Македонски филмови

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.735
Поени од реакции
33.411
е добро де, знам дека не е Мечка, ама не знам како се вика наградата, а очигледно и ти не знаеш штом немаш пишано име.
А чудното жири од погоре ФИПРЕСЦИ да не е? :pos: Чудно жири. :pos::pos:
Не, не, ФИПРЕСЦИ е наградата од новинарите, не е жири тоа. Знам имаше некое жири, ама не ми текнува како се викаше а ме мрзи сега да гуглам. А наградите никако не се викаат. Имаат описни имиња. Но во секој случај, не се никакви животни или дрва. :P[DOUBLEPOST=1485415684][/DOUBLEPOST]
А што има врска Сиераневада со Митевска?
Не беше тој нешто ко... француски?
Романски, а воедно и македонска ко-продукција, поддржана од студиото на сестрите Митевски.
Поддржан од студиото на сестрите Митевски, но они за тоа добија пари од македонскиот филмски фонд, а не од нивни средства. :P Плус, асистентот на режија беше од Македонија.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Медена ноќ топ филм. Мислам многу ми се допадна, иако на почетокот беше малку досаден, бавен итн., меѓутоа како се одмотуваше приказната стануваше понапнато и позабавно. Многу добра 8,5ка/10.

Лазар од другата страна не е лош филмот, приказна за најобични луѓе од Македонија, реална приказна, меѓутоа ептен многу им се познаваше на глумците дека не се Македонци. Дури и бугарот Цона му се познаваше дека не е наш. Од таа перспектива не би му дал повеќе од 6,5. Разочаран од таа страна, иако приказната ми се допадна ама тоа со искривениот говорот не ти дозволува да се опуштиш и уживаш како што инаку би.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Сунчица епте го нападна филмот, воедно и го нарече најслабиот филм на Теона, и странските медиуми не се нешто посебно воодушевени, пола и повеќе од публиката ја напуштиле салата за време на емитувањето.

Рецензии од странски медиуми
ScreenDaily
Cine Veu

По премиерата во Берлин на филмот „Кога денот немаше име“ во режија на Теона Митевска, а по сценарио на Митевска и Елма Татарагиќ, копродукција на Македонија, Белгија и Словенија

„Кога денот немаше име“ е трет филм на Теона Стругар Митевска прикажан во програмата „Панорама“ на Берлинскиот филмски фестивал. Но, мора да кажеме дека и покрај тоа што како косценарист се потпишува Елма Татарагиќ, а како директор на фотографија искусната француска снимателка Ањес Годар (на која пред три години во Битола, кога Лабина Митевска беше директорка, и беше врачена почесна „Златна камера 300“), сепак, ова е најслабиот филм на Теона Митевска. А уште полошо е што овој филм прави алузија на случувањата кај Смилковско Езеро и убиените тинејџери, носејќи ги луѓето во заблуда за овој страшен и се уште неразрешен, а поради тоа и многу чувствителен настан за нивните семејства, но и за целата македонска јавност.

Точно е дека уметникот има право да направи своја визија и уметничко дело кое не ги реконструира настаните, како што и пишува на почетокот на филмот, (иако во каталогот пишува дека се базира на вистински настани), па тогаш се прашувате зошто всушност е потребна оваа алузија освен за да се сврти вниманието, со што можеби „индиректно и наивно“, но овој настан погрешно се злоупотребува. Сето тоа привлече внимание кај обичната публика, но не и кај новинарите (за премиерата нема да пишуваме, бидејќи тоа се поканети гости и голем дел од екипата, чија реакција секогаш е еуфорична и нема врска со реалноста). Новинарската проекција не исполни ни третина од салата, а многумина и ја напуштија пред време. И со право. Проекцијата ќе ја напуштеше и вашиот новинар да немаше професионална обврска да го изгледа филмот до крај.

„Кога денот немаше име“ е здодевен филм, без никаква инвентивност и спонтаност, кој се преповторува и во кој дијалозите и сцените се премногу наместени. Тоа е филм кој нема што да каже, освен да ги повторува толку употребуваните фрази (како нема иднина или нема да учам албански) врзани за проблемите и актуелните состојби во Македонија, но не врз основа на филмската игра или издржаната приказна, туку само како истрошени фрази кои треба да ни појаснат што всушност тука се случува. Па така имате и графити и „уметнички пози“ (повторно наместени), тотално неадекватни на настаните и дејствието кои дополнуваат нешто што би требало да го сфатиме од филмот, кога тој воопшто би имал идеја, цел и визија.

Згора на тоа, имате и незрели изјави кои веројатно авторката има потреба, да не речеме фрустрација, да ги преповторува, од типот „Не им верувајте на жените“ или „Жените ќе ја спасат Македонија“. Тоа е толку непотребно и погрешно, особено кога за тоа нема никаков повод, ниту пак со нешто е предизвикано. На вакви изјави навистина не треба да се премолчува бидејќи се дава поддршка на некоја интимна, внатрешна потреба, која има интенција да се претвори во нешто што сигурно не е. (Стара вистина е дека кога повторувате нешто без повод и потреба правите контраефект, но и порачувате нешто сосем погрешно бранејќи фиксидеја, а не неправда.)

Однесувањето и дијалозите на момчињата во филмот, кои треба да ја изразат целата безидејност, апсурдност и проблематичност на актуелната стварност во која живеат и која ги демотивира и ги прави бесчувствителни кон другиот се вештачки, празни, површни и постојано се преповторуваат. Се чувствува дека Митевска се обидува да ги имитира Лери Кларк („Деца“) и Гас Ван Сент („Слон“), но тоа воопшто не успева. Факт е дека не е воопшто лесно да се проговори за „изгубената генерација“ на таков начин, бидејќи како што покажува токму Ван Сент, потребна е зрелост и мајсторство, но и чувство и мерка, за да умеете таа безидејност, тотална празнина и разочараност да ја заокружите и на вистински начин да стигне до гледачите.

Овде драмата односно кулминацијата се случува околу една малолетна проститутка, што за жал потсетува на првиот филм на Митевска кој го одликуваше токму крајниот аматеризам. Ликот на Лабина Митевска, која живее со таткото на едно од момчињата, е тотално безизразен и рецитаторски. Николина Кујача добро ја игра мајката која бега од стварноста, само што е ставена во ситуација да повторува многу наместени и неадекватни реченици. Додека, Ана Костовска како продавачка која веќе на нејзиниот син не му дава да купува на вересија, ја носи животноста која инаку на филмот во најголем дел му недостасува. Младите момчиња и девојки, кои се натуршчици, сосем добро се снаоѓаат во она што треба да го одиграат.

Природата низ камерата на Ањес Годар е убаво снимена, тоа е неспорно, но не може да ја надополни празнината (не онаа што треба да е доловена) и бесмисленоста на овој филм и целата негова структура, како и начинот на кој е воден. Конфликтот со Албанците, кој исто така нема база во ништо и кој треба да се подразбере, не само што е лошо вметнат во филмот, туку е и погрешен. Не смеат проблемите да се сведуваат на такво ниво, а уште помалку на претпоставки или земање нешто здраво за готово, ниту пак смее младите на таков хировит начин да се злоупотребуваат.

Алузијата пак околу тоа кој може да биде виновникот (што од начинот како филмот е воден едноставно се наметнува), е тотално непотребна, па и опасна. За жал, еуфоричноста, незрелоста и хировитоста нема да допринесат овој филм да има одѕив на каков што се надеваат авторите, затоа што погрешниот приод, злоупотребата и неиздржаната приказна се очигледни.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ќе видиме ко ќе излезе во кино, вака на зборови ептен го изгрди.
За Златна петорка, каква статија имаше пишано нејзин друже Гале, ме чуди каков потоп ќе го снајдеше филмов, ако Сунчица го рецензираше. :D
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Уште колку дебакли треба да имаат некои автори за да веќе не им се доделуваат државни пари за правење „филмови“?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Уште колку дебакли треба да имаат некои автори за да веќе не им се доделуваат државни пари за правење „филмови“?
Треба да си близок со избирачките тела и немаш гајле. Ќе лапаш пари колку сакаш. Кога еден Деспотовски со толку аматерски, лош филм добива пари за историски филм за Александар, можеш да замислиш каков избор прават. Или Митриќески, по дебаклите со Како лош сон и Деца на Сонцето.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Што е со сликава, не ја пушта и што стана со филмов?
Јас колку што знам беше во фаза на монтажа на звук и го прикажаа на филмскиот маркет во Берлинале. Некоја најава за фестивал?
Инаку по глумците немам некои очекувања, али ќе видиме. Досега „младиов“ бран добро се покажува (Три дена во септември и Џган), ќе видиме дали Ставревски ќе ги следи.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Што е со сликава, не ја пушта и што стана со филмов?
Јас колку што знам беше во фаза на монтажа на звук и го прикажаа на филмскиот маркет во Берлинале. Некоја најава за фестивал?
Инаку по глумците немам некои очекувања, али ќе видиме. Досега „младиов“ бран добро се покажува (Три дена во септември и Џган), ќе видиме дали Ставревски ќе ги следи.
Кај мене е во ред.

Јас мислам дека ќе биде на Скопскиот филмски фестивал во април, но останува да видиме. Мислам дека е малку попозитивен и конечно освежување во македонската кинематографија, да мрднеме од сивило и мрак малку.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.889
Поени од реакции
7.569
На Netfilm.tv имате бесплатно неколку македонски стари филмови како што се Фросина, Среќна нова 49-та. Тетовирање, Солунски Атентатори, HI FI, Пресуда, Македонскиот дел од пеколот и плус го има Панкот не е мртов во HD. Сите филмови се со одличен квалитет и српски залепен превод а се ставени на јутјуб но заклучени и може да се гледаат само на сајтот Netfilm.tv или доколку од сајтот го копирате линкот до видеото па да го гледате на јутјуб и да го симнете ако сакате. Значи го бирате филмот од сајтот и кликате Gledaj besplatno sa reklamama и го гледате , нека не ве збунува тоа реклами сепак филмот нема реклами :)

За Netfilm.tv имав отворено тема на форумов.
 
Последно уредено:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.486
Поени од реакции
16.124
Знае некој каде можам да најдам торент за Тетовирање?
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.486
Поени од реакции
16.124
Кој им е кодот за покана да не знае некој?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom