Македонски филмови

Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Свежа информација за сите фанови на Сестрите и братот Митевски @Shawn Spencer @Zlatikevichius (вие како најголеми) Господ постои се вика Петунија почнува да снима многу наскоро во тек се кастинзите повторно ќе се работи со непрофесионална екипа што се покажа добро во Кога денот немаше име. Дејствието е во зима така да ќе се сними најголемиот дел до на пролет. Едвај чекам премиера
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ќе снимаат ако дадат отчет каде се парите од претходниот филм. Јадат државни пари од граѓаните на Македонија и редно е да не удостојат на што толку потрошија со оглед на трешот што го испорачаа.

Ако сакаат да направат некоја промена културашиве редно е да почнат од тројкава.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Јас сум убеден дека Теона е убедена оти навистина снима филмови со висока уметничка вредност. Веројатно мисли дека ако е несфатена / досадна / тешка хипстерка, ќе ја сметаат за врвен уметник. Ама се надевам некој кој и е близок ќе и каже дека се што снимила досега е срање, па нема да не малтретира колективно, од една страна, и нема да ни ги троши парите за создавање шунд, од друга.

П.С. Жената што ги избриша солзите го исклучувам на страна. Тоа беше пристојно филмче.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Милчо наш конечно со премиера и на новиот долгометражен филм Бикини Мун. Светската премиера ќе биде на 21 октомври на 41. филмски фестивал во Сао Паоло, Бразил.

Милчо си го поштувам енормно, кај мене има 4/4. Се надевам за брзо ќе го пуштат и во Македонија и нема да ме разочара со петкава.

Еве и трејлер:
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Милчо наш конечно со премиера и на новиот долгометражен филм Бикини Мун. Светската премиера ќе биде на 21 октомври на 41. филмски фестивал во Сао Паоло, Бразил.

Милчо си го поштувам енормно, кај мене има 4/4. Се надевам за брзо ќе го пуштат и во Македонија и нема да ме разочара со петкава.

Еве и трејлер:
Трејлерот е ветувачки Милчо е веќе докажан, во Битола кога беше сега на Манаки рече дека се надевал дека ќе биде дистрибуиран во МК ама веројатно дури на почетокот на идната година. Се надевам ќе го има барем до Декември.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ако не го пуштат на Синедејс, тогаш наредна година ќе иде. Не верувам во декември да го даваат.

Плус, нема што Милчо да се надева, туку тој треба да преземе нешто да го даваат овде. За „Игла под прагот“ - црногорско-српскиот филм со Никола Ристановски, самиот тој рече дека барал дистрибутери, ако не се лажам, за да го пуштат и овде филмот.

Инаку пошто немаме македонски дистрибутери, а филмовите генерално што ги даваат во кината се од српско-хрватските Блиц, МФЦ и Константин мислам беа, и пошто они генерално гледаат да даваат блокбастери и некои апла популарни филмови, ако не преземе Милчо нешто, тешко да го видиме.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Милчо наш конечно со премиера и на новиот долгометражен филм Бикини Мун. Светската премиера ќе биде на 21 октомври на 41. филмски фестивал во Сао Паоло, Бразил.

Милчо си го поштувам енормно, кај мене има 4/4. Се надевам за брзо ќе го пуштат и во Македонија и нема да ме разочара со петкава.

Еве и трејлер:
Поднасловот: "A documentary about fairytale" ептен ми се допаѓа. Moreover што веројатно продолжил со жанровските игри што ги започна во Мајки.

Ама тоа: "from the Oscar nominated director" не им требало. Јас колку што знам, Милчо никогаш не бил номиниран за Оскар. Беше неговиот Пред дождот.

Сеедно, изгледа ветувачки. А за дистрибуцијата тука, ќе смислат нешто веројатно, сега е близок со владејачката гарнитура кај нас, веројатно ќе го нема тој однос топло-ладно, како порано.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Тоа ме чуди, јас не знам кај им се очите.
А демек па фестиваливе кај што освоија нешто значат нешто во филмскиот свет?
Ниту пак фестивалите кај што играл филмот се значајни.

See Paris - од каде што имаат 2 награди ти е организиран во соработка со Македонскиот филмски фонд и си ги делат награди, ако во Париз ги дадат на македонски филм, во Берлин ги дадат на косовски и албански, во Кина на српски и црногорски. Никакво значење нема ова.

Перуџа - фестивал на љубовен филм - прво издание. Се знае колку се јаки фестиалите на своите први изданија.

Поградец - film and food festival. Релевантен ко Пивофест кај нас и Роштилијада во Лесковац што се културни настан.

Detective Fest у Москва - релевантен богами. Имаат некое пријателче одговорно за фестивалов кое што и претходно им има дадено награда за тв филм. Плус ова не е Московскиот фестивал кој што има некое реноме.

Некој си индиски фестивал - знаеме сите какви се индиските филмови, па ова им било ремек дело.

Њу Џерси - никад чуо за фестивалов. Се знае кои се релевантни во тој дел - Монтреал, Торонто (Канада), Санденс и Чикаго (Америка).

За останативе кај што учествувал (Варна, Темишвар, Бихаќ, Брно и Лесковац) се знае колку се значајни.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Предобар трејлер, може да се забележи неговата автентична фотографија и движење на камерата. Едвај го чекам филмот!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Мислам дека си албанофоб
(Рецензија на „Кога денот немаше име“ од Марина Костова)


Теона Митевска решила ем да се инспирира од ова злосторство, ем ова да не е филм за тоа. Зошто? Затоа што мислела дека и во овој филм ќе може да ја користи својата омилена постапка – наивна манипулација и ситнобуржујски шминкерски активизам, за теми за кои таа главно не знае ништо и нема баш што умно да каже, но осеќа што е политички коректно и курентно, и сака да го искористи моментот.
...
„Кога денот немаше име“ е најслаб филм во опусот од 4 исто така слаби дела на Митевска.
...
Но во овој филм ликовите се само скицирани, просто нафрлани, како впрочем и дејството, а момчињава немало кој да ги води што да играат.
Ова се само делчиња од одличната рецензија на Марина што можете да ја читнете на линкот. Иако ретко кога сум се согласувал со рецензиите на Марина, со оваа сум 100% согласен и како да ми ги „ископирала“ 90% од зборовите што ги кажав по гледањето на филмот.

Целата рецензија читнете си ја на линкот. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Мислам дека си албанофоб
(Рецензија на „Кога денот немаше име“ од Марина Костова)



Ова се само делчиња од одличната рецензија на Марина што можете да ја читнете на линкот. Иако ретко кога сум се согласувал со рецензиите на Марина, со оваа сум 100% согласен и како да ми ги „ископирала“ 90% од зборовите што ги кажав по гледањето на филмот.

Целата рецензија читнете си ја на линкот. :)
На Игор ја читаше рецензијата?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
На Игор ја читаше рецензијата?
Ја прочитав и мислев нешто да му искоментирам, па преќутав. Преблаг ми беше, како одреден Гале што се плаши да не спука нешто со режисериве па после да не добива гага гледање филмови.

Обично се согласувам со неговите рецензии, ама критиката му беше преблага. И со делот „на мене ми се допадна“ ми уништи се` што претходно плукна. Као ова не ваља, ова не е разработено, ова не е добро, ама мене ми се допадна, дајте му шанса, нешто ново е во македонската кинематографија. Го прави истото што Теона го прави во филмот, пу-пу не важи.

Иако не секогаш се сложувам и со Сунчица и со Марина, повеќе ги поштувам отколку другиве што се плашат да исплукаат одреден филм што го заслужил тоа. Ако си критичар биди критичар со јајца, а не да свиваш опаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom