Македонски филмови

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Едно работа мене ме мачи и ме зачуди. Не е премногу нов филмот да има премиера на HBO? Или е толку добар што овој факт е занемарен. Zvizdan го чекавме година и половина да се прикаже по кината за да биде достапен онлајн на HBO?

Секоја чест за ова ама стварно ми беше чудно, верувам му претстои богата фестивалска иднина ама не знам колку со ова HBO прикажувањето филмот ќе полни понатаму сали.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.863
Поени од реакции
33.906
Од 00.00 веќе е достапен Исцелител на HBOGO али треба да имате добра брзина на нет за да гледате. Моите 2мб/с даунлоуд му се премалку очито, па кочи и ме нервира.
Не бе, уште од сабајле го има. Јас во 19:00 го гледав. ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.863
Поени од реакции
33.906
Па од 31.12.2017 од 00 ч. Што тука не е јасно? :D
Среќна Нова!

Па ти си пишал на 31.12 во 11:53. Никаде нема знак дека пишуваш за поминатите 00:00. По таа логика, може да е и од 27.08 00:00. :P
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964
Ако го има на HBO и ние обичните смртници може да го очекуваме на некој тракер или? :icon_lol:
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.088
Поени од реакции
8.138
Ако го има на HBO и ние обичните смртници може да го очекуваме на некој тракер или? :icon_lol:
Регистрирај се 1 месец е без пари.
Ако имаш повеќе картици ке си гледаш повеке месеци фрее,само со друг маил ке се регистрираш.
Или па ако те мрзи пиши ми на пп ке ти дадам усери пасс

Иначе Исцелител искина
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.704
Поени од реакции
82.234
Јас убаво си наместив на ресиверот да ми се сними филмот па потоа на раат да го изгледам. Али незнам како наместо "Излезете" опцијата да ја кликнам, јас сум стиснал на "Избришете"...

Пу ти ебам гојдото пијано, сеа ќе се замарам со торенти:facepalm:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964
Исцелител

Конечно македонски филм без грам претенциозност. Скромна, едноставна, хронолошка наративна линија што раскажува просто, само тоа што треба да се каже. Сосема доволно за да биде критика за здравството, општеството, менталитетот (очаен човек сѐ ќе проба, фаќање за сламка). Веселинов и Тановски обични и природни, а сепак со толку цврсто изградена врска, карактерно речиси идентични, а се надополнуваат остро (како што самиот режисер се изјасни - како нож и путер). Хуморот и досетките на место, без претерување, а во функција на приказната.

Секоја чест за Ѓорче Ставревски, имајќи предвид дека како дебитант за долгометражен филм, освен сценарио и режија овде режисерот сам требало да истера и еден куп други предизвици и обврски. Првпат по Пред дождот за македонски филм можам да кажам - одличен. Се надевам ќе биде убава насока за идните наши проекти.

P.S. Па и саундрак од Фолтин на крај, што треба повеќе? :ljubove:

 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.932
Поени од реакции
7.588
Го има на интернет по пиратските балкански форуми. Наскоро сигурно и торент на trackermk.com во HD.


Деновиве и јас ќе го изгледам. Темата ме привлече.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Го има на интернет по пиратските балкански форуми. Наскоро сигурно и торент на trackermk.com во HD.

Деновиве и јас ќе го изгледам. Темата ме привлече.
Затоа ми беше нејасна одлуката да се емитува на HBO? Јас искрено не се радувам што филмот веќе го има по торенти а допрва треба да полни кино сали на фестивалите? Ајде во Македонија многу го изгледаа, мада има уште кино сали низ државава кои што не го виделе.

Чудно ми е стварно, некој друг да подискутира за ова?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.628
Чудно ми е стварно, некој друг да подискутира за ова?
За што поточно сакаш да дискутираш?
За лицемерието?
За тоа како 95% од народов користи пиратерија и сега наеднаш дека е „квалитетен“ македонски филм треба да направиме исклучок?
Им понудиле ваљда убава пара HBO/CINEMAX и тоа е тоа.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Апсолутно се слагам со @Anon , кој не би сакал својот (македонски) филм да го има на HBO и сигурен сум дека тие добро го платиле и го вреднувале трудот, а и да бидеме искрени како што вели и Anon 95 % чекаме пиратерија. Кај нас ако немаше бесплатен месец нa HBO никој немаше да се зачлени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom