Македонски филмови

Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
Што е Ари?
И со тој збор натурчик одете...
Го слушнав на едно интервју што го даваа личностите поврзани со филмот и го кажуваат како да е секојдневен збор.
Првпат го слушам, немаме таков збор во македонскиот речник, гугл не дава македонски резултати (веројатно скоро никаде не бил спомнат) и ми требаа десетина секунди да сфатам што значи зборот.
Во врска со Ари е филмска камера Ари Алекса во случајов сакав да напоменам. Филмот Џган е сниман на Ред Камера, која е за цела класа пониска од филмската Ари, која вади многу подобар запис за обработка во пост продукција, кој трпи многу корекции и воедно многу подобра снимка кога се снима ноќ.

Натуршчици, (мој лапсус за 'натурчици' ) се луѓе кои се појавуваат во филм, а не се професионални актери, обично се земаат кога е потребно некогаш, да се оди на картата да се најде подобар лик по физиономијата отколку професионален актер, кој не одговараа соодветно на карактерот кој треба да се прикаже на филм. Затоа велат кога имаш добро сценрио и перфектно точен кастинг на актери (или натрушчици) пола филм ти е направен. Во случајов кај Вардан сосем добар потег на тоа што го прикажува, одбира начин да работи со натуршчици. Актерите можат многу лесно да ја посерат работата посебно во ваков филм и да заминат во некои граници каде што не треба па да се изгуби целата поента на филмот. За натуршчици најчесто се користат деца до кај 18години најмногу или постари луѓе со специфични физиономии. Затоа си постојат и кастинг агенции во Македонија кои си водат евиденција на луѓе од различни возрасти, па ако добро се загледате во пола до филмовите можеби ќе сретнете исти статисти, или во рекламите и сл.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.011
Поени од реакции
37.345
Пребарував по интернетов кои сѐ филмски проекти добиле поддршка од Агенцијата за филм (филмскиот фонд) на Македонија, и испадна дека има еден куп филмови кои се поддржани, финансирани, во фаза на продукција и постпродукција, а има и такви за кои нема никаква информација што се случува со нив, па еве, ако некој од вас знае нешто, нека каже:

Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2015 (Програма 2016):
-Свеќарката - Светозар Ристовски (36 мил.)
-Александар - Слободан Деспотовки (50 мил.)
-Здивот на ангелот - Јани Бојаџи (18 мил.)
-Жртва - Марија Џиџева (18 мил.)
-Ах, љубов моја - Коле Ангеловски (14,3 мил.)

Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2014 (Програма 2015):
-Исчезнатиот - Арбен Тачи (16 мил.)
-Шеќерно дете - Игор Иванов (46 мил.)
-Дедо и внук - Илија Пиперковски (16 мил.)
-Проект хепинес - Борјан Зафировски (16 мил.)

Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2013 (Програма 2014):
-Кога денот немаше име - Теона С. Митевска (30 мил.) - постпродукција, се чека премиера во 2016
-Цар Самоил - Антонио Митриќески (30 мил.)
-Чекај ме (Сведок) - Митко Панов (30 мил.)
- постпродукција, се чека премиера (???)
-Златна петорка - Горан Тренчовски (12 мил.) - постпродукција, се чека премиера во 2016
-Омниблуз - Александар Русјаков (12 мил.)
(со премиера: Три дена во септември (12 мил.))

Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2012 (Програма 2013):
-Тајната состојка / Крани - Ѓорче Ставревски (12 мил.) - постпродукција, се чека премиера во септември 2016 (fragmentfilm.com/krani/)
-Земја на праските - Јане Ќортошев (12 мил.) - не е започнат со снимање, се чекале копродуценти финансиери
-Аферата Мис Стон - Дарко Митревски (30 мил.) - стопиран проект од страна на режисерот сѐ додека директор на АФМ е Дарко Башески
-Слобода или смрт - Владимир Блажевски (30 мил.) - ќе почне да се снима во мај 2016
-Незаборавната пролет во заборавено село - Куштрим Бектеши (12 мил.) - имал премиера и освоил награда на ФФ во Приштина 2014. Нема други податоци за филмот.
(со премиера: Џган/Безимени (12 мил.) и Балканот не е мртов (3 мил.))

Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2011 (Програма 2012):
-Ослободување на Скопје - Раде Шербеџија (30 мил.) - постпродукција, се чека премиера во 2016
(со премиера: Медена ноќ (25 мил.))

Пред 2011 не одев, зашто убеден сум дека тие што не се излезени се уште, а добиле средства во 2010 или порано - нема ни да излезат (иако повеќето од нив веќе и се излезени).
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.011
Поени од реакции
37.345
Ова којзнае колку ќе биде лошо, господ да ни е напомош.
Па ако Ослободување на Скопје, што добил пари во 2011 сѐ уште нема премиера, ова може дури во 2021 да го чекаме. :P

o_O Чекај, а зошто?
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262

Според мене многу лош режисер е Слободан Деспотовски, и не знам по кое CV и која причина има толку пари земено, тоа Оливер Стоун не направи филм за Александар, тој ќе прави. Мислам дека што и да чепне ќе биде феил ама да не бидам злобен предвреме, ќе видиме.
 
Ама не знам дали ќе биде тоа филм за Александар Велики. Александар му е работниот наслов, да не биде нешто како Лазар лани?
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Ама не знам дали ќе биде тоа филм за Александар Велики. Александар му е работниот наслов, да не биде нешто како Лазар лани?
Колку што слушнав, за Александар Велики му е... :)
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.848
Викајте го МАКедоНСКи море :D

Инаку мене што се однесува до режисери македонски, ми фалат во моментов неколку Кирил Ценевски лика.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.011
Поени од реакции
37.345
Колку што слушнав, за Александар Велики му е... :)
Лошо ко така. Ќе видиме што срање ќе испадне.
Викајте го МАКедоНСКи море :D

Инаку мене што се однесува до режисери македонски, ми фалат во моментов неколку Кирил Ценевски лика.
Иредентист! :P

Јас сум ептен среќен што во последниве години се појавија некои млади имиња како Даријан Пејовски, Вардан Тозија, па и други „млади“ како Дарко Митревски, Светозар Ристовски и Игор Иванов (родени во '70-тите). Не ја можам само Теона Митевска и нејзините претенциозни-so-called-филмови. Инаку од постарите кои се уште работат: Антонио Митриќески, Иво Трајков, Владимир Блажевски (иако само со еден долгометражен засега), и Коле Ангеловски ми се сосема ОК. За Милчо Манчевски нема потреба ни да дискутираме. И толку.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136

Хаха кај нас млад си ако на 30 и кусур години снимиш прв филм, али океј модерно е да ги викаме така, пре би рекол ја дебитанти.
Митриќески го видов за време на СФФ, го гледаше Совршен човек ако добро се сеќавам. Тој се јачеше нешто по весници од 2014 дека имал копродукција за Цар Самоил со Србија и Канада, ама оттогаш 2 години поминаа. Плус со Деца на Сонцето ми го уништи секое грамче почит што го имав за него како режисер на Преку езерото. Како лош сон, се` уште не ми е гледан.
Иво Трајков засега ми е 2/2. Два филма гледани и двата ми беа одлични.
За мајстор Коле да не збориме. Одличен е, ама овој новиов што го снима моментално „Ах, љубов моја“ ептен кич сценографија ми има и ептен лигуши од Комедија има собрано, а без искуство. Претставата додуша ми се свиѓаше, ама едно е театар, друго е филм. Премиерата ја најавуваше за Манаки 2016, остачемо да видимо.
Владимир Блажевски доби грант од Еуримаж за најновиот Слобода или смрт и мислам пишуваше дека веќе има копродуценти од Србија и уште некоја земја. Најава за снимање ако не ме лаже меморијата имаше за мај, ама мислам нема да почне мај месец. Инаку овој филм го чекам многу.
Пребарував по интернетов кои сѐ филмски проекти добиле поддршка од Агенцијата за филм (филмскиот фонд) на Македонија, и испадна дека има еден куп филмови кои се поддржани, финансирани, во фаза на продукција и постпродукција, а има и такви за кои нема никаква информација што се случува со нив, па еве, ако некој од вас знае нешто, нека каже:

Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2015 (Програма 2016):
-Свеќарката - Светозар Ристовски (36 мил.)
-Александар - Слободан Деспотовки (50 мил.)
-Здивот на ангелот - Јани Бојаџи (18 мил.)
-Жртва - Марија Џиџева (18 мил.)
-Ах, љубов моја - Коле Ангеловски (14,3 мил.)

Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2014 (Програма 2015):
-Исчезнатиот - Арбен Тачи (16 мил.)
-Шеќерно дете - Игор Иванов (46 мил.)
-Дедо и внук - Илија Пиперковски (16 мил.)
-Проект хепинес - Борјан Зафировски (16 мил.)

Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2013 (Програма 2014):
-Кога денот немаше име - Теона С. Митевска (30 мил.) - постпродукција, се чека премиера во 2016
-Цар Самоил - Антонио Митриќески (30 мил.)
-Чекај ме (Сведок) - Митко Панов (30 мил.)
- постпродукција, се чека премиера (???)
-Златна петорка - Горан Тренчовски (12 мил.) - постпродукција, се чека премиера во 2016
-Омниблуз - Александар Русјаков (12 мил.)
(со премиера: Три дена во септември (12 мил.))

Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2012 (Програма 2013):
-Тајната состојка / Крани - Ѓорче Ставревски (12 мил.) - постпродукција, се чека премиера во септември 2016 (fragmentfilm.com/krani/)
-Земја на праските - Јане Ќортошев (12 мил.) - не е започнат со снимање, се чекале копродуценти финансиери
-Аферата Мис Стон - Дарко Митревски (30 мил.) - стопиран проект од страна на режисерот сѐ додека директор на АФМ е Дарко Башески
-Слобода или смрт - Владимир Блажевски (30 мил.) - ќе почне да се снима во мај 2016
-Незаборавната пролет во заборавено село - Куштрим Бектеши (12 мил.) - имал премиера и освоил награда на ФФ во Приштина 2014. Нема други податоци за филмот.
(со премиера: Џган/Безимени (12 мил.) и Балканот не е мртов (3 мил.))

Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2011 (Програма 2012):
-Ослободување на Скопје - Раде Шербеџија (30 мил.) - постпродукција, се чека премиера во 2016
(со премиера: Медена ноќ (25 мил.))

Пред 2011 не одев, зашто убеден сум дека тие што не се излезени се уште, а добиле средства во 2010 или порано - нема ни да излезат (иако повеќето од нив веќе и се излезени).
од овие за 2016 што земале пари, освен Ах, љубов моја за се друго нема инфо.
Слободанчо ќе направи лајно од филм од епски пропорции. За тоа нема што да се збори. И да за Гранде Ацо ќе биде филмот, а не за некој рандом Ацо.
Шеќерното дете собира пари. Скоро исто имаше добиено 12 милиони од некоја ЕУ програма.
Дедо и внук исто мислам се мотка или по пари, или сценарио развиваат.
Проект Хепинес, е во подготовки пред снимање, пред еден месец имаше аудиција за глумци, пред се скородипломирани или студенти од драмски. За другиве категории понатака ќе имало.
Златна петорка - премиера ќе има август во Струмица, на денот кога загинале петорицава.
Омниблуз - тешко да биде. Русјаков ми е тежок преварант.
Мис Стон исто- Дарко нешто маткаше сакаше повеќе пари, не му беше ни за Башевски ни за никој.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.011
Поени од реакции
37.345
Хаха кај нас млад си ако на 30 и кусур години снимиш прв филм, али океј модерно е да ги викаме така, пре би рекол ја дебитанти.
Митриќески го видов за време на СФФ, го гледаше Совршен човек ако добро се сеќавам. Тој се јачеше нешто по весници од 2014 дека имал копродукција за Цар Самоил со Србија и Канада, ама оттогаш 2 години поминаа. Плус со Деца на Сонцето ми го уништи секое грамче почит што го имав за него како режисер на Преку езерото. Како лош сон, се` уште не ми е гледан.
Иво Трајков засега ми е 2/2. Два филма гледани и двата ми беа одлични.
За мајстор Коле да не збориме. Одличен е, ама овој новиов што го снима моментално „Ах, љубов моја“ ептен кич сценографија ми има и ептен лигуши од Комедија има собрано, а без искуство. Претставата додуша ми се свиѓаше, ама едно е театар, друго е филм. Премиерата ја најавуваше за Манаки 2016, остачемо да видимо.
Владимир Блажевски доби грант од Еуримаж за најновиот Слобода или смрт и мислам пишуваше дека веќе има копродуценти од Србија и уште некоја земја. Најава за снимање ако не ме лаже меморијата имаше за мај, ама мислам нема да почне мај месец. Инаку овој филм го чекам многу.

од овие за 2016 што земале пари, освен Ах, љубов моја за се друго нема инфо.
Слободанчо ќе направи лајно од филм од епски пропорции. За тоа нема што да се збори. И да за Гранде Ацо ќе биде филмот, а не за некој рандом Ацо.
Шеќерното дете собира пари. Скоро исто имаше добиено 12 милиони од некоја ЕУ програма.
Дедо и внук исто мислам се мотка или по пари, или сценарио развиваат.
Проект Хепинес, е во подготовки пред снимање, пред еден месец имаше аудиција за глумци, пред се скородипломирани или студенти од драмски. За другиве категории понатака ќе имало.
Златна петорка - премиера ќе има август во Струмица, на денот кога загинале петорицава.
Омниблуз - тешко да биде. Русјаков ми е тежок преварант.
Мис Стон исто- Дарко нешто маткаше сакаше повеќе пари, не му беше ни за Башевски ни за никој.
Па тие двајца се најмлади ('80-ти генерации, троа постари од мене), плус и дел од останатите режисери на некои од приказните од „Скопје Ремиксд“. Другите тројца што ги спомнав се од '70-тите. Другите се '60-ти и надолу.

На Митриќески пак мене „Преку езерото“ и „Како лош сон“ ми се преубави. И двата ги имам по повеќе од два пати гледано. Се сеќавам дека на „Како лош сон“ по секое гледање му ја зголемувам оценката. Ама Мики Манојловиќ дефинитивно не го можам. „Деца на сонцето“ не ми е гледан уште.

Од Иво Трајков - „Големата вода“ после „Пред дождот“ на Манчевски е најквалитетното наше остварување, според мене. Прекрасен филм, и еден од ретките наши на кои не може да им се најде баш никаква замерка. „Медена ноќ“ не ми е гледан уште.

На Коле првите два се masterpieces - „Колнати сме Ирина“ и „Викенд на мртовци“. Е сега со комедииве што се обидува да се врати на стара слава... и мене не ми се допаѓа тоа. Требало да остане доследен на храброста со „Колнати сме Ирина“.

Владимир Блажевски пријатно ме изненади со „Панкот не е мртов“. Ако не се лажам, со него и со „Превртено“ на Изи започна храброста на нашиве да се впуштат во некои други, малку посоцијални теми, а не само родољупски, пусто-турско-чукање-в-гради тажаленки.

----------

За 2016-та, лани имало два конкурси на АФМ: првиот заврши во јули, вториот во декември. На првиот зеле пари Бојаџи, Џиџева и Ангеловски, а вториве два се ептен тазе, од декември, затоа и нема никаква информација.

„Шеќерното дете“ едвај го чекам. Се надевам Изи нема да направи уште една усрана адаптација на одличен роман (по усерувањето на „Папокот на светот“ во „Превртено“). И се радувам што конечно ќе добиеме детски филм кај нас.

За Златна петорка и трејлер негде најдов, ама сега не знам како успеав. :P

А Дарко за Мис Стон вели дека нашол продуценти и финансиери од САД, со што тоа би била првата македонско-американска копродукција, ама овој Башевски сѐ нешто го заебавал и овој испаѓал ко кретен во очите на Американците, па затоа го стопирал проектот. Велеше дека за некои други режисери, за флагрантни кршења на процедурите за добивање на средтвата од фондот, со непотполни документации и слично - ништо не се преземало и истите си ги добивале парите, а нему му барал влакно во јајцето. Јас така знам. Е сега што навистина се случило, не знам. Ја знам само таа една страна од приказната.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
За 2016-та, лани имало два конкурси на АФМ: првиот заврши во јули, вториот во декември. На првиот зеле пари Бојаџи, Џиџева и Ангеловски, а вториве два се ептен тазе, од декември, затоа и нема никаква информација.
Тој на Џиџева би требало да се снима летово. Барем така ми кажа. И тој е дебитантски филм, баш ме интересира што ќе биде од филмот, режисерката е супер кул како лик, само не и го знам творештвото, ќе видиме :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.011
Поени од реакции
37.345
Конечно и јас го гледав Џган, и мене ептен ми се допадна. Дури имам впечаток дека сите сте му одзеле троа од оценките, не знам од која причина, зашто според мене - заслужува повеќе. 9/10 му дадов јас, зашто буквално не трепнав цел филм. Дечките ептен погодени, Ристановски е ѕвер-актер, а и другите, споредните ликови - одлични. Сценографијата - breathtaking! Ко да сака да каже: „урбаното”, од една страна и „распаднато”, од друга, Скопје се уште постои под барокната шминка со која го замаскираа и огрдеа. Музиката одлично ја надополнуваше секоја можна сцена. Единствена замерка јас најдов во шминката - ептен нереално делуваше, т.е. ептен се познаваше дека е шминка. За приказната, што да речам - не може а да не те погоди. Од кал да си, пак ќе ти е тешко зашто знаеш дека слични, па и полоши ситуации и приказни постојат околу нас и за сите нив се криви институциите, системот и самите ние. Ептен позитивно се изненадив од филмот, зашто кажува и нуди многу.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.011
Поени од реакции
37.345
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136

Kajgana Shop

На врв Bottom