Македонски филмови

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Во исчекување на македонската премиера вечерва во Градско Кино Милениум, стигна уште едно благовестие.

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е селектиран на најголемиот интернационалнен филмски фестивал во Индија - Гоа (ИФФИ). Филмот ќе биде дел од официјалната програма „Cinema of the world“ која прикажува избор од најдобрите светски остварувања од минатата година, лауерати и учесници на најпознатите фестивали и филмови кои носат специфичен уметнички печат. Во престижната програма, покрај „Исцелител“ се и овогодинешниот добитник на Златна палма на Канскиот филмски фестивал, „The Square“, на режисерот Рубен Остлунд; потоа добитникот на Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал, „On Body and Soul“ на режисерот Илдико Енуеди; „Mother“ на режисерот Дарен Аронофски; добитникот на наградата од жири на Канскиот филмски фестивал, „Loveless“ на Андерј Звигањцев; како и филмот на Аки Каурисмаки „The Other Side of Hope“.

Интернационалниот филмски фестивал на Индија, Гоа е основан 1952 година и е еден од најзачајните фестивали во Азија. Тој е еден од петнаесетте светски водечки фестивали акредитиран во „А категорија“ заедно со Берлин, Кан, Венеција, Токио, Талин и други. Се прикажуваат повеќе од 220 филмови, кои доаѓаат од над 90 различни земји. Лани биле присутни 7000 светски филмски професионалци, вклучувајќи 280 интернационални режисери.

По „Црни ноќи“ во Талин, ова е втор фестивал од престижната А категорија на кој ќе учествува „Исцелител“.
Кај си ти на Синедејс, убавецу мој?
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.287
Исцелител

Филмов како почна првите 20тина минути, ми делуеше дека ќе биде некоја тешка песимистичка драма шо цело време ќе се занимава со нашиов здравствен систем, али како шо одминуваше, некако и ликоиве прираснуваа, почна да влага се поише хумор, стана некако разноврсен, и на крај дефинитивно позитивен впечаток остави.
Тоа за здравството на крај остана ко еден коментар и среќа шо не беше во главен фокус. Се појавија и комик рилиф ликои, однос татко-син, борба со загуба од минатото, али се тоа со доволно хумор за да не изглеа црно и депресивно, дури напротив.
Имаше и по некои сцени шо беа бај д бук и одма знаеш како ќе се одиграат али малку беа и не сметаа толку.
Генерално, солидна режија, солидно сценарио, солидна глума.. прилично солиден филм, и вреди да се изглеа
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Welcome back, Јуве. Генерално сите коментари за филмови што ги прочитав беа позитивни: од Сунчица, Галевски, Сотир Трајков (новинар на Телма за културни настани), башка наградата од Грциве и едвај чекам вечер да го гледам. :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
И на Марина Костова, Игор Ангелов (Филмополис) и Ана Василевска (типката што така го исплука Кога денот...) им се позитивни реакциите за Исцелител, а богами и мене ми остави позитивен впечаток филмот.

П.С. Одете во кино додека игра, да не речете после не сме кажале, го нема, кај да го гледаме, дајте торент. ;)
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Баш сакам да го гледам овој Златна Петорка континуирано добиваат некој награди можда од некој “леви“ фестивали но чудно ми е дека овој наш филм кој од 2015 е излезен сеуште да шета по некакви фестивали и некакви награди да добива. Интересно е што сите награди и повеќето фестивали сите се од источно ориентирани земји Русија, Полска, Србија, Бугарија, Чешка... и по некој од овие позападните ама од леви фестивали

Специјална награда за „Златна петорка“ во Санкт Петербург

Новинарите и критичарите на дневниот весник „Россијскаја газета“ го наградија режисерот Горан Тренчовски со Специјална награда за филмот „Златна петорка“.
Наградата доаѓа во рамки на на XVI Интернационален фестивал на дебитантски филмови „Начало“во Санкт Петербург, „за доследно трагање по историската вистина“.
Извор: Макфакс
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.345
Поени од реакции
7.466
И на Марина Костова, Игор Ангелов (Филмополис) и Ана Василевска (типката што така го исплука Кога денот...) им се позитивни реакциите за Исцелител, а богами и мене ми остави позитивен впечаток филмот.

П.С. Одете во кино додека игра, да не речете после не сме кажале, го нема, кај да го гледаме, дајте торент. ;)
За ваков филм се плаќа цела карта. ВРЕДИ!
Јас додуша го гледав на црн петок за беспари, ама би го гледал пак :)
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Ah ljubov moja
Definitivno najglupaviot makedonski film, definitivno I golem debakl na Kole Angelovski. Scenarijoto nedovolno adaptirano, kinematograferot katastrofalen, akterskata ekipa (uzasno) losa. Plus imaat za lokaciite sto ne koristea studija. Ne e bas mnogu smeshen I interesen. Telma e za pofalba sto go otkupi, I se vkluci vo trendot kako RTS barem epizodno gi emituva novite filmovi. Terminot samo e nesoodveten prvo za dzabe go kupile koga nemase gledanost oti e prerano I togas ili site spijat ili se na rabota... A Produkcijata go prodala oti na festivali ne go sakaat za distribucija po kinata da ne zborame
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Милина од филм „Тајната состојка“, ќе си продолжам да си го викам вака, не ми замерувајте, Исцелител не можам да го сварам. Пре-пре-ре задоволен од целиот продукт, иако можеби не е некој филм кој што не сме го гледале од балканската кинематографија, нормално ги има сите веќе елементи што сме ги гледале по романските, српските филмови, ужасното здраство, состојбата на луѓето кои се со една нога в гроб, а мака мачат да соберат средства за скапите лекови, потоа неплатените работници и сл. Но сепак настрана на тоа, филмот нуди навистина задволство зачинувајќи со умерена и сосема доволна доза на хумор да сепак не' оддалечи од црната и кобна судбина на двајцата главни ликови, таткото Саздо и синот Веле.

За Благој Веселинов нема потреба од повторување, одличен е! Како на сцена, така и на камера, одлична актерска игра. Сцената во кампот Крани каде што Веле пукна, срцепателна!

8/10

Покрај „Три дена во септември“, омилен нов македонски филм!
 
Последно уредено:
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
“Кога денот немаше име” се закити со уште две престижни награди
Македонскиот филм “Кога денот немаше име” во последните десет дена се закити со уште две престижни награди.
На штотуку завршениот 23 Фестивал на Авторски Филм во Белград, македонскиот филм ја доби престижната награда на филмските критичари ФИПРЕСЦИ. Во обајснувањето од страна на тричленото жити во состав Томислав Гавриќ, Др. Весна Периќ и Драган Јовановиќ велат: Македонско – Словенско – Белгиската копродукција се одликува со сигурна режија, одлична работа на камерманот и компактна драматургија, кој наспроти цикличната структура на приказната, во која се знае крајот на самиот почеток, го вовлекува гледачот до самиот крај. Пред нас видовме дистописка, прецизна дијагноза на етнички и социјално раслоено општество, кое кореспондира со нестабилната реалност на Балканот.

“Кога денот немаше име” наиде на одличен прием во Белград и од страна на публиката и од страна на критичарите, каде добива и одличен осврт во Политика, каде долгогодишната филмска критичарка Дубравка Лакиќ го најавува излегувањето на филмот во кино салите во Србија.
на 11то издание на Мостарскиот Филмски Фестивал, специјализиран за глума, наградата за дебитанско остварување му беше доделена на актерскиот анасамбл од филмот “Кога денот немаше име.” Филмот продолжува да патува по светот, во месец ноември беше прикажан на шест фестивали низ целиот свет, последниот во овој месец е во Каиро, Египет.



На 6 Декември започнува со кино дистибуцијата во Белгија, и Србија, а во Словенија кино прикажувањето во редовниот репертоар ќе започне од месец Јануар.

Кино дистибуцијата во Југоисточна Азија и Кина е најавена за следната година.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
@filip1975 Филипее, не копирај цели статии од други сајтови. Ало, Филипеее? Ако сакаш толку да се фалиш за сесриве, ископирај по еден пасус и стај линк до статијата, а не цели статии. ;)
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
@filip1975 Филипее, не копирај цели статии од други сајтови. Ало, Филипеее? Ако сакаш толку да се фалиш за сесриве, ископирај по еден пасус и стај линк до статијата, а не цели статии. ;)
Ставив се затоа што се е битно и се показува дека филмот не е лош и ги фалам оти добро не претставуваат во странство
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ако некој го интересираше, ќе отвореше линк и ќе прочиташе. Не е се битно. А странство не се фестивалчичи у Мостар и ФАФ у Београд. За претставување, ептен добро не претставија, ако го гледаше филмот.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Ако некој го интересираше, ќе отвореше линк и ќе прочиташе. Не е се битно. А странство не се фестивалчичи у Мостар и ФАФ у Београд. За претставување, ептен добро не претставија, ако го гледаше филмот.
Да ја гледав националната премиера и да битно е оти не сите филмови се дистрибуираат па макар и во регионот а и ти ако заборави ставаш подолги копирани статии
 

Kajgana Shop

На врв Bottom