генерално немаш потреба да чекаш... едноставно со новиот договор за работа од новата фирма и Stellenbeschreibung идеш у Аuslenderbehorde кај што се водиш и поднесуваш за промена на работно место.. од прилика таа процедура трае од 4 до 6 недели.. ако Bundesagentur fur Arbeit ти даде нова работна дозвола (за новото работно место) онда ќе можеш да промениш, а доколку те одбијат за нова работна дозвола, тогаш ништо... исто мој совет ако веќе менуваш работа барај некоја сигурна фирма шо нема да те заебе после 5-6 месеци и да останеш на улица, зашо секакви будали има и плус имај на ум дека сите фирми сеуште се погодени од корона... и нормално немој да даваш отказ од старата работа додека не добиеш одговор од Auslenderbehorde дека е се во ред.. нов бунар копај во стариот не плукај, така викаат...
е сеа после 2 години работа и 24 платни листи автоматски ти се трга дозволата за работа, односно имаш неограничена дозвола за работа во Германија, односно нема потреба за секоја промена на работно место во иднина да чекаш дозвола од Bundesagentur fur Arbeit..
aма во секој случај најдобро ти е во Аuslenderbehrode да се обратиш они ќе ти дадат најточни информации..