Македонски филмови

Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Нема потреба од PM еве Ви и директен линк http://www.pregledaj.net/tajni-sastojak-2017_fc6ffddae.html[DOUBLEPOST=1515015810][/DOUBLEPOST]ТВ-премиера во Македонија и во Европа на престижниот канал Синемакс 2 и истовремено прв македонски филм достапен преку услугата „Ејч-би-о гоу“ (ХБО) на оваа светска ТВ-мрежа!
Станува збор за македонскиот филм „Исцелител“, деби на режисерот Ѓорче Ставрески, кој на новогодишната ноќ во ударен термин, од 20.30 часот, беше прикажан пред милиони гледачи од 14 европски земји.
Филмот, освен во Македонија, се емитуваше низ цела Централна Европа: Чешка, Словачка, Унгарија, Полска, Романија, Молдавија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Исцелување-на-македонскиот-филм&id=1a8439a6-c699-40b2-bfbb-ddea80d9a6ab
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.666
Поени од реакции
88.542
Го изгледав Исцелител, добар филм, можеби еден од подобрите што излегле последниве 10 години. Малце крајот не ми се свиѓаше, шубе ми беше али дефинитивно има прелазна оценка од мене. Убаво беше да се види повторно Диме Илиев на филм... еден од полегендарните актери во земјава (Исправи се, Делфина) :)
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Со особено задоволство Ви пренесувам синопсис и детали за новиот филм на Сестрите и братот Митевски.

Секој 19 јануари за Богојавление, насекаде низ Македонија се одржува церемонија на која свештеникот фрла крст во локалните води а стотици мажи се фрлаат во водите за да го пронајдат крстот. А за оној кој ќе го пронајде се смета дека ќе биде благословен во текот на целата година. Петрунија е 31-годишна слободна и невработена жена, историчарка кој живее со нејзините родители. Враќајќи се дома од неуспешно интервју за работа во фабрика за слатки посведочува на фрлањето на крстот и одлчува да се фрли во водите. Петрунија е среќниот пронаоѓач на крстот но веднаш потоа еден маж и го одзема крстот под изговор дека на жените не им е дозволено да учествуваат. Но Петрунија повторно го зема крстот и бега. За кратко нејзината постапка станува интернет сензација. Петрунија е приведена во полициска станица и се наоѓа пред големо искушение и борба, против локалните мажи, против светот, против системот. Петрунија ја поминува ноќта по ходниците на полициската станица. Петрунија инсистира дека таа е пронаоѓачот и одбива да го врати крстот. Еден по еден полицајците, инспекторите, свештеникот се обидуваат да ја наговорат да се предаде. Во текот на овие 24 часа откриваме едно општество полно со стереотипи со пропаднат општествен и правен систем.

Како што претходно напишав филмот ќе почне со снимање во средината на јануари и ќе се снима целосно во Македонија, во траење од шест недели. Филмот е копродукција со Entre Chien et Loup (Белгија) Vertigo (Словенија). И овој филм ќе има натуршчици
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.143
Поени од реакции
37.684

Супер. Сега, откако ни го раскажа филмот, желбата да го гледаме од нула падна на -1. Thanks!
 
Последно уредено од модератор:
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Супер. Сега, откако ни го раскажа филмот, желбата да го гледаме од нула падна на -1. Thanks!
Ништо уживај и друг пат :D јас само го споделив синопсисот на филмот тебе ако не те интересира немораш да го гледаш
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.143
Поени од реакции
37.684
Ништо уживај и друг пат :D јас само го споделив синопсисот на филмот тебе ако не те интересира немораш да го гледаш
Синопсисите на филмовите се полни со спојлери. Кој вистински филмоман уште чита синопсиси и гледа трејлери? Плус, ова не беше синопсис, туку синопсисиште - пола филм раскажан!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Полоша содржина немам читано, на повидок е нов лапсус? Приказнава може да се направи во краткометражен филм од 20 минути според мене... ужас.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Го фатила крсто и избегала со крсто, нејзин бил.
Ова треба да е филм? После кога некој ќе плука по македонски филмови се лутите.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.143
Поени од реакции
37.684

Kajgana Shop

На врв Bottom