Меѓународно движење против промена на името

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Излезе и Филип Рикер да ја демантира оваа вест, а истата ја демантираше и самиот Друцас (на Македонски јазик , преведено Дркач) но не заборави да спомне дека тие повторно цврсто застанале и ги потсетиле американците за нивните црвени линии. На прашањето за „споредните“ прашања, т.е. нашиот идентитет и јазик, дркаџијата одбегнал да даде конкретен одговор.
Интересно е што во веста на то-вима стоеше дека Америка препорачала Северна Македонија за замена на ФИРОМ :wink: А не замена на уставното име.
Јужниве педери или се навистина глупи или пијат нафта насабајле :pos2:
Сами си шпекулираат, сами се радуваат на шпекулациите, потоа самите ги демантираат, па се тажни...во шпекулациите самите си ги поткопуваат црвените линии ... циркуси :vozbud:
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Под уставното име не признаа ден пред референдумот во 2004-та и со тоа пропадна референдумот.Е толку лесно се манипулираат Македонци зато сме до ова стигнати.:tapp:
Nemoj bre taka da zboruvas protiv SAD,site clenovi ke te napadnet,pocnuvajki od clenot Hawk2401 pa do Human,vo drugi temi pisuvat bravo SAD bravo izrael, zaradi toa koga da se logiram sekogas se prepukuvam so ovie nekolkumina clenovi sto se i sakam da im dokazam deka SAD ne i e prijatel na Makedonija,toa se gleda i vo 2001 a i vo 2004 koga se organizirase referendum protiv decentralizacijata,koga SAD ja prizna Makedonija so cel referendumot da bide neuspesen..:toe: A i sega se gleda neprijatelstvoto na SAD kon Makedonija,sto sekoj den skoro insistirat da se resi sporot so imeto oti ke imalo destabilizacija,Riker nekolku pati ova go kaza.:toe:
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Наскоро македонско радио и весник во Грција

Автор: Александар Поповски
21 март 2010, 11:22
Извор: Макфакс

Отворање на радиопрограма на македонски јазик, издавање на печатен весник и низа други културни настани најавува партијата на македонското малцинство во Грција „Виножито“.

Овие новини синоќа на македонската заедница во Мелбурн им ги претставил членот на „Виножито“Димитри Јоану, кој на петтиот континент пристигнал на покана на Комитетот за човекови права за Австралија.

За македонските иселеници во Австралија особено радосна беше веста дека во Солун веќе се формирал еден клас од 30 тина ученици кои го изучуваат Македонскиот јазик, се наведува во соопштението доставено до медиумите во Македонија.

Димитри Јоану ја информираше заедницата дека на 1 мај партијата "Виножито" ќе издаде весник со над 20 000 примероци. Весникот ќе биде двојазичен а поголемиот дел ќе биде на грчки јазик.
Наскоро се очекува да се отвори и радио програма на македонски јазик, но седиштето сеуште не се знае.

Според Јоану радува фактот дека во Воден и воденско поголемиот број од членовите на "Виножито" и фондацијата "Крсте Петков Мисирков" се млади и многу амбициозни членови кои без страв ги користат нивните најосновни човекови права.

Тој информираше дека во Воден постоела табла на од четири на четири метри на која пишувало на македонски канцеларија на "Виножито" и Фондација "Крсте Мисирков".

Јоану во Австралија бил придружуван од познатиот лингвист Виктор Фридман, кој е многу добар познавач на македонскиот јазик и култура.

Тој одржал говор на чист македонски јазик пред македонските иселеници, кои со големи овации го наградиле поради неговото одлично познавање на јазикот.
Притоа Фридман навел дека Грција нема никаква демократија и дека мора да ја смени својата политика од корен.

http://www.time.mk/read/NONE/27b018da20/index.html
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Супер е идеата само дали овие фашистичките гејови ќе дозволат.
 
E

emission

Гостин
Ова мислам дека е подобро да отиде во посебна тема бидејќи е многу значајно. Албанија класови на Македонски јазик, сега би требало и Грција да дозволи изучување на Македонскиот јазик, на ред ќе биде Бугарија и нештата ќе си дојдат на свое место.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Балканска Република Македонија (наместо ФИРОМ) со Македонски народ и современ или модерен Македонски јазик!? :toe:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Кога не би бил Груевски...

Чудна работа! Не ги притискаат своите пријатели во Атина, туку оние во Скопје, кои им се распослаа како черга во Ирак и во Авганистан. Уште почудно, тие што од македонска страна тогаш ги бранеа интересите на државата, се согласуваат дека проблемот е тука, дома. Инсистираат ние да бидеме флексибилни кога знаат дека од новата флексибилна доза, која нé тераат сами да си ја вшприцаме, од ‘рбетници преоѓаме во безрбетници, од слободни мислечки суштества се трансферираме во бессовесна стока, што со речникот на еволуцијата е скок од милион години назад во минатото

Еден од најмаркантните македонски политичари, кој скромно вели дека е креатор на сите досегашни државни политики, деновиве изјави дека „најголемиот проблем на Македонија е Никола Груевски“. Тоа значи дека не се грчката политика и нејзините трансатлантски влијателни поддржувачи, не е ни домашната лобистичка логистика на сите нивоа и во сите јавни сфери, која радосно ни најави дека Грција конечно е согласна да го прифати „нашиот“ предлог да се прекрстиме во северни македоноиди, не се ни базното, структурно заостанато стопанство, неконкурентноста, ниското ниво на знаења, старите технологии. Не е ни демографијата со наталитет што сугерира изумирање на „видот“, енергетската зависност, нерешените, а напластени проблеми.

Па, си велам, ајде заедно да се впуштиме во симулација и да претпоставиме дека Никола Груевски го нема, да речеме дека го убиле платени убијци од Чеченија или, по една исфингирана УЧК-офанзива со десет илјади мртви, експресно го испратиле во Хаг! Дали дотичниот мисли дека „тој ќе биде мажот што ќе му соопшти на македонскиот народ дека му го смениле името?“. Мисли дека може да го стори тоа, а да не заврши на плоштадот обесен за јајца како жив споменик?! Мисли дека е изводливо по невидена медиумска кампања некој самосвесен Македонец да си го продаде идентитетот за некое евро, кое утредента ќе го исере во нужник? Го лаже ли умот дека ако изгради некое ново Пелинце, ќе стане тоа ново место за поклонение на новопроизведениот народ? На каква стабилност, просперитет и иднина се надеваат ваквите ментални склопови кога се исцртува слика на тотална девастација на една нација?

Пред да почне нова тура жесток напад од сите оружја врз Македонците и нивното самочувство, би сакала да расчистиме некои нешта. Луѓето се раѓаат како слободни суштества. Во согласност со своите убедувања, стекнати или наследени, се самоидентификуваат. Политики што го негираат, силуваат или одземаат тоа право се злосторнички, фашистички, геноцидни. САД, кои се јавуваат како покровител на таквите политики во 21 век, не се ништо друго освен наследник на белото предаторство демонстрирано низ колонизаторскиот период од Атлантикот до Пацификот.

Неговата екселенција, Филип Рикер, завчера упати јавна закана до Македонија дека ако не го искористи „златниот момент“, ќе почувствува дури и економски последици. Ако го кажа тоа јавно, можеме да замислиме што му кажува на Груевски насамо, со што се му се заканува и го плаши за да му ја најде точката на топење. Впрочем, го преживеавме тоа искуство во 2001 година, кога со олеснувачот Пердју го „испреговаравме“ октроираниот Устав, за сега со неговите имплементирани благодати повторно да ни се закануваат.

Доколку го нема Груевски, а во согласност со процената на Црвенковски, немаше да има потреба од ваков вид „елегантна“ закана. Имено, имаме практични искуства од преговарачките вештини на дотичниот господин, кој како кормилар успешно го заринкуваше бродот Македонија во сите претходни фази на деградирање на државата и народот. Да ја земеме како пример Привремената спогодба, која само во еден член ги штити македонските државни интереси, а токму тој член не се важи. Грција никој не ја притиска да го почитува членот 11 дека нема да ги попречува македонските интеграции. Спогодбата е дело на тимот на Бил Клинтон, која македонската влада кротко ја потпиша, а САД е покровител на таа спогодба. Метју Нимиц е Американец. Македонија е сојузник, па партнер ем пријател со Вашингтон. А Америка се декларира како империјална сила со нежно срце, извозник на човекови права, заштитник на мали поробени народи. Чудна работа! Не ги притискаат своите пријатели во Атина, туку оние во Скопје, кои им се распослаа како черга во Ирак и во Авганистан. Уште почудно, тие што од македонска страна тогаш ги бранеа интересите на државата, се согласуваат дека проблемот е тука, дома. Инсистираат ние да бидеме флексибилни кога знаат дека од новата флексибилна доза, која нé тераат сами да си ја вшприцаме, од ‘рбетници преоѓаме во безрбетници, од слободни мислечки суштества се трансферираме во бессовесна стока, што со речникот на еволуцијата е скок од милион години назад во минатото. Јас претпочитам при ваков „слободен избор“ тие што имаат неограничена моќ да донесат одлука во Советот за безбедност, да ги летнат авионите на НАТО и да ја пеплосаат Македонија или да ги отворат повторно европските логори на смртта, за да им се запише ним во историјата и овој „виндоу оф опортјунити“.

За крај, додека уште можеме да мислиме, треба да нé интересира зошто толку многу запнале „да нé решат“ баш сега и на ваков начин. Политиката на т.н. меѓународна заедница (САД и ЕУ) се покажа како поразително неуспешна на сите полиња. Ресурсите, вклучувајќи го и човечкиот, а со тоа и парите, се трансферирани во Азија, особено по економската криза. Моќта исто така. Во моментов таму се водат две безизгледни војни. Блискоисточната криза добива нов залет. И ЕУ е во тешка политичка, економска и социјална криза. Еврото се тетерави, списокот на банкрот-држави се продолжува, ни Лисабонскиот договор не ги затвори дилемите околу суверенитетот на земјите-членки. Поради двојните стандарди, политичкиот интегритет на Западот е тешко нарушен. НАТО минува низ криза на идентитетот, а тоа се случува со сите евроатлантски институции. Нивните политики за проширувањето на западните вредности се неуспешни. Украина и Грузија, БиХ, Косово и Србија, Турција, Кипар се дел од серијата политички порази. Во ова купче Македонија е единствениот „експеримент“ за кој владее уверување дека малку чини, а симболично многу дава. Порано тоа го викаа „монета за поткусурување“. Или е тоа, или е уште пострашното. На САД им се брза да нé средат (Балканот) за да имаат чист старт за нова војна во Азија.

Автор: Мирка Велиновска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32510158498&id=13&prilog=0&setIzdanie=21944
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503

Тоа сме ние Македонците, меѓу себе ќе се изедеме, и ќе си го продадеме газот затоа сме страдале и ќе страдаме ако продолжиме вака.
Инаку многу убави текстови и колумни и согледувања на настаните пишува Мирка. Секоја чест за неа.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Откако Груевски изјави дека не само оваа туку и ниедна друга влада не смее (и нема мандат) да го смени името, се јавуваат интересни предлози за тоа да се гарантира со устав.

Неменливоста на името да се гарантира со Уставот

Во тој контекст, дојдов до една идеја која би помогнала за решавање на спорот со името, а истовремено би била вметната во Уставот, како израз на највисоката волја на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија.

Бидејќи неразумниот спор за името и преговорите под покровителство на ОН, кои логично ќе резултираат со промена на името, затоа што се преговара токму за да не се остане на сегашната положба во која нашата земја уставно, но и меѓународно од многу земји е нарекувана со своето вистинско име Република Македонија, ја надминаа границата на својата оправданост, редно е да се преземе решавачкиот чекор за конечно решавање на овој бесмислен проблем.

Морам да кажам, а со тоа да ги разобличам манипулациите на оние кои заговараат промена на името на нашата држава, дека решавање на овој спор само по себе не значи и промена на името на Македонија. Како решение може и треба да излезе: меѓународно признавање на Република Македонија под нејзиното вистинско, единствено и уставно име, затоа што тоа е волјата на мнозинството македонски граѓани.

Секое име, кое не е Македонија (Северна, Горна, со придавки) е неприфатливо од проста причина што тоа е спротивно на слободната и неприкосновена волја на македонскиот народ и граѓани. Да беше волјата на македонските граѓани нашата земја да се нарекува поинаку, ние веќе одамна ќе имавме друго име.

Затоа нека не се обидуваат разните новинари и експерти, потпомогнати од разни дипломати, да нé убедуваат спротивно на нашата волја, самите да прифатиме промена на нашето име Македонија, наследено од предците, во оставина за потомците. Незамисливо и недозволиво е во 21 век, во ерата на либерализмот, насилно и со душевен и умствен терор да се оди против слободната волја на граѓаните на една земја, од кои произлегува суверенитетот (највисоката власт), а чии права се загарантирани со голем број меѓународни правни акти, договори, повелби и конвенции. Токму затоа, бидејќи Уставот како највисок правен акт е израз на највисоката волја на македонските граѓани, а токму од нив произлегува и суверенитетот, предлагам да се воведе уставен амандман со кој ќе биде дефинирано и гарантирано дека: „името на државата е Република Македонија, и тоа е неменливо по ниту една основа и по ниту еден услов“.

Понатаму може да се образложи самиот текст со објаснувањето: „името Македонија, како дел од културно-историското, но и личното семејно наследство на граѓаните на Република Македонија е израз на највисоката слободна волја и право за самоименување на граѓаните и како такво е неменливо по ниту една основа и по ниту еден услов. Уставното име Република Македонија е единственото име со кое државата може да стапува во меѓународните односи и меѓународниот правен сообраќај и да членува во меѓународни организации“. Двата услова се исполнети. Еве предлог за решавање на овој неразумен спор, чие решавање автоматски не значи промена, а еве и предлог за измени во Уставот токму по желба и волја на мнозинството од македонскиот народ, која е суштината на уставниот поредок на Република Македонија.

Бидејќи нашата држава се стреми да биде правна држава во која ќе се почитуваат слободите, правата и слободната волја на граѓаните преточена во највисокиот правен акт Уставот, оваа уставна измена само ќе го подобри квалитетот на македонскиот Устав, а воедно ќе им помогне на нашите политичари кои слободно со Уставот и овој амандман пред меѓународната јавност ќе може да речат дека како и во сите светски држави, волјата на народот е неприкосновена и гарантирана со Уставот и токму поради тоа Македонија нема право да преговара за каква било промена на своето име.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=419101047402&id=13&prilog=0&setIzdanie=21962
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Медиумите во Македонија да одработат за Грција

она што подолго време секој малку пинтелегентен македонец го знаеше конечно го потврди и самата Грција со јавен повик среде Скопје

Име со географска одредница, на пример, Република Северна Македонија, сеопфатно решение, кое ќе се користи на сите меѓународни нивоа, со препорака тоа име да го користат сите земји во билатералната комуникација со Македонија, е предлогот за решение на спорот за името што го изнесе поранешниот грчки амбасадор во земјава, Александрос Малјас, но сега во улога на претставник на тинк-тенк организацијата ЕЛИАМЕП од Атина.

Малјас, кој во Скопје беше на пропатување кон Приштина со грчкиот експерт за Балканот, историчарот Евангелос Кофос и професорот на атинскиот универзитет Танос Веремис, на брифингот со македонските новинари порача дека сега е време да се подготви подобра иднина, не само за оваа, туку и за идните генерации, повикувајќи ги медиумите да учествуваат во подготовката на јавноста дека такво решение може да се најде врз база на предложеното име Република Северна Македонија.

- Прашањето за името е многу важно и многу деликатно за двете земји.

Моите предвидувања се следните: да ја искористиме оваа можност што ја имаме пред нас, ако е можно, пред Советот на ЕУ на 15 јуни. Знам дека грчката влада е подготвена, знам дека грчката јавност би сакала да види такво решение, и останува на вашето раководство и на медиумите со својата улога на катализатори да ја подготват јавноста дека такво решение може да се најде - изјави Малјас.

Тој тврди дека грчкиот премиер Јоргос Папандреу и неговата влада навистина сакаат решение, без губитници, со двајца победници, бидејќи европската историја е „полна со ревизионизам во случаи кога една страна се чувствува победник, а друга губитник“. Но, Малјас не коментираше дали смета оти и македонската влада е подготвена и има иста таква политичка волја. Единствениот коментар беше дека се надева оти македонското раководство води сметка за очекувањата на меѓународната заедница за да нема уште еден загубен момент.

- Ние сме вклучени во една меѓународна разлика и треба да работиме да постигнеме решение што ќе ги почитува позициите на двете земји. Ова е меѓународно прашање, кое е високо на агендата на НАТО, ЕУ и на ОН. Има предлог за името, кој треба да го замени привременото име, поранешна југословенска Република Македонија, кое требаше да биде привремено и кое трае веќе 17 години - додаде Малјас.

Објаснувањето на првиот грчки амбасадор во земјава и на професорите Кофос и Веремис е дека постигнувањето решение е прашање на зрелост и со оглед дека има волја за решавање, сега треба „коинциденција кај двете страни за решавање на проблемот“ и волја за тоа.

Според нив, во текот на сиве овие години откако трае спорот позицијата на Грција од одбранбена се претворила во напаѓачка, бидејќи Грците почувствувале дека е предизвикан нивниот идентитет. А на грчките позиции им помогнале одлуките на македонската влада, почнувајќи од преименувањето на скопскиот во аеродром „Александар Велики“, преку статутите пред Владата, до преименување на Коридорот 10.

Потенцирајќи дека во Грција, сепак, има стратегиски размислувања, Малјас им порача на македонските власти да немаат илузија дека Грција ќе се откаже од решение за името како услов за датум за преговори само затоа што е во сериозна економска криза.

Прашајте го Милошоски

На 24 февруари 2001 година владите на Љубчо Георгиевски и на Костас Симитис постигнаа договор за името, ја повтори јавната тајна Александрос Малјас вчера во Скопје.

- Прашајте го за тоа министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, кој во тоа време беше портпарол на владата на Георгиевски и повторуваше дека е дојдено време да го замените привременото име поранешна југословенска република Македонија - рече Малјас.

„Дневник“ во тоа време објави, што подоцна беше потврдено и со извештај на Меѓународната кризна група, дека името што го договориле Георгиевски и Симитис било „Република Горна Македонија“.

Кофос, пак, вчера се потсети дека уште во 1992 година двете страни биле блиску до договор и дека тогашниот претседател Киро Глигоров дал начелна согласност за името „Република Нова Македонија“.

дефинитивно бришење на Македонците - крајна цел на Грција

Кофос: „Makedonski“ јазик и „Makedontsi“ се решение

Правото на самоидентификација на секоја личност, вклучувајќи ги и граѓаните на вашата земја, мора да се почитува, вели Евангелос Кофос. Но, според него, проблемот се појавува кога различни идентитети (на Македонци од Република Македонија, Македонци од Грција, Македонци од Бугарија) на англиски јазик се преведуваат со еден ист термин „Macedonian“ (слично е и со другите светски јазици), што создава конфузија кај странците. Конкретно, Македонци - термин што се употребува во македонскиот јазик и „Makedones“, термин од грчкиот јазик, на англиски се предаваат со ист збор - „Macedonian. За да се прави разлика меѓу различните идентитети, Кофос предлага да се усвојат нови термини што ќе се користат во светските јазици. Според неговите тези, нашиот народ на англиски треба да се нарекува „Makedontsi“ (без превод, испишано на латиница), а нашиот јазик - „makedonski“ (без превод, испишано на латиница). Слично решение предлага и за грчкиот термин „Makedones“.

Дел од овие предлози на Кофос веќе се на преговарачката маса на медијаторот Метју Нимиц и се или беа дел од неговите предлози и пакети идеи. Неофицијално, грчката страна предлага, а тоа го прифаќаат влијателни меѓународни кругови, графата за јазикот во т.н. лична карта за земјава во Обединетите нации да се пополни со терминот „makedonski“ (без превод на англиски, испишано на латиница).
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
За да се прави разлика меѓу различните идентитети, Кофос предлага да се усвојат нови термини што ќе се користат во светските јазици. Според неговите тези, нашиот народ на англиски треба да се нарекува „Makedontsi“ (без превод, испишано на латиница), а нашиот јазик - „makedonski“ (без превод, испишано на латиница). Слично решение предлага и за грчкиот термин „Makedones“.
Кофос ќе ги менува светските јазици :pos2:.Абе не се здрави овие озбилно,ама ние сме уште помрднари што преговараме со вакви пациенти.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Одамна веќе медиумите блиски до една стара гарда одработуваат за Грција.
Кај нив кој плати нивни е, нема национален идентитет, идеали, се е права линија, мртво, само на пари се крева.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Одамна веќе медиумите блиски до една стара гарда одработуваат за Грција.
Кај нив кој плати нивни е, нема национален идентитет, идеали, се е права линија, мртво, само на пари се крева.
Нормално дека медиумите играат една од најзначајните улоги но повторно ќе потенцирам нешто што на некому нема да му се допадне но проблемот е во нас а не во Грците. Сеа ќе се јави некој (на.пр.Горан Македонски)и ќе почне со тоа дека треба да се бориме, дека нетреба да потклекнуваме во што се и согласувам.

Треба тоа да се работи нормално Македонци сме. Но кога велам дека проблемот е во нас мислам дека ние уствари не се бориме против Грците. Ние поточно не знаеме што паравиме. Си ги исповадивме очите меѓу себе. Па уште кога ќе ти кажат дека некој некогаш пред 10-20год, се согласил на такво нешто веднаш сваќаш дека битката уште во старт е предадена.

Ете Грците ги пратија тие Маљас и уште двајца да посолат нешто но кои се интелектуалците од Македонската страна кои ќе полемизираат? Фрчкоски и Андов. Да му пукни мадето на чоек.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom