Макфест (генерална дискусија)

Дали го следите фестивалот Макфест?

  • Да

    Гласови: 13 17,1%
  • Не

    Гласови: 52 68,4%
  • Понекогаш

    Гласови: 11 14,5%

  • Вкупно гласачи
    76

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Бидејќи постојат многу теми поврзани со Макфест според мене најдобро е да имаме една генерална тема каде што ќе дискутираме за овој фестивал кој се одржува во градот Штип.

Почнува Макфест- Пеење во живо и со ревиски оркестар

Со подигањето на фестивалското знаме, и официјално започна овогодинешното 29-то издание на „Макфест“ во Штип
- Годинава, фестивалот ќе биде поинаков од другите години зашто за прв пат изведувачите ќе пеат во живо, а нив на сцената ќе ги придружува ревискиот оркестар на Македонската радиотелевизија. Мојата желба е овие композиции да имаат долг век на слушање, да останат запаметени. Победата му ја посакувам на најдобриот,
изјави градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев.

На „Макфест“ ќе бидат изведени 30 композиции во две фестивалски вечери. Една од новините е тоа што заедно со пеењето на плејбек, од годинава во историјата заминува и гласањето на жири комисијата и публиката.

- Веќе нема да има никакви жири комисии и никакви варијанти на гласање не се дозволени освен гласови од оние на кои музиката им е наменета, а тоа се граѓаните на Македонија. Од тие причини донесена е едногласна одлука победникот на Макфест да се избере преку телевоутинг и испраќање на СМС пораки кои ќе чинат 11,8 денари со ДДВ, изјави директорот на фестивалот, Дарко Мијалковски.

Вечерва е првата фестивалска вечер, на која прв ќе настапи штипјанецот Јоце Панов со песната „Само немој да молчиш“.

g_makfest-2012.jpg
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 1613.jpg чим цурава не е водителка е НЕ ГО ГЛЕДАМ
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
151
Поени од реакции
52
отвори Јоце изнедади со добра песна (y)
се е поинаку со оркестар во живо
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Моментално песнава што е на Александар зарем е за на фестивал? ма дај стварно поглупава немам слушнато... :sick:
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
151
Поени од реакции
52
Моментално песнава што е на Александар зарем е за на фестивал? ма дај стварно поглупава немам слушнато... :sick:
тој за Златно Славејче бил пријавен ама рокада напрајле со К. Габровски
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
тој за Златно Славејче бил пријавен ама рокада напрајле со К. Габровски
Абе ајде детски песни пее тука што ни децата не ги слушаат таквите песни, многу е тапа тоа што пее на фестивалот само за да се каже дека учествувал... (n) Искрен да бидам и песнава на Емил е слична ко на Александар...
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
151
Поени од реакции
52
Мики ќе има добра песна, од Белов не ни очекував ни па од Арсов (n)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Мики ќе има добра песна, од Белов не ни очекував ни па од Арсов (n)
Ај да видиме се надевам ќе има тој добра песна, инаку овој Арсов ми изгледа ко да е надуван...
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.141
Поени од реакции
28.898
Мики растури (y)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Мики растури (y)
Не беше лош ама пак многу се правеше ко да тепа некој :D[DOUBLEPOST=1401995650][/DOUBLEPOST]П.С очекувам добра песна од Дарко Илиевски :ROFLMAO:
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
А зошто сега, а не во октомври?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom