Добро како нашите хотелиери и авто-камп сместувања планираат да имаат добар прилив на гости кога пред пола саат се јаував во охрид да се распрашам за цените и навистина сум изненаден (непријатно).
Сместување во авто-камп градиште со сопствен ШАТОР (без разлика на големината, тие велат може и голем колку куќа да донесеш, а јас имам шатор за 2 само да преспиеш 2м x 1.6м) чини 600 денари плус 40 денари од човек. Значи јас и девојками треба да платиме 6800 денари САМО за сместување во БЕДНИ услови каде што WC- како и да нема... Вратите се искршени, чешмите пола се расипани, огледала има 2-3 на кое треба да се среди од сабајле цел камп, топла вода има само во 5-6 часот наутро и недај боже ако ти се оди по голема нужда обавезно по купачи и без телефони, паричници со себе и слично затоа што додека вршиш нужда ти доаѓа една тетка со црево и ти прска под врата затоа што казанчињата нормално не работат, ако сакаш струја да приклучиш треба со себе да си носиш осигурач, тело за осигурач и среќа да најдеш приклучок кој ќе е исправен! Еве заради сите овие работи, охриѓаниве кои сакаат со гол газ риби да фаќаат... од трите подолгото ќе го фатат!
Како за споредба во хрватска да поставиш шатор е околу 8 евра а во грција е околу 10-15 (15 евра е најскапиот) со невидена хигиена во wc-ињата, топла вода, и што е најважно.. МОРЕ Е!