Лошо ко така. Ќе видиме што срање ќе испадне.
Иредентист!
Јас сум ептен среќен што во последниве години се појавија некои
млади имиња како Даријан Пејовски, Вардан Тозија, па и други „млади“ како Дарко Митревски, Светозар Ристовски и Игор Иванов (родени во '70-тите). Не ја можам само Теона Митевска и нејзините претенциозни-so-called-филмови. Инаку од постарите кои се уште работат: Антонио Митриќески, Иво Трајков, Владимир Блажевски (иако само со еден долгометражен засега), и Коле Ангеловски ми се сосема ОК. За Милчо Манчевски нема потреба ни да дискутираме. И толку.
Хаха кај нас млад си ако на 30 и кусур години снимиш прв филм, али океј модерно е да ги викаме така, пре би рекол ја дебитанти.
Митриќески го видов за време на СФФ, го гледаше Совршен човек ако добро се сеќавам. Тој се јачеше нешто по весници од 2014 дека имал копродукција за Цар Самоил со Србија и Канада, ама оттогаш 2 години поминаа. Плус со Деца на Сонцето ми го уништи секое грамче почит што го имав за него како режисер на Преку езерото. Како лош сон, се` уште не ми е гледан.
Иво Трајков засега ми е 2/2. Два филма гледани и двата ми беа одлични.
За мајстор Коле да не збориме. Одличен е, ама овој новиов што го снима моментално „Ах, љубов моја“ ептен кич сценографија ми има и ептен лигуши од Комедија има собрано, а без искуство. Претставата додуша ми се свиѓаше, ама едно е театар, друго е филм. Премиерата ја најавуваше за Манаки 2016, остачемо да видимо.
Владимир Блажевски доби грант од Еуримаж за најновиот Слобода или смрт и мислам пишуваше дека веќе има копродуценти од Србија и уште некоја земја. Најава за снимање ако не ме лаже меморијата имаше за мај, ама мислам нема да почне мај месец. Инаку овој филм го чекам многу.
Пребарував по интернетов кои сѐ филмски проекти добиле поддршка од Агенцијата за филм (филмскиот фонд) на Македонија, и испадна дека има еден куп филмови кои се поддржани, финансирани, во фаза на продукција и постпродукција, а има и такви за кои нема никаква информација што се случува со нив, па еве, ако некој од вас знае нешто, нека каже:
Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2015 (Програма 2016):
-Свеќарката - Светозар Ристовски (36 мил.)
-Александар - Слободан Деспотовки (50 мил.)
-Здивот на ангелот - Јани Бојаџи (18 мил.)
-Жртва - Марија Џиџева (18 мил.)
-Ах, љубов моја - Коле Ангеловски (14,3 мил.)
Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2014 (Програма 2015):
-Исчезнатиот - Арбен Тачи (16 мил.)
-Шеќерно дете - Игор Иванов (46 мил.)
-Дедо и внук - Илија Пиперковски (16 мил.)
-Проект хепинес - Борјан Зафировски (16 мил.)
Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2013 (Програма 2014):
-
Кога денот немаше име - Теона С. Митевска (30 мил.) -
постпродукција, се чека премиера во 2016
-Цар Самоил - Антонио Митриќески (30 мил.)
-Чекај ме (Сведок) - Митко Панов (30 мил.) -
постпродукција, се чека премиера (???)
-Златна петорка - Горан Тренчовски (12 мил.) -
постпродукција, се чека премиера во 2016
-Омниблуз - Александар Русјаков (12 мил.)
(со премиера: Три дена во септември (12 мил.))
Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2012 (Програма 2013):
-Тајната состојка / Крани - Ѓорче Ставревски (12 мил.) -
постпродукција, се чека премиера во септември 2016 (
fragmentfilm.com/krani/)
-Земја на праските - Јане Ќортошев (12 мил.) - не е започнат со снимање, се чекале копродуценти финансиери
-
Аферата Мис Стон - Дарко Митревски (30 мил.) - стопиран проект од страна на режисерот сѐ додека директор на АФМ е Дарко Башески
-Слобода или смрт - Владимир Блажевски (30 мил.) - ќе почне да се снима во мај 2016
-Незаборавната пролет во заборавено село - Куштрим Бектеши (12 мил.) - имал премиера и освоил награда на ФФ во Приштина 2014. Нема други податоци за филмот.
(со премиера: Џган/Безимени (12 мил.) и Балканот не е мртов (3 мил.))
Прифатени проекти на конкурсот на АФМ во 2011 (Програма 2012):
-Ослободување на Скопје - Раде Шербеџија (30 мил.) -
постпродукција, се чека премиера во 2016
(со премиера: Медена ноќ (25 мил.))
Пред 2011 не одев, зашто убеден сум дека тие што не се излезени се уште, а добиле средства во 2010 или порано - нема ни да излезат (иако повеќето од нив веќе и се излезени).
од овие за 2016 што земале пари, освен Ах, љубов моја за се друго нема инфо.
Слободанчо ќе направи лајно од филм од епски пропорции. За тоа нема што да се збори. И да за Гранде Ацо ќе биде филмот, а не за некој рандом Ацо.
Шеќерното дете собира пари. Скоро исто имаше добиено 12 милиони од некоја ЕУ програма.
Дедо и внук исто мислам се мотка или по пари, или сценарио развиваат.
Проект Хепинес, е во подготовки пред снимање, пред еден месец имаше аудиција за глумци, пред се скородипломирани или студенти од драмски. За другиве категории понатака ќе имало.
Златна петорка - премиера ќе има август во Струмица, на денот кога загинале петорицава.
Омниблуз - тешко да биде. Русјаков ми е тежок преварант.
Мис Стон исто- Дарко нешто маткаше сакаше повеќе пари, не му беше ни за Башевски ни за никој.