Не, не, значи ова не е возможно. И покрај тоа што не го гледав во живо на телевизија, туку ги гледав само настапите на Јутуб, сепак она што го видов ме ,,растревожи" до негде.
Додека целата музичка индустрија насекаде во светот оди напред, секојдневно се снимаат и излегуваат нови песни, се снимаат страшно скапи и интересни спотови, се прават фестивали и сцени со страшно добри сценски ефекти.................., ние одиме назад. Уствари не одиме назад со музикава, туку тапкаме во место со нешто што било ,,модерно" и колку толку интересно во периодот од 2007 - 2009 година.
Нашите фестивали во однос на времето во кое живееме неможат да се наречат фестивали. Единствено Скопскиот фестивал го средија и личи на нешто, но Макфест оваа година е страшно аматерски направен и срамота е тоа да е така во однос на тоа колку години постои. Сцената е/беше крајно аматерски и неинтересно направена, сценски осветлувања и ефекти скоро и да немаше, снимање на настапите со 4 камери, озвучувањето катастрофа............, се слуша силно музиката, а гласот се губи, дури почнува и да смета. Додека на фестивалите низ целиот свет музиката е матрицата, ние уште свириме на виолини, контрабаси и останати видови лонци. Разбирам дека тоа е еден вид традиција на нашите фестивали, но нека биде бар само на Скопски, а не на сите.
Што се однесува до песните и изведувачите.................., песни и настапи од ради реда. Странците личеа/звучеа малку подобро од нашите, но од лошото озвучување и свирењето сосема друга музика од оркестарот (што е и нормално кога се свири во живо), песната неможе да се долови онаква каква што навистина е. Видов ликови кој што прв пат се појавуваат или се појавуваат еднаш годишно. Кога видов дека има песна со име Пирсови на душа, почнав коментар да немам

Потоа видов некој Томас кој ме потсети на Циганот што учествуваше во На иста адреса (ништо чудно и он да беше) и се изначудив како може така да излезе на сцена. Облечен како главен фраер од Шутка.
Александра Јанева, Антонија Гиговска, Филип Божиновски (за некој кој е дел од Гранд продукција треба да има многу подобра песна), Симона Попоска, Лена Заткоска, Judith Van Hel, Викторија Лоба и Jimmy Roggers имале така подобри песни и настапи кои би можеле да ти задржат внимание. Очекував од учесниците од На иста адреса нешто повеќе, ама нешто. Марија била така малку подобра, но не е тоа тоа. За останатите мислиш еден композитор сите песни им ги напишал............, се жалопојќи, што е и симбол на нашиве фестивали
Единствено како добри песни, настапи и појави од пејачи ми заличија овие:
... и другарката на Сара Мејс, една од Цимерките, за која ми е драго што почнала да се бави и со пеење.....
