Македонци во Германија

Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44
@buli Ова што ти го кажал Дел Бој не важи за студенти. Јас поминав без никој да ми пресметува даноци и што ти ја знам. Данокот што треба да го земеш го пишува на листот Lohnsteuerbescheinigung. Тоа е листот што ти доаѓа со последната плата од твоето работење, веројатно септември.

Таму ти пишува колку си заработил, колку данок си имал и колку ти се враќа.
Најдобро е да го исконтактираш шефот/менаџерот на ресторанот кај што си работел. Тој да отиде до локалниот финанцамт, да пополни формулар за враќање на данок (што не ми текнува како се вика), и да ги пополни сите ствари. Е сега, јас направив така со мојот шеф, па од Финанцамт Минхен, ми стигнаа бланко документи за јас лично да ги пополнам од Скопје. Исто така ми бараа извештај од УЈП за тековната година преведен на германски кои приходи сум ги имал. (Во мојот случај 2018). Ги пополнив од Скопје, и ги пратив со ДХЛ, што ме кошташе 50 евра пошо мораа да стигнат за еден ден. Иначе можеш и со обична пошта.

А може и ќе имаш среќа, па да не мора ти да правиш ништо од Скопје, туку да ти заврши работа некој што е таму. Друго, ако си одел преку агенција, можеш да ги исконтактираш нив.

Исто, мислам треба да имаш германска сметка за да ти ги префрлат парите (но не сум сигурен за ова), јас ги префрлив кај другарка што живее таму.
Тој документ го немам и затоа е различно кај мене, со шефот не можам да се договорам, данокот знам колку ми е зошто имам "платна листа" од трите месеци, за секој месец, што колку и каде е платено. На документите имам персонал број / sv number. Нешто,, некако со тоа треба да барам во финамзмент.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Тој документ го немам и затоа е различно кај мене, со шефот не можам да се договорам, данокот знам колку ми е зошто имам "платна листа" од трите месеци, за секој месец, што колку и каде е платено. На документите имам персонал број / sv number. Нешто,, некако со тоа треба да барам во финамзмент.
Тој документ го има шефот/менаџерот и треба да ти го прати на е-маил или било како во пдф форма, па да го испечатиш. Од тука не знам како ќе решиш, освен ако не ти ги пратат бланко документите по пошта, па да им ги вратиш назад уредно пополнети.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.895

Бабата се по параноична и сенилна станува, сеа знае дека оваа година и е крајот и се води по систем на апсолутна власт. Рејтингот моментално и е на најниско ниво во 15 години власт, мада не е ни битно тоа веќе.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.688
Поени од реакции
5.306

Бабата се по параноична и сенилна станува, сеа знае дека оваа година и е крајот и се води по систем на апсолутна власт. Рејтингот моментално и е на најниско ниво во 15 години власт, мада не е ни битно тоа веќе.
јас мислам бабата да ја имаше моќта од пред едно 5-6 години ќе ја разрешеше ситуацијава прилично поедноставно, можда и побрзо, посебно делов со вакциниве... иам впечаток дека се помалку и помалку ја рецкаат сојузниве премиери па и министриве, посебно овие од СПД, зошто знаат дека Анѓа е завршена приказна и повеќето си тераат свои агенди, политики...

Sent from my SM-G980F using Tapatalk
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Здраво дечки, како сте ?
Се надевам дека сте добро во овие (не)времиња и се снаоѓате некако.
Пред некој месец прашував тука за промена на работно место, олеснувањата што ги имаме после 24 плати, итн... Ама не можев многу да променам поради ситуацијата со пландемијата, напнатоста на работа и поради тоа што аплицирав за нова виза и чекав. Пратени документи на 2 Октомври, земена визата на 16 Фебруари. Цел период на неработење овие месеци бев во неизвесност. Сега е друго. Имам и промена на статус во визата, така да е полесно сега за многу работи.
Е сега, јас пак ќе се навратам на тие 24 месеци и имам пак некое прашање за нив.
Знам дека после 24 месеци работа и плаќање даноци имаме право да искористиме до 12 месеци неработен период со 60% од платата (за ова некои членови тука на форумот во оваа или друга тема имаа пишано за ова - благодарност до нив). Е сега јас тоа сакам да го искористам за да се обучам за промена на професија, да се образувам и да го научам солидно јазикот дека тука кај што сум немам пристап до школо за јазик. Па прашањата ми се следни:
1. Дали мора да имам 24 месеци поврзани, без прекин работно за да го искористам овој бенефит од 12 месеци ?
2. Дали овие месеци кога сме платени на 60%, се дел од тие 24 или треба после да работам пак целосни месеци си целосна плата за да стигнам до 24 ?
3. Ова е индивидуално за секој. При менување на место на живеење, дали прво барате работа на новото место или сместување ?
Кој може, кој знае, кој сака нека пише нешто. Инаку мене не ми е итно, тука ќе бидам уште неколку месеци сигурно.
Благодарам на сите
Да сме здрави и живи и да го поминиме ова
Поздрав од Балтикот
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.895
Првпат слушам за ова, се надевам некој поупатен ќе ни даде корисни информации.

Јас имам 24 месеци работни, али само 17 ми се поврзани без прекин. Работам фул тајм и многу тешко наоѓам време за школо, веќе 3 школи сменив бидејки неможам да ги комбинирам со работата, плус сеа со вирусот ептен е отежнато.
Знам дека после една изработена година имаш право да идеш под социјално ако останеш без работа, али како иде процедура незнам никојпат не сум бил.
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
@Del Boy
Ќе побарам низ темите кога и каде го имам видено, се надевам дека ќе го најдам
Инаку, кога бев да платам за визата пред некој месец, прво влезе другар ми дека не оставаат да се чека внатре, мора сите да чекаат надвор и еден по еден ги викаат. Додека чекав, дојде едно човече од Сенегал и исто како мене, продолжувал виза. И ние нормално се зафативме за фудбал да правиме муабет хаха. И тој ме праша колку време сум тука и му кажав и ми вели дека после 2 години работа, да одам кај газдата мој и да му речам дека не сакам да работам повеќе и земам една година слободна. И ми рече исто дека е 60% месечно. А тука на форумот го имам прочитано истото - 60% за ако си сам, а 67% ако имаш семејство.
Во врска со јазикот
Долго време немав можност да го учам, ниту самостојно, имав време ама немав каде. Во 2020 се разделивме тие што бевме заедно и имав можност, ама на работа се почна турбо, имав чувство дека цела Германија кај нас иде на одмор и бев многу уморен. И си реков поучен од претходната година, дека после Октомври почнува лесен период и тогаш ќе почнам сам да учам. И направив едно истражување на интернет како да го учам сам јазикот, од каде да почнам, на што да се фокусирам.
Никој, ама апсолутно никој не препорачува да се почне со граматика. Прво да научиш одредена група на зборови, после реченици за да видиш како одат зборовите во реченица, после текст или кратки приказни. Со самото учење на зборови и користење во реченици, ќе ги совладаш основните граматички правила без да посветиш време да ги учиш посебно. Јас почнав со апликацијата Anki, бесплатна е за андроид, а за ајфон се плаќа мислам еднократно. Со таа апликација бледо, површно го научив Б1 за 10тина дена. После почнав да читам исто на телефон приказни на германски и станува се полесно. И чекор по чекор се учи. Сега кога ја имам визата, сум ослободен и планирам додека да почнеме со работа, да ја научам и малку граматиката за Б1. А сигурно на курс е подобро, кога има некој да ти објасни. Јас пак понатаму планирам да одам на курс кога ќе имам можност, ама за добра основа планирам да стекнам сам. И засега добро ми оди.
Овие дена ќе побарам за ова со работата.
Поздрав
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Мене ме интересира шо пари зимаат полицајците и дали вреди да се трудиш. Имаат дефицит на кадарот, почнаа да стануват ептен флексибилни со условите за примање нови регрути. Али ако почетната плата е 2000 нето џабе, не вреди ни ризик ни стрес ни ништо.

Има далеку повеќе платени сектори каде што вреди да се трудиш, али како и за се потребен е скоро перфектно ниво на познавање на јазикот.
Од 2.500 на горе зависит од чин, стаж итн. Али предноста е што си државен службеник. Не знам дали е можно да се вработиш без државјанство Германско, би ме чудело.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.688
Поени од реакции
5.306
Од 2.500 на горе зависит од чин, стаж итн. Али предноста е што си државен службеник. Не знам дали е можно да се вработиш без државјанство Германско, би ме чудело.
и јас мислев дека нема шанси да работиш полицаец без германско државјанство, ама се распрашав и генерално може... има мал милион услови веројатно, ама прв и најбитен услов ти е каков пасош имаш...на пример ако сакаш да работиш во Bundespolizei треба да имаш ЕУ пасош... дел од покраините дозволуваат да се работи и без ЕУ пасош ама треба да имаш неограничена дозвола за работа и престој во Германија (niederlassungserlaubnis) што значи ти треба престој повеќе од 5 години во Германија... потоа, ти треба перфектен германски јазик ама мислам тоа нема потреба да се спомнува, се подразбира, чисто досие од Германија и од државата од кај шо доаѓаш итн итн..

Sent from my SM-G980F using Tapatalk
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.895
Му има стигнато на некој писмо за гласање на избори на 21 март? И писмо ми стигна и флаери со политичка содржина. :LOL: Незнаев дека може и ако не си германски државјанин.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.724
Поени од реакции
9.759
Му има стигнато на некој писмо за гласање на избори на 21 март? И писмо ми стигна и флаери со политичка содржина. Незнаев дека може и ако не си германски државјанин.
За локални е ваљда, ако имаш ЕУ пасош. На парламентарните и покраинските немаат право странци да гласаат колку што знам.

Sent from my GM1913 using Tapatalk
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.688
Поени од реакции
5.306
За локални е да.
ако си во Хесен на 14.03.2021 се локалните избори, aко имаш ЕУ пасош имаш прво да гласаш на локалните избори, а ако си со виза имаш право да гласаш за Ausländerbeiratswahl односно за совет на странци...
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
126
Поени од реакции
23
Здраво на сите
Итно ми е за стан , во Берлин сум моментално во мотел, барам стан и имам работа,
Гледав на огласи и 2 од становите кои ми се допаднаа ми се сомнителни, пишува 600 евра со се платено, преубаво наредени а бараат депозит
Ми треба еднособен-двособен скромен стан
Ве замолувам за информации и некој ако сака да ми каже насоки како да најдам стан без измами.
Поздрав
 
Последно уредено:

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Здраво на сите
Итно ми е за стан , во Берлин сум моментално во мотел, барам стан и имам работа,
Гледав на огласи и 2 од становите кои ми се допаднаа ми се сомнителни, пишува 600 евра со се платено, преубаво наредени а бараат депозит
Ми треба еднособен-двособен скромен стан
Ве замолувам за информации и некој ако сака да ми каже насоки како да најдам стан без измами.
Поздрав
Што ти е сумљиво, оди види ги. Договор си потпишуаш и тоа ти е. Сегде кј шо ќе влезеш бараат кауција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom