Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Значи вистина било и Србите не лажеле за тоа дека се снимало спот...Елвир снимал спот таму со Јован Јованов... http://www.sky.mk/makedonija/20766-Елвир-Мекиќ-Снимавме-спот-покрај-Железарско-езеро-непосредно-пред-грозоморното-убиство.html
А зошто Србите први го објавија ова, па дури после ние...? Што се чекаше до сега...?:facepalm:
Значи кој клошар овој Мекиќ, можел да биде убиен...
На 19.04 во интервју за Точка спомнува дека снимал спот, ама не го поврзува со убиството, ниту изгледа дека е толку уплашен како што глуми по некои весници.

http://tocka.com.mk/22/64852/elvir-mekic-lejla-bese-edna-od-pricinite-poradi-koi-se-povlekov

Каде ќе те гледаме во нареден период?
Па сега снимавме една песна и еден спот кои ќе бидат како најава за моите настапи во периодот пролет – лето низ Македонија. Имам намера да се сконцентрирам малку повеќе во Македонија, а што се однесува до пазарот надвор од Македонија тоа најверојатно ќе биде по летото. За понатаму не би сакал да откривам повеќе, сакам чекор по чекор да се одвиваат работите, а секако првите информации ќе ги знаете вие.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Елвир Мекиќ ја искористи случкава за сопствена промоција. Па уште и изјава за Свет. :sick:
Леле истово сакав да го кажам...:facepalm: Толку да се немало осет... Па срамота е. Уплашен бил, а реално ниту чул, ниту видел ништо... Страшно бе. Страшно.

Страшно. Во четвртокот на 12 април снимавме неколку часа на обиколницата. Се возевме наоколу неколку пати и покрај самото езеро поминавме 5–6 пати. Тоа се одвиваше некаде околу еден час пред да се случи убиството. Во прв момент не сфатив дека се работи за истото езеро. Без избезумен, не знаев каде точно се наоѓа тоа езеро. Кога сфатив дека имаме снимки му се јавив на Јован Јованов, со кого го работевме спотот. Сфатив каде снимавме и некако сум во шок. Човече, па можеа и мене да ме убијат! - вели Мекиќ за магазинот „Свет“.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/68739-Mekik-Tamu-snimav-spot-mozea-da-me-ubijat

:нинџ:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Срамота за ова диклево, од ова најде да билда популарност. Како не го рокнале во таа лобањата скот еден мизерен. Па сега му текна да каже дека спот снимал. :facepalm:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Од каде сега се појави во целава работа Монголоидов???:facepalm:
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Можда сега и оштета ќе бара заради нарушено психичко здравје :pos:
Баталите го ѓуптинот , не вреде да се коментира за такви ко него.

Туку, ко шо гледа стивнува народот , се губи колективната свест за овој случај , а исто гледам и дека ни МВР и Брколинда не дават веќе изјави ( можда грешам ?! ). Исто ниедна ТВ веќе не известува за ова ( иако едвај известуваа и кога беше најактуелно) .. Со друго зборови , ојде во заборав оваа случка и тешко дека ќе се најдат причинителите и вистинската причина ..
 
Член од
17 април 2012
Мислења
47
Поени од реакции
21
Сега мислам време е надлежните да излезат со официјално соопштение дека ова било голем тест за Македонците и нивниот идентитет исто како што било тест и 5 века Турско, па Бугарско, Српско... а тестот бил наречен "Дали ширењето на македонскиот АНУС е доволно за тој да биде наречен Македонец"
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Дали преку кајгана,фб и твитер ќе се повикува на протест за да се врши притисок врз МВР за да си ја изврши работата како што тоа беше со Нешковски?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Е која пациентска држава сме ние, вака беше и со Кале и со ред други случаи на крајот нормално "за да не се нарушат меѓуетничките односи" спласна истрагата. Абе ова го нема никаде повеќе го нема ни во Афричките земји.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.962
Поени од реакции
45.201
Добро бе сте се фатиле за Елвир на 5 страни, баталете го него, испадна вистина муабетот дека сестрата на еден од убиените му вртела а од другата страна слушала само дишење по што повикот бил прекинат а потоа мобилниот бил исклучен.

Убијците им ги исклучиле мобилните на момчињата

Злосторниците со „калашников“ и со два пиштола со калибар од 9 милиметри ги опколиле момчињата, кои не биле врзувани, тепани или малтретирани

Форензичарите засилено работат на вештачењето и анализата на материјалите собрани од местото на петкратното убиство кај Железарското Езеро, но нови детали од истрагата с` уште нема.

Во меѓувреме, во емисијата „Kод“ беше презентирана реконструкција на злосторството направена врз основа на сознанија од повеќе извори, иако од МВР официјално не ги потврдуваат информациите.

Според реконструкцијата, убијците, најверојатно четворица, со вперено оружје ги принудиле Александар Наќоски, Kире Тричковски, Цветанчо Ацевски и Филип Славковски да клекнат, свртени со лицето кон земјата, а со грбот кон езерото. Убијците со „калашников“ и со два пиштола со калибар од 9 милиметри ги опколиле момчињата, кои не биле врзувани, тепани или малтретирани. Тогаш убијците почнале да пукаат во четворицата. По два куршума завршиле во горниот дел од телата на Наќоски и Славковски, Ацевски бил погоден со три, а Тричковски со пет куршуми. Kрвниците потоа на сите им пукале со пиштол во тилот. Благоја Стефковски, кој бил на стотина метри од момчињата, бил застрелан со пет куршуми од „калашников“.

Во време кога се случувало злосторството, околу 19.45 ч., заѕвонил телефонот на Наќоски. Му вртела неговата сестра, откако родителите виделе дека се стемнува, а тој уште не се вратил дома. Некој не се јавил на телефонот, а таа го слушнала гласот на својот брат и неговото дишење, кое било тешко и неразбирливо. Повикот потоа бил прекинат. Сестрата на Наќоски по една минута повторно завртела, но мобилниот телефон бил исклучен.

Се претпоставува дека убијците го исклучиле телефонот, кој останал до сопственикот. Исклучени биле и телефоните на Тричковски и на Ацевски. И тие биле пронајдени на местото на злосторството. Вклучен останал само мобилниот на Славковски, кој најверојатно бил ставен на вибрации или бил во неговиот автомобил. Родителите на Славковски ѕвонеле во текот на ноќта, а потоа и во 4 часот, кога полицијата го исклучила.

Засега не се открива и дали нешто е забележано на десетици снимки од безбедносни камери поставени низ Скопје, кои веќе неколку дена се прегледуваат во МВР. Истражните органи се надеваат дека злосторниците и нивното возило се уловени пред или по петкратното убиство извршено кај Железарското Езеро. Тие креирале неколку сценарија на можните рути по кои се движеле убијците пред и по убиството, па полицијата ги проверувала сите објекти што имаат сигурносни камери поставени кон улиците и ги зела снимките.

Земени се видеоснимки од безбедносните камери од бензински пумпи, продавници, пошти, банки, мобиларници и од други места каде што има камери што снимаат на некоја од рутите по кои би можеле да се движат убијците. Од МВР потврдуваат дека имаат голем број безбедносни снимки, но не откриваат од каде ги зеле и дали има нешто на нив.

Од полицијата велат дека потребни се неколку дена сите снимки да се проверат со цел да се утврди што точно има на нив и дали некоја од камерите ги уловила убијците и нивните возила.

Извор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom