И сега што?
Прво ке заклучиме дека познаваш многу луѓе, сепак еден милион не се малце да се разбериме
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
Друга работа е што вака тебе како попаметна ( искрено) мислев од еднаш ке ти биде доволно да сфатиш што мене тука ми пречи.
Значи не откривме топла вода дека за во државно треба партиска книшка плус врски. Тоа не е од вчера ( ова за дечињата родени после 2000 година) туку така е од почетокот на повеќепартискиот систем што би рекле од раните деведесетти. За порано незнам ама се вртат муабети дека ако си сакал да одиш погоре на скалилото пак си требал да имаш некаква книшка.
Но тоа тука и не е ни битно.
Јас неможам да зборам за другите но мене искрено воопшто не ми пречи снаодливоста кај луѓето. Борба за гол живот е. Некој кодоши, некој лижи, некој е упиклив, некој лепи плакати, некој зема бугарски пасош и се одродува и уште многу други работи за да успеат во животот или целта ги оправдува делата што би рекле по нашки. Кој колку можи и колку му делиле. Тоа е тоа. Таква е реалноста ни се допаѓало тоа нам или не.
Но од такт ме вадат плачковци, а примерот тука е слика и прилика на плачко. За да не бил плачко требало многу поинаку да постапи уште посовреме. Така да нити ми е посебно гајле како влегол таму( се снашол ), ни дека трпел ( требало инвестирал) ни дека работел за неколку души ( тоа што се мора се мора дури да се земи решение, а и рака на срце се убил од работа ) , ама зошто плачи. Па уште храбро изјавува дека неможеле да му ја свиткаат кичмата. Нема тој никаква кичма, мекотел е затоа што седел и трпел и ке трпел уште којзнае до кога ако не го спашкале. Да имал кичма ке им ги фрлел документите уште којзнае од кога, ама како што реков државно си е државно. Тоа е крајната вистина. И сега јас него треба да го жалам и да го правиме маченик. Храбар борец против власта. Сега ако се лажиме ок, ама јас неможам да се сочувствувам со него, ти како сакаш. Секој со свој ум.[DOUBLEPOST=1433800632][/DOUBLEPOST]
Ти велам јас дека апсолутно ништо ама БАШ НИШТО немаш сватено од цел муабет.