Макфест (генерална дискусија)

Дали го следите фестивалот Макфест?

  • Да

    Гласови: 13 17,1%
  • Не

    Гласови: 52 68,4%
  • Понекогаш

    Гласови: 11 14,5%

  • Вкупно гласачи
    76
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.961
Поени од реакции
8.156
Бидејќи не знам на колку години ги менуваат дел од луѓето на функции кој се задолжени за организирање на фестивалот од лани направено е да нема победници одма туку да се причека до нареден Макфест за да се види која песна ќе е слушана и со најмногу прегледи на Јутјуб па таа да добие парична награда.

Од ланската година во екипата кој се задолжени во организација на Макфест се Роберт Саздов (Куку Леле) - Уметничкиот директор
Јован Јованов Џеј Џеј - Член на уметничкиот совет
Антонио Димитриески - ПР на Макфест
И нормално општината Штип дава пари за организација.

Од ланскиот Макфест најслушана песна беше на Пајак и Лара Бела и на нив заедно со продуцентот Иван Јованов Ивајо вчера им доделија 120.000 денари.

Бидејќи се менуваат луѓето на функции на фестивалов во 2014 година се свиреа сите песни во живо зо тогашниот оркестар на МРТВ кој за жал веќе не е дел од МРТВ.
Продавам views на Јутјуб, 1000 views 10$. Нека пресметаат колку им треба за прво место и нека ми пишат.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.784
Поени од реакции
8.202
Продавам views на Јутјуб, 1000 views 10$. Нека пресметаат колку им треба за прво место и нека ми пишат.
Aма треба и слушана да биде песната. Песната на Пајак и Лара беше слушана од страна на младинава колку толку.

 
Член од
4 јануари 2016
Мислења
119
Поени од реакции
216
Одговорните за организација на Макфест мора да размислат за укинување на дебитантската вечер бидејќи како и лани и оваа година имаше многу фалш, аматеризам и песни кои ниту роднините на пејачите не би ги слушале. На кому му е потребна вечер која служи само за уништување на реномето на фестивалот, а не е продуктивна ниту за пејачите.

Во главната ревијална вечер слушнавме за нијанса подобри песни и многу подобро пеење (иако за жал мислам дека неколку песни беа на плејбек), но за Макфест да заличи на светските фестивали мора МРТ да го подобри озвучувањето кое не звучеше добро на ТВ. Се согласувам за бекстејџот и за самите разговори и мислам дека мора тоа да изгледа попрофесионално од секој поглед.

Во однос на песните, мислам дека има неколку песни кои ќе бидат слушани како на пример тие на Огнен, Марија Спасовска, Бојана и Таско, а и би ги издвоил Драгана Јовановска и Александра Трајческа како перспективни вокали и изведувачи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom