Македонски филмови

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.597
Не ми е јасно како немаме филм за Оскар, каков таков „Кога денот немаше име“ сигурно е донекаде солиден за праќање. Срамота е да немаме со што да се претставиме.
Ама до некаде па и не е лошо тоа: парите што ќе ги дадат за промоција на филмот во САД, ќе ги пренаменат за снимање на некој нов филм (ако не си ги стават в џеб).
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Само што се вратив од македонската премиера на Кога денот немаше име па да споделам веднаш со сите лично мислење
Филмот е одличен! И дефинитивно пионерски доста е со војводите и партизаните. Филм кој обработува за македонија табу теми, многу специфичен до срж реален. Теона е навистина посебна , длабок филм која тера да размислуваш, има доста уличен речник но и сцени... Сега пак доаѓаме во судир со конзервативната ограничена и припроста средина која не знае за уметност нема сфаќање на содржината која ќе почне да зборува дека филмот е навредлив и срамен оти ги асоцира на децата од Смилковско езеро па коментари за Албанците. Мислам дека ретко кој ќе го сфати филмот па затоа нема можеби да има добар прием кај обичниот народ , ќе биде изваден од контекст. Во право се критичарите дека ова не е филм за тука туку за некоја софистицирана публика од Европа оти кај нас има многу малку таква публика.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Гледам Џган ќе го прикажуваат и во Тетово во културниот дом исто и оној документарниот Avec L'amour.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Само што се вратив од македонската премиера на Кога денот немаше име па да споделам веднаш со сите лично мислење
Филмот е одличен! И дефинитивно пионерски доста е со војводите и партизаните. Филм кој обработува за македонија табу теми, многу специфичен до срж реален. Теона е навистина посебна , длабок филм која тера да размислуваш, има доста уличен речник но и сцени... Сега пак доаѓаме во судир со конзервативната ограничена и припроста средина која не знае за уметност нема сфаќање на содржината која ќе почне да зборува дека филмот е навредлив и срамен оти ги асоцира на децата од Смилковско езеро па коментари за Албанците. Мислам дека ретко кој ќе го сфати филмот па затоа нема можеби да има добар прием кај обичниот народ , ќе биде изваден од контекст. Во право се критичарите дека ова не е филм за тука туку за некоја софистицирана публика од Европа оти кај нас има многу малку таква публика.
Ќе видиме, ќе видиме. А 5 ката на Имдб не и е од таа припроста македонска средина, туку од таа софистицирана Европа. ;)
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
http://makfax.com.mk/daily-news/рецензија-кога-денот-немаше-име-на/ кој стигна се во Македонија филмови да рецензира :tapp:
Уште вчера кажав дека одма ќе се јават тие што филмот ги вреѓа и засега само заради случајот кај Смилковско. Ама да одиме по ред: 1. Пожелно е но не и задолжително присуството на Теона посебно ако е оправдано
2.Тоа што Теона не живее тука не ја сменува реалноста
3.Однесувањето и зборувањето, размислувањето на децата од филмот е сосема на место
4.За буџетот нема да зборувам оти не сум добро упатен
5. Грешки во монтажа,сценарио, драматургија не сум сигурен дали има ;)
Сепак знам дека секој има право на мислење, јас не сум филмски експерт ама мислам дека имам добро око и осет за филм,театар, тв. А и затоа се форумите да се споделат мислења
 
P

PewDiePie

Гостин

Ама и ти па од каква страна си нашол да бараш релевантни и вистинити информации :icon_lol:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Многу ме иритира кога некој без доволно познавање од материја или истражување ќе почне да пишува и тврди нешто.

Уште ко читаш ова е најлошото остварување во нашата кинематографија, можеш да укапираш дека типката што го пишала ова нема изгледано два филма од таа понова историја, а камоли 90% од нашата кинематографија.

Се сомневам дека некој може да им го зеде приматот на Збор; Ах, љубов моја и уште некои, кои очигледно авторката на текстот не ги погледнала, ама важно ќе навредува.

А тоа пак дека се снимало во некој објект налик на студентски и е уште посмешна констатација, зашто тие руини во филмот се нашата реалност - студентскиот Гоце во Тафталиџе, каде што е сниман дел од филмот.

За остатокот нема да коментирам додека не го погледнам филмот, ама вакви платени текстчиња од штабови, без малку заднинско истражување се смешни.
 
:bravobe: се што кажа е на место Збор и Ах љубов моја се светлосни години далеку. Можда не е за оскар ама е супер за нашата кинематографија. Нешто ново и многу поразлично. Ти го препорачувам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.597
Драма куинс. Не да не им го пратат филмот за Оскар, туку треба да им се забрани секаква дејност во и околу филмот
Рокот за поднесување пријави е до 2 октомври, т.е. до денес, што значи не со Заев, не со Ѓорге, туку и со папата Франсис ако сакаат нека имаат средба, џабе им е.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Рокот за поднесување пријави е до 2 октомври, т.е. до денес, што значи не со Заев, не со Ѓорге, туку и со папата Франсис ако сакаат нека имаат средба, џабе им е.
Како некој да го заболе за нивните патетики и плачења.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Еве го одговорот на Скопје филм студио за Три дена во септември

Благодариме за интересот за „Три дена во септември“. Филмот уште не е достапен на територијата на Македонија, но ќе информираме кога ќе биде договорено телевизиско прикажување и онлајн дистрибуција. Следете не.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО „ДЕТЕ“ - КРАТОК ФИЛМ ЗА ВИРТУЕЛНОТО БЕГСТВО
Ексклузивно на Факултети.мк погледнете го студентскиот краток игран филм на режисерот Раша Петровиќ, „Дете“. Да се влезе поблиску во животот на еден пасиониран гејмер и да се доживее неговото секојдневие – тоа била идејата на режисерот, кој е апсолвент на Филмската академија во Штип. Судбината на кратките филмови многу често е „тажна“, односно мала публика може да ги види на премиера или на некој фестивал.

-После фестивалите, филмовите најчесто остануваат само на профилите на режисерите и освен директно споделување линкови на некој што изразил желба, остануваат без шанса да ги види поголема публика. Можеби ова е еден од начините овој филм да го погледне и пошироката публика – вели Петровиќ.

„Дете“ е снимен лани и беше прикажан „Синедејс“ и на „Браќа Манаки“.

-Во една многу кратка форма филмот се занимава со безизлезноста која ги турка луѓето во виртуелно бегство, социјална и општествена неизвесност, чувство на отфрленост и маргинализација, но понекогаш и личната неодговорност пред секојдневните животни предизвици. „Дете“ е филм за една реалност што се случува во Скопје, а сепак е приказна која е многу пошироко распространета и се случува насекаде низ светот – вели Петровиќ. Филмот е работен ентузијастички, без буџет, благодарение на желбата на целата екипа. Улогите ги толкуваат: Гораст Цветковски, Јелена Јованова, Ѓорѓи Јолевски, Викторија Анѓушева и Анастас Тановски.

-Актерите се избрани според тоа како сум ги визуализирал ликовите, односно доживеани за време на пишувањето на сценариото и потоа одбрани според нивните актерски способности, кои мислам дека добро се гледаат. Актерите пронајдоа дел од себе во сценариото и прифатија да бидат дел од филмот. Нивната енергија, посветеност и професионалниот однос што го имаа за време на снимањето го направија филмот таков каков што е. Им благодарам на целата екипа и на сите што го помогнаа филмот – вели режисерот.

Kajgana Shop

На врв Bottom