Добро бе сте се фатиле за Елвир на 5 страни, баталете го него, испадна вистина муабетот дека сестрата на еден од убиените му вртела а од другата страна слушала само дишење по што повикот бил прекинат а потоа мобилниот бил исклучен.
Убијците им ги исклучиле мобилните на момчињата
Злосторниците со „калашников“ и со два пиштола со калибар од 9 милиметри ги опколиле момчињата, кои не биле врзувани, тепани или малтретирани
Форензичарите засилено работат на вештачењето и анализата на материјалите собрани од местото на петкратното убиство кај Железарското Езеро, но нови детали од истрагата с` уште нема.
Во меѓувреме, во емисијата „Kод“ беше презентирана реконструкција на злосторството направена врз основа на сознанија од повеќе извори, иако од МВР официјално не ги потврдуваат информациите.
Според реконструкцијата, убијците, најверојатно четворица, со вперено оружје ги принудиле Александар Наќоски, Kире Тричковски, Цветанчо Ацевски и Филип Славковски да клекнат, свртени со лицето кон земјата, а со грбот кон езерото. Убијците со „калашников“ и со два пиштола со калибар од 9 милиметри ги опколиле момчињата, кои не биле врзувани, тепани или малтретирани. Тогаш убијците почнале да пукаат во четворицата. По два куршума завршиле во горниот дел од телата на Наќоски и Славковски, Ацевски бил погоден со три, а Тричковски со пет куршуми. Kрвниците потоа на сите им пукале со пиштол во тилот. Благоја Стефковски, кој бил на стотина метри од момчињата, бил застрелан со пет куршуми од „калашников“.
Во време кога се случувало злосторството, околу 19.45 ч., заѕвонил телефонот на Наќоски.
Му вртела неговата сестра, откако родителите виделе дека се стемнува, а тој уште не се вратил дома. Некој не се јавил на телефонот, а таа го слушнала гласот на својот брат и неговото дишење, кое било тешко и неразбирливо. Повикот потоа бил прекинат. Сестрата на Наќоски по една минута повторно завртела, но мобилниот телефон бил исклучен.
Се претпоставува дека убијците го исклучиле телефонот, кој останал до сопственикот. Исклучени биле и телефоните на Тричковски и на Ацевски. И тие биле пронајдени на местото на злосторството. Вклучен останал само мобилниот на Славковски, кој најверојатно бил ставен на вибрации или бил во неговиот автомобил. Родителите на Славковски ѕвонеле во текот на ноќта, а потоа и во 4 часот, кога полицијата го исклучила.
Засега не се открива и дали нешто е забележано на десетици снимки од безбедносни камери поставени низ Скопје, кои веќе неколку дена се прегледуваат во МВР. Истражните органи се надеваат дека злосторниците и нивното возило се уловени пред или по петкратното убиство извршено кај Железарското Езеро. Тие креирале неколку сценарија на можните рути по кои се движеле убијците пред и по убиството, па полицијата ги проверувала сите објекти што имаат сигурносни камери поставени кон улиците и ги зела снимките.
Земени се видеоснимки од безбедносните камери од бензински пумпи, продавници, пошти, банки, мобиларници и од други места каде што има камери што снимаат на некоја од рутите по кои би можеле да се движат убијците. Од МВР потврдуваат дека имаат голем број безбедносни снимки, но не откриваат од каде ги зеле и дали има нешто на нив.
Од полицијата велат дека потребни се неколку дена сите снимки да се проверат со цел да се утврди што точно има на нив и дали некоја од камерите ги уловила убијците и нивните возила.
Извор.