Во кого сега да ја бараме одговорноста за лошата позиција на Р. Македонија во преговорите ? Или сево ова е коинциденција ?
СРЕДБА НА ПАПАДОПУЛУ СО ФРЧКОСКИ И КОСТОВСКИ
Сителовата камера забележа и интересна средба во еден ресторан во Дебар Маало.
Регистриран е работен ручек на грчката амбасадорка во Македонија Александра Пападопулу со професорот Љубомир Фрчкоски и бизнисменот и поранешниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски.
Откако не и беше дозволено на нашата екипа да влезе во ресторанот, Фрчкоски рече дека не сака да дава изјава и дека средбата е од приватна природа.
УНГАРИЈА Е ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО, ХОЛАНДИЈА ЌЕ ЧЕКА РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО
Унгарија ќе гласа ЗА, Холандија сака да види решение за спорот со името. Македонија може со сигурност да се потпре на унгарскиот глас во Советот на ЕУ, Но затоа пак за да ја добие поддршката од Холандија прво ќе треба да постигне комромис со Грција.
Симон Филипини со децидна порака. Дали ќе добиете датум за преговори зависи од тоа дали Груевски и Папандреу до 7 декмеври ќе изнајдат решение за името.
- Сакаме да видиме решение, Ова е билатерлаен проблем , но не може да се негира грчката позиција во ЕУ, ниту дека ова прашање е ставено на маса. Ако има исход, Македонија ќе добие датум за преговори, и покана за НАТО - вели Симон Филипини, амбасадор на Холандија.
Позитивниот извештај, тет а тет средбата Груевски - Папандреу, и огромниот меѓународен притсок според Амбасадорите се доволно позитивни сигнали кои даваат надеж дека е можно решение до декември.
Состанокот на Советот на ЕУ ги размрда дипломатските активности. Владините министри лобираат во странство, странските амбасдори на координирани средби со домашните лидери.
По Евроамбсадорот Фуере денеска уште тројца амбасдаори оставрија средби со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Во меѓувреме во Европскиот Парламент започна расправата по извештајот за Македонија. Европратениците ќе усвојат резолуција со која бараат од Брисел датум за Македонија. Усвојување на препораката на ЕК од земјите членки побара и известувачот за нашата земја Зоран Талер.