@buli Ова што ти го кажал Дел Бој не важи за студенти. Јас поминав без никој да ми пресметува даноци и што ти ја знам. Данокот што треба да го земеш го пишува на листот Lohnsteuerbescheinigung. Тоа е листот што ти доаѓа со последната плата од твоето работење, веројатно септември.
Таму ти пишува колку си заработил, колку данок си имал и колку ти се враќа.
Најдобро е да го исконтактираш шефот/менаџерот на ресторанот кај што си работел. Тој да отиде до локалниот финанцамт, да пополни формулар за враќање на данок (што не ми текнува како се вика), и да ги пополни сите ствари. Е сега, јас направив така со мојот шеф, па од Финанцамт Минхен, ми стигнаа бланко документи за јас лично да ги пополнам од Скопје. Исто така ми бараа извештај од УЈП за тековната година преведен на германски кои приходи сум ги имал. (Во мојот случај 2018). Ги пополнив од Скопје, и ги пратив со ДХЛ, што ме кошташе 50 евра пошо мораа да стигнат за еден ден. Иначе можеш и со обична пошта.
А може и ќе имаш среќа, па да не мора ти да правиш ништо од Скопје, туку да ти заврши работа некој што е таму. Друго, ако си одел преку агенција, можеш да ги исконтактираш нив.
Исто, мислам треба да имаш германска сметка за да ти ги префрлат парите (но не сум сигурен за ова), јас ги префрлив кај другарка што живее таму.