да бидам најдобар. Не се жалам од условите, не барам ништо, никогаш не сум рекол „леле колку ми е тешко“, никогаш не чувствувам потреба да им ги кажувам на луѓето овие работи, го кажав само пошто ти се реши да нагаѓаш кој за што ми плаќа. Ако успеам во животов, јас ќе бидам заслужен за тоа. Ако не успеам, јас ќе бидам крив. Никој друг. Дури и најчесто одам со таа мисла дека на некои луѓе им е потешко од мене и пак успеваат да направат нешто од себе. Си го избрав патот, па сега што ќе среќавам на него дур стигнам до целта, тоа никој не може да го знае. Можев да кажам дека ќе трчам по пари. Можев да лижам гзови на луѓе за да имам некаков социјален бенефит, можев да правам сплетки, да си го манипулирам патот кон успехот, да лажам, крадам и што ли не. Одлучив да бидам искрен, морален и со чиста совест, да си го заработувам тоа што ми треба чесно. И затоа ми е убаво на душата. Вреден сум, не барам посебни третмани, нескромно ќе кажам дека сум скромна личност. Никогаш не сум барал посебна привилегија од некого кого го знам, а кој може да ми ја пружи (а имало можности). Истото и јас би го правел кога би бил во таква позиција. Привилегија според заслуга, не според врска. А знам луѓе кои успеале на таков начин, и кои го прават истото, горд сум на тие луѓе и сакам да бидам како нив. Ист како нив. Постапувај со другите, како што сакаш да постапуваат со тебе, нели?

Ваквиве работи можеби препотентно би било да кажам дека ме направиле поинтелигентен, но дефинитивно ми дале некакво искуство и некакво предзнаење за тоа што ме очекува. Подготвен сум. Останува на мене да го искористам тоа како што знам за своја корист, без притоа да си ги прегазам сопствените морални принципи.

Ама што знам јас, мал сум, има време, ќе разберам некои работи.
Не побарав да ми се исповедуваш.
Супер е тоа што штедиш, што размислуваш да им помогнеш на своите, што си го сакаш факултетот и учиш со љубов. Не реков дека нема да успееш со љубов, туку дека со љубов сметки не се плаќаат. Бар во мнозинството од случаеви. Поготово во државава.

За тоа ти колку трошиш, не знам колку се дружиш со колегите твои од другите градови и села, али верувај дека ретко некој повеќе од тебе да троши. Сите ги штедиме нашите, некои и многу повеќе од тебе. Плус, имаш многу студенти кои паралелно и работат. Кога одиме приватно, јас од седум години берам тутун во Прилеп секое лето, собирам печурки напролет и наесен, во живот не сум бил на море, им плаќам сметки и на моите дома и во целиот период на студирање работев хонорарно по струка.
Заклучок, струката ја работам со љубов, али пак мора да садам тутун за да преживеам. Ако ти требаат плус пари, следен викенд добредојден си да посадиме тутун.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Пусто ВМРО.... Беше и си остана терористичка организација :facepalm:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.329
Поени од реакции
15.588
После се што прочитав на темава, до 7ма страна, најдобро е сите колективно да се откажеме од државјанствата и да си бараме азил некаде на запад, нека им остане државава нивна па кога ќе се испоизедат меѓу себе може и ќе се вратиме...
 
Z

zlaki

Гостин
Мартин Стефановски....ете човекот е на Телма..си кажува на вести..
 
Z

zlaki

Гостин
а која е оваа директорка Честоева?Знае ли некој за неа од кога е директорка и во колку политички партии има членувано.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Сега кој лаже?

Док 01 Една од потврдите за одземени предмети:


Док. 02 и 03 Решение за одземање на патна исправа од истражен судија:



Док. 04 Решение за укинување на превентивни мерки:
[DOUBLEPOST=1433742306][/DOUBLEPOST]А сега да се вратиме на тема...



Откако помина конкурсот и бев контактирам дека сум примен
Во Археолошки дојдов негде 12/13 Октомври,
До 31 Октомври работев волонтерски помагајќи да се подготви Музејот за своето свечено отворање.
По отворањето на 31 Октомври 2014 го добив првиот договор на определено работно време. Секој од договорите беше од месец за месец.

Првиот мој договор со Археолошки:


На 05 Јуни месецов не ми беше продолжен договорот на определено време од причини кои што веќе ги објаснив во текстот на насловна
Моето бркање само по себе кажува колку треба а колку не треба книшка.
Видовме колку време издржаа човек без книшка да им се врти околу стаорско гнездо.
Се обидоа да ме направат послушниче и платениче како нив,
Кога видоа не можат ме одјебаа...
Но затоа ги задржаа оние што место на работа дремеа по шатори пред Собрание за да ја спасат “демократијата“.

А да бев толку залетан по пари тука ќе си се вратев...
Немаше да се замарам во Македонија ама уопште
Законот за трансформација не си го фатил, а со истиот не смее веќе во државна институција да бидеш на договор на дело, освен на волонтерски и тоа не повеќе од 6 месеци. Сите што беа на авторски договори, а не ги фати законов исто така си заминаа.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Во држава каде што скоро сите сакаат да избегат од неа поради нискиот стандард , тебе ти нудат 1800 долари нето приходи надвор од неа, ти одбиваш , и одиш да работиш во музеј за некоја просечна македонска плата?

И ти озбилно пробуваш да ни ја продадеш таа приказна овде?
Можеби тебе и на многу други не ви е јасно дека ние сме пред тотален национален пораз. На свесни поединци како Мартин тоа му е јасно и јасно му е дека во овие времиња неопходно е своите лични интереси и приватниот живот треба да се стават во втор план.
Се согласувам со таквиот избор. Личниот успех, не е успех, во услови на општо народно морално-политичко-материјално пропаѓање. Напротив претставува уште поголем срам.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Можеби тебе и на многу други не ви е јасно дека ние сме пред тотален национален пораз. На свесни поединци како Мартин тоа му е јасно и јасно му е дека во овие времиња неопходно е своите лични интереси и приватниот живот треба да се стават во втор план.
Се согласувам со таквиот избор. Личниот успех, не е успех, во услови на национална пропаст. Напротив претставува уште поголем срам.
Краток е животот за толкава жртва, а зошто да мора за државава да се жртвуваме?
По некоја случајност сме родени тука, не значи дека мора да останеме да живееме во истата.
Прадедо ми се жртвувал и го стрелале бидејќи бил во партизани, дедо ми израснал како сирак и морало да паси крави уште од 10години т.е кога завршил четврто одделение, татко ми се ризикуваше во 2001 бидејќи го собраа од дома во ниедно време, ај ти како попаметен кажи ми до каде сме и што успеавме да промениме во тие 80тина години?
Од мое најблиско семејство се жртвувале веќе 3ца и не успеале да ја исправат државава, зошто да се жртвувам и јас?
Не чиниме како народ, менталитетот ни е срање. Едно ветуваат сите пред да дојдат на власт, друго прават и тоа сите досегашни страни, а верувам дека и сите што ќе дојдат да владеат со државава додека постои.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Голди дај преиспитајсе малце пред да закачиш уште некоја глупост. Истиот тој што тука го величиш како голем патриот бил вработен баш на таква работа и до пред да го избркаат си го сметала за неписмена багра. А за морал и достоинство се гледа дури работел, а не од кога го избркале. Не си ни заминал сам, чекал да го избркаат. Па уште и месеци немал земено плата. Еден морал на него, па уште и достоинство остај не ми збори. Слика и прилика на човек со морал и достоинство. Просто човек да се огледа на таков карактер. Сериозно да сум на твое место би си се преспитал на кој тоа ти се огледуваш и земаш пример.
Што тебе не ти е јасно?
Го вработиле како родољуб, љубител на историјата, македонизмот, докажан со залагање и дела. Но како што забегува власта и кога тоа забегување станува неспорно Мартин не се откажал од просудувањето. Не заради своја корист, туку заради доброто на сите. Тие очекувале дека и тој ќе забегува или ќе молчи. Се надевале дека ќе добијат необјективен навивач - онаков каков што тебе од искрен родољуб те направија.
Но во неговиот случај квалитет пресудил, а ти си немал доволно квалитет. И сега тоа те боли и затоа го напаѓаш.[DOUBLEPOST=1433788627][/DOUBLEPOST]
Богами колку треба да си бистар да си прокоцкаш државна работа и тоа не било која. Не збораме ние тука за чистач во комуналец па ајде нека биди.
Ете ти лично да беше во негова ситуација што ке направеше?
Ке правеше криви дрини или ке си легнеше на брашното дури не земиш решение?
Ама искрено, без многу филозофирање.
Добро е барем си признаваш дека ти си легна на брашното. Но затоа барем ќути и немој да ги омаловажуваш оние кои успеале да го зачуваат личниот интегритет и не си „легнале на брашното“.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.711
Поени од реакции
16.925
Во изминативе месеци згрозен од неодговорното и насилничко однесување на луѓето кои моментално ги окупираат државните институции на нашата татковина, испаднав на улица да побарам одговорност:

ОДГОВОРНОСТ за неспособноста на здравствените институции во случајот со деветгодишната Тамара Димовска.

ОДГОВОРНОСТ за обидот за прикривање на убиството на 22 годишниот Мартин Нешкоски.

ОДГОВОРНОСТ за монтираните судски процеси иницирани како резултат на политички пресметки со своите политички противници.

ОДГОВОРНОСТ за изборниот криминал во кој луѓе од Пустец и мртви гласачи прават бугарски возови.

ОДГОВОРНОСТ за партискиот реваншизам и бркањето од работа на политички неподобните и партизацијата на државната администрација со неспособни партиски послушници кои се таму само за една партија да си добива гласови на избори.

Во овој период јас бев вработен под договор на определено работно време како музејски водич едукатор во Археолошкиот Музеј на Македонија. На протестите не дојдов ниту да фрлам со домати, ниту да се тепам со полицајци. Испаднав за да им дадам подршка на мајката на Нешкоски и мајката на Тамара, бидејќи нејќам да живеам во држава во која тоа што им се случи на нивните деца утре би можело да им се случи и на моите или на било кое дете кое живее во оваа земја. Иако не ги познавав сметав дека е моја граѓанска должност како нивен сограѓанин да им се придружам во моментите кога на овие луѓе им беше најтешко. Мислев и сеуште мислам дека во ваков тоталитарен систем единствен начин за правдата да испадне на виделина е преку граѓански отпор. Кога неправдата станува закон, отпорот станува граѓанска должност.

Драги читатели поради овие мои ставови од вчера јас повеќе не сум дел од тимот на НИ Археолошки Музеј на Македонија. Зошто? Ако мислевте дека не се ништо посериозно сите оние телефонски разговори во кои високи државни функционери се закануваат со губење на работни места на своите политички неистомисленици вработени во државната администрација, тогаш сте се излажале. Јас тие закани и притисоци ги чувствував веќе неколку месеци врз моја кожа за на крајот да ескалираат со мое отпуштање од работа.

За да работи во Археолошкиот Музеј на Македонија човек мора да се откаже од размислувањето со сопствена глава и да почне да го позајмува она од партијата на власт.

Од самата директорка на споменатата институција бев опоменат неколку пати дека и покрај тоа што одлично си ги извршувам работните обврски, моето однесување надвор од работното место и моите статуси на фејсбук се неприфатливи за институцијата во која работам. Не било во ред да плукам врз оние што ме ранеле, и требало убаво да размислам како ќе продолжам да се однесувам доколку сакам да продолжам да работам во таа институција.

На опомените одговорив, дека ми е смешно некој да ме опоменува за тоа што го правам во мојот приватен живот. Доколку тие опомени беа за каснење на работно место, за непрофесионално извршување на моите работни обврски, за било што што се однесува за мојата работа во музеј, јас би се поправил, но апсолутно никој нема право да ми кажува како да мислам, во што да верувам, за кого да гласам на избори, каква музика да слушам, или каде да ставам лајкови на фејсбук. Јас бев вработен на позицијата музејски водич едукатор и имав за задача на посетителите да им го доловам богатото културно наследство на нашата татковина. Јас не бев вработен на позицијата партиски потрчко на ДПМНЕ. Мене Груевски не ме ранеше, мене ме ранеше мојата посветеност и љубов кон работното место.

На овој мој став ми беше одговорено со зборовите: Мартине ние не сме Шведска, мора да се привикнеш на државата во која живееш.

Тоа е и проблемот, што сакам да живеам во Македонија а да се чувствувам слободен како во Шведска. Можам но нејќам да си заминам од оваа држава, сакам тука да направам своја фамилија на која ќе и обезбедам сигурна иднина. Главна пречка за тоа се оние што моментално се наоѓаат на власт.



За лицемерието на директорката да биде поголемо на 05 овој месец ги свика сите 11 души кои од Октомври 2014 година работевме во Археолошкиот Музеј на позицијата музејски водич едукатор. Почна да чита имиња и презимиња од кои четворица никогаш не беа прочитани и го изгубија работното место. Меѓу избришаните бев и јас, веднаш станав, се насмевнав, и си заминав. Знаев дека беше само прашање на време кога. Во лифтот на искачање од еден од вработените наместо срдечен поздрав ми пренесе дека долга била раката на ВМРО. И стварно била долга, а тоа се гледаше во оние што останаа на работа. Тоа беа оние кои наместо на работно место во музеј имаа партиска обврска секојдневно да се појавуваат во шаторите пред Собранието на Македонија. Додека они кампираа и сеуште кампираат за задоволувањето на суетата на нивните партиски наредбодавачи, ние другите работевме во музејот, имавме дупло ако не и тродупло повеќе тури со кои посетителите ги запознававме со богатото културно наследство на нашата држава. За жал кога дојде времето на кастрење за директорката повреднувани беа партиските потрчковци него ли музејските водичи.

Некој сега ќе праша а зошто воопшто кастрење на работни места во институција која почна да работи пред нецели седум месеци.

Драги читатели Археолошкиот Музеј на Македонија е на раб на банкрот. Овој наш музеј нема финансиски средства ни за тоалетна хартија камоли пак пари за да ги плати сметките за струја или исплати своите вработени. Од седум месеци работа имам земено само три плати. Посетеноста на музејот е минимална, по одвај четириесетина посетители секој ден. Маркетингот речиси и да не постои, сосем разбирливо кога ќе имате во предвид дека главно и одговорно лице за маркетингот на целиот музеј е една персона која со цел памет тврдеше дека во саркофагот изложен во Археолошки почивале и коските на Александар Македонски, та затоа и се нарекувал Александров. Додуша нормално е тоа за нашево опшество бидејќи таа персона била вработена во нашиот археолошки музеј како заслуга за “патриотската борба“ на нејзиниот маж кој како главен и одговорен уредник во својата емисија носи стручњаци кои ни раскажуваат како бог ги создал Македонците во десетиот ден.

Археолошкиот музеј нема означени правци за движење, нема ознаки за хронолошки периоди ниту пак информативно едукативни табли за тие периоди, ниту пак има план на просторот за да знаете каде се наоѓате. Додуша има водичи, но од оние што останаа само за еден може да се каже дека колку толку знае англиски. Другите не знаат да сврзат ни просто проширена реченица. Со среќа нека им е понатамошната работа, на странците дефинитивно ќе им биде забавно.

Археолошкиот музеј нема ни било каква интернет социјална или печатена маркетинг пенетрација. Музејот нема ни едно обично флаерче на кое би ги пишувало најбитните информации за работно време, телефон за контакт, ценовник. Нема ни знак за влез, или излез. Легендите во витрините кои би требало на посетителот да му кажат каде се откриени, од кој век потекнуваат и што претставуваат артефактите изложени во нив, се или грешни со испомешани бројчиња, или премногу ситни и недоволно осветлени па никој неможе да ги прочита камоли разбере, или пак воопшто ги нема. Сите видео проектори кои наводно би требало да покажат дека музејот е во чекор со модерната музеологија уште од самото свечено отворање се прегорени и вон употреба главно поради погрешно поставена електрична инсталација. Прашината е насекаде, од три хигиеничарки само една работи, а причината е бидејќи само она нема партиска книшка, та само она се плаши за своето работно место, и мисли дека трудот е она што ќе ја спаси.

Кај е директорката во целата работа? Знае ли таа за сите овие работи?

Знае верувајте многу добро знае:
Знае и за списоците со кои штиклираше присуство на своите вработени на митингот на ДПМНЕ на 18 Мај,
Знае и за специјалниот статус кој го уживаат сите здруженија на УМС на ДПМНЕ на ниво на цела република кои кога сакаат можат бесплатно да си влезат и да се шетаат околу музејот, како они да не се обични граѓани туку некоја буржоазија со сина крв.
Знае и за тоа дека 90 посто од администрацијата не и работи ништо туку функционира на принципот примај плата клати врата, само бидејќи мислат оти партиската книшка а не работните обврски се единствениот критериум како да ја задржат својата позиција.
Знае дека и златната маска и нараквица и се копија, како и што и се копии и скулптурата Венера Пудика, Големата Мајка од Тумба Говрлево, Адамот од Говрлево, архитравната греда од Исар Марвинци, и голем број други наоди бидејќи очигледно никој не верува во нејзината способност овие значајни артефакти научно и професионално да ги презентира пред пошироката јавност.

Директорката наместо да го средува музејот побитно и е дали ќе биде видена во првите редови на некој партиски митинг, или колку ќе биде лајкуван некој нејзин фејсбук статус во кој ги воспева догмите на ДПМНЕ. И пак сето ова е нормално за нашево опшество бидејќи очигледно партиската книшка е единствениот критериум поради кој она воопшто дошла до позицијата до која дошла.

За жал нашиот музеј и покрај големиот број на пари фрлени за него не нуди, како што смета неговата директорка, „една голема вистинска приказна, заснована на една величествена историја“, тука го експонира/соголува нашето денешно незнаење и неумешност, шарлатанство и самобендисаност. Ние сме само лоша копија на современите европски култури, а за музеологија не умееме ни да мислиме, камо ли да ја (с)работиме. Таму, во таа наша македонска „музеологија“, очигледно царува вечна ноќ, како и во новиот Археолошки Музеј на Македонија, кој за жал е само фабрика за партиски гласови на избори.

Драги читатели и граѓани на оваа држава. Моето име е Мартин Стефановски. Немам партиска книшка ниту планирам некогаш да земам. Сакам да успеам во животот со мои раце и мој мозок без да позајмувам од партијата. За жал државните институции ни се киднапирани од партиски насилници и тие во заложништво го држат нормалниот живот на граѓаните во оваа држава. Поради тоа јас продолжувам да доаѓам секој ден во 6 пред Владата на Република Македонија бидејќи сакам да живеам во нормална држава каде слободно и непречен од никого ќе имам услови да оформам семејство на кое ќе му обезбедам среќен и нормален живот.
ako si sposoben gajle nema, otidoa site sposobni vo stranstvo... a ima pološo, luđe što rabotaat vo privatni firmi, so potežok fakultet od tvojot, za 10.000 mkd i toa poveće raboti i kreativno dizajnerska i so majstorite, pa duri i kombe da vozat može da pobara gazda... e tie luđe se turbo optereteni i ne odat na nikakvi mitinzi i zaebancii...
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Не е решение, ама додека не дојдам до паметно решение нема да поддржам друг имбецил
А како ќе дојдеш до паметно решение, ако не напредуваш, не стекнеш искуство. Лично испитувајќи со обиди во разни патишта, со успеси, порази, падови и успони?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom