Македонски филмови

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.149
Поени од реакции
37.707
Сега и Лабина прави драми. Му пишала отворено писмо на Заев, обвинувајќи го Министерството за култура за третманот на филмот на сестра и. Писмото, во целост:
Ова е мое трето писмо до Вас во изминативе неколку недели и прво кое мора да биде јавно. Во првото Ве известив дека според третманот на филмот Кога денот немаше име, со обид да биде исклучен од репертоарот на овогодишниот фестивал Браќа Манаки, иако веќе беше поканет уште од февруари во Берлин од директорот и селекторот на фестивалот, и според други сигнали по неформални канали дека постојат силни индиции за спроведување цензура и политички притисок. Како реакција на тоа писмо истиот ден добив повик од кабинетот на ресорниот министер и ме уверуваа дека такви сплеткарења и удари на слободата на изразување не се можни и дека случајот брзо ќе се расветли по соочување на сите инволвирани и одговорни за оваа манифестација.

Јас за потребите на интерната расправа во кабинетот на ресорниот министер обезбедив линк за да се погледне филмот кој беше оцрнет како дело кое шири говор на омраза и поттикнува на насилство и побарав да се спроведат сите соодветни процедури. Линкот никој не го отворил, филмот никој не го погледал во оваа пригода. Како разрешница, филмот доби повторена покана, овој пат по писмен пат, да учествува во натпреварувачката програма, ниту на отворање ниту на затворање на фестивалот, веројатно за да не ги контаминира најпосетените и најпривлечните фестивалски вечери.

Е сега да ви раскажам како изгледа еден режим во раѓање, Вам на првиот борец против груевизмот, политичарот кој ја донесе слободата и демократијата во Македонија со раскрварена глава. Во петокот наивно допатував во Битола каде буквално, пред влезот на хотелот ме пречека престрашеното лице на Агнес Годар, првата жена лауерат на специјална награда на овој фестивал, која е директор на фотографија токму на овој филм. Не ми ни дозволи ниту да се сместам со моето семејство па да ме почека да разговараме и не престана да ме бомбардира со прашања и да се чуди што се случува, што се случува со филмот. Набрзо потоа сватив со неверување зошто е толку испаничена. Замислете, шест години го водев фестивалот и го градев тимот и нема кој да ти се насмее, нема кој да те поздрави, спуштаат и вртат глави. Исплашени да не ги види некој дека се срдечни или да не покажат некаква блискост. Општествено политички неподобнa! А странските новинари во чудо. Е ова досега беа индиции и впечатоци, а сега малку за евидентни докази за раѓање на нов и многу пострашен режим од груевизмот за кој доколку Вие не реагирате под итно ќе ја сносите директно цела одговорност.

Господине Премиер, на 2.10.2017 во Плус инфо и во печатеното издание на васникот Слободен печат. на 4.10.2017 бр.1180 беше објавена колумна на Златко Теодосиевски Политикантски памфлети, која ја прекина мистеријата кој стои зад таа хајка и кој ја шири таа пизма и води кампања за етикетирање, оцрнување и обвинување. Дотичниот е посебен советник на Министерот за култура во Владата на РМ со која претседавате Вие господине Заев и доколку по ваквиот негов клеветнички неоснован напад Вие не реагирате и го оставите да ја шири својата токсичност води до заклучок дека сте покровител на овој политички прогон, невиден на овие простори од најцрните тоталитарни периоди. Да Ве потсетам што Ви напишав во првото писмо, ако сте го прочитале, а се сомневам, бидејќи посебниот советник, само еден ден по завршувањето на фестивалот го објави веројатно најсрамното писание во историјата на македонската култура. Во првото писмо до Вас јас Ви објаснив дека битките за признание и почит дома јас ќе си ги водам, но дека од Вас барам заштита од политички притисоци. Епа ако вака го замислувате заштитувањето сме го обрале бостанот.

Посебниот советник наспроти тие укажувања во писмото до Вас, во колумната запенавен обвинува за нацизам, мене и Теона не нарекува Рифеншталки, заборавајќи дека косценарист е Елма Татарагиќ, селекторот на Сараевскиот фестивал и почитуван член на низа меѓународни филмски тела, која исто така значи пишувала сценарио по нарачка, па не обвинува за повикување на омраза кон Албанците, дека Груевски или Канчевска го нарачале филмот, дека манипулираме, дебело наплаќаме за тие услуги, дека филмот е целосно финансиран од државни пари (ноторна лага! Еве накусо структура на финансии: во процент од 46% или во средства 487.000 од 1,050,000 евра се доделени на конкурс на Агенцијата за филм на РМ, потоа Белгија со 24%, Словенија со 10% и 16% Еуримаж, пари пристигнати од најпрестижниот Европски филмски фонд и 4% сопствено учество). Произлегува дека сите тие комисии, одбори, продуценти работат за пропагандата на претходната влада и финансираат културен продукт кој е осмислен за да предизвика насилство и омраза!? Во “курирски” стил, на страниците на Слободен печат., со сосема измислени и неосновани тврдења, за кои доколку има докази го повикувам да ги достави до соодветно јавно обвинителство или служби на МВР за да ги истражат, а и до целокупната македонска јавност, кога, од кого, каде било нарачано ова дело.

Какви с’е не конспираци и сплеткарења си измислува, што во детали ќе го читаат и расчитуваат адвокати и судии, ама прочитајте и Вие. Вие господине Заев ја презедовте на себе политичката одговорност за укинување на сите облици на авторитарност, етатизам, и партизација, за воведување на правна држава, процедури и критериуми како гаранти на слободата и демократијата. Повелете, Вие сте на потег.

Јас се чувствувам прилично извалкана и згадена од нашиве мизерии. Знам, сега сте во кампања и имате држава да водите, ама па јас не Ви ги бирав соработниците и кога тие не берат гајле за тоа кога и како, јас ќе простите уште помалку ќе калкулирам, а имам чест и улгед да си бранам, ќеркичка воспитувам да биде слободоумна, храбра, па морам пример да и дадам. Минатиот пат не ми одговоривте директно, сметав сме се разбрале, па и дека нема потреба. И овој пат не мора да ми пишувате, но од Вас ќе очекувам конкретни мерки за заштита на слободата на изразување, за слободата на уметничкото творење, за слобода да се мисли со своја глава и да се говори на секоја тема, па кога и на Златковци нема да им се допадне, па да немаат право да претат од позиција на моќ со истраги и со закани за недавање повеќе државни пари на од него обележаните автори. Тој во текстот прети дека филмот никој сем фестивалската публика во Битола нема да го види, па прети и со цензура значи. Посебниот советник на министерот за култура заслепен од омраза конструира сценарија, без никакви докази, фабрикува лаги за начин и износ на доделени средства, влегува во отворена кампања за дефамација и дискредитација на личниот и професионален углед на едни од најуспешните филмски автори од Македонија и прети дека ќе стави точка на тоа. Тој, повиканиот да помогне при креирањето на културни политики прети како диктатор. Еве застанувам прва на листата. Вие бирате господине Заев дали ќе сум прва и последна на Теодосиевската листа или прва на Заевата, бидејќи така ќе Ве памети историјата ако дозволите ова зло да продолжи да се шири и овој посебен советник на Министерот не биде набркан од просториите на Владата на РМ заради груба злоупотреба на службена позиција!

И почитуван Претседателе на Влада на РМ, нашата премиера е на 12 октомври во кино Милениум, повелете да го видите филмот, ние гордо стоиме зад ова дело!
Еве го одговорот од Министерството за култура:
Во врска со отвореното писмо на актерката и продуцент Лабина Митевска упатено до Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, поврзано со колумната на Златко Теодосиевски со наслов „Политикантски памфлет“ објавена на 2 октомври 2017 година на порталот „Плусинфо“, Министерството за култура на Република Македонија децидно ги отфрла обвинувањата за какви било закани и притисоци од страна на Министерството за култура и Владата на Република Македонија по однос на прикажувањето на филмот „Кога денот немаше име“ на Теона Митевска, во производство на продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

Напротив, токму Владата на Република Македонија, надлежната Агенција за филм и Министерството за култура помогнаа да се разреши ситуацијата од пред неколку месеци помеѓу организаторите на Фестивалот, Друштвото на филмски професионалци на Македонија и продуцентите на филмот, по што тој и беше прикажан на годинашното издание на Фестивалот „Браќа Манаки“. Токму со тој потег оваа Влада и раководството на Министерството ги демонстрираа во практика вредностите за кои се залагаме - отвореност, слобода на говор, можности за отворени дебати, рецензии и критики.

Во тој контекст, би сакале да потенцираме дека претставниците на Министерството за култура и на Владата на Република Македонија принципиелно застанаа на ставот да не го гледаат филмот пред неговата јавна премиера преку понудениот линк од продуцентката Митевска, ниту пак да го гледаат филмот на понудената затворена проекција од страна на продукцијата, токму затоа што не се гледаме себеси во улога на цензори или на комисии што се својствени за недемократски режими и за системи на едноумието. Министерството за култура и Владата на Република Македонија и со овој потег потврдија дека одбиваат да бидат оценувачи и рецензенти на уметноста, нешто што беше пракса на минатата власт, туку дека застануваат цврсто зад промовирањето на слободниот уметнички израз и слободата на говорот. Сметавме и сè уште сметаме дека единствен судија за уметничките дела треба да биде стручната јавност и публиката.

Што се однесува до колумната на Златко Теодосиевски, би сакале да потенцираме дека неговата колумна е негов личен став, и во никој случај не ги одразува официјалните ставови и политики на Министерството за култура. Вистина е дека Теодосиевски е посебен советник во Министерството, но неговото присуство на Фестивалот „Браќа Манаки“ и на проекцијата на филмот било во лично својство, а не во својство на советник во Министерството. Неговиот повеќегодишен колуминситички стаж и неговите колумни немаат и не смее да имаат никаква поврзаност со неговиот ангажман и задолженија во Министерството.

Министерството за култура на Република Македонија упатува отворен повик до нашата истакната уметница Лабина Митевска за отворен разговор, со искрена надеж дека ќе успееме да ги надминеме овие недоразбирања.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.209
Искрено ништо чудно и да има притисоци, гледам голем дел уште сега најавуваат дека не планираат да го гледаат. Ама пред се`, мислам дека луѓево се разочарани од „уметноста“ на сестрите и братот Митевски, и потполно ги разбирам во тоа.

Ако и ова дело на овие творци е благо речено срање, треба да им се забрани секаков понатамошен проект, а не пак, да планираат трилогија (Кога денот немаше име; Господ постои, се вика Петрунија; и третиов врска немам како се вика), како што се фалеа на секаде.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
Колку што знам тој вториот Господ постои, планираа да го снимаат крај на август или нешто слично, али мислам дека сега крај на година или почеток на наредна. Али Како што кажа Shawn Spencer треба сите планирани и идни срања да им се забранат на тие луѓе..
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Нема што да ги забрануваат ако веќе сакаат цензура и слично нека не ги финансираат ама тие ионака имаат средства за господ постои се вика петунија, и од еуроимаж и од копродуцентите. Накрај ќе биде како со Милчо Манчевски ќе почнат да не снимаат филмови тука и да работат во странство еве Милчо сега има 2 нови филма еден краток (кој е ПРВА копродукција на САД и Куба) и нов долгометражен со премиера наскоро. За ВАС се е срање оти изгледа реалноста боли, и незнам како може да Ве "повредува и иритира“ тоа што било инспирирано но не и тема на филмот од Смилковско езеро. Тоа е најнормално нешто секаде во светот се прави, НЦИС и ЦСИ и слично инспирација земаат од вакви работи. Мајки на Манчевски е за Таневски , Златна Петорка е за децата од струмица па што. Во филмот прво не се ни спомнува смилковско езеро, има 6 момчиња, сосема друга верзија и позадина. Да се разбереме не потенцирам никого, ништо лично.
П.С. Никој никого не тера да гледа нешто што не сака исто како со музиката секој сака поинаква музика. А и со филмовите е исто. Јас на пример Скопје Ремикс, Панкот не е мртов и такви слични филмови не ми се допаѓаат ама не ги напаѓам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.209
Полека друже, ќе го погледнеме филмот, па ќе видиме. Волку бранење да му удриш, или си дел од екипата, или пак некој од екипата ти е роднина, близок..

Првичните реакции всушност секаде низ светот беа дека е просечен или лош филм. 2/5, 2.5/5 му даваа. Има еве во сабота претпремиерни проекции во Милениум, ќе игра од 12-ти низ кината, ќе го погледнеме, па ќе процениме.

И темава не е ништо спорна, никој не го ни хејташе Петорката за темата. Тој беше катастрофа осмислен, аматерски одигран, аматерски одрежиран, а не дека темава била забранета, табу, леле што видовме, дај да цензурираме. ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.149
Поени од реакции
37.707
И темава не е ништо спорна, никој не го ни хејташе Петорката за темата. Тој беше катастрофа осмислен, аматерски одигран, аматерски одрежиран, а не дека темава била забранета, табу, леле што видовме, дај да цензурираме. ;)
И за Златна петорка, се сеќаваш, се појави еден кој го бранеше ко да е Кум, а не очај ко што беше. ;)
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
И за Златна петорка, се сеќаваш, се појави еден кој го бранеше ко да е Кум, а не очај ко што беше. ;)
Јас не велам дека филмот е за оскар или златен лав ниту велам дека ќе стане култен филм ниту го споредувам со некој таков. Јас за Кога денот немаше име коментирав откако веќе го изгледав. Го бранам оти најголем дел од тоа што се пишуваше не беше вистина, и отвореното писмо на Лабина можда не беше во целост но за делот со Браќа Манаки е целосно вистина затоа што лично бев дел од фестивалот.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.209
И за Златна петорка, се сеќаваш, се појави еден кој го бранеше ко да е Кум, а не очај ко што беше. ;)
Како не, одлично го памтам. Ама тоа беше продуцентот или режисерот. :pos: Имаат направено 10тина фејсбук страници за секоја претстава што ја имаат и кога некој ќе им искоментира позитивна реакција за филмот одма лајкови од сите профили. :D

На Letterboxd имаа направено неколку профили за да си напишат рецензија за „величенственото дело“, а на IMDB кој знае колку профили направиле, за да ја имаат таа 7.5
--------------------------------------
А сега брајтер њуз:

Конечно и Тајната состојка на Ѓорче Ставрески ќе има премиера. Интересно е што од почетокот на проектот смени 3 имиња. Прво беше Крани, па Тајната состојка, за сега македонскиот наслов да биде Исцелител.

Светската премиера ќе му биде на Солунскиот филмски фестивал (2-12 ноември 2017) во програмата Балкански преглед. Филмот е македонско-грчка копродукција, мада цел е македонски, освен нешто ситно јужњациве што дадоа за миксот на музиката, откако беше се снимено и монтирано.
„Солунскиот интернационален филмски фестивал е еден од најизвиканите во Југоисточна Европа и чест ми е што ќе ја претставуваме Македонија на еден таков престижен настан. Задоволството и одговорноста се уште поголеми во момент кога сакаме да ги подобриме разнишаните односи со соседите и доколку филмот биде макар еден мал мост меѓу двете култури, јас ќе бидам презадоволен“, изјави Ѓорче Ставрески, продуцент во Фрагмент филм.
[DOUBLEPOST=1507230397][/DOUBLEPOST]Тајната состојка/ Исцелител ќе игра и на Талин Блек Најтс во Естонија од 17 ноември - 3 декември 2017 :)
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.149
Поени од реакции
37.707
Како не, одлично го памтам. Ама тоа беше продуцентот или режисерот. :pos: Имаат направено 10тина фејсбук страници за секоја претстава што ја имаат и кога некој ќе им искоментира позитивна реакција за филмот одма лајкови од сите профили. :D

На Letterboxd имаа направено неколку профили за да си напишат рецензија за „величенственото дело“, а на IMDB кој знае колку профили направиле, за да ја имаат таа 7.5
--------------------------------------
А сега брајтер њуз:

Конечно и Тајната состојка на Ѓорче Ставрески ќе има премиера. Интересно е што од почетокот на проектот смени 3 имиња. Прво беше Крани, па Тајната состојка, за сега македонскиот наслов да биде Исцелител.

Светската премиера ќе му биде на Солунскиот филмски фестивал (2-12 ноември 2017) во програмата Балкански преглед. Филмот е македонско-грчка копродукција, мада цел е македонски, освен нешто ситно јужњациве што дадоа за миксот на музиката, откако беше се снимено и монтирано.
[DOUBLEPOST=1507230397][/DOUBLEPOST]Тајната состојка/ Исцелител ќе игра и на Талин Блек Најтс во Естонија од 17 ноември - 3 декември 2017 :)
Па фала курцу, го скоцкаа филмот. Мислам дека ко почнаа да го снимаат уште диносаурусите шетаа по земјава. Од Ѓорче го имам гледано краткиот "На изгрејсонце", и не беше лош, така што, очекувам нешто барем над нашиот просек. И се надевам Ставревски ќе се приклучи на Вардан Тозија и Даријан Пејовски како третиот наш режисер од поновата генерација за кој имам позитивно мислење.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.209
И јас се надевам. Уште од 2012 мислам имаше добиено средства, ама штом си дебитант малку потешко се добиваат средства од други земји, а за пласирање на фестивалите и продажбата уште потешко е. Се се исповрзани ко црева, па некој ако не е нивен и не го познаваат не го ни прифаќаат на фестиваливе.

Нејсе, да се надеваме дека нема да чекаме до 2018-та и ќе го пуштат тамам ноември и на Синедејс, па 3 фестивалчиња од почеток да има.

П.С. не го снимаа многу одамна, пред 2 години.
Чекај ме/ Сведок на Панов е од времето на диносаурусите, готов е, и го тупат, не го пуштаат.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.407
Поени од реакции
25.285
Па фала курцу, го скоцкаа филмот. Мислам дека ко почнаа да го снимаат уште диносаурусите шетаа по земјава. Од Ѓорче го имам гледано краткиот "На изгрејсонце", и не беше лош, така што, очекувам нешто барем над нашиот просек. И се надевам Ставревски ќе се приклучи на Вардан Тозија и Даријан Пејовски како третиот наш режисер од поновата генерација за кој имам позитивно мислење.
Лошото во сета оваа приказна е што овие режисер од „поновата генерација“ и „дебитантите“ имаат околу 40 години... кај нас системот некаде нешто сјебал.
Инаку се друго е во ред...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.149
Поени од реакции
37.707
Лошото во сета оваа приказна е што овие режисер од „поновата генерација“ и „дебитантите“ имаат околу 40 години... кај нас системот некаде нешто сјебал.
Инаку се друго е во ред...
Хахаха, да, во право си. А знаеш дека пред да го пишам ова, го гуглав Ставревски за да видам да не е некој со ептен побелена коса па да се обрукам ептен. :D Добро, до душа имаме ние и многу помлади режисери, само што ни еден од нив уште не направил долгометражен филм. На пример, колешката Ана Јакимска студираше неколку генерации после мене на ОКК, потоа Елеонора Венинова, Дина Дума, Марко Ѓоковиќ... се сѐ мислам помлади од мене (што и не мора да значи и дека се многу млади хахаха, ама имаат уште многу до четириесеттата).
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.209
Па имаш една Лавинија Софрониевска, Тамара Котевска, Косара Митиќ, Бранко Костески, Владимир Митревски - Ѓуле и уште многу други од нова генерација, али и они ќе стигнат до 40ка додека да направат долгометражен. :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.209
@Shawn Spencer кажи за филмот, ајде, чекам. :LOL:
Од што бев толку под импресии, не ми се пишуваше ни збор, али ајде пошто ветив дека ќе кажам откако ќе го изгледам, да си останам на зборот.:P

Филмот комотно може да се преименува во Како Теона лапна пари, а создаде треш. :D

Генерално, скоро сите критики беа на место. Катастрофа е колку трешовски изгледа, за филм од 1 милион еура. По што следи прашањето каде се парите, кога филмови со третина од тој буџет изгледаат попрофесионално. Снимање преку најлон, лоши кадри, лоши close-up кадри генерално, дури и снимката во кино ми беше некако матна.

Генерално филмов е најлошиот филм визуелно од последниве 5 години, дури и крш ко Збор имаше топ слика, Дејан Димески мајсториште, а Ањес Годар го*на да јаде.

Кастингот, кој Теона толку помпезно го најавуваше дека е одличен, дечките биле топ, иако биле натуршчици, а мене уште од слика ми делуваше дека е без врска, стварно е без врска. Ниеден од дечките не знае да игра пред камера, а како најкатастрофа би рекол дека е Багашов. Дечкото ко промашен е во цел филм. Оној со долгата коса па која одвратноморничава фаца е. Во цел филм има само 3-4 професионални актери и 10-15 аматери.(n)

Сценариото ко во секој наш филм, најболна тема. Никаква поента немаше, сакала нешто да каже и она не знаела што. Прво зема инспирација од настанов од 2012, си го реконструира нивниот последен ден според неа, па се оградува со текстче на почеток на филмот дека филмот не бил за нив. :tapp:

Албанофобски е, нацистички и неонацистички нигде не видов дека е. Лошо измонтиран е. Нафрлани сцени, да се запрашаш, има ли завршено тој монтажер некоја школа или така од улица го собрале. :pos:

Еден саат тераше некако, онака потпросечна, евтина драмуљетка, и потоа со една сцена цел филм го усерува шти едвај чекав да заврши. Ако го гледате ќе знаете која сцена е, мене мачно ми стана потоа, врисоците со морничавата музика ни ја даваат и најморничавата сцена во македонската кинематографија. :shook:

Ако не и единствената таква сцена. :rolleyes:

И за режисерката ќе кажам лошо ги водела дечкиве, пошто нит знаела она кај тера со сценариото, нит пак нив знаела да ги усмери како да глумат.

И за крај, како што рече еден дечко по гледање на филмот: „Наречете ме идиот, али ова е срање“. Едно од најлошите остварувања во целата македонска кинематографија и за мене најлошиот филм на Теона, делува евтино, делува безидејно, делува криминално, а има убав буџет? Цензура на филмот, не, нека го гледат секој што може за да види што лајно создала Теона, али по можност бесплатно, зашто ќе си ги барате парите назад на крај. И дефинитивно треба да следи забрана за секој следен проект на сестриве, доста беше од нивните „уметнички филмови“ во Македонија.

П.С. По гледањето на филмов може да речам дека ќеф ми е што годинава немаме кандидат за Оскар и што светов нема да ги гледам глупостиве.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom