Макфест (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го следите фестивалот Макфест?

  • Да

    Гласови: 13 17,1%
  • Не

    Гласови: 52 68,4%
  • Понекогаш

    Гласови: 11 14,5%

  • Вкупно гласачи
    76
Скопски фестивал ли е, Макфест ли е? -.-
ОК, изгледа квалитетно, но и досадно за гледање. Со ова издание комплетно го урнаа цел идентитет на фестивалот.
Не ми се верува дека ќе го кажам ова, но во годините кога продукцијата на Јован Јованов го организираше фестивалот, изгледаше многу и подобро и помодерно.
 
Песните генерално се тапа со исклучок на песнава на Симончето некако ми е ок онака но и таа песна нејзина не е баш за фестивал каков, но битно не е тоа тоа што беше Макфест некогаш.[DOUBLEPOST=1401997316][/DOUBLEPOST]Искра некако многу остарела и дошла на макфест колку да се каже дека постои сеуште и е жива :D
 
Последно уредено:
Убав концерт му организирал Дарко на татко му[DOUBLEPOST=1402001820][/DOUBLEPOST]аууу и оваа чумава Вукичевич пеела, арно што ја пропуштив
 
Последно уредено:
Уште не е префрлен во Скопје?
Годинава им го зедоа терминот во октомври за прв пат по 30 години. Ќе бил скопски фестивал тогаш, **де во тетрапак, до година кој знаеш што ќе биде...
Не знам што е финтата пробуваат финти струшки вечери да се во скопје
Пробаа Манаки да го префрлат скопје па не фати и направија скопски филмски
Годинава во новиот им барок театар има скопски театарски фестивал...
Централизација на големо
 
тешка мизерија под палка на 2-3 композитори. И не мрдаме од тињата и не мрдаме. Факт.
 
Мене ова не ми е јасно нешто, значи вчера било Макфест, овде пишува прва фестивалска вечер, а уште колку ќе има и кога на пример?
 
Годинава им го зедоа терминот во октомври за прв пат по 30 години. Ќе бил скопски фестивал тогаш, **де во тетрапак, до година кој знаеш што ќе биде...
Не знам што е финтата пробуваат финти струшки вечери да се во скопје
Пробаа Манаки да го префрлат скопје па не фати и направија скопски филмски
Годинава во новиот им барок театар има скопски театарски фестивал...
Централизација на големо
Проб(ув)аа(т) и за Охридско лето.Лани прв пат Фестивалот на Француски филм во Охрид имаше прва проекција во Скопје.Годинава се 50/50, следната ќе видиме дали и името ќе е исто...само ќе речам - не се криви големите мозоци во Скопје, туку овие ‘нашиве‘.
 
Мене ова не ми е јасно нешто, значи вчера било Макфест, овде пишува прва фестивалска вечер, а уште колку ќе има и кога на пример?
Има полуфинална вечер и финална вечер, финалната вечер е утре на 07.06.2014 (Сабота)[DOUBLEPOST=1402070212][/DOUBLEPOST]Макфест во нов сјај: Познати победниците на првата полуфинална вечер

По пат на телевоутинг, освен присутната публика, гледачите ги избраа финалистите...

Од 15-те натпреварувачи на првата полуфинална вечер на фестивалот за забавни мелодии Макфест кој вечерва се одржа на сцената на Домот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, 9 изведувачи продолжуваат во големото финале што ќе се одржи во сабота.

По пат на телевоутинг, освен присутната публика, гледачите ги избраа следните финалисти: Јоце Панов, Дарко Илиевски, Маја Вукичевиќ, Мики Секуловски, Александар Белов, Викторија Лоба, Емил Арсов, Симона Попоска и Лена Заткоска.

Пејачите на сцената ги придружуваше ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, а додека траеше гласањето публиката присутна во Домот на културата во Штип и гледачите на МРТ ги забавуваше Драган Мијалковски со своите хитови.

Утре со почеток од 20:30 часот на првиот програмски канал на јавниот сервис ќе се пренесува втората полуфинална вечер, додека финалето ќе биде во истиот термин во сабота.
 
Последно уредено:
Денес ќе гледам само поради Сара Мејс девојката досега е многу уникатна и се надевам дека нема да се претопи во едноличноста на нашата музичка сцена. Плус работа по која е многу едниствена е фактот што од А до Ш самата си ги прави песните.
 
Тоа е се ок, но во мкд се знае дека уникатноста во музиката и баш многу не се цени... :D
 
Тоа е се ок, но во мкд се знае дека уникатноста во музиката и баш многу не се цени... :D
Па затоа шт не се цени имаме се исти пак исти песни и чат пат некој ќе трефне случајно некој хит. Во секој случај едночичноста е загарантирана а и баладите. Но тоа ти е мала држава и горе доле ваквите фестивали без исклучок поминуваат со врски, ретко се случило да победи најквалитетната песна. Оваа година и дадоа на публиката да гласа. Тоа пак бетер од жири ќе излезе. Кај сме дораснати ние да седнеме да ислишаме еден фестивал и да дадеме глас за најдобрата песна. Од друга страна па мора некогаш да се почне и со вакви методи, така да веројатно од година во година и свеста лак публиката ќе расте, па така за едно 250 години може да очекуваме да имаме неутрално гласање за фавориите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom