Меѓународно движење против промена на името

Дискусија во форумот 'Македонска дијаспора' започната од Misirkov, 4 ноември 2009.

  1. Misirkov

    Misirkov Модератор

    Член од:
    17 март 2005
    Мислења:
    11.516
    Допаѓања:
    1.517
    http://www.smk.org.mk/index.asp?content=vest&id=1751&vlang=mk

    СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

    ИТЕН И БЕЗУСЛОВЕН ПРЕКИН НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА, А НЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕГОВА ТРАЈНА ПРОМЕНА!

    31 октомври 2009 година, Скопје, Македонија -

    Референдумот е легитимно право на граѓаните за непосредно остварување на власта, а одлуката на референдумот е задолжителна. Но, прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа „за самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и придавки!

    Нов референдум нема да биде референдум за одбрана на државното име Македонија, туку за негова трајна промена. Исто како што Македонија со медијаторство на Обединетите Нации не разговара за замена на времената референца „поранешна Југословенска Република“ со ново меѓународно име, туку за разликата за државното име Македонија во односите со Атина, што не значи негова промена!

    Притоа, меѓународно име е државното име Македонија, а името на македонскиот народ е нераскинливо поврзано со името на државата Македонија. Секоја промена на државното име Македонија значи трајна промена на името на македонскиот народ, бидејќи по меѓународно право националноста како синоним за државјанство по автоматизам се определува од името на нацијата како синоним за држава. Идентитетот на нацијата е името на државата!

    Затоа, Светскиот Македонски Конгрес бара итен и безусловен прекин на разговорите за разликата за државното име Македонија во односите со Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик „The Republic of Macedonia“ со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција Јужна Македонија.

    Барањето на Атина и притисокот на Европската Унија за промена на државното име Македонија претставува геноцид врз македонскиот народ и злосторство врз човештвото!

    Светскиот Македонски Конгрес ги повикува парламентарните партии, претседателот на Републиката, пратениците и министрите на единство за одбрана на државното име, а не на велепредавство за негова трајна промена!

    Македонците се за пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, но доколку грчкиот геноцид врз македонскиот народ, антимакедонизмот на Атина и промената на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, се отфрла членувањето во овие сојузи на држави.

    Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет се: за неповредливост на македонско-грчката граница, за македонско-грчко помирување, за враќање на државјанствата и имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од балканските војни и граѓанската војна во Грција, за договор за траен мир и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Грција, и се откажуваат од ексклузивното право врз културата и историјата на Македонија како дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос независно од разликите во читањето на историјата дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации, но ги отфрлаат притисоците за промена на државното име Македонија!

    Светскиот Македонски Конгрес апелира до Соединетите Американски Држави да не го погазуваат стратешкото партнерство со Македонија, да се откажат од притисоците за промена на државното име Македонија и да останат доследни на одлуката за признавање од 3 ноември 2004 година!
     
    На beret му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Silber

    Silber Peace/Salaam

    Член од:
    31 март 2009
    Мислења:
    500
    Допаѓања:
    15
    Jas ne sum Makedonec po nacia.
    No ke im predupredim na Makedoncite da ne promenat imeto.

    Iako nema istorija ili bilo sto, sekoj narod ima pravo da se narece taka sto on saka, a ne kako drugite sakat.

    Toa e chovecko pravo.

    Ako promenite ime da znaete deka ke ispadnete uste po provokativno.

    Makedonija ne e Rukometni klub pa da se promeni imeto.

    A i site narodnosti sto ziveat na Makedonija ja imat pravoto da se narekuvat deka se od teritorija na Makedonija ili Drzava.
    A tie prava ako ne se soglasuvat sami nikoj ne moze da im ja zemat ni na Makedoncite niti na Albancite niti na Turcite sto ziveat na taa drzava.

    Moze da se promeni politicko ime Republika da stane federativno, Kantonalno, ama ne moze Makedonija da se promeni.

    I na kraj , i da ne postoi narod Makedonija chovek ima medjunarodno ljudsko pravo da se narece taka kako sto saka. I kraj. The end. Koniec.

    Dokolku ostanuva na EU za promena na imeto pa potoa da se sklucime vo EU, posle toa ke bara druga zakacalka.
    Ke kaze zasto promenivte ime ne e mozno vo EU da se clenuvate.

    Neka se podobri ekonomijata na Makedonija pa ke vidis kako EU ke ne zamoli za clenka vo EU.

    A so vakva politika i siromastija Evropska zaednica ke bara i na Sharplaninecot da mu promenime imeto. Ke ja vikat Evrokuche.
     
    На J.Zanetti, Turrican и *phoenix* им се допаѓа ова.
  3. bitushanec

    bitushanec Борец за човекови права

    Член од:
    17 јануари 2006
    Мислења:
    3.741
    Допаѓања:
    809
    Што мора да се брза со името, кога за 6 години ќе стапи на сила Лисабонската Декларација со која Грција нема да има право на ВЕТО. Затоа и Грција и нејзините поддржувачи во ЕУ, брзаат да го сменат македонското национално име, пред Грција да го изгуби правото на вето. Повеќе ме чудат соросоидине и нивните медиуми, како простачки, бедно и дрско прават тензии во Македонија за промена на името; читам наслов, албанците биле против референдум за името, а никој од нив не спомнува дека другите 75% т.е. апсолутното мнозинство во РМ има исто така основно човечко право на самоопределување и нарекување како што се сака.
     
  4. Bratot

    Bratot Стоик и Машкртник!

    Член од:
    27 јануари 2007
    Мислења:
    17.089
    Допаѓања:
    4.399
    Edna poraka

     
  5. Стефус-Рефус

    Стефус-Рефус Jesus Loves Macedonia

    Член од:
    30 август 2009
    Мислења:
    3.452
    Допаѓања:
    1.201
    Знам дека сите ја ратификуваа Лисабонската спогодба е сега за колку години стапува на сила незнам но знам дека нема да има веќе вето за некои или сите работи и дека ќе се решава со 2/3 мнозинство. Како и да е не се менува име за ништо тоа не е нешто што се продава за Пари Плата или друиги материјални бонуси.
     
  6. pcjodamaster

    pcjodamaster :trololo:

    Член од:
    20 мај 2006
    Мислења:
    4.180
    Допаѓања:
    127
    Првин се планираше Лисабонскиот договор да се имплементира 6 години, ама после оние кочења од разни страни, сега ќе го протуркаат на мала врата. Ако веќе и не го сторија тоа. :)

    Јас очекувам дека до крајот на 2010 ќе бидат добро 80% (од договорот секако) ставени во акција.
     
  7. Goran_Makedon

    Goran_Makedon

    Член од:
    24 јуни 2008
    Мислења:
    1.705
    Допаѓања:
    73
    Јас ја поддржувам лично и персонално ваквата иницијатива. Доколку се одлучиме да излеземе од смешниве преговори излегуваме, гордо и храбро и ќе си го продолжиме патот како самостојна Република Македонија. Сакале ни отвориле граници сакале ни затвориле. Македонија - вечна !!! Нели ?
    Ако сакаат грците може и марсовци да не викаат, со тоа си ја докажуваат простотијата, меѓутоа да менуваме устав односно име - НИКАКО!
     
  8. Extremes

    Extremes

    Член од:
    3 март 2008
    Мислења:
    831
    Допаѓања:
    31
    Она што е важно за нас е што се менува и гласањето. Нема веќе секоја одлука да се донесува со консензус. Правото на вето во повеќе области се укинува. Многу од одлуките ќе се носат со квалификувано мнозинство.

    На пример, одлуките за започнување на преговори ќе се носи со двојно мнозинство 55 отсто од членките, плус 65 отсто од вкупното население. Но, одлуката за членство ќе биде подложна на ратификацијата кај секоја земја.

    Според агенцијата за стратешки анализи „Стратфор“, Лисабонскиот договор е обид на Европа да направи структура за одлучување која ќе ја обедини расцепканата политика на земјите членки и во склад на целината ќе и овозможи да стане континентална сила.



    Znaci suma sumarum: Ova sto sega ni nudat "zlatna sansa" za promena na ime, i pocetok na pregovori, e gola voda, ili obid na EU da I POMOGNE NA GRCIJA, da si ja proturka svojata agenda, dodeka se uste moze da ucenuva.


    Od v godina, nema da moze Grcija da se mavta nasekade so zakani za VETO, bidejki za pregovori e potrebno samo 55% mnozinstvo od brojot na zemji clenki, i 65% od zastapnicite na vkupnoto naselenie na site zemji zaedno. (Grcija i Kipar zaedno se 10 milioni :) )


    Makedonija dogodina ke moze slobodno da povne pregovori, istite da gi zavrsi, da ja primat kako polnopravna clenka....megjutoa, i Grcija da ne go ratifikuva protokolot za priem...


    Prasanje e samo do koga ke moze da go izdrzi pritisokot, da ne ratifikuva nesto koga Makedonija kje e vekje neformalno clen na EU, so zavrseni pregovori...
     
  9. Karlos sakalot

    Karlos sakalot

    Член од:
    29 декември 2008
    Мислења:
    1.505
    Допаѓања:
    43
    Во моментов не се најлоши Грчките закани или предупредувањата на ЕУ.Најлоши се домашните врзламџии.Осетија дека се зголеми притисокот од надвор и се нафрлија ко хиени и тие.Тие се поопасни од Грчките срања.Утре не можеме никој да го обвиниме за тоа како некој ни го сменил името.Името сами ќе си го мениме.
     
  10. Ripes

    Ripes

    Член од:
    17 јули 2008
    Мислења:
    704
    Допаѓања:
    260
    Ако знаат нашиве дома паметно да изиграат ќе биде добро..пошто работава како шо оди пак ние со свиткана кичма ќе си останеме...
     
  11. Solid

    Solid Зона на самракот

    Член од:
    26 август 2007
    Мислења:
    6.921
    Допаѓања:
    3.112
    Народ што ќе си го смени името па макар и да му е буквално сигурно мед и млеко ако прифати ново име,не заслужува да има држава.Сега ќе видиме што сој од народ сме.А референдумов е меч со две острици.Ако веќе има референдум во никој случај нема да гласам за промена на име.
    Цел свет ќе ни се смее ако дозволиме ново име за државава со наша согласност.Веќе имам познаници странци кои ме прашуваат дали стварно планираме да менуваме име.Едноставно не им е сватливо.
     
  12. theMac3donian

    theMac3donian Мак3донецот

    Член од:
    5 февруари 2007
    Мислења:
    3.690
    Допаѓања:
    258
    Јас си го кажав своето!

     
    На Pencil и Drettica им се допаѓа ова.
  13. oon

    oon

    Член од:
    3 ноември 2008
    Мислења:
    2.640
    Допаѓања:
    954
    ВИСТИНАТА ПОЛЕКА ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА
    :tapp:ПАПУЉАС НЕ ОДОБРУВА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА И ЈАЗИК

    Грчкиот претседател, Каролос Папуљас, по средбата со генералниот секретар, Бан Ки Мун во Атина изјавил дека добрососедските односи не се градат преку нерешени проблеми.
    [​IMG]
    Папуљас, прв пат директно прашањето за името го поврзал со јазикот и идентитетот.

    Прашањето е многу едноставно, географскиот простор на Македонија од средниот век е мултиетнички. Не е татковина на еден народ.

    Грешката на Скопје е во тоа што вели дека има право на целиот географски регион иако државата и нацијата се само дел од него. Тие ја нарекуваат својата земја Македонија, а јазикот македонски и се обидуваат да стават хипотека на цела Македонија. Тоа е целта и на нивната реторика за голема и расцепкана македонска нација. Грција не сака да ја крсти соседната земја, но се противи на обидите за узурпација, рекол Папуљас, повторувајќи ја грчката позиција за име со географска одредница за севкупна употреба, како решение за спорот меѓу Скопје и Атина
    http://www.sitel.com.mk/?ItemID=CEDF0333141E3646B6C1C59D4D0D6CD1
     
  14. @cool@

    @cool@ Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική

    Член од:
    2 јуни 2007
    Мислења:
    23.580
    Допаѓања:
    27.048
    Dali go vidovte ODGOVOROT na pismoto(pokanata ) na Papuljas za poseta na Makedonija.
    Dali ja vidovte DRSKOSTA gejska- koja gi nadmina site granici?????????:pop:

    kako i da e - mirisa na mnoguuuuuuuuuu loso
    I ODVNATRE I ODNADVOR
     
  15. Славјански

    Славјански Антички Словен

    Член од:
    2 мај 2008
    Мислења:
    5.644
    Допаѓања:
    1.343
    А вие го видовте ли Тито Петковски како одработува за Грците.
    Македонското собрание да донело декларација дека ќе го решела проблемот до декември.
    Кај ги симнаа од село, ги направија државници, абе шиткач на зелено пазарче да биде а не да ми ја шитка државата.

    Значи според Тито Петковски, Македонците имаат проблем со сопственото име и самите на себе да си дадеме рок до декемви да си го решиме името.

    Не се издржува оваа состојба.

    Најдолна врста на луѓе има пристап до медиуми, да може да го труе народот секојдневно, лидери на партии, професори, судии, уредници, гниди, не се исплати кондура да прљаш со нив.

    И за Грците.

    Абе кога влегуваа во македонските куќи кога штедеа куршуми па на бајонет ги наденуваа, прво мајката па децата, го правеа тоа од љубов, од што не сакаат.
    Па ние сакаме добра воља од нив.
    Ах да и тенкчињата мили лани што ораа по нивите на Македонците, ораа зошто се плашеа леб дали ќе има, многу мислат на нас.

    Абе прекин, прекршена е времената спогодба, се враќа знамето, се враќа името и барање до ООН да се подржи примемот под тоа име.

    И пари за меѓународна презентација на нашиот спор од времето на етинчките чистења.

    И осуда за геноцидот да се бара од советото за безбедност.

    Доста веќе наведнувања.

    Следната година да се видиме во Солун.
     

Сподели преку: